Search This Blog

Loading...

Friday, March 22, 2013

ВИЗАНТИЈА

Што значи зборот Византија?

Наводно Byzantium е латинизација на старогрчкото Βυζάντιον име на антички град и легендарен антички крал со тракиско или илирско име „Бизас„.Што точно значи имево никој појма нема.Според легендата ,Тракиецот или Илирец, Бизас ,кој потекнувал од Мегара (во близина на Атина) во 657 г п.н.е. го основал градот .Пред да го основа се консултирал со пророчиштето во Делфи и тоа му рекло да го направи градот „спроти слепците„.Кога дошол на Босфор сфатил дека на спротивниот брег се наоѓал градот Халкедон-Χαλκηδών.Бизас го направил градот на спротивниот (европски )брег наспроти „слепците„ кои одбрале место без врска за својот град.

Античките Римјани го уништиле градот во 196 г н.е.(2 век) а потоа го „обновиле„.Во 330 н.е. Константин уште еднаш го „обновил„ и го преименувал во Нов Рим (Nova Roma).По неговата смрт градот го нарекле „градот на Константин„ односно Κωνσταντινούπολις-Константинуполис.Турците градот го нарекувале Истанбул (официјално вака градот е преименуван во 1930г).

Разгледувајќи случајно еден речник  печатен во Венеција во  1612г (17 век) случајно открив што всушност значело Византија .




 Еве го и местото


Вака вели: БИСАНТЕ,античка монета ,на која,во принцип,се изгравирани двајца светци.Н.ант 6.6.(некој извор) "Одете сега и донесете ми 100 БИСАНТИ од злато".Ги нарекуваме БИСАНТИ,или БИСАНТИНИЈА извесни тенки и многу тенки кругчиња од злато или од друг метал со златна боја,кои ги ставаат како украс за закопчување на облеката.

БИСАНТЕ= БИ САНТЕ? Двајца светци?

Каков превод од грчки на латински на некаков „Бизантион„ кога преводот буквално би звучел и гласел VIZADION бидејќи на грчки не постои Б а комбинацијата на буквите НТ секогаш се чита како Д  во грчкиот и обично означува дека зборот со оваа комбинација на букви веројатно е преведен од странски јазик.Во случајов италијански. 

Всушност, ситуацијата е сосема обратна.Италијанското BI-SANTI (двајца светци) на грчки поради созвучие ќе се преведе како  Βυζάντι -ВИЗАНТИ.

Еве ги „бисантиските „ парички со по "двајца светци".




Кога се реконструира „антиката„ никогаш не се зема предвид дека народот никогаш не зборувал   латински јазик и дека си зборувал некаков италијански дијалект или дијалект на друг јазик .
Зборот „sanctus„ од кој наводно потекнува италијанското „santo"   како именка во латинскиот потекнува од преводот на новиот завет на латински при што άγιος  -агиос е преведен како „санктус„ инаку е придавка која означува нешто „свето„.


MK - Библијa 1999 - Фил. 4:22
Ве поздравуваат сите свети(светци), а особено оние од Ќесаревиот дом.


άγιος  во стариот завет одговара на קדוש -КДВШ(КДУШ,КДОШ).


3 comments:

  1. Не знам колку овој податок е точен, зашто името на Византиската Империја е добиен од името на малото гратче Византион кое се наоѓало блиску до Цариград.

    ReplyDelete
  2. Во текстот кој го опишува зборот "Bisanti" јасно се гледа дека во описот се користи "Biffanti" и "Biffantini" кој пак во 1 друг речник на германски е преведен како кора од млад даб и дополнително е објаснето дека била омилена кај винарите.
    Голем поздрав за блогов ќе ги читнам и другите написи. :)

    ReplyDelete
  3. Абе Гоше каде си? Дај продолжи со блогов зашто Бизантиве ни станаа македонци :) Поздрав.

    ReplyDelete