Search This Blog

Thursday, March 15, 2012

Сите лица на Александар Македонски





Александар крал на Елините(забележете колку е замачкано ова Елините врз нешто друго) и Август крал на Ромеите слика од псалтир од 1568 

2200 години стара паричка со ликот на Александар


Александар (лево) убива лав,мозаик од Пела 333 ПНЕ

Аелијан 2-3 век ПНЕ

„Велат дека најубав меѓу Грците бил Алкибијад,меѓу римјаните Скипион.Се раскажува дека убавината на Деметриос Полироцет била задоволителна.Се потврдува и дека Александар ,синот на Филип бил со незабележлива убавина бидејќи неговата коса била природно виткана и жолта, но сепак имало нешто тврдо во неговата појава.

Псевдо-Калистен
„Бидејќи тој имаше коса на лав и едното око му беше сино,десното му беше полузатворено со очниот капак и црно,а левото му беше сино,а забите му беа остри какона животно и гледаше врз оној кој се брани од нападот како што би гледал лав„

Плутарх

„надворешниот изглед на Александар најдобро е претставен од неговите статуи кои ги изработи Лисип (Ликип, лие кипови,колку проѕирно име) ,и Александар сметаше дека  само овој уметник е способен да го моделира.Бидејќи оние особености кои многумина од неговите наследници се обиделе да ги имитираат,имено ,држењето на вратот,кој му беше малку навален налево, и стопувачкиот поглед од неговите очи,овој уметник ги имаше точно забележано.Меѓутоа,Апелес,при неговото сликање како господар на молњата,не го репродуцираше правилно неговиот тен,туку го направи премногу темен и мрачен.Тој беше светлокос,како што велат,а неговатаруса коса преминуваше во црвена особено на градите и лицето.Уште повеќе многу пријатна миризба се ширеше од неговата уста и неговото лице и телото ,така што и неговата облека мирисаше пријатно,ова го читаме во мемоарите на Аристоксенус.„








Искандер(Александар) седи на престолот, минијатура

Александар е оној крајно лево




Лаксандар и неговото куче Перитас

Александар гледа во НЛО

Тврдината не попушташе,нејзините ѕидини беа десет метри високи и направени толку цврсто што ниедна опсадна машина не би можела да ги сруши.Тирјаните имаа најголеми техничари и градители на воени машини на времето и ги пресретнуваа во воздух летечките стрели и проектилите од катапултите кои паѓаа врз градот.Еден ден наеднаш врз македонскиот камп се појавија тн „летечки штитови„ во триаголна формација предводени од еден многу голем,другите помали скоро за половина .
Беа вкупно пет.Непознатиот хроничар забележал дека тие кружеле бавно над Тир додека илјадници воини од обете страни стоеле и ги гледале зачудено.Наеднаш од најголемиот штит излегла молња  која удрила во ѕидините, тие се срушиле, блесоците продолжиле и ѕидините и кулите се стопиле, како да биле маправени од кал, отворајќи им го патот на опсадуваќите кои се втурнале како лавина."Летечките штитови" кружеле над градот додека не бил комплетно уништен потоа наеднаш исчезнале во небото."


(Fenoglio, Alberto. "Cronistoria su oggetti volanti del passato - Appunti per una clipeostoria", Clypeusno. 9 (1st semester 1966), p. 7, , Drake, W.R. Gods and Spacemen in Ancient Greece and Rome. London, 1976, pp. 115-116)



Clipeos vero aereos multo igne torrebant, quos repletos fervida arena caenoque decocto e muris subito devolvebant. Nec ulla pestis magis timebatur: quippe, ubi loricam corpusque fervens arena penetraverat, nec ulla vi excuti poterat, et quidquid attigerat perurebat, iacientesque arma laceratis omnibus, quis protegi poterant, vulneribus inulti patebant. 


(Quintus Curtius Rufus, Historia Alexandri Magni, lib. IV, cap. V)


Понатаму,тие[Тирјаните] ќе ги загрееја бронзените штитови на распален оган, ќе ги наполнеа со врел песок и врела маса и наеднаш ќе ги исфрлеа од ѕидините.Ниеден од нивните напади не предизвикуваше толку голем страв како ова. Врелиот песок навлегуваше меѓу окопот и телото; немаше начин како да се истресе и гореше се што ќе допре. Војниците го фрлаа оружјето, ја кинеа заштитната облека и така се изложуваа на нови рани неспособни да се одбранат.

(From Heckel, W. and Yardley, J. Alexander the Great : historical texts in translation, 2004, p. 147)

Александар ги пренесува слоновите со скеле

Александар и Аристотел(седи зад него).Гледај ОНЛАЈН
Хух




Сикандар(Александар),индиски филм од 1941



Хеленистичка бронза,2-1 век ПНЕ


Фрагмент од мермерна скулптура  2 век ПНЕ

Пјер Филип Томир 19 (1830-40) век

Александар,Џироламо делла Робиа (1526-1535)

Медал,3 век НЕ




Александар Велики држи ракета(1402-1406)



Александар и Диоген ,Рубенс, 17 век
Александар и Роксана,Пјетро Антонио Ротари,1756


Триумфот на Александар,доцен 18 век,Ермитаж

Александар и пустиникот,1431 ,Ермитаж

Александар убива дива свиња,1 век НЕ,Ермитаж


Александар и семејството на Дариј,таписерија ,17 век


Александар и семејството на Дариј,Мелот ,18 век

Свети Сисоје го гледа Александар во ковчегот,15 -16 век 

Четирите кралеви пророкувани од пророкот Даниел меѓу кои  и Александар,црква во Кожани,18 век



Александар,Рембрант,17 век


Александар (17-18 век)

Јехан де Грис Александар гои испитува дното на морето,минијатура 14 век

Повторно Александар Кусто,15 век





Александар на дното на морето,индиска верзија

Александар се вози на риба




Аристотел го подучува Александар,Лаплант.Цртежи од разни други книги ТУКА



Александар нуди вино пред Хатор 
 
Џовани Панини,Александар го открива гробот на Ахил 18 век

Александар во Индија се борел и со Јети.Се разбира ,авторство на Аријан ТУКА



Александар во борба ,ерменски манускрипт 

Квиз по историја на уметноста


Од мајсторство кон идиотизам или од идиотизам кон мајсторство,прашање е сега.Погледнете добро.Античка уметност не постоела.Не можела да постои.Божем на „античките„ им здоделало да се занимаваат со реализам па преминале на „експерименти„ со формата како уметниците на 20 век.Не.Точка.

Што е тоа стилски паралелизам?

Глава на писар 30 век ПНЕ
Глава на идол ,Аморгос,Грција 30 век ПНЕ

Нешто нејасно?

Погледнете го ова

Римјанка, I век НЕ
Пророкот Јеремија,Донатело14 век НЕ
Нејасно?

Погодете од кој век е следнава скулптура


Не ,не е Донатело,ова е „античкоримска„ скулптура:„Стар рибар„, 2 век пред нашата ера.Вицотека.

Донатело?Не.„Римскоантичка„ скулптура„Пијана баба„2 век ПНЕ

Пијана баба?Не.Донатело,Марија Магдалена 14 век од нашата ера




А ова?(Повеќе слики)





Распетие.Бронза ,висина 21 цм VIII век НЕ,Ирска
Апостол.Црква Сен-Сернен.Околу 1090,Тилуза


„Таписеријата„ од Бајо,(околу 1073-1083)

Страшен суд,детал,западен тимпан.Катедрала во Отен(околу 1130-1135)


Давид и Голијат,непознат автор -12 век НЕ

Наспрема ова


Лаокон и неговите синови ,1 век ПНЕ

Олтарот во Пергамон 2 век ПНЕ





Блискоста на стилот на италијанската тн „Ренесанса„,со „античкогрчкоримската„ уметност е неверојатна.А сепак во прашање се 10 века разлика во кои уметниците опрво биле махери,па потоа заборавиле„ како се прави тоа „до идиотштина и на крајот набрзина за еден век почнале да заличуваат на мајстори.Шио ми га Џура.


Џамболоња(Жан Булоњ,1529-1608).Грабнувањето на Сабињанките,Фиренца.

Драмата,нагласената анатомија до совршенство,овие мора да се зафркаваат со нас.



Херкулес Фарнезе,Лисип,4 век пред нашата ера







Херкулес и Какус(Бартоломео Бачо Бандинели 1493-1560)


Monday, March 12, 2012

Турците се „античките „Тројанци

Денес скоро сите знаат дека Троја е град кој постоел преку 4000 години и бил центар на античката цивилизација.Се до 19 век се верувало дека овој град е град од приказните.Во 1822 Чарлс Мекларен предлага дека урнатините на Хисарлик во близина на Чанаккале се всушност урнатините на Троја.Германскиот археолог Хајнрих Шлиман врши ископувања од 1870 до 1890.Сите пронајдоци од локалитетот си ги зема со себе .По Шлиман ископувањата ги врши Вилхелм Дорпфелд.Од 1988 германски тим работи на случајот да ги изгради одново руините на Троја со користење на современа технологија .



Во„Троја„ се идентификувани 9 нивоа.Ниво I-V -ран Бронзен век(3000-1900 ПНЕ).Во овој период неговите жители се идентификуваат како Тројанци.Троја VI-VII среден и доцен Бронзен век.Троја VIII-IX хеленистички и романски Илион-Илиум.

Во Бронзениот век,Троја била голема сила поради стратешката локација меѓу Европа и Азија.Помеѓу 3000-2000 г ПНЕ троја била културен центар.По Тројанската војна градот бил напуштен (1100-700 ПНЕ).Околу 700 грчки доселеници го населуваат регионот на Троја.Троја е повторно населена и преименувана во Илион.Александар Македонски владее во овој регион во 4 век ПНЕ.Римјаните ја завземаат Троја(Илиум) во 85 ПНЕ,таа е делумно реставрирана од римскиот генерал Сула и е наречена Нов Илиум(Илион).

Во времето на Византија Троја ја губи својата важност и постепено„исчезнува„.

Троја е најпозната од приказните на Хектор,Ахил и Грците Ахајци,Хелена,Парис,Агамемнон и Пријам.Приказната за Троја е преведена на сите јазици.Хероите на Троја ,Ахил и Хектор се опеани во многу поеми.Од Александар Велики до Лордот Бајрон многу историски фигури се идентификувале со хероите на приказната.Но луѓето секогаш (се до 19 век) се прашувале дали постоела Троја или не постоела,имало ли дрвен коњ или немало.



Има малку или поинаку кажано воопшто нема докази за историското постоење на ликовите од приказната на Хомер.Како највреден „доказ„ се смета спомнување то на андолскиот водач бунтовник Piyama-Radu (можеби Пријам) и неговиот наследник Alaksandu (можеби Александар, другото име на Парис),обајцата од Вилуса ,Wilusa (можеби Илион, Илиос).Се спомнува и богот Apaliunas (можеби Аполон).

Друг квази доказ се линерните Б таблици.20 од 58 машки имиња се истотака познати преку Хомер,вклучувајќи го и Екото e-ko-to(Хектор) како тројански војници.Требало со ова да бидеме задоволни дека вакви имиња навистина постоеле во Микенска Грција.
Наводно ,кога Павсаниј ја посетил Теба во Беотија,во 2 век НЕ, му го покажале гробот на Хектор и му рекле дека дека коските на Хектор се пренесени во Теба на барање на пророчиштето во Делфи.Ова како оправдување што и Тебанците го сметале Хектор за свој локален херој.
Сцена од тројанската војна -Илијада ,средновековен манускрипт.

Приказната за тројанската војна можеби сте успеале да ја запаметите од Илијадата а можеби и не.Читајќи хексаметар по хексаметар се губи целосната слика.Па еве ја на кратко.

Тројанската војна се водела помеѓу Грците и Тројанците.Кралот Пријам од Троја бил богат и моќен,од својата сопруга Хекуба и конкубините имал 50 сина и 12 ќерки.(Вистински Султан,ќе се сложите)

Неговиот Син Парис (поинаку крстен и Александар) бил поканет да пресуди која од божиците , Афродита, Хера или Атена е најзаслужна да го добие златното јаболко од божицата Ерис(неслога), како најубава.Сите три се обиделе да го подмитат Парис за да го добијат јаболкото и титулата „најубава божица„. Но Афродита му ја ветила најубавата жена на светот и Парис попуштил.И го дал златното јаболко.Тогаш заминал за Грција каде се вљубил во Елена (Хелена), жената на Менелај, кралот на Спарта и ја зел со себе во Троја.


Лукас Кранах Постариот (1472 - 1553) Пресудата на Парис

За да ја вратат Елена Грците организирале експедиција на чело со братот на Менелај, Агамемнон, кралот на Аргос или Микена.Тројанците одбиле да ја вратат Елена.Грците успеале да ги ограбат населбите во околината на троја,тн Троада,но самата Троја со помош на своите сојузници опстојала 10 години под грчка опсада.

Во војната за Троја и боговите завземале страна.Па така Хера,Атена и Посејдон биле на страна на Грците а Афродита(која имала син Енеј од тројанецот Анхисес внук на Асархус),Аполон и Арес на страна на Тројанците.Илијадата која се случува во 10тата година од војната,раскажува за кавгата помеѓу Агамемнон и Ахил,кој бил најдобриот грчки војник,и за смртта во борба на пријателот на Ахил ,Патрокло и најстариот син на Пријам, Хектор.

По смртта на Хектор (најхрабриот тројански војник кој убил 30 Ахајци-Грци во борба), на Тројанците им се приклучиле два егзотични сојузници.Пентесија ,кралицата на Амазонките и мемнон , кралот на Етиопите и син на божицата-зора Еос.

Ахил ги убил сојузниците на Троја, но Парис подоцна успеал да го убие Ахил со стрела , погодувајќи го во петата која му била единствено ранливо место на телото.Пред да ја освојат Троја,Грците морале од светилиштето да ја украдат дрвената слика на Атена Палада (Паладиум) и да ги донесат стрелите на Херкул како и да го доведат болниот стрелец Филоктет од Лемнос и Ахиловиот син Неоптолемос(Пир) од Скирос.Сето ова го направиле Одисеј и Диомед.

На крајот ,со помош на Атена,Епиус изградил голем дрвен коњ.неколку грчки војници влегле во него,а остатокот од грчката војска заминал за блискиот остров тенедос,преправајќи се дека ја напуштаат опсадата.И покрај предупредувањата на ќерката на Пријам,Касандра,Тројанците биле убедени од Синон,Грк кој се преправал дека е дезертер,да го внесат коњот внатре во ѕидините на Троја како подарок од Атена.Свештеникот Лаокон,кој се обидел да го уништи коњот,бил убиен од морски змии.

Вечерта откако бил внесен коњот,грчката флота се вратила а грците кои биле скриени во коњот и ги отвориле вратите на Троја.Следело тотално уништување .Пријам и сите негови преживеани синови биле убиени.Тројанските жени биле земани во ропство во различните градови на Грција.

Авантурите од враќањето дома на грчките војници е раскажано во два епа, Враќањето(Ности,изгубени) и хомеровата Одисеја.

Малкумина Тројанци преживеале, вклучувајќи го и Енеј, чии наследници продолжиле да владеат со Тројанците.Подоцнежната традиција го носи Енеј од Троја во Италија каде тој станува најстариот предок на античките Римјани(Енеида).

Сцена од римски саркофаг божем од 2- 3 век ПНЕ.Телото на Хектор го носат во Троја

Во мај 2004 година на премиерата на филмот Троја,огромен број луѓе се туркаа да го видат овој американски блокбастер кој екранизира настани кои се одиграле во нивната држава пред илјадници години.На 16 мај ,кратко по премиерата,осамна напис во турскиот весник „Радикал„,под наслов „Дали Тројанците биле Турци?„

Можеби овој наслов шокирал многумина но прашањето дали Турците се Тројанци ,тешко дека е од нов датум.Во средниот век (пред 15 век) постоело општо прифатено гледиште дека водачот на група Тројанци,Торкватус или Туркус бил предок на современите (за тоа време) Турци. Приказната била дека тој ги одвел своите луѓе во срцето на Анадолија,каде тие живееле многу векови се до отоманската експанзија кога потомците на Тројанците се вратиле да го казнат Западот за изгубената војна и да си го вратат наследството.Можеби ќе се зачудите,но ова стојалиште не било турско туку западно.Католиците се солидаризирале со Турците,бидејќи тие се бореле против„декадентните Грци„.

Но кога Западот забележал дека Отоманите нема да застанат на Грците ,туку имаат поголеми апетити ,во Ренесансата сите сили се вложуваат да се „разведат„ Турците од Тројанците.

Така од 16 век заедничкото минато на Муслиманите- Турци и Католиците-Европјани е анатемисано.

Дека и самите Турци сметале дека се потомци на Тројанците укажува и фактот што Мехмед Освојувачот се интересирал за делата на Хомер.А дворскиот историчар Критовулос од 15 век ,го цитирал султанот кој по освојувањето на Константинопол рекол„Го одмаздивме Хектор!„ 

Можеби овие зборови се апокрифни исто како и зборовите на Ататурк кој турската победа на Британците и Французите на Дарданелите ја нарекол „уште една одмазда за тројанската војна„.Но,факт е дека еден од британските воени бродови на Галиполе бил наречен Агамемнон.Успехот да се потопи ова ремек дело на воената флота било една од големите пресвртници во битката.



Шекспир до 17 век ја задржал симпатијата кон Турците-Тројанци во своето најамбициозно дело од 1602 г. Троил и Кресида


ИСЛАМСКИТЕ ДРЖАВИ ВО РЕНЕСАНСНАТА МИСЛА


Liber Chronicarum,Нирнберг 1493.Полумесечина  на кубињата на Троја

Дали Турците се античките тројанци (2)

Friday, March 9, 2012

Јастребов, Обичаи и песни на турските Срби



Иван Степанович Јастребов (1839-1894) руски публицист и дипломат.



Се разбира  „турски Срби„ се Македонците.

Кај нас привикнавме на сознанието Македонија да се поврзува со идејата дека таа земја е населена со Бугари и не си ја дозволувавме идејата дека во неа живеат и Срби.Дури во последно време некои учени започнаа да дозволуваат постоење на српски елемент,иако сеуште не можат да му се спротивстават на вкоренетото мислење дека во Македонија живеат Бугари бидејќи ниту во неа има Грци,а Турци има толку малку што тие не се ни осмелуваат да си ги мерат силите со Бугарите.Статистичките податоци на Ризов*(тој ја составувал својата статистика на возраст од помалку од 20 години) и слични на него ги водеа заболените од бугароманија во не малку заблуди,кои можеби и до ден денес се раскажуваат.Без оглед на поголемото или помало отрезнување од бугароманската заблуда,сеуште кај нас ќе се пронајдат не малку бугаромани на кои бугарскиот чад сеуште им го заматува видот.Бугарите,учејќи кај нас и добро познавајќи ја нашата слаба страна желно да се вљубуваме во нешта кои не фасцинираат не престануваат да го шират во нашата журналистика раширеното мислење на населеноста на Македонија исклучиво со Бугари.Имено,со оваа цел г.М испечати во ноемвриската книшка „Известија на Ст.Петербуршкото славјанско благотворно општество„ за минатата година,статијка под наслов „Македонија„.Бугарите се исто така подготвени да докажуваат дека и косовскиот вилает не е населен со Срби(како што тоа веќе во бугарските календари е сторено).И г.М во својата статија дојде до подобните тенденциозни наводи при погрешното изложување на борбата на македонските словени против елинизмот.Дека во Македонија славјаните не се Бугари и дека немало бугаризам таму каде сега го наоѓаат,потврдува и самиот г.М со заглавието на својата статија „почетоци на бугаризмот итн„.Значи бугаризмот немал корени во Македонија а го води својот „зачеток„ од пред 20-30 години како што вели самиот г.М.Ова не е доволно за на г.М да не си го земе правото да ги нарекува македонските славјани (Старо-Срби) -Бугари.Тој напротив ќе им сугерира на читателите дека ова го прави,не обрнувајќи му внимание на мислењето на филолозите,а имено затоа што „ словените во македонија д у х о в н о се соединиле со Бугарите од Северна Бугарија,Тракија,земајќи го името Болгар.Ако устројуваме вакви силогизми ,во други случаи ќе дојдеме до апсурдности .На пример муслиманите во Босна,по род Срби,кога го превзеле муслиманството духовно се соединиле со Турците од што следува дека тие повеќе не се Срби туку Турци.Не ги нарекувале ли грчките митрополити и воопшто сите елинизатори сите православни словени -Грци,затоа што од нив ја зеле православната  вера и се соединиле со нив   д у х о в н о.Не не зачудува што и денес елинските пропагандисти оние кои ја признаваат патријархшијата ги нарекуваат Грци а егзархистите-отпадници од грчката народност.И тирците до ден денес продолжуваат да ги нарекуваат сите Словени во Македонија -Руми(грци) освен егзархистите кои во официјалните документи ги нарекуваат Бугари.Само неколку турски паши ,на пример Митхад Паша познатиот организатор на придунавскиот вилает и неговата креатура Абдурахман паша(денес генерал -губернатор во Мала Азија) со политички цели да го спречат влијанието на Српското кнежевство и неговото проширување и помагале на бугарската егзархија да ги побугари словените дури и во Косовскиот вилает.Последниов,Абдурахман паша, во 1872 година промовирајќи го нишкиот губернатор во генерал губернатор на бившиот Призренски вилает , се трудеше да го зголеми влијанието на бугарската егзархија и и предлагаше на призренската православна општина да ја признае егзархијата и во тој случај им вети на призренците дека ќе ја зачува старата црква Св.Спас во Призрен која грчката патријархшија договорно ја предаде на тамошните цинцари затоа што тие изразија желба дека сакаат да се погрчат,денес Цинцарите во Призрен учат грчки и вршат служба во црква на грчки.Грчкиот силогос им изгради училиште му плати на учителот 600 рубљи годишно и го снабди училиштето со книги и облека).Овој пример да им се забранува на Србите да се нарекуваат во Турција со тоа име не е единствен во поново време.Но во уште постари времиња оваа забрана за Србите во Македонија била сеопшта и сеопфатна.Да се нарекуваш себе Србин значело дека се нарекуваш бунтовник против општествениот поредок истомисленик со Србите од Шумадија или Црна гора,исконските непријатели на Турција.Да се наречеш Србин значело да навлечеш на себе сомнеж не дека сочувствуваш туку и дека работиш за српските кнежевства.Само од страв од Турците македонските Срби не смееле пред турците ни да го спомнат непожелното име Србин.Не малкумина кои се осмелиле  платиле со затвор ,прогонство во Азија и Африка а се случувало за ваква дрскост да платат и со живот.Ми се случувало не еднаш да слушам од старци раскази по повод тоа како нивните дедовци и прадедовци страдале од Турците за тоа име.Турците и потурчените ги нарекуваат Србите или ѓаури или власи(во смисла на роб).Во писмениот јазик ги именуваат како бугарски народ.Со оваа чест се удостоени и Србите од целиот Новопазарски санџак.Арнаутите исто така ги нарекуваат Каури,Власи и Б у г а р и за разлика од Б о л г а р и т е кои живеат на исток од Ќустендил.Турските Срби се привикнале на овие имиња и сами себе се нарекуваат Ѓаури (кога разговараат на српски со српските муслимани) или Власи(кога разговараат со Турци) или Каури(кога разговараат со Арнаути) или раја (кога разговараат со управниците) зависно од тоа со кого разговараат.меѓусебно се нарекуваат Р и с ј а н и  но никогаш себе не се нарекувал Бугари се до 70тите години (на 19 век) и ако го правеле тоа го правеле само пред властите и судската администрација.не е чудо ни што Србите кои живеат во Албанија се водат кај Турцита(на пример во пасошите) како Бугари исто така као што со ова име се нарекувале жителите на Подгорица и Спица а и Куча Дреналовича се до нивното преминување во Црна Гора.Забележувам овде уште една необична појава.Турците никако не сакале да дозволат јазикот на кој зборуваат Србите во Македонија да се нарекува српски.Толку се противат на овој назив што тие српскиот јазик го нарекуват босански,влашки или бугарски но никогаш српски.Потурчените Срби говорат на чисто српски јазик но никогаш не го нарекуваат српски туку бошњачки(босански).Впрочем не треба да се чудиме на оваа појава што Турците од фанатизам се подготвени да го избришат српскиот народ од лицето на земјата и да му го уништат јазикот на кој говори.Не гледаме ли исто така дека и во Босна ,српскиот јазик е прогонуван исто како и во Турција.Австријците не сакаат тој да се нарекува српски туку едноставно,месен.Едвај е нужно овде да се зборува дека Србите со своите востанија против турскиот јарем за кои секогаш наоѓале сочувство кај своите еднокрвни браќа во Македонија ги навлекле Турците против себе.Доволно е да се спомне војната на Турција против Австрија во која Србите имале свое активно учество,а подоцна двократната преселба на Србите во Австрија за да си претставите каква репутација имале Србите кај Турците.Со ферманот за уништување на Пеќската патријархшија строго било забрането да и се спомне името на оваа народна српска независна црква.И во подоцнежните времиња Србите не ги оставале Турците на мир.Имињата на српските ајдути се познати во српската историја .Меѓутоа за тоа време Бугарите спиеле со цврст сон.Никогаш кај нив немало заговор против Турците.Тие биле верни робови на турците до незамисливи размери.Во криминалната историја на Бугарија(за време на турското владеење) вие нема да најдете ниту еден факт кој би докажал случај на благородна саможртва или пожртвуваност на Бугарин.Да кажеме појасно:немало случај некој Бугарин од чиста мира да убие Турчин поради честа на неговата жена.Но ние тоа го гледаме од историјата на Србите и Црногорците.Тие,исто како Арнаутите,не си го штеделе животот поради честа и беспоштедно ги убивале Турците кои ги обесчестувале.....

........Не можејќи сосема да ги побугарчи овие звуци(ћ и ђ односно ќ и ѓ м.з) карактеристично Српски,и Миладинов,побугарчувајќи ги песните на турските Срби и Веркович,служејќи се и со наши и со ваши т.е и со Срби и со Бугари не можел    српските ћ и ђ да не ги сочува во своите песни........Мојата погоре наведена книга„Служение еврејско„исто така со убедителна надгледност му докажува на читателот дека јазикот,на кој таа е пишувана, бил имено српски а не бугарски.Ние знаеме дека бугаринот ниту во пишуваниот ниту во говорниот јазик не го употребува двојниот партицип а во оваа книга тој се среќава доста често на пример:будејќи,будејћи,бидејќи,знајајке,чатеике бо таја книга...


Да не должам со глупостиве.Македонците не се ни Срби ни Бугари .Секогаш било тешко да се присвојат.

Овде ни се поинтересни некои народни песни забележени од Јастребов.Забележувам дека ова не е превод на песните .Тие се само препишани со македонска азбука.

Призрен

Јеребичице, треперичице,високо леташ,
Високо леташ ,далеку гледаш
Далеку гледаш,широко држиш,
Широко држиш,на куќи паѓаш,
На куќи паѓаш ,на куќи слама,
на куќи слама,у куќи слава,
У куќи слава ,да је жива
Домаќинска глава!
Испи ја исчисти ја Јован чорбаџија!

Дебар

Утре вечер.бодник-вечер,
Бодни коња на пазара,
Купи риба и јогули
Дојди дома,да ја вариш,
Сркни риба,убоцај се,
Пи си вино,весели се.
***
Теле велит:леле!
не колите мене ,
Токо коли кокош,
Кокош се скрил под кош.
***
Сива,сива ,гулабица!
До каде си долетала?
-До нашего господина,
Что чинеше наш господин
-Ми правеше златни чаши,
Златни чаши и конати,
Да послужат мала Бога,
Мала Бога и Божиќа.
Божиќ ми е по се земја ,
Слава му је до небеси!

Добро утро стара бабо,
Дај ми колач и погача,
Напи с'вино и ракија,
Појди в племна запали се,
Сркни риба,убоцај се,
Косни каша,попари се!
***
Посакал петар убава Јана ,и,и!
С добрум ја сакат за две години,и,и!
Со злум ја сакат за три години.
Јанина мајка Јану не дават.
Ја затворило во земни кледи,
Во земни кледи ,камнени ѕиди,
камнени ѕиди,мраморни порти.
От ми је писна јанина мајка,
Оф леле,леле  за бела Јана,
Шчо не си имав ушче једна ќерка,
Ушче једна ќерка как бела Јана.
Здодеја ми се пиејќи вода,
Вода си пија се синошница,
Се синошница,израсеница.

Оф леле,леле дури до Бога!
Шчо не си имав ушче једна ќерка,
Ушче једна ќерка как бела Јана.
Шчо ми се спила студена вода,
Студена вода с утра носена
С утра носена с цут оросена!
неја да прата на студна вода.
От ми ја дочу убава Јана,
ми се промени во девојчинско
На глава кладе се невестинско.
От ми је зеде ибрик во рока
Ибрик во рока,ведро на глава.
Оти ми појде на студна вода
Тамо го најде Петре војвода,
петре војвода с коња на вода.
Де изговори Петре војвода,
-тако ти бога млада невесто,
ја ќа те праша право да кажеш.
Чија си ќерка ,чија си сноа?
Де изговори млада невеста,
Џелепска сноа,војничка ќерка,
пак ми одеа шчо поодеа
Де изговори млада невеста
Да Бог те убил петре војвода,
Да л не познаваш убава Јана,
Што си ја сакал до три години?
Оту ми стрча Петре војвода,
Со коња трчат,не ја фтасават.
Со стрели фрљат,не ја погаѓат.

***

Иљванин татко две кули правит,
Две кули правит,два манастира,
Иљвана мома кал подаваше,
кал подаваше,кал и камења,
кал и камења,белага вара.
Тује помина Селим сејменче,
Де ајти тебе Иљвано моме,
не те прилегат кал да подаваш,
кал да подаваш,кал и камења,
Ток те прилегат рокав да везеш,
Рокав да везеш на висок диван.
Рокав да везеш,чорап да плетеш.

Името на манастирот Хиландар не значи ама баш ништо(илјада магли илјада мажи итн итн ,некои теретни бродови,потполни глупости,Хиландариос растко бла бла ).Веројатно манастирот се викал Илиндар односно дар за свети Илија,како што се гледа од песната: