Search This Blog

Loading...

Wednesday, March 21, 2012

Што правел Александар Македонски кога бил нервозен?

Се разбира ,пцуел на „својот јазик„.




Потоа Александар,неспособен повеќе да го задржи својот гнев скокна на нозе и фрли една од јаболките кои лежеа на масата кон Клитус,и го погоди а потоа почна да го бара својот меч.Но еден од неговите телохранители,Аристофан,го сокри пред тој да може да го дофати а останатите го обиколија и го молеа да се воздржи,кога тој наеднаш скокна на нозе и извика на Македонски јазик да се соберат трупите на неговата гарда(а ова беше знак на голема вознемиреност) и му нареди на трубачот да затруби и го удри со тупаница бидејќи овој се колебаше и не сакаше да го стори тоа.Овој човек подоцна го гледаа со голема почит бидејќи само поради него кампот не го зафати метеж.Но Клитус не се предаваше и со голема врева неговите пријатели го истуркаа од банкет-салата.Но,тој се обиде да влезе од друга врата и многу храбро и со презир ги изрецитира следните стихови од Андромаха на Еврипид:
„Ах какви лоши обичаи сега владеат во Елада!„
И така конечно,Александар успеа да дофати едно копје од еден од неговите телохранители,го фрли кон Клитус додека тој ја тргаше завесата на вратата и го прободе.

No comments:

Post a Comment