Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Скрибоманија или желба за постоење


Скрибоманија или желба за постоење ( ОРИГИНАЛ ТУКА)

Новото доба и современите комуникации неизбежно доведоа до отуѓување на човекот. Но, човекот сепак е социјално битие (барем повеќето) – и покрај  изолацијата- неопходна му е и потврда од другите. Бидејќи пишувањето бара минимум инвестиции на материјални ресурси (кога станува збор за интернетот и социјалните мрежи), преплавени сме  со дела на несреќни суштества кои се уверени во сопствената генијалност и сите конструктивни забелешки ги оправдуваат со  флоскулата дека за вкусовите не се расправа.Тоа е неспорно, но ако го разменуваме  личното доживување  помеѓу Бах или Брамс. Но, колку може да биде издржана споредбата помеѓу Чајковски и Халид Бешлич.Очигледно, ваквиот пристап ја губи својата основа.

Без читање на никаква литература (надвор од дефинираната лектира задолжителна  во основните и средните училишта) поведени од  стихуваната форма усвоена во гореспоменатиот  период, како и зачинета - најчесто – со сопствените страдања, влегуваат во апсолутно непознат простор во кој се губат. Со  наведеново избегната е секојдневната стапица да не се потпадне под било чие влијание и да се продолжи со артикулирање на сопствен  автентичен израз. Ако на ова се додаде и се римуваниот стих (особено глаголските рими) само зајадливците не можат да не ги забележат таквите крунски дела.

За среќа, во срединава каде  живееме не постојат вредносни системи, па редовно се случува на некои бедни автори (чија креативна  специфичност е составена од стајлинг превземен од поводлива фантазија со препознатливи боемски атрибути - кога веќе не се поседува дело што е помалку важно), да им се доделуваат и награди. Приказната се сведува на тоа  дека упорните успеваат. Со претходно споменатото се изнаоѓаат и учени експерти кои од (материјални) убедувања ќе изнајдат оправдување за етаблирање на делото.

На средината и е битно да има таков витален сегмент бидејќи е неопходен за цивилизациски дострели. И тоа најчесто на локално ниво. Кога станува збор за интернационализација на делото за која се бара  врвен квалитет се посегнува по институцијата на меѓудржавна размена каде истите се поканети. Се се сведува на "да сакаш", а кој уште живее од работа. И така во недоглед ...

Ако се занимаваме со подетална анализа на влезниот конгломерат ќе стане јасно дека се работи за  психотерапевтски момент кој им се сугерира на заболените со цел да се  ослободат од фрустрација. Проблемот се јавува кога тој и таквиот израз станува норма, бидејќи и оние кои знаат се плашат  да  влезат во дуел, затоа што секогаш изманипулираната јавност ќе застане на страната на "послабите".

И тоа не е толку лошо, но да им го простиме тоа - тие не знаат што прават. И тоа дека најмиризливото цвеќе расте само на квалитетно ѓубре ...

Емир Соколовиќ

No comments:

Post a Comment