Search This Blog

Thursday, March 8, 2012

Кукушка свадба




За поголемиот дел од егејските дијалекти (Кукуш, Костур, Солун итн.) е карактеристичен носниот (назален) изговор на јусовите (Ѧ и Ѫ), па, така имаме:
гленда - ГЛЕДА
чендо - ЧЕДО
ренди - РЕДИ
пент - ПЕТ
хинде - ИДЕ
онде - ОДИ
дамб - ДАБ
з`мб, замб - ЗАБ
к`нде, конде - КАДЕ

Зборовите се испишувале како:
ЧѦДО - во некои говори се изговарало "чедо", "чадо", но и носно "чендо", итн.
ЗѪБЪ - во различни говори се изговарало различно: "заб", "зуб", "зоб", "зъб", но и носно "зъмб", "замб" итн

Денес остатоци од тоа има во полскиот јазик каде носовките се бележат со Ą (ом, он) и Ę (ем, ен).
Dąbrova - Домброва; Sącz - Сонч
Kępno - Кемпно; Więcbork - Вјенцборг.

ФИЛКА МОМА МОЛЕ БОГА (Кукуш)
Костадинка Палазова

Филка мома моле Бога,
да ја сторе, леле, едно пиле,
да прелета, леле, ширно море,
да си хинде, леле, ју Солуна.

Да си хинде ју Солуна,
јуф чаршија, леле, на тергија,
да си купе, леле, астухрина,
да и шие, леле, антерија.

Да и шие антерија,
д`лга, д`лга, леле, хем широка,
да се вее, леле, до земјата,
да ја гале, леле, калд`рмата.

И ка ќ`онде на орото,
на орото, леле, кукушкото,
дек што играт, леле, с`л ергени,
с`л ергени, леле, Кукушани.

Да ја виндат ергените,
ергените, леле, кукушките,
да запукат, леле, комшиите,
комшиите, леле, душманете.


И в Кукуш на добар ден се береет младите на 'секакви места и играет' оро, а На Велигден 'сите се собервет на едно место и играет. Кога некоја свршена видит некого от зетовската роднина или зетот со пријатели, се пуштат от орото со една друшка, која ведит неа и која прва целуват р'ка с'де на сродникот, а свршената нему и на сите негови другари, што ке бидет со него. Но ако се згодит тамо армасникот (свршениот), оваја на сите целуват р'ка, а к'м него не подходит.
На такви народни обшти ора неженатите си се избирает; и по татковското согласе стројниците приготват армасот, кои се чипит вака. В некој праздник се берет сродниците у момчето, кое целуват р'ка на татка му, или ако немат татко, на вујка или стрика, кому вр'чвит знаковите :една хубава шамиа и некој флорин, еднакво целуват р'ка и на другите стројници. После ходат у девојката, к'де им став'ет софра. По неколку време излегвит момата со некоја друшка. Тога се менват знаковите от двете ст'рни. По това друшката целува р'ка на сите со ред, а после момата, која секому на рамо префрљат везана риза, на женатите везана на разбои, а на неженатите везана со нејѕина р'ка. Стројниците, имеештем на рамо ризите, се враштает у момчето, к'де се гоштавает. Тој се викат мал армас (свршување).
Другиот ден се собирает у момчето около триесет дечина от четири до десет години, кои стара жена водит у невестата. От децата едно носи овошки (олошки) во шамиа, а друго во лепо везана риза носит овошки от три, пет или седум вида (сорта); една китка наредена со стари пари пет или седум, или девет, от кои три пари сет по-големи.1 Момата ги пречеквит и на 'сите целуват р'ка и најпосле на тие, што носат овошките. На децата донесват прво благо нешто, а после друго јаст'е. Наодзади излегвит девојката, им целиват р'ка и им дават по китка и риза, и на едно от тие дават гореречената шамиа со овошки, една лепо везана риза и една зелена китка за момчето. Овој обичај неколку п'ти во годината се повторвит, особено кога излегват нови овошки, но други п'т количеството от децата је многу помало.
Зелена китка. 
После неколку месеци канет у зетот жени и моми роднината му, кои ходат у момата, имеештем со себе си с'д со овошки, над кои сет около пет зелени китки, от кои поголемата, која имат ж'лтица, врзана со коприна, је за момата, уште за момата носет чораби, чевли, неколку ока предено, лен и неколку драмој коприна разноцветна, от овие момата требит пред свадбата да имат зготвени кошули за дарување. Девојката ги пречеквит, им целуват р'ка и сама земат вештите. Им став'ет софра да јадет. Пак момата излегвит, им целуват р'ка и ги служит по чаша вино, тога пејет три песни. После излегвит сестра је и дават по една малка зелена китка. По неа момата даруват по риза на золвите и свекрва је, на која вр'чвит гореречениот с'д полн со неиѕини овошки, неколко зелени китки, меѓу кои за момчето поголема, а со жлтица помала от таја, што прати момчето, и везана риза за него, и по риза за свекорот, девери, вујковци и стриковци. Други п'т сама свекрва је ходит у момата и је земат мера за колан со пафти, за колби (белези) и за четири прстени.
Голем армас. 
Две недели пред свадбата, в с'бота спроти неделја, момчето со роднините и пријателите му ходит у армасницата, имаештем со себе си потребното јаст'е и пит'е. Мајка му во тепсиа носит благо сукано, а снахите коланот (појас) со пафти, колбите, четири прстени, шамја за р'це, друга за глава, туљбен, фес, огледало, гребен и жлтици, а момчето шамиа со овошки. Стигвеештем у момата, м'жите седвет на една ст'рна, а жените на другата стојет простум. Излегвит момата со една друшка и целуват р'ка на м'жите, а на момчето не, после целуват на жените, от кои земат речените вешти и ги предават на дружката си; и најпосле целуват р'ка на момчето и преземат шамиата со овошките. Ставет софра, на која донесват јаст'ето и пит'ето от момчето, кое, целиваештем р'ка, на 'сите служит по ракиа. Постариот на четири ск'ршвит на савче винено кр'стообразната погача, која имат на стреде врзано цело (стара пара); стредата со целото се праштам на момата. По неколку време момчето служит на сите по вино, целуваещем р'ка. По това донесват момини јастја и вино и момата тога целуват на сите р'ка и ги служит по едно вино. Таја вечер не се спиет. На разденвенето пије ракиа от момчето. На одзади момата им леит (туриват) вода да се измијат и најпосле на момчето, и на сите префрлјат на рамена по една риза; 'сите ја дарвет по ж'лтица. Това се викат голем армас.
Руба. 
Седум дни пред свадбата в неделја от момата праштет у момчето стомна вино. Неколку моми ходат у момчето, имаештем за момчето две кошули, две гашти, една антериа, еден елек, една шамиа, две бохчи; за браќа му, за свекор, свекрва, за чичовци, вујковци и тетиновци по кошуља и риза, за јатарви, вујни и тетки по карпа; за мајсторот, што го учил занает, и за учителот по кошулја. Стигвеештем у момчето сите тие дарови обесват на ѕид в одајата, к'де момчето имат обесени сите дарови, што му пратила момата. Им давает да ручает и момчето им целиват р'ка и ги служит по ракиа (ако пијет). После момите пејет и играет оро така, што три п'ти излегвет надвор от вратата и влегвет н'тре. Това се каже руба.
Замес. 
Три дни пред свадбата, в четворток рано, месвет у момчето две погачи, една за момата, друга за кумот. Се берет у момчето неколку моми и замесват хлеб вака: донесвет три ношви (на ошто месет хлеб) и три сита; три моми ке засеат брашно и ке го соберат на едно. Мало дете, што имат татко и мајка, клават сол и вода; и со дрвце, кое имат на крајот топувче и кое викает кукудавка, прво смешвит брашното и водата, а момите после го замесват. После кревает детето на р'це, а детето три п'ти ке удрит со дрвцето на греди и три п'ти ке речит: "Момак и мома." - Това се велит замес.
Истиот ден момите правет фруглицата (бајрак), која је трска, на неа зашиена бела риза везана, а на врхот јаболко шикосано (варакосано со злато). После една девојка, облечена во момчеви руби, со м'шки фес на глава, фаштат на 'оро другите моми и водит танец, држеештем фруглицата.
Вечерта еден ковчег, во кои клавает бамбакерно семе, јачмен и три јаболка, го испраштает у момата со фругличарите (кои носат фруглицата, кога одеет за невеста, побратимите) кои, како г' однесат, седват на него. По малу идет момата, им целуват р'ка и ги даруват по риза, а тие је предавает ковчегот и се враштет. По ним момчевиот татко со два троица земат погачата, што месиха раното и која је врзана крстообразно со црвена коприна и на стреде имат цело, и ходит у момата. Тамо им давает да јадет и таткото скршвит погачата на винено грне. После ке се разговорат со моминиот татко за обушвата (дрехи).
Истиот вечер други седум-осуммина от роднината момчева земает каниска (јастие, со кое канат) и погачата, што месиха раното, и ходат у кумот да го канат на венчавање. Тамо се гоштавает и ноќта се враштет назат.
Петок.
По ручег се берат у момата нејдзини сродници невести и моми, за да ја плетат. Се собирает околу неа и прво кладват мало дете, што имат татко и мајка, за да ја заплетит и зачешлjaт, а момите ке ја исчеслјает и ке ја доплетат со песни. Кога тие ке свршет, момата им целуват р'ка и си клават на глава фесот и шамија (што је беше дал момчето на големиот армас), а после заедно со сите играт оро. Тога невестинската руба, која ке носит у момчето, стоит в одајата обесена.
Во тој ден у момчето виет карафил во книжина, со кои фругличарите канат гостите. Наодзади фругличарите ходат у момата да кажат, че во неделја имает свадба. Невестата ги даруват по риза.
Собота.
Неколцина се берат у момчето, за да заколјат волот (без вол не бидвит свадба). На волот накитват главата и роговите со цвеќа и китки и му пејет песни, и дури да го одерат и суредат не престанват да пејет и да играет оро. По ручек фругличарите со карта вино (чутура) канет на вечера гостите, што беха ги каниле в петокот, а кумот не. Како ке кладат вечера на гостите, фругличарите се праштает у момата, к'де еднакво служит и отк'де не может да се вратет без повелење от моминиот татко.
Неделја. 
Раното идет бричачот (берберино) и бричит зетот; а две моми дочеквет лакната на риза, која скривет, за да ја кладат во невестинскиот ковчег, кога ке го донесат. Другите моми пејет и играет оро окулу зетот. По св'ршвењето дарувает на бричачот риза и пари кој како сакат, а зетот целуват р'ка на сите и се измиват образ. Водата, со која ке се измиет, собирает в бардаче и ја вардат дури да донесат невестата, како ке видиме. После му носат зетовската руба, која едно дете три п'ти т'ргат (теглит) на к'нтар и зетот се облеквит; а фиралите (чевли) не истават от ноsете дури да се венчат.
За ручег се собирает сватовите, канет кумот и кумата со дружината му и ручает. По това зетот целуват р'ка на кумот и подкумникот и на сите сватови, после ходет да земет невестата.
Стигвеешт'м у момата деверите, свекрвата, кумата и снахите ходат к'м одајата је. А момата со затворени врати, обиколена от роднината си, држеештем решето со бамбакерно семе и три страка запалена борина, запевјат: "Откупи снаха деверу! Ск'па је снаха, вредна је..." Деверите, кои стојет на вратата надвор, давает неколку гроша на вратарот и влегват сите н'тре, а момата разсевјат семето во решетето, кое фрлјат вонка (надвор), а други го фрлјает на к'шти. Постариот девер дават на невестата чорабите, от кои еден је полн со овошки, напр. леблебии (сланток печен), кои таја клават в џеп. После остават пред неа чевлите, кои таја ритвит (кљошвит, клоцвит) три п'ти, а после ги обувја. По това прво кумата клават на главата от момата венец от винена лоза, обвиен со црвено предено. После свекрвата је наредвит стребрениве накитки: нетоп на чело, натоп, плоча преку гуша на гр'ди, перја и иглици; а момите во това време пејет: "Веди се долу, наша дружко, дур да ти кладат нетоп па челото, плоча на срцето." Наодзади ја преврзват со голема бела риза, а преку рамо под левата мишка преврзвет басма или друго нешто ск'по, најпосле ја прикрив'ет со дулак (превез); а таја три п'ти се кланат на татка је и кумот и ходит на ст'рнча, к'де често се кланјат (гувеит).
После некоја малка мома паправает невеста, ја покривет, ја фаштает за р'ка и со песни свекрва, кума и 'сите жени се враштает в кштата от момчето, а м'жите останват тамо. Но кога невестата носеет в црков, сите жени и свекорот, кој не ходит со сватовите за невестата, пред црков пречекват невестата, како ке видиме.
Сватовите се гоштавает, а зетот со фругличарите ходит в особена одаја, к'де стоит софра ставена. Зетот со трите прсти земат от четирите ст'рни от јестието и го клават пред себе; после јадит. По малу време идет тешта му или шурна му и му дават прстен за венчање и му префрљат на рамо бела риза; и тој је целуват р'ка и си ходит при кумот. По това идет на трпеза невестата, која седит на истото место, к'де беше седнал зетот, и прво изедвит това, што остави зетот кога седна да јадит, а после јадит други јела. По това зет и невеста ходет при кумот, кои покриват главите им со платно и држеештем чаша вино со малу хлеб н'тре, ги благословят и истуриват виното преку младенците. Невестата целуват р'ка нему и на 'сите сватови. Во това време идет неколку момичина (девојчина) и на 'сите сватови пејет песни 'секому прилични по врстта (возраст); а сватовите ги дарувает по нешто. Зетот целуват р'ка па 'сите невестински сватови; а невестата, изведена надвор, даруват по шамиа 'сите нејдзини сватови, кои тога излегват. После се проштават со татка и мајка и се прекрствит; а деверите ја качват на конја. Така ходат на венчање в црков, по п'тот жените пејет, а невестата часто се кланјат.
На приближвенето в црков свекорот, кумата и другите жени пречекват невестата, окулу коja пејет: "Куме, мили куме, дали да венчаме." Свекорот ја свалјуват (слегвит) от коњот; а таја му целуват р'ка и му дават риза, еднакво и после венчањето свекорот ја качвит на кон. И кога ке стигнат у момчето, пред вратата је пејет: "Ела, ела, невесто, познаќеш си дворови..." Пред да слезит от коњот, је давает две м'шки деца, на кои образот гладит со плочата, им целуват р'ка и им дават от овошките, кои от чоработ беше клала в џепот си, како рекохме; а другите овошки исфрлјат. Тога свекорот фрлјат преку неа дробни пари и ја слегвит от коњот. По това је давает под мишка два сомуна хлеб и бардачето со водата, со која зетот беше се измил лицето, како се каза погоре. Така таја се качвит дома и по малу туриват от водата, дури да стигнит до одајата, во која зетот стоит скриен зад врата, и кога невестата ке влезит н'тре, тој три п'ти ја удират по плешти и излегвит вонка (надвор), невестата однесват да стоит в ќоше , а хлебовите и бардачето фрлјат на гјарамиди. По това донесвет јастје на невестинските сватови, кои тога се викает погазеи и кои после јаењето си ходат секој дома.
Вечерта се собирает гостите; и на вечерата зетот и невестата, захваштаештем от кумот, се поклонват, целувает р'ка и служат по чаша вино на сите сватови, на кои невестата раздават даровите, прехврлјаештем на рамо дарот; а сватовите неа дарувает по нешто. По неколку време запеват: "Стани, куме, стании! Ти се молјат младенците, време јет да одиме..." Гостите си ходат; наодзади станвит кумот, кого зетот и невестата пречекват на врата, му се поклонват три п'та до земја и му целувает полата и р'ката.
В понеделник канет на ручег гости и заигравает на оро зетот со невестата. Вечерта пак канет гости.
В торник накарвет (натервет) невестата да сметсит и да измиет с'довите (вагани, паници, каленици) и ја задевает (задирает), jе се подсмевет, гоо (като че) не умеала да метит и да миет с'довите; а таја подхврлјат некоја пара на земја, за да престанат, да ја задирает. После ја натервет да месит мазник, и тога је се подсмевет и на сученето је сечат корите (губи), гоо не знаела да сучит мазник; а таја им подхврлјат неколку гроша, дури да престанат. Тој мазник јадет куќните и побратимите.
В стреда невести и моми, зетовски роднини, изважает невестата да налеит (нацрпит) вода. Со себе си носат грне вино и ракиа и кого на п'т стретат, нему невестата служит вино и ракиа и му целуват рка. Невестата носит в десниот р'кав просо, а в уста стара пара (цело). Стигвеаештим на кладенецот (геран, бунар), невестата ходит окулу него, туриваештем по малу просо, и се кланјат крстообразно на четири ст'рни; наодзади хврлjaт целото в кладенецот и нацрпвит вода.
Четворток вечер невестински татко канит зетот и невестата на гости.
Замеч[ание]. В Воден, кога тестот в петок вечер канит зетот со многу гости, се викат првиче; другиот петок, кога зетот ходит у тестот со побратимите, се викат вториче; треќиот петок, кога ходит с'де со невестата, се викат третиче.
Петок вечер спроти с'бота не требит зетот и невестата да останат дома си, за това ходат да преноќвает у некого роднина. Таја вечер се викат С'ботнина.

Кукуш.
1. Момата не јадвит от овошките, шт се во шамијата, а тие, што се во белата везана риза, која чуват момата, за да се кланјат (гувеит) со неа.

2. Обикновено в турско иставает фиралите (кондурите), кога влегват в одаја, зашто одаите се послани.

Од Зборникот на Миладиновци



нетоп — полукружна направа од тенекија, што го носи невестата на глава под венецот.

Армасани се — свршени се


No comments:

Post a Comment