Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

Ангелите не свират на оваа харфа

Во врска со гласините дека јапонското цунами е предизвикано од проектот HAARP(ТУКА) прочитајте ја книгата Angels Don't Play This HAARP - Advances in Tesla Technology .Книгата е од септември 1995  и  во неа авторите Јeane Мanning и Dr.Nick Begich претпоставувааат како со системот HAARP може да  се манипулира животната средина на начин кој може да ги наруши човековите ментални процеси, да ги уништи сите глобални комуникациски системи, да ги промени климатските обрасци на големи површини, да се меша во миграцијата на  дивите животни, негативно да влијае на нашето здравје, и неприродно да влијание на горната атмосфера на Земјата.

Нивниот заклучок е дека проектот HAARP претставува технологија која може да доведе до нова класа на оружје кое ќе го промени длабоко нашиот свет - воена алатка за секаква намена. Ако се злоупотребува, алатката може да влијае на временските услови. Таа може да се користи против човештвото на начин кој ќе го промени она што луѓето го мислат, веруваат и чувствуваат.


Во февруари 1998 година, додека сведочев пред Европскиот парламент, покажав дека САД ќе ја прекрши Повелбата за анти-балистички ракети (ABM)  со поранешниот Советски Сојуз. Тврдев дека САД ќе ја завземе позицијата дека, бидејќи Советскиот Сојуз се распадна, договорот веќе не е валиден. Пo оваа точка, членовите на комисијата не можеа да се согласат со нас ,затоа што повеќето веруваа дека САД ќе го почитуваат договорот, признавајќи го како стабилизирачки документ за целиот свет. За помалку од десет месеци од нашиот проглас, САД ја најавија својата нова иницијатива за ракетен одбранбен систем надвор од Повелбата. Сенаторот на САД ,Тед Стивенс ги изложи аргументите кои ги предвидов.

Оригиналната ABM повелба  дозволува само еден одбранбен систем во секоја земја - Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз. Ние тврдевме дека HAARP претставува истражувања кои би довеле до евентуално ангажирање на нов ракетен одбранбен систем базиран на Алјаска. Ние, исто така, јасно ставивме до знаење дека САД се движи напред со нови технологии  додека му  дава на светот, и на нашите сојузници, впечаток дека прави вистински напори за намалување на оружјето. Во реалноста, времето ќе покаже, се води нова трка кон нови технологии.

Што ли се случи со "Војна на ѕвездите?

Ја помните Војна на ѕвездите, концептот кој ќе ја поместеше сцената на војната во вселената? Во 1995 година, финансирањето на Војната на ѕвездите беше прогласено како мртво прашање, кога беше одбиено неговото целосно финансирање од страна на конгресот на САД. Сепак, Војната на ѕвездите не заврши како и многу други непопуларни програми - таа само доби нови имиња.

"Оваа година  Организацијата за одбрана од балистички проектили (некогаш ја нарекуваа Стратегиска Одбранбена Иницијатива) доби  3700000000 $. Тоа е покачување од 2800000000 $ во 1995 година, и е во непосредна близина на врвното ниво на средства трошени за време на Студената војна".

Проблемот е што САД не е целосно покриен под единствениот ABM систем, оставајќи ги Аљаска и Хаваи незаштитени. Алјаска задоволува околу 22% од американските нафтени потреби, ги има сите 33 стратешките минерали во комерцијални количества и претставува огромно богатство од природни ресурси. Хаваи е стратешка точка за присуството на војската на САД во целиот Пацифик. Овие две области, во проценката на воените планери, мора да бидат заштитени. Потребата за системот на заштита на Аљаска и Хаваи е произнесена и ние се согласуваме дека овие региони треба да бидат заштитени. Ние веруваме дека ова може да се постигне на многу поотворен и поискрен начин, особено кога влијае на нашите сојузници и на американската јавност.

Она што е интересно е дека милијардите потрошени на Star Wars системите, кои станаа познати под ова име, биле само "истражувања", според изјавите на воените мисии. Технологијата е напредната во надеж дека еден таков систем би можел да се развие на почетокот на идниот век.

Надворешните закани сега се карактеризираат како "непријателски држави и терористички организации" кои можат да се здобијат со технологии за производство на нуклеарно оружје. Додека заканите не се измислени и треба да се решат, не е одговорно да се играат игри со зборови кои ја окончуваат јавната дебата и овозможуваат системите за кои се  мислело дека се прекинати и настрана да продолжат.

Во еден друг "изданок на стратешката одбранбена иницијатива на администрацијата на Реган " развиени се ласери за оневозможување на сателити. А тестот, на помалку од целосната моќ, беше изведен на крајот од 1997 година за да ја демонстрира способноста на системот да ја погоди својата цел. Презентацијата беше успешна, а сега многумина се загрижени дека ова може да предизвика трка за вооружување во вселената ".

Она што стана јасно е дека она што САД им го вели на своите граѓани, пријатели и непријатели е варијација на иста дезинформација и манипулација на фактите.

HAARP Ова е местото каде нашата приказна започна

HAARP - High Frequency Active Auroral Research Program –(Истражувачка програма на активни аурорални високи фрекфенции) е заеднички проект на Американското Воено Воздухопловство и Морнарицата, со седиште во Алјаска. Проектот е истражувачка програма дизајнирана за да ја проучува јоносферата, со цел да развивијат нови технологии на оружје .

HAARP системот е дизајниран да манипулира со јоносферата, слој кој започнува околу триесет милји над земјата. Предавателот или HAARP уредот на земјата е во фазна низа на  антенски системи – големо поле со антени дизајнирани да работат заедно во фокусирање на енергијата на радиофреквенцијата за манипулирање со јоносферата.

Енергијата на радио фрекфенциите може да се пулсира, обликува, и изменува на начин кој не е можен со другите предаватели како со силината на овој нов објект.

Уредот ќе има ефективна-зрачна сила на 1 милијарда вати кога ќе заврши првата фаза на проектот. Таа ќе биде искористена за " продорна томографија на земјата " (гледање низ слоевите на земјата за да се лоцираат подземни објекти или минерали), комуникација со подморници, за манипулирање со комуникација на други  радари надвор од хоризонтот, трансфери на енергија од еден дел од светот на друг, создавање на слоеви на  вештачка плазма (енергија) или лепенки во јоносферата, за промена на  времето а може да се користи и како анти-сателитско оружје.

Приказната за HAARP и технологијата поврзана со него е дел од сложувалката на "Револуцијата во воените прашања" која се изведува од страна на Владата на САД, но претставува само мал дел од неа.

"Милиони долари се заминати на универзитетите во Алјаска за искористување на моќта на Аурора Бореалис, електричната енергија која трепери на северниот дел на небото ... Се зборува  исто така дека се финансира, меѓу другото, и ' суперкомпјутер северно од арктичкиот круг "без именување на Универзитетот на Аљаска и  Фербанкс како корисник."

На почетокот на  проектот HAARP постоеше конфузија во врска со "искористување на енергијата на Аурора "(на северната светлина) за употреба од војската. Вистинската употреба се чини дека е за создавање на ефекти преку хоризонтот, комуникации и со истражување поврзано со ABM одбраната. Универзитетот во Аљаска повторно е добитник на суперкомпјутер за "академски" истражувања. Реалноста е дека уште еднаш Универзитетот е искористен за  да се спроведат воени експерименти за напредни системи на оружје без целосно јавно откривање или дебата.


Angels Don't Play This HAARP - Advances in Tesla Technology - Manning & Begich











Видувањето на блогерот Бочваров наречено ТЕСЛИН ЌОРСОКАК

на блогерот Милевски со наслов HAARP-системите

И на блогерот Барабас со наслов ЈАПОНИЈА-ОСВЕН ГОСПОД КОЈ Е КРИВ

No comments:

Post a Comment