Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

Хрониката на Јован Малала

Хрониката на Јован Малала (Ιωάννης Μάλαλας)- летописи, составени од Јован Малала („ретор "), свештеник од Антиохија (околу 491-578 година) ..- Како што е предложено од З. В.Удалцова, околу 532 Јован Малала се преселил во Цариград. Целосниот текст на грчки од Хрониката. (недостасува само почеток на 1-вата книга) ни доаѓа од XII век ,од Оксфорд, а бил издаден три пати - во 1691, 1733 и 1831 а последен пат во составот на Бонскиот корпус на делата на византиските писатели (Ioannis Malalae chronographia: Ex rec. L. Dindorfii. Bonnae, 1831).
За својата хроника користел неколку извори како на пример Евстатиј од Епифанија и други непознати.Кобожем хрониката е создавана за време на преминот „од латинска кон грчка„ официјална владина терминологија.Леле .

Зачувани се и мали фрагменти на  грчки од  првата книга на Xрониката (видете за нив во статијата Шусторович Древнеславянский перевод хроники Иоанна Малалистр 138).

Xрониката  се состои од 18 книги. Во  книгите 1, 2 и 4 е изложена античката историја, во најголем дел прераскажување  на грчките митови (за борбата  со Гигантите ,за Зевс и Кронос,за Семеле, за Ио, за Персеј, Едип, итн.) 

Во третата книга се изложува библиската историја, во  5-тата историјата на Тројанската војна во која Малала ја следи средновековната верзија на Диктус Критски (чие дело "Опис на Тројанската војна„, во средниот век се верувало дека е дневник на учесник во  опсадата на Троја) . 

Потоа, во Хрониката ги раскажува приказните за персиските кралеви, лидискиот крал Крез, македонските кралеви и основањето на Рим (книга 6), за Ромул и Рем и првите римски цареви до Тарквиниј (Книга 7), за наследниците на Александар Македонски - Птоломеите и Селевкидите (Книга 8) .Во следната книга (книги 9-12) дава  преглед на историјата на Јулиј Цезар и римските императори од Август Октавијан до Константин Хлор, а потоа – и на римските и византиските императори од Константин Велики а завршува со Јустинијан ( 568 -573 г. )(Книга 13-18).

По вид и стил на пишување Хрониката на Малала е специфична христијанско-византиска монашка хроника  .Јован Малала го напишал своето дело не "за еден релативно тесен круг на големци и образовани луѓе, туку за народните маси, особено за голем број монаси во византиската империја ... Тој си поставил за цел да даде дело со наравоучение, во духот на христијанската побожност и поучно но истовремено и забавно четиво за широка публика на читатели и слушатели "(Зинаида.В.УдалцоваУсогласувањето на византискиот хроничар Јован Малала„ 1971).

Xрониката е преведена на словенски (по претпоставка на И.И.Срезневски во Бугарија) кобожем  уште во Х век.  Делови од преводот се стигнати до различни руски хронографски компилации. Таа е сочувана во најкомплетна форма во руските Летописи :Синодалните, Погодинските и Уваровските списи на првото издание на Хрониката, а делумно - во Архангелските, Чудовските списи и други.

Преводот од Хрониката на англиски симнете го ТУКА


Дека „Малала„ е прилично антички (но не до толку ) и е комплетен доктор игнорантисимус за „грчката антика„ (бидејќи тогаш таа уште не постоела) докажува тоа што тој не знае ништо за Хомер а како извор за „тројанската војна„ го користи  „Диктус Критски„ односно „очевидецот„ кој ги напишал „Мемоарите на Сизиф од Кос„  на кои ,тврди Малалас,и Хомер ја базирал својата Илијада (бил плагијатор-Хомер).

Но знае дека античките Мирмидонци во неговото време се нарекувале Бугари односно дека библискиот крал Давид му бил сојузник во војната на Пријам и Хомер бил современик со Соломон а коренот на името на градот Ерусалим е истиот тој Соломон.(има логика,Шалом-Мир).

Дали Малалас бил тотален Малакас и немал претстава што значат илјадниците години помеѓу кобожем неговиот шести век и хомеровиот минус осми век ?

Не.Имајќи предвид дека Малалас го познава Плутарх може слободно да кажеме дека веројатно живеел во времето на часовниците а не„ во времето на „Јустинијан „ кога било модерно да се пишувааат романи за „историјата на светот -со библиска хронографија„ имајќи бледа претстава за тоа што всушност значи период од 1000 години.




No comments:

Post a Comment