Овој пост не е контраисторичен.Одсекогаш сум ги жалел средношколците,разбира се.
Делото на Данте
Алигиери,еден од најголемите светски
писатели, не може да се разбере ако не
се земе предвид културно-историскиот
контекст на времето во кое тоа било
создадено.Имено,неговото дело се појавува
во периодот на средниот век кога веќе
започнува да изронува новата,отворена
цивилизација,но сеуште цврсто опстојуваат
старите догматски и схоластички шеми.
На
крајот на 13 и почетокот на 14 век воочливи
се знаците на обнова или раѓање на нов
политички ,интелектуален и филозофски
живот.Филозофијата сеуште е верна на
старите схоластички и теолошки поставки
на времето но започнува да вклучува и
световни и реалистички
елементи.Историографијата,која и
понатаму ги објаснува настаните со
помош на судбината и непознатото,се
повеќе започнува да се потпира и на
настаните страстите и контрастите на
секојдневниот живот како причина или
поттик за објаснување на историските
настани.Политичката доктрина сеуште е
во рамките на двојната универзална
власт,црковната и световната,односно
папата и кралот,но во политичкиот живот
започнуваат да вршат влијание и новите државни структури-општините кои се
последица на создавањето на силни
градови-држави.
На местото на
старите схоластички писатели доаѓаат
нови поети кои наместо тешкиот јазик
го употребуваат „народниот„ говор и
врз класиката создаваат нови вредности.
Данте Алигиери
е еден од најзначајните творци на овој
нов бран со кој завршува средниот век
и започнува периодот на „ренесансата
„(препород).
Едно од најголемите
дела на светската литература, Божествената
комедија, можел да го напише само
просветлен ум.Некои дури сметаат дека
она кое е запишано Данте и лично го
доживеал,барем во својот свет на
соништата,бидејќи поетите го доживуваат
светот на свој особен начин.
Иако податоците
за животот на Данте се скудни ,знаеме
дека е роден во Фиренца (Италија) помеѓу
15 мај и 15 јуни 1265 година во благородничко
градско семејство приврзано на Папата
(тн. партија Гвелфи).Данте е кратенка од
неговото вистинско име , Дуранте .Мајката
на Данте умира веднаш по неговото раѓање
но тој расте во среќно семејство со
својот татко,маќеата и своите
двајцаполубраќа и две полусестри.
Неговото
образование било добро за времето во
кое живеел.Малку религиозно
образование,делата на Аристотел и повеќе
латински класици.Данте бил интелигентен
и сериозен и учел подобро од другите.Уште
во младоста започнал да се занимава со
пишување поезија и бил добар пријател
со поетот Гвидо Кавалканти.Љубовта на
неговиот живот била убавата Беатриче
која прв пат ја запознал во 1274,на 9 години , а втор пат ја видел дури по
девет години во 1283 што било пресудно за
неговиот живот како писател .Беатриче
подоцна се омажила за Симоне деи Барди
а Данте се оженил во 1277 година, по наредба
на својот татко, со Џема ди Мането.Имал
повеќе деца меѓу кои Џовани,Јакопо,Пјетро
и Антонија(која се замонашила под името
Беатриче) .
Данте и Беатриче,според фантазијата на уметникот
Помеѓу 1295 и 1304
бил активен во политичкиот живот како
член на цехот (цех-средновековна трговско
занаетчиска организација,здружение на
лица со иста професија) на аптекарите
и лекарите.Данте активно учествувал во
борбата против политиката на папата
Бонифациј VIII поради
неговата желба да завладее со градовите
во областа Тоскана кои во тоа време биле
самостојни.Данте се залагал за слобода
на својот роден град,Фиренца.
Гвелфите
(приврзаниците на папата) во Фиренца
биле поделени на Црни и Бели и воделе остра политичка борба.Црните биле приврзаници на политиката на папата
Бонифациј VIII а
Данте бил приврзаник на умерените, Бели , Гвелфи како чиј претставник одел кај
папата за да го смири.Но папата го испратил
во Фиренца Шарл де Валоа кој на власт
ги поставил Црните Гвелфи.
Новата власт
во 1302 година го осудила Данте на казна
од 5000 флорини ,а кога не ја платил го
протерала од Фиренца.Доколку бил фатен
било каде во Тоскана требало да биде
запален на клада.Бил обвинет за
корупција.Данте подоцна се разочарал
и во белите Гвелфи и до крајот на животот
бил прогонет човек,партија само за
себе.
Првото прибежиште му бил градот Верона.Во 1315 понудена му е амнестија но
Данте ја одбива,сметајќи ја понудата
понижувачка бидејќи требало да признае
дека е виновен.Наводно рекол„Ако не
можам да се вратам поинаку освен ако
признаам дека сум виновен,нема никогаш
да се вратам- nunquam revertar„ .
Данте подоцна се сели во градот
Равена.Умира ноќта помеѓу 13 и 14 септември
1321 година во Равена каде е закопан со
големи почести.
Повеќето
свои дела Данте ги напишал во
прогонство.Скоро сите негови помали
дела (opere minori) се
напишани пред Божествената Комедија.
Нов
живот(Vita nuova)
едно од неговите најзначајни
дела претставува идеалистичка сторија
за неговата љубов кон Беатриче.Овој
роман составен од стихови и поглавија
во проза е напишан помеѓу 1283 и 1289 година.Тој го опишува преку сонети и канцони
запознавањето со Беатриче и неговата
љубов кон неа.По нејзината смрт во 1290
година неговата љубов уште повеќе расте
и тој создава свој култ кон Беатриче
заколнувајќи се дека нема да пишува
ништо за неа се додека не добие инспирација
доа го напише она кое „никогаш не е
кажано за една жена„.
Рими
(Rime) е
збирка канцони настаната по Нов Живот
во кој покрај за љубовта Данте пишува
и песни со морална и филозофска содржина.
Гозба
(Convivio)
е дело со доктринарна
содржина напишано во прогонство
1304-1307 година и недовршено веројатно
поради обемната работа на Божествената
комедија.Делото е на народен италијански
јазик за кој Данте смета дека може
комплетно да го замени латинскиот.
За
пишувањето на вулгарен (народен )јазик(De
vulgari eloquentia) е дело напишано
на латински јазик.Во него Данте расправа
за тоа дека ниту еден(од 14) дијалект на
италијанскиот народен јазик не ги
исполнува условите да го замени латинскиот
литературен јазик.Политичката
разделеност,поделбата на
градови-држави,дополнително не дозволувала
создавање на нов единствен литратурен
јазик заснован на латинскиот.
За
монархијата (De
monarchia)
е дело за кое не се знае точно кога е
напишано.Во него Данте докажува дека
монархијата е совршен облик на владеење
потребен за остварување на мир,правда
и слобода.Власта не зависи од папата
туку доаѓа директно од Бога.Поради овие
тврдења делото е прогласено за еретичко
и јавно запалено во 1329 година.
Посланија
(Epistole),пишувани
на латински во различни временски
периоди се писма пишувани до славни
личности на тоа време а наменети за
широка публика.
Еклоги
(Egloge) е
одговор на едно писмо од Џовани дел
Виргилиј кој го повикува Данте да
престане да пишува на народен јазик.Тој
одговара дека сака ловоровиот венец
да го добие со пишување на народен јазик.
Прашање
за водата и земјата(Questio
de aqua et terra) е
дело во кое Данте докажува дека водата
секогаш е на пониско ниво од копното.Делото
не е значајно но е доказ за неговото
широко образование.
Божествена
комедија (La Divina
Commedia) е дело кое го
пишувал од 1307 година се до својата
смрт.Пеколот и Чистилиштето се завршени
пред 1314 година.Oригиналниот назив на
делото било само Комедија (во
тоа време класичната драма сеуште била
непозната). Имено , песните кои почнувале
тажно а завршувале радосно биле нарекувани
„комедии„ а оние кои завршувале трагично
биле нарекувани „трагедии„. Епитетот
„божествена„ е додаден од подоцнежните
читатели.
Накратко
содржината е следната.
Дејството започнува на
денот на Јубилејот (Јубилеј е посебна
година во која биле простувани гревовите
на криминалците и верниците.Во Библијата Јубилејот е опишан како година на ослободување на
заробениците, простување на долговите
и покажување на милоста божја и се прославувал секоја
50 година. Во Католицизмот во оваа година
се превземале и патувања до светите
места-аџилак. Обично се одело на аџилак
во Рим. Папата Бонифациј VIII
во 1300 година прв ги
вовел Јубилеите со булата Antiquorum
fida relatio во која
повикувајќи се на античките времиња
тој ќе овозможи „простување на гревовите„
на сите аџии кои доаѓаат во Рим во
базиликата на „принцот на
Апостолите„,Базиликата Св.Петар.Самиот
збор Јубилеј не е спомнат во булата ,
Данте во Пеколот го употребува зборот
Giubbileo
и зборува за енормниот број на
ходочасници-аџии кои оделе кон базиликата
Св.Петар) .Значи на денот на Јубилејот
папата Бонифациј на сите им ја докажува
својата моќ и додека христијаните се
собираат околу него Данте заскитува во
мрачна шума.
Го спасува Виргилиј (антички
поет) кој го води да го разгледа пеколот
и чистилиштето а потоа тој заедно со Беатриче доаѓа во рајот и допира до
божјото лице.
Алегориски Данте е
душата,Виргилиј е разумот а Беатриче е
божјата милост,љубовта.
Светот во кој патува Данте е етичка слика на
вистинскиот, жив , свет.Тој ни кажува каков
би требало да биде етичкиот, морален
свет, свет на правдата и мирот,божји
свет.
Данте е душата не само на индивидуалниот
човек туку и на човештвото.
Божествената
комедија е поделена на три дела
Пекол,Чистилиште и Рај,секој дел се
состои од 33 песни-пеења. Пеколот има и
воведно пеење, 34-то, за кое се смета дека
е подоцна додадено, но нема докази.
Според средновековната симболика структурата на делото е бројот 3 кој го претставува светото тројство како животен принцип на светот. Земјата е во центарот на светот, Бог е на највисоката (извор на живот и светлина-сонце) а Луцифер на најниската точка (темнина-извор на смрт и зло).
Сите три дела се пишувани во терцини а во последниот стих стои зборот „ѕвезда„ за да потсети дека треба да се тежнее кон светлината.

комедија била еден вид на средновековна
енциклопедија а останала до денес големо богатство на човештвото.
Поемата
се состои од 14233 стиха во единаесеттерец (единаесет
слогови) поделени во терцини (група по
три стиха). Бројно симетрична е и нејзината внатрешна поделба. Пеколот има 9 круга
и предворје (10-совршен број),чистилиштето
има девет делови (плажа,претчистилиште
и седум појаси) плус рајот(10). Рајот има
9 неба плус Емпиреј(10). Се е во знак на
бројот 3. Душите на грешниците,покајниците
и блажените се поделени во три групи,три
ѕверки (лав,пантер и волчица) му сметаат
на поетот на почеток на патот,тројца
водичи го водат по неговиот пат.Дејството
е во 1300 година на денот на Јубилејот.Данте
има 35 години (половина од животниот
пат), се губи во шумата а три ѕверки го
спречуваат да излезе.Му помага античкиот
поет Виргилиј и го води по патот. На
својот пат Данте среќава и опишува
повеќе од 500 личности.
Структурата
на вселената на Данте е структурата на
Клавдиј Птоломеј (антички астроном од
2 век од новата ера).Тоа е геоцентричен
космос. Земјата е неподвижна точка во
центарот на вселената,се друго се движи
околу неа.Данте ја дели земјата на две
хемисфери. Во центарот на северната, населена
сфера е поставен Ерусалим точно на
средина меѓу краевите на светот -реките
Ганг(Индија) и Херкуловите Столбови
(античко име за протокот Гибралтар меѓу
Шпанија и Африка).Дијаметрално спротивно
во океанот, јужната хемисфера, е брегот
на Чистилиштето а на нејзиниот врв е
Рајот на земјата.Настанокот на овој
брег како и на Пеколот Данте го поврзува
со падот на Луцифер од рајот.Тој паднал
во центарот на земјата.
Средновековна карта со градот Ерусалим во центарот на светот.Најгоре реките Инд и Ганг,најдолу,Херкуловите столбови
Земјата е направена
од 9 концентрични (со еден центар) сфери
кои се движат една во друга а сите заедно
се во десеттата сфера. Оваа десетта сфера
е неподвижна, тоа е Емпиреј, местото каде
живее Бог, анѓелите и блажените.
Деветте
неба се викаат: Месечина, Меркур, Венера,
Сонце, Марс, Јупитер,Сатурн, Ѕвездено
небо и Прво подвижно небо. Првите седум
неба во себе ги содржат планетите
(сонцето и месечината тогаш се сметале
како планети).Осмото небо е исполнето
со неподвижни ѕвезди кои чинат соѕвездија
а деветтото небо, потполно проѕирно се
нарекува „Прво подвижно небо„ бидејќи со
своето движење придонесува за ротацијата
на пониските неба и ја регулира истата.
ПЕКОЛОТ
По смртта на Беатриче Данте се губи во голема мрачна шума ,симбол на незнаењето и заблудите.Тука го среќава античкиот поет Виргилиј (Vergilius Publius Maro,70-19 ПНЕ). , симбол на разумот, кој е испратен од Беатриче за да му помогне да ги совлада препреките во вид на трите животни:пантер (страст), лав (горделивост) и волчица ( алчност). Виргилиј објаснува дека треба да помине низ трите оноземни кралства.
Данте со Виргилиј слегува во пеколот, голема провалија во близината на Ерусалим, која пропаѓа до центарот на земјата каде живее Луцифер. Провалијата е во облик на десет концентрични кругови во кои грешниците страдаат поради своите гревови. Колку е поголем гревот, грешникот е подлабоко, подалеку од Бога.
Поетите патуваат до дното се до Луцифер а потоа низ средиштето на земјата минуваат во другата земјина хемисфера за да ги видат ѕвездите.
Пеколот
има облик на инка која се стеснува кон
центарот на Земјата.Рабовите на инката
имаат врежани огромни скалила кои прават
девет кружни рамнини на кои се казнуваат
гревовите.Тие рамнини односно пеколни
кругови се се' помали како се оди кон
центарот.
Нивните
брегови, разрушени поради земјотресот
кој го следел христовото распнување
овозможиле симнување од еден круг во
друг.Геометријата на првиот круг се
базира на тројната поделба на грешниците
на неумерени, насилници и измамници.
Неумерените се сместени во горниот пекол помеѓу реките Ахеронт и Стикс, од вториот до петтиот круг а тука се и развратните, алчните, скржавите, расипниците, гневните и мрзливите. Насилниците се во седмиот круг поделен на три појаси:насилници против блиските, насилници против себе и насилници против Бога. Измамниците се во осмиот круг кој е поделен на десет зли дупки.

Тука се подведувачите, заводниците, ласкавците, симонијаците, волшебниците, лажговците,, лицемери, кратци, зли
советници, сејачи на неслога и
фалсификатори.
Во деветтиот круг се предавниците .Oвој круг е поделен на четири пoјаси:Каин, Антенор,Птоломеј и Јуда.Тука се предавниците на роднините, предавниците на татковината, предавниците на гостите и предавниците на својот добротвор.
На дното во средината на деветтиот круг Луцифер со својата челуст го меле Јуда, предавникот на Христос, односно Црквата, потоа Брут и Касиј (убијците на Цезар), предавниците на царството.

Ова
укажува дека најголем грев е предавството
на двете власти,црковната и кралската
односно световната.Надвор од овие
поделби се плашливците кои се во
предворјето на пеколот,потоа некрстените, а добри ,кои се во Лимбот,односно првиот
круг,а еретиците се во шестиот
круг.
Распоредот на казнетите грешници
следи прецизна логика.Секој одговара
спрема најтешкиот од пороците кои ги
имал.Секоја казна е двојна односно
грешникот е казнет душевно (лишен е од
можноста по смртта да го види Бога) и
физички.Односот помеѓу гревот и казната
е строго пропорционален односно се
поголема е казната колку подлабоко се
симнувате во пеколот.Казната е и соодветна
но обратна од гревот (contrapasso
), на пример, гатачите мораат да гледаат со главите свртени наназад ,кон грбот, не
можејќи да гледаат напред, бидејќи се
обиделе ,преку разни нешта, да гледаат
напред во иднината.
На
влезот во пеколот пишувало Lasciate
ogne speranza, voi ch'intrate"
,односно „откажете се од секоја надеж,сите
вие кои влегувате„(во пеколот) .
Помеѓу
нерешителните во предворјето на пеколот
Данте ги става папата Селестин V
но и Понтиј Пилат.Таму се Хомер,Хорациј,Овидиј и Лукан (антички поети) но и Саладин (египетски султан од 12 век).Таму се и Сократ, Платон, Орфеј, Цицерон, Талес, Емпедокле, Хераклит, Зенон, Демокрит, Сенека, Птоломеј , Евклид, Хипократ, Гален, Авицена, Авероес и др.
На вратата на вториот круг стои судијата Минос (легендарен крал на Крит).Тој со вртење на опашката (половина е бик) врти онолку круга колку што грешникот треба да потоне.Тука се развратниците во вечна бура.Данте разговара со славните љубовници Паоло и Франческа за нивната трагична љубов.Тука се Клеопатра,Елена Тројанска,Ахил,Парис,Тристан и други кои сториле грев поради својата голема љубов.
На влезот во третиот круг,оној на алчните, стои Кербер, куче со три глави и коса од змии.Таму го среќава некој си Чако (неидентификуван современик).
На влезот во четвртиот круг е Плутон (владетел на подземниот свет според грчката митологија)а во него алчните и расипниците постојано трчаат наоколу носејќи товар и обвинувајќи се едни со други.
Во петтиот круг е реката Стикс која го обиколува вжарениот град Дис.Тука се мачат брзоплетите и мрзливите.Таму Данте го среќава Филипо Арџенти,фирентински современик.Градот Дис е полн со минариња.
Во шестиот круг (градот Дис) , се еретиците и Епикурејците кои не веруваат во бесмртноста на душата.Таму е таткото на Гвидо Кавалканти и Фарината дељи Уберти водач на Гибелините (приврзаници на кралот) во Фиренца, папата Анастасиј и др.
Чуварот на седмиот круг (на насилниците) е Минотаурот(половина човек ,половина бик ), симбол на жестока бестијалност. Тука се кентаурите чиј водач е Хирон,учителот на Ахил, Александар (не се знае кој,можеби македонски),Атила, Пир, Ацолино ди Романо(13 век),тиранин од северна Италија ,Обицио Д Есте маркгроф од ферара(13 век), Риниер Корнето и Риниер Пацо,пирати од времето на Данте.Во вториот појас на седмиот круг се насилниците против себе,самоубијци.Тука живеат Харпиите(птици со човечки лик).Во третиот појас од седмиот круг се богохулниците.Тука е Капанеј ,крал на градот Теба кој хулел против Зевс а Зевс го убил со молња.Во овој круг од небото вечно паѓа жар.Во овој појас се и „насилниците против природата„,хомосексуалците.Тука е и Брунето Латини ,учителот на Данте.Тој објаснува дека во овој круг сите мора да трчаат затоа што ако застанат мора да стојат сто години и да ја трпат жарта што паѓа врз нив.Уште тој вели и дека со него се воглавно славни писатели свештеници, Присцијан, Франческо д'Акорсо и други современици на Данте.Во истиот,седми круг ,се и шпекулантите и лихварите,насилниците против својот занает.Тука Данте исто така среќава свои современици кои се занимавале со лихварство.
Данте стигнува во осмиот круг кој е направен од десет зли дупки концентрично наредени околу длабок бунар.Во секоја дупка се казнуваат грешници од различен вид.Во првата се подведувачите и заводниците.Тука е Јасон, митолошкиот тесалијски јунак,Таиса, прочуена грчка хетера(проститутка) позната од комедијата „Евнух„ на Теренциј и други современици на Данте.
Во третата дупка се тн „симонијаци„.Името им е дадено според „Симон Магус„кој според Библијата сакал да го купи дарот за чудотворство.Тие тргуваат со црковни добра и црковни служби.Грешниците висат во мали дупки со главата надолу а стапалата вечно им горат во пламен.Тука е папата Никола III кој го очекува папата Бонифациј VIII а му открива на Данте дека тука треба да дојде и папата Климент V.
Во четвртата дупка се гатачите и волшебниците.Главата им е превртена па лицето им е од страната на грбот.Тука се Амфиар, Тиресија, Арунс, сите волшебници од Теба, Микеле Ското, современик на Данте и алхемичар, Гвидо Бонати ,познат астролог на 13 век и други.
Во петтата дупка има врела смола и во неа се варат измамниците кои за пари или некоја друга корист ја предаваат својата заедница или својот господар.
Во шестата зла дупка се лицемерите а во седмата крадците кои постојано се претвораат од змија во човек и обратно.
Во осмата дупка се злите советници.Тука се заедно Одисеј и Диомед (за измамата со тројанскиот коњ).
Во деветтата зла дупка се сејачите на неслога и шизма (поделба).Тука е Мухамед и други современици и сонародници на Данте.
Во десеттата дупка се фалсификаторите.Ги има три вида,оние кои лажно се претставувале, оние кои фалсификувале пари и оние кои фалсификувале зборови,односно лажеле.
На преминот од осмиот во деветтиот круг се тн „гиганти„.Гигантите како и Луцифер се бореле против бога па затоа се осудени да го чуваат најдлабокиот пекол.
Дното на деветтиот круг е дебелиот мраз на пеколната река Кокит.Тој е поделен на четири круга, Каин, Антенор, Птоломеј и Јудек.
Според Библијата,Каин го убил својот брат Авел, Антенор ги советувал Тројанците да ја предадат Елена на Грците и така ја предал татковината,библискиот Птоломеј го викнал на гости Симон Макавеецот и неговите два сина а по гозбата ги убил.Јудек го добил името според Јуда кој го предал Христос.Казната на Јуда е најтешка а нешто поблага казна трпат Брут и Касиј ,убијците на Цезар.
Најдолу низ преминот Данте и Виргилиј излегуваат и ги здогледуваат ѕвездите.

Со
содржината на Божествената комедија
доминираат редот и енциклопедискиот
пристап кои и се својствени на средновековната
култура.Делото има цврста идејна и
концептуална структура.Данте ги поврзува
елементите на библиската визија на
човечката историја .Падот на Луцифер(името буквално значи „носач
на светлина„), некогаш најубавиот божји
анѓел кој се побунил против Бога со што
ја одредил судбината на човечкиот род
(со заведувањето на Ева, човечкиот грев
и христовиот откуп на човештвото) и
создал пеколна провалија во која се
казнува секој кој не одолеал на
пороците.
Падот го создал брегот на
чистилиштето како инструмент за
покајување.Човекот е во средиштето на
историјата.Бог го создал за да биде
вечно среќен, но , прогонет од Рајот поради
гревот на Адам, човекот е во средиштето
на борбата помеѓу доброто и злото а околу
него и Земјата на која живее кружат
небеските сфери.
Бог земал човечки облик и преку христовото страдање го окајал првиот грев на Адам.
И политичката историја е божјо дело,по божја воља е создадено Римското царство под знак на орел за во обединетиот и мирен свет да се шири божјиот збор.Овој антропоцентризам го нагласува достоинството на човекот кој е одговорен за слободниот избор меѓу доброто и злото а трите кралства се тука за да го казнат, очистат од гревовите и да му пружат вечно блаженство.

ЧИСТИЛИШТЕТО
Во чистилиштето редоследот е
обратен.Поблагите гревови се окајуваат
повисоко, поблиску до Бога.На влезот во
секој појас во чистилиштето анѓел со
пламенен меч на челото на грешникот ја
втиснува буквата П (од peccata-гревови) а
на крајот од секој појас буквата се
брише од челото. Грешникот не останува
вечно во чистилиштето како грешниците
во пеколот. Кога ќе бидат избришани сите
седум букви „П„ грешникот стигнува до
Земниот рај .
На врвот Данте се простува
од Виргилиј , симболот на земската
наука, очистен од гревовите, а Вергилиј
пак, бидејќи не верувал во Христос, не
може да влезе во рајот. Неговото вечно
место е во Лимбот.
РАЈОТ
Во Земниот рај се
појавува Беатриче,симбол на љубовта,божјите
и теолошките науки и откровението. Таа
му станува водич.Потоа Данте вронува
во водите на реката Лета за да ги заборави
гревовите а потоа во реката Евноја за
да ги освежи сеќавањата на добрите
дела.Потоа може да тргне кон ѕвездите
и заедно со Беатриче се качува во рајот.
Тие
двајцата поминуваат по рајските
неба.Душите во рајот не се распоредени
како во пеколот и чистилиштето бидејќи
во местото каде владее блаженство
, уживање и потполна слобода не може да
има степенување.
Значи, сите чисти души се на десеттото небо Емпиреј, распоредени околу Богородица во облик на рајска роза но за да ги види Данте тие му се појавуваат постепено од небо во небо.
На осмото небо Св.Петар и Св.Јован го испрашуваат Данте за трите теолошки доблести.Откако ќе покаже дека потполно ја сфаќа и прифаќа верата надежта и љубовта, тој преоѓа преку „првото подвижно небо„ во Емпиреј каде повеќе не го води Бетриче туку Св.Бернард.Тука ја набљудува таинствената Рајска роза.

Св.Бернард ја
моли Богородица да го ослободи Данте
од било која смртна сенка и така поетот
може да му се приближи на Бога-и да ја
разбере најголемата тајна на
верата,единството на трите божји личности
во една ,спојот на божественото и
човечкото во Христос,се додека на врвот
на екстазата длабоко не се изгуби во
Бога и потполно не се вклопи во хармонијата
на универзумот стопувајќи се со „Љубовта
која го движи Сонцето и сите ѕвезди.„
Јазикот на Божествената комедија е во
основа тоскански ,односно фирентински
дијалект.Данте користи архаични елементи
на фирентинскиот дијалект,вклучува
галицизми (француски зборови) и сопствени нови
зборови-неологизми.Користи околу 500
латинизми(латински зборови) посебно кога тонот на поемата
е свечен или учен.
Креативноста на Данте особено е голема во ковањето на римите.
Стилот е многу различен,од трагичен до комичен,од понизен до свечен,од гротескен до народен.Данте во поемата ја покажува сета моќ на народниот-вулгарен јазик кој претходно во книжевноста бил користен многу претпазливо,само за љубовна поезија и сл.

Данте со право се смета за татко на
италијанскиот јазик бидејќи го оспособил
јазикот за на него да може да се напише
било кое литературно дело.Делото на Данте го крунисува тосканскиот дијалект
во заеднички јазик на сите Италијани.
Светата песна односно Божествената
комедија е обемно и сложено дело кое го
обединува сето знаење на средниот век
, метафизика, морал, политика, историја,
физика, астрономија, етика, реторика ,
лингвистика и сл.Истовремено тоа е
искрена исповед на еден човек,од паѓањето
во грев преку покајувањето до ослободувањто
од него преку небо и земја ,време и
вечност,божествено и човечко.
Тоа е опис
на потрагата на човечката душа по
апсолутна среќа, слобода,мир и конечно
просветлување.
друштвото за заем што ми дава заем од 5.000.000,00 УСД Кога другите инвеститори за заеми ја занемаруваат мојата понуда, но г-ѓа Бенџамин ли ми даде кредит за успех.Тие се директно во финансирање на заем и проект во однос на инвестициите. тие обезбедуваат решенија за финансирање на компаниите и поединците кои бараат пристап до фондовите на пазарот на капитал, можат да ви помогнат да го финансирате вашиот проект или да го проширите вашиот бизнис .. Контакт преку е-пошта :::: Исто така Lfdsloans@outlook.com или напишете на whatsapp Број на + 1- ( 989-394-3740)
ReplyDelete