Search This Blog

Saturday, December 10, 2011

Дали Македонците и Грците во антиката се сметале за различни раси?

Изгледа дека "античките" автори никако не можат да се решат дали навистина античките Македонци биле Грци и тие се постојано во конфузија со името Грци.
Што всушност значело за еден "староримски автор " етнички Грк ,како Аријан,да се биде Грк?
Тешко прашање.

На пример


Anabasis Book Ia


(Ἀνάβασις -во смисла на воен потфат победа,за разлика од κατὰβασις-спуштање надолу ,воен пораз)

16.Загубите на Персијците-загуби на обете страни
Од Македонците, околу дваесет и пет од Придружниците беа убиени во првиот напад, и ним им подигнаа бронзени статуи во Диум, направени од Лисип, по наредба на Александар. Истиот скулптор, исто така,изработи статуа на самиот Александар, откако беше избран од него за работа пред сите други уметници. Од другите коњаници над шеесет беа убиени, а од пешадијата околу триесет. Овие беа закопани од Александар следниот ден, заедно со нивното оружје и други украси. На нивните родителии и деца тој им даде ослободување од давачките на земјоделски производи, и ги ослободи од сите лични услуги и даноците на имот. Тој, исто така покажа голема хуманост во однос на повредените, самиот го посети секој човек, гледаше во нивните рани, и ги прашуваше како и во извршувањето на која должност ги добиле, овозможувајќи им и да зборуваат и да се фалат со своите дела. Тој, исто така ги погреба персиските команданти и грчките платеници кои беа убиени борејќи се на страната на непријателот.Но, многу од нив кои ги зеде како затвореници тој ги врза во окови и ги испрати далеку во Македонија да ја обработуват земјата, бидејќи, иако тие беа Грци, тие се бореа против Грција во корист на странците и во спротивност со одлуките кои Грците ги донесоа на нивниот федерален совет.Во Атина, исто така, тој испрати 300 комплети Персиски оклопи да бидат обесени во Акропол како вотивни подароци на Атина, и нареди овој натпис да се напише над нив, "Александар, синот на Филип, и сите Грци, освен Лакедамонците, ги даваат овие подароци од пленот земен од странците кои живеат во Азија. "


Настрана што е смешно во Акропол да висат 300 комплети персиски оклопи не е смешно што од натписот секој би заклучил дека и Александар и Филип и сите (и Лакедамонците) се Грци.

Of the Macedonians, about twenty-five of the Companions were killed at the first onset, brazen statues of whom we erected at Dium, executed by Lysippus, at Alexander's order. The same sculptor also executed a statue of Alexander himself, being chosen by him for the work in preference to all other artists. Of the other cavalry over sixty were slain, and of the infantry about thirty. These were buried by Ale xander the next day, together with their arms and other decorations. To their parents and children he granted exemption from imposts on agricultural produce, and he relieved them from all personal services and taxes upon property. He also exhibited great solicitude in regard to the wounded, for he himself visited each man, looked at their wounds, and inquired how and in the performance of what duty they had received them, allowing them both to speak and brag of their own deeds. He also buried the Persian commanders and the Greek mercenaries who were killed fighting on the side of the enemy. But as many of them as he took prisoners he bound in fetters and sent them away to Macedonia to till the soil, because, though they were Greeks, they were fighting against Greece on behalf of the foreigners in opposition to the decrees which the Greeks had made in their federal council. To Athens also he sent 300 suits of Persian armour to be hung up in the Acropolis as a votive offering to Athena, and ordered this inscription to be fixed over them, "Alexander, son of Philip, and all the Greeks except the Lacedaemonians, present this offering from the spoils taken from the foreigners inhabiting Asia."
Но,одиме понатаму:


Anabasis Book 2a


10.Битката кај Ис

Но, Грчките платеници кои служеа под Дариј ги нападнаа Македонците на местото каде што видоа дека фалангата е особено растроена. Бидејќи македонската фаланга беше скршена и раздвоена кон десното крило, бидејќи Александар навлезе во реката со голема желба, и борејќи се во конфликтот гради во гради веќе ги потиснуваше назад Персијците застанати  таму, но Македонците во центарот не ја вршеа својата задача со еднаква желба и сметајќи дека многу делови на брегот се стрмни и лизгави, тие не беа во можност да го зачуваат предниот дел на фалангата во иста линија. Овде борбата стана очајна, а Грчките платеници на Дариј се бореа со цел да ги турнат Македонците назад во реката, и да ја повратат победата за своите сојузници кои веќе беа во бегство,Македонците се бореа со цел да не паднат подолу од успехот на Александар,кој веќе се манифестираше, и да не ја оцрнат славата на фалангата,  која веќе во тоа време беше прогласена за непобедлива. Покрај тоа чувството  на ривалство кое постоеше меѓу Грчката и Македонската раса ја инспирираше секоја страна во конфликтот. Овде падна Птоломеј, синот на Селевк, откако се докажа себеси како храбар човек, покрај околу 120 други Македонци исто така со значителен углед.


But the Grecian mercenaries serving under Darius attacked the Macedonians at the point where they saw their phalanx especially disordered. For the Macedonian phalanx had been broken and had disjoined towards the right wing, because Alexander had dashed into the river with eagerness, and engaging in a hand-to-hand conflict was already driving back the Persians posted there; but the Macedonians in the centre had not prosecuted their task with equal eagerness; and finding many parts of the bank steep and precipitous, they were unable to preserve the front of the phalanx in the same line. Here then the struggle was desperate; the Grecian mercenaries of Darius fighting in order to push the Macedonians back into the river, and regain the victory for their allies who were already flying; the Macedonians struggling in order not to fall short of Alexander's success, which was already manifest, and not to tarnish the glory of the phalanx, which up to that time had been commonly pro claimed invincible. Moreover the feeling of rivalry which existed between the Grecian and Macedonian races inspired each side in the conflict. Here fell Ptolemy, son of Seleucus, after proving himself a valiant man, besides about 120 other Macedonians of no mean repute.

Лев Шилник- А был ли мальчик?Скептичка анализа на традиционалната историја

Шильник Лев. А был ли мальчик? Скептический анализ традиционной истории

Сакате да знаете како изгледале „античките„трговски бродови од далеку?Отворете ја книгата на нашиот пријател Лукијан (иако модерните енциклопедии го опишуваат како сатиричар, не може да се однесува вака со нас):


"Јас така,скитајќи бесцелно, дознав дека пристигнал во Пиреја огромен брод, со необична големина, еден од оние кои носеа леб од Египет во Рим, ...Застанавме и долго гледавме во јарболот,прашувајќи се колку парчиња кожа отишле на изработката на едрата ,восхитувајќи се на морнарите, кои се искачиле на јажињата и слободно крстосуваа по нив, држејќи се вешто...Но замислете, каков брод беше тоа!Сто и дваесет кубити во должина(180м), рече поморскиот архитект и во ширина над една четвртина од тоа а од палубата до килот – таму каде бродот е најдлабок - дваесет и девет(44 м).....А толку многу морнари што може да се спореди со цел логор.Се вели дека бродот носи толку многу леб , доволно една година да го нахрани целото население на Атика.И овој џин зависи од безбедното управување на кормиларот, мал човек веќе во напреднати години, кој го контролира огромното кормилото со помош на тенка рачка од метла ... "

Да не зборуваме за стилот – ова вака напишано ? Ова е Шекспир на вториот век! Икако ви се чини бродов? Овој гигант не тежи помалку од 4500 тони и има капацитет од 3000 тони .Разгледајте една шпанска галија од XV век. И размислете колкава сила е потребна да се управува ваков монструм .

Згрозува мегаломанијата на древните хроники кои денес се сметаат за релевантни историски извори.На пример, грчкиот историчар Мемнон во III.век ПНЕ измислил осумредна октрема (трирема - брод со три реда весла,пентера-со пет реда итн).Секое нејзино весло, пишува Мемнон, го веслал одред од 100 луѓе.Но, ова е цвеќе за мирисање. Плутарх го напишал следното: "... непријателите беа вчудовидени и воодушевени, гледајќи на бродовите со шеснаесет и петнаесет реда весла, кои пловеле во минатото крај нивните брегови ..." хеленистичкиот-македонски цар Птоломеј II станал познат по изградбата на еден дваесетреден и два триесетредни бродови изградени на островот Крит од некој „необично вешт„ бродоградител.Критјаните, е веќе јасно: овие храбри момци го избраздиле целиот Медитеран уште два и пол милениуми пред Христа.Нивната работа продолжила со достоинствените и немирни феникиски трговци: велат дека на крајот на VII век.ПНЕ години ја обиколиле Африка и се вратиле преку столбовите на Херкулес  (Гибралтар).

Дури и античките Египќани во папирус чамци лесно доаѓале до земјата Пунт (веројатно - територијата на модерна Сомалија), а Полибиус раскажува за грчкиот морепловец Pytheas во IV век ПНЕ стигнал и до северниот пол ! Не збори бе!

Но ајде да не бидеме педантни и да се свртиме кон голите цифри.Во поморската битка во близина на островот Саламис грчката флота, која броела, според Херодот, 380 бродови, ја поразила персиската армада од 1.000 брода.Други извори велат дека биле околу 600 бродови, но ова е сепак премногу .

Во текот на Пелопонеската војна, која траела 27 години (431-404 година ПНЕ) ,во поморската битка во близина на островот Лезбос,„ се соочиле„ Атињаните и Спартанците .Атина, имала само 70 триреми против 140 на Спартанците.И покрај тоа што дејствувале многу мудро за да им се спротивстават на непријателските сили -било исклучително тешко.Затоа Атињаните испратиле два брода да побараат помош, на која не требало долго да чекаат .За поддршка атињаните набрзинка изградиле и испратиле уште 150 триреми.Но, Спартанците направиле паметен маневар, и, оставајќи 50 бродови на блокадата на ослабените Атињани, испратиле пресретница на 120те бродови на непријателот.Да не ви вршам тортура - Атињаните конечно победиле!?!.

Патем,само едно прашање: како Атина и Спарта со релативно скромни економии можеле да соберат волку прекрасни флоти?Не е доволно само да се изградат бродовите - тие треба да се снабдат со храна,со вода со војници(па останувале ли дома во резерва богати,да предат во Спарта и Атина додека другиве се биеле крваво на море?!?),со оружје, па потоа да тргнат во поход.

За споредба: транспортната флота, со која Наполеон Бонапарта пренел 30000-на армија во Египет кон крајот на XVIII век, се состоела од помалку од 300 бродови, и ја штителе само дваесетина воени бродови.

Галиите (и сите нејзини варијанти - античките бирема, трирема, пентера , итн) се многу незгодни во поморска битка.На секоја страна од бродот имало голем број на весла, секое долго до 15 метри и тежина до 300кг.Со такви тешки лопати управувал тим од 50-10 луѓе.Маневрирањето се обезбедувало исклучиво со силата на робовите, бидејќи кормилото било во повој.Работите почнале да се менуваат од XV век, но дури и во XVIII век веслањето играло значајна улога во морските битки.Доволно е да се каже дека битката за Лепанто, во која  1571, Шпанците, Ѓеновците и Венецијанците ја поразиле отоманската флота под команда на адмиралот Али Паша, главно благодарение на вешти маневри во веслањето.Турците загубиле повеќе од 200 бродови и голем број на војници биле убиени и заробени.Патем, на армијата на шпанските војници во оваа битка, и командувал познатиот Сервантес, идниот автор на "Дон Кихот".

Во секој случај, треба да се напомене дека оваа битка, која го означила крајот на доминацијата на Отоманската империја на морињата, чудно потсетува на поморската битка меѓу Картагина и римската флота во 256 п.н.е.,ртот Екном (јужниот брег на Сицилија).Бродовите кои учествувале во неа, исто така се стотици а маневрите на спротивната страна се неверојатна копија на преместувањата на флотата во Лепанто.

A painting by Agostino Tassi or Buonamico (1565-1644) shows a ship under construction at the leading Tuscan port of Livomo. The painting illustrates the large quantities of wood required for shipbuilding, and the immensity of the task posed by the construction of large warships using largely unmechanized processes. The capital investment required was formidable, but ships generally had a life of only twenty to thirty years.







Лев Шилник

Friday, December 9, 2011

Зошто македонската фаланга носела розови чорапи?

Одговорот е едноставен.За да не ја фатат кога ќе краде јагоди!

Пардон...можно е војниците на Александар Македонски да носеле и жолти чорапи ,бидејќи се криеле во пченка.

Во своето дело Воените походи на Александар(Anabasis) ,стариот римјанин Аријан (нагалено Ксенофон, според неговиот "претходник" од пред четири пет века-оригиналниот  Ксенофон ), кој пишувал те на класичен грчки (атички) те на коине, итаканатаму,итаканатаму....опишува како фалангата се криела во пченица на некој остров во Дунав за да ги изненади варварите (Гети,Скити,Келти...вотевр).Еве вака :
4. ALEXANDER DESTROYS THE CITY OF THE GETAE – THE AMBASSADORS OF THE CELTS
THEY crossed over by night to a spot where the corn stood high;


and therefore they reached the bank more secretly.

At the approach of dawn Alexander led his men through the field of standing corn,

ordering the infantry to lean upon the corn with their pikes held transversely,

and thus to advance into the untilled ground.

As long as the phalanx was advancing through the standing corn,

the cavalry followed; but when they marched out of the tilled land,

Alexander himself led the horse round to the right wing, and commanded Nicanor to lead the phalanx in a square.

The Getae did not sustain even the first charge of the cavalry;

for Alexander’s audacity seemed incredible to them, in having thus easily crossed the Ister,

the largest of rivers, in a single night, without throwing a bridge over the stream.



Ја минаа реката ноќе на место каде имаше високо жито
и затоа стигнаа на брегот поскришно.
Со наближувањето на зората Александар ги поведе своите луѓе низ полето со исправеното жито
наредувајќи и на пешадијата да ги навали копјата кон житото
и така да напредува кон необработената земја,
Додека фалангата напредуваше низ исправеното жито,
ја следеше коњицата,но кога измаршираа на необработената земја,
Александар лично го поведе коњот околу до десното крило,
и му нареди на Никанор да ја води фалангата во квадрат.
Гетите не го издржаа ни првиот напад на коњицата,
бидејќи храброста на Александар им изгледаше неверојатна,така лесно да го премине  Дунав,
најголемата од сите реки,за една вечер,без да изгради мост над реката.

Што е работава?Пченицата до ден денешен е висока максимум 1,2 м а копјата на фалангата биле дугачки по 5,5 м.

Фантазијата на средновековните(доцен среден век ,по 1500- кога високата пченка е донесена во Европа) попови била несомнено голема.Но сепак помала од глупоста на историчарите со дипломи.

Фолклорот на Исламбул



Еднаш пишував за Евлија Челебија.Во записите на Евлија Ефенди стои и народната легенда за основањето и името на градот Истанбул.

Вели вака


„Тој беше прво изграден од Соломон, како што е опишано од илјадници историчари.Датумот на неговото основање е содржан во оние зборови на  Куранот "Благородниот град..." а некои од коментаторите на Куранот ги додаваат следните зборови:" Нели Грците(Јунанлар) беа протерани до најдолните краеви на земјата????" и "Извонреден град,таков каков што никогаш не бил создаден".И старогрчките историчари се согласуваат дека тој бил најпрво играден од Соломон,синот на Давид, 1600 години пред раѓањето на Пророкот, велат дека тој наредил да се изгради висока палата од Гениј, на местото кое денес се нарекува Сераглио, за да ја задоволи ќерката на Саидун,суверен на Ферендун,остров во Западниот Океан.

Вториот градител бил Рехобоам (Синот на Соломон) а третиот Јанко,синот на Мадијан,Амалекитот,кој владеел 4600 години по изгонувањето на Адам од Рајот а 419 години пред раѓањето на Искандер Руми (Александар Велики), и бил прв од Батилисах(?) на Грците(Јунанлар).Имало четири светски владетели од кои двајца муслимани и двајца неверници.Првите двајца биле Сулејман (Соломон) и Искандер- зул -карнеин (Дворогиот Александар),за кој исто така велат дека бил пророк,и вторите двајца биле Бахту-н-наср,уништувачот на лицето на земјата,и Јанко Ибн Мадијан кој живеел сто години во земјата на Адим(Едум)...
Четвртиот градител на Истанбул бил Александар Велики, за кој велат дека го прокопал протокот Себтах, кој го врзува Белото море со Океанот.Некои велат дека белото море се протега од Азак (Азов), до протокот на Исламбул, морето на Рум а оттаму до протокот Гелиболи(Галиполе,Хелеспонт) ,'ртот на двете мориња каде се изградени два замоци од султанот Мохамед Освојувачот и сето подолу го формира Белото море(Средоземно море).
----
Петтиот градител на Константинопол бил кралот на Унгурус (Унгарија) наречен Пузантин,син на Јанко Ибн Мадијан, во чие време градот бил уништен од силен земјотрес и ништо не останало освен замокот изграден од кралот Соломон и храмот на местото на Света Софија.Според Пузантин, Исламбул порано бил нарекуван Пузентех (Византиум).
Шестиот градител бил еден од римските императори:истиот оној кој ги изградил градовите Конија, Никдех и Кесарија (Цезареа).Тој го обновил Исламбул кој 70 години бил куп камења, гнездо на змии , гуштери и буфови 2288 години пред да биде освоен од султанот Мухамед.
Седмиот градител на градот Македун (Македон) бил, како што се согласуваат сите антички историчари Везендун, еден од внуците на Јанко Ибн Мадијан кој 5052 години по смртта на Адам, бидејќи бил светски монарх, ги натерал сите кралеви на земјата да помогнат да се изградат ѕидините на Македун кои се протегале од Сарај буруну (Сераглио) до Силивеи(Селимбриа) јужно и северно до Теркос и Црно море,пат од 9 часови.
Осмиот градетел на градот бил кралот наречен Јагфур,син на Везендун кој поставил не помалку од 366 талисмани,еден за секој ден во годината блиску до морето, кај Сарај буруну,и уште толку на брдата на брегот за да го вардат градот од секое зло и да го обезбедуваат со секаква риба.
Деветиот градител бил Константин, кој го освоил стариот град и му го дал своето име на новиот град.Тој ја изградил познатата црква каде денес стои џамијата на Мохамед II  и голем манастир посветен на Св.Јoван на ридот Зирек -баши, со цистерна во близина, како и цистерна на Султан Селим, Сиваши течихејси, до Маџунџи Маалеси и Кедек-паша.Тој изградил столб на таук-базар (пазар за живина) и многу други талисмани.....
Имињата на Константинопол на разни јазици
На латински јазик било Македонија, потоа Jанковичах на сириски, од неговиот основач Јанко.Потоа на хебрејски (Ибри), Александира(Александрија), потоа Пузентех (Византија), потоа од Франките-Јагфурије. 
Кога Константин го изградил последен пат тој се нарекувал Пузнатијам, на јазикот на Грците (Јунанлар) и Костантанијех, на германски-Константин-опол,на јазикот на Мусковитите -Текуријах, на јазикот на Африка-Гирандувије, на унгарски Визенду-вар, на полски -Канатурја, на бохемски (чешки ) -Алијана, на шведски (Есфај) -Кираклибан, на фламански- Истегханије, на француски -Аграндона, на поругалски Косатија, на арапски -Костантина, на персиски -Кајзари Земин, на индиски -Тахти Рум (тронот на Рим), на монголски -Хакдуркан, на татарски -Сакалиба, на јазикот на Османлиите -Исламбул....„

Не сум знаел дека Истанбул некогаш се викал Македон.

Реката Дунав, Евлија ја нарекува Дон. Збунувачки за официјалната хронологија и историографија е градот на "латински" да се нарекувал Македон , на "хебрејски " Александрија а на јазикот на Грците (Јунанлар) да се нарекува Константиније.

 Апсолутно е неверојатно е како официјалната историографија некои глупави средновековни приказни ги прифаќа како чиста вистина а другите ги отфрла како глупости.Демек Евлија бил глуп и не знаел што зборува.Никој на училиште не го учел правилна историја.Дека зборот "Александар" не е хебрејски,"Македон" не е латински,а "Констант" нема врска со грчки.Или Евлија Ефенди бил ептен дибек или неко меџу нама није наш.

Патувањата на Евлија ефенди том 1,том 2 (англиски).


Евлија Челебија




Сите турски султани-2


Бајазит II (1447-1512), 8-от султан на Отоманската империја, владеел 1481-1512 г.
Го одбил барањето на својот брат кој предложил империјата да се подели на половина.
"Империјата – рекол Бајазит, - е невеста која не може да биде поделена помеѓу ривалите."
Тој ретко се борел, бил првиот султан кој одбил лично да и командува на војската и влегол во историјата како патрон на културата и книжевноста.
Сепак,тој  ги отстранил како "непристојни" сите дела на  венецијанецот Џентиле Белини кои го украсувале ентериерот на Сарајот изграден од таткото на Бајазит.
Абдицирал во корист на помладиот син Селим и умрел за време на патување, на пат кон дома.


Селим I (1467-1468 (или 1470-1471) -1.520), 9-ти султан на Отоманската империја,владеел 1512-1520г, со прекар " Грозниот„, или „Немилосрдниот„.
Селим бил син на турскиот султан Бајазит II. Кога султанот Бајазит II почнал да му укажува јасна предност на својот втор син Ахмед, Селим се исплашил за својата иднина. Балканскиот намесник на османлискиот султан се побунил и на чело на мала армија храбро марширал кон Истанбул. Најверојатно Селим се надевал дека  бунтовниците во главниот град ќе го поддржат, но згрешил.
Во битката ,неговиот татко Бајазит II, кој предводел огромна војска, лесно го поразил Селим и тој морал да избега во Кримскиот ханат, каде на Султанот  му било тешко да го зароби. Во северниот регион на Црното Море меѓу Кримските Татари бегалецот решил да исплива од тешките времиња и повторно да ја започне борбата за своето наследство.
Во 1512, султанот Бајазит II направил редок чекор меѓу монарсите на светот: тој доброволно абдицирал од Високата Порта и за да избегне војна ја  предал власта на синот  Селим.
Враќањето на бегалецот од Крим до Истанбул, наликувало на воен  триумф. Новиот султан Селим I одговорил на великодушноста на својот татко, со наредба да се убијат сите машки роднини, кои би можеле да го загрозат неговиот престол. За ова тој го заработил прекарот - Јавуз, што на турски значи "мрачен."
Потоа султанот Селим, како побожен сунитски муслиман, почнал насилно да воспоставува единствена исламска религија во Османлиската империја. По наредба на султанот во земјата загинале повеќе од 40.000 Шиити, а нивниот имот бил ограбен.Многу Шиити морале да побараат засолниште надвор од империјата.

Гонењето на Шиитите неизбежно довело до војна меѓу Османлиската Империја и Персија.
Во Јуни 1515 Селим тргнал со 60 илјадна војска да изврши инвазија врз Персија. Селим имал голема и добро вооружена коњица, пешадија,опсадна и тешка артилерија. Пешадијата  била вооружена со огнено оружје, иако мошне примитивно.

Инвазијата на Персија започнала во Сивас. Турската војска преку Ерзерум дошла до горниот тек на реката Еуфрат.Персијанците ја користеле тактиката „изгорена земја ", која не ги дала саканите резултати. Турците слободно пристапиле на градот Хој, околу кој персискиот Шах собрал многуилјадна коњаница од  ориентален тип.

На 23 август на источниот брег на реката Еуфрат кај Халдиран, отоманските Турци се судриле во битка со 50 илјадна персиска војска на  која лично и командувал шахот Исмаил.

Селим I ,дораснат на состојбата, успешно маневрирал на бојното поле со своите трупи и освоил убедлива победа над Персијците.На турските гладни војници најзначаен им бил пленот од персискиот логор оносно огромните резерви на храна.

Персиската армија која претрпела големи загуби во битката кај Халдиран се разбегала по околните планини. Поразениот Шах Исмаил, ранет во битката, исто така морал да се спасува со бегство. Султанот Селим I ја преселил својата војска на исток а во септември 1515 ја искористил во главниот град на Персија ,Табриз, (денес главен град на Азербејџан, со други зборови, јужен Азербејџан).

Од Табриз Селим имал намера да ја продолжи воената кампања. Сепак, јаничарите се побуниле, а одбиле да одат понатаму и отоманските феудалци -тимариотите. Султанот, со тешко срце, морал да им попушти  на барањата на армијата. Утеха му бил големиот воен плен од Табриз, вклучувајќи го и трезорот на шахот. Од персискиот главен град Турците во Истанбул испратиле илјадници најдобри мајстори да им служат на султанот и благородниците.

Султанот не успеал да ја повтори персиската кампања, иако имал таква намера . Дознавајќи  дека арапските земји, Египет и Сирија се придружиле на воениот сојуз на персискиот шах , Селим решил да превземе соодветни дејствија против  непријателот на Отоманската Порта.

Султанот на мамелуците, Гансу ал-Гаури ,се подготвувал за инвазија врз Турција од градот Алепо. Тој собрал 30000-на коњаница, и ја  поставил на 16 километри северно од Алепо во Мерџ Дабик.Околу половина од коњаниците биле Мамелуци, а останатите биле арапски коњаници.  Султанот  Гансу ал-Гаури немал ниту артилерија ниту пешадија . Армијата на Селим I изнесувала 40.000, од кои 15.000 биле коњаници тимариоти, 8000 - јаничари, 3000 – гарда-коњаница, и 15 000 пешадија.

Во јули 1516 година Селим I, извршил ненадејна  инвазија на Сирија .Во освоената Сирија, Селим I не можел да остане долго, но оставил во тврдините силни турски гарнизони. Тој повторно започнал  агресивна кампања, овој пат против Египет, кој во тоа време бил една од најбогатите земји на Истокот. Во октомври 1516 година Турците го освоиле градот –тврдина Газа, а со тоа го отвориле патот кон Нил и египетската престолнина.

Во јануари 1517 година армијата на султанот со тешка опсадна артилерија дошла под ѕидините на Каиро. На отоманските Турци и се спротивставиле египетските Мамелуци, и остатоците од уништените сиријски војски.

На 22 јануари под ѕидините на Каиро се водела тешка борба која одлучила за судбината на Египет во наредните векови.

Египет бил освоен од Отоманската империја. Така отоманските владенија се прошириле не само на Балканот во Европа туку и во Азија , но и во Северна Африка. Шиитска Персија, која ги изгубила сите свои сојузници, иако имала побројна, но слаба армија, не можела да одолее.Воинствениот султан Селим I, за кратко време кон неговата држава присоединил голем дел од Мала Азија, и свечено себеси се прогласил себеси и за египетски султан и калиф.

Селим ,со успешните кампањи на освојување против Сирија и Египет, направил пат до светите, за секој вистински муслиман, градови Мека и Медина. Така, тој освоил големи признанија како водач и бранител на исламскиот свет. Тоа било признание за неговите големи воени достигнувања а не помалку и за големиот верски фанатизам како сунитски муслиман.
Сега Селим I повеќе не бил нарекуван мрачен, туку Храбар и Жесток. Под негова власт Отоманската Порта станала признат лидер на муслиманскиот Исток, а Турција многу години понатаму овде не се соочувала  со силни вооружени конфликти.

Во последните години од својот живот султанот Селим I најчесто сонувал за Запад и за Медитеранот. Во 1520 тој потпишал воен сојуз со познатиот магребски пиратски адмирал , Барбароса, за подготовка на  инвазија на турската армија во Шпанија. Пиратите од Магреб (модерните Алжир, Мароко и Тунис) биле сојузници на Отоманската империја во војните против европските христијански држави.

Ни подоцна никој друг на Блискиот Исток не се осмелил да го предизвика султанот Селим I,  се разбира ако се исклучат верските немири во Сирија и Анадолија во годините 1518-1519, со кои војската на  султанот лесно се справила.

Селим починал на возраст од педесетина години, подготвувајќи воена експедиција на островот Родос. Тој никогаш не успеал да спроведе многу свои планови. Неговото дело го продолжиле неговиот син и наследник Сулејман, кој од историјата го добил прекарот -Величенствениот. Татко му  добро го подготвил да управува со земјата и со силната армија.
Султанот Селим I е познат во светската историја по тоа што го означил почетокот на владеењето на Отоманската Империја на исток, и по дробењето на воената и политичка моќ на Персија. Неговата агресивна политика во голема мера ја одредила понатамошната воена експанзија на Отоманската империја.



Сулејман I Кануни(1495-1566), 10-тиот султан на Отоманската Империја, познат како Сулејман Законодавецот, во европската традиција - Сулејман Величенствениот,владеел 1520-1566г, значително ги проширил границите на Османлиската империја, која сега се протегала од Будимпешта на Дунав до Асуан и Нил и брзаците на реката Еуфрат и Тигар, Багдад, Грузија - речиси до Гибралтар. Како и Александар Велики, сакал да ги обедини териториите и народите од Истокот и Западот. Спровел многу реформи - административни, воени, судски, даночни, образовни.

Во последните дваесет години бил под влијание на неговата омилена Роксолана, која успеала да стане законска жена на султанот, нешто што не можела да постигне ниту една од наложниците на изминатите два века. Започнувајќи кампања во Унгарија, Сулејман не доживеал да победи. Неговата смрт била скриена -и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син од Роксолана - Селим, со кој започнала ерата на падот на империјата.(Забележете ја сличноста во биографијата со Александар Велики Македонски).

Џовани Брито,Тицијан,Портрет на Сулејман величествениот

Роден во 1495 година, Сулејман го започнал своето владеење со давање на пари на јаничарите за да го направат султан, но тој, исто така, ослободил и 600 египетски затвореници и некои трговци кои неговиот татко неправедно ги казнил.Високи офицери обвинети за суровост биле осудени и егзекутирани.Сулејман прво ги освоил двете места кои Мехмед Освојувачот не успеал да ги освои-Белград во 1521 и Родос следната година.По 145 дена преживеаните витези капитулирале и им било дозволено да го напуштат Родос, тие потоа скитале пет години се додека не си нашле дом на Малта. Откако Пашата Кајр Бег починал во Египет во 1522 година, неговиот наследник Ахмед Паша се побунил против јаничарите заедно со беговите Мамлуци и арапските водачи  , за да стане независен.Откако бил потиснат револтот од страна на османлиските сили, големиот везир Ибрахим спровел обемни административни реформи од 1525г, со кои Отоманската власт во Египет се зацврстила и траела речиси три века.

По три години без војна јаничарите на кои им било здодевно се побуниле и го пљачкосале еврејскиот кварт во Истанбул и куќите на офицерите. На Сулејман му се заканувала опасност, но бунтот бил потиснат; лидерите биле егзекутирани, а други ги загубиле своите позиции.Повеќето од јаничарите се смириле со подароци во пари и нова воена кампања.Сулејман ги предводел своите османлиски сили против Унгарците во 1526г .Кралот Луј на Унгарија бил поразен на бојното поле во Мохак и умрел додека бегал со ранета глава. 

24.000 Унгарци биле убиени, а султанот Сулејман наредил 2.000 затвореници да бидат егзекутирани.Мохак била запалена, а Акинџи војниците (лесна отоманска коњица) ги опустошиле селата.По пљачкосување на богатствата и библиотеката на Будим целиот град бил запален освен палатата окупирана од страна на султанот. Бил изграден мост од чамци и Турците го запалиле и градот Пешта. Унгарските благородници го избрале Јован Заполоја како нивни нов крал, а тој бил признат и од страна на Сулејман. Сепак, Германците го поддржале кралот на Бохемија , Фердинанд, што резултирало со граѓанска војна. Неговите пратеници отишле во Истанбул, но таму биле затворени .Во меѓувреме Туркмените се побуниле во Киликија и не биле поразени од големиот везир Ибрахим Паша се до 1528г.


Акинџи делија

Фердинанд бил во сојуз со царот КарлоV. Забавена со дождови и поплави, османлиската војска на Сулејман морала да се откаже од опсадата на Виена во октомври 1529 година.Околу 40.000 Турци и 20.000 христијани биле убиени во бескорисната војна.Сулејман повел кампања против царските сили во 1532, но се соочил со тврдоглав отпор од страна на градот Гунс.Акинџи коњицата и татарските сојузници ја ограбиле Штаерска во Австрија додека Сулејман се повлекувал назад кон Белград.Фердинанд испратил пратеник и било склучено примирје во 1533г.

Во меѓувреме персискиот Шах Тахмасп ( 1524-1576) се борел се против ривалствата со своите браќа и туркменистанските емири.Во Курдистан ханот на Битлиш се борел за Шахот, а Персискиот гувернер на Багдад бил убиен пред отоманската помош да може да пристигне.Големиот везир Ибрахим го принудил Шахот Тахмасп да се повлече и Сулејман пристигнал во Табриз во 1534, влегувајќи во Багдад во услови на снег во ноември.Така Ирак бил освоен, а новата провинција Ерзерум е додадена на Отоманската империја.

Во Персија Отоманскиот благајник Челеби го мразел везирот Ибрахим бидејќи бил обвинет од него за проневера.Пред да биде погубен, Челеби му напишал писмо на Сулејман обвинувајќи го Ибрахим за предавство бидејќи себе си се нарекувал султан.Ибрахим,некогаш христијанин и сеуште роб на Сулејман, бил осомничен за непочитување на Куранот, заговор со Франција, и бил омразен поради неговото огромно богатство.Во 1536 Сулејман го поканил Ибрахим на вечера, и везирот бил пронајден убиен следното утро.

Шест генерации Отоманската султани имале деца од жените во своите хареми без брак, но една година откако мајката на султанот умрела, Роксолана го убедила Сулејман во 1534г да се ожени за неа и да ја прогони мајката на Мустафа ,Махидевран-Ѓулбахар.Откако Ибрахим бил отстранет, Роксолана (Роса) имала поголемо влијание од везирите кои го наследиле.

Отоманската морнарица имала галии кои ги веслале воени заробеници во мизерни услови.На успешниот пират Кајр ал-Дин му била дадена команда и Тунис бил освоен во 1534г.Овој град бил нападнат и од страна на императорот Kарло V и неговата армада предводена од адмирал Андреа Дориа и пијаните Шпанци и Германци убивале, силувале, и ограбувале.


Кајр ал-Дин, познат како Барбароса поради неговата црвена брада, избегал, а потоа облекувајќи ги неговите луѓе како Шпанци и под тоа знаме ги ограбувал Балеарските Острови, земајќи 5.700 затвореници од Порт Махон во Менорка.

Во 1536г  Османлиите изградиле двесте бродови со цел да ја нападнат Италија и Отранто бил завземан следната година. Десет илјади Италијанци биле продадени на пазарите за робови во Истанбул.

Во 1537 Венецијанците и се придружиле на "светата лига" на кралски сили против Турците но  Отоманската морнарица ги поразила на Крф и во Заливот Арта што им овозможило на Турците да доминираат на Медитеранот во наредната третина на векот.Тие се согласиле на примирје во 1540 година, но Венеција морала да се откаже од Мореја(Пелопонез)и нејзините егејски острови.

Во меѓувреме Гази војниците воделе џихад во Австрија, а во 1538г Сулејман ја окупирал Сукава, главниот град на Молдавија.

Сулејман бил пофален од страна на царскиот пратеник Бузбек за неговата правда и за именување на способни и заслужни мажи за владините позициии.Во 1535г Големиот везир Ибрахим склучил договор со Французите што им овозможило да тргуваат слободно со дел од Отоманската империја. 


Империјата на Сулејман вклучувала 20 различни етнички групи и 21 влада, повеќето од нив биле во муслиманската Азија, но тој ги третирал Европските христијани со извесна толеранција по нивното освојување .


Османлиските закони бил осовременети од Мула Ибрахим од Алепо и ослободени од традиционалните исламски закони. Христијаните се нашле под Кодексот за рајата и нивниот десеток и данокот од капитација биле толку умерени што некои селани избегале од христијанските господари во Унгарија за да бидат под османлиска власт.


Казните во многу случаи биле модернизирани со парична казна како замена за физичкото казнување, осакатувањето и смртта , иако напорите за здобивање на чест сеуште можеле да значат сечење на рака за лажно сведочење, фалсификување или дистрибуција на фалсификувани пари. Каматните стапки биле ограничени на 11%. Животните кои се користат за работа требало да бидат третирани хумано.

Сулејман бил многу богат со годишен приход од околу дванаесет милиони дукати; неговите војни биле плаќани од пленот (вклучувајќи ја и продажбата на многу луѓе како робови) и од данокот од христијанските вазали.Подоцна во неговото владеење тој почнал да бара подароци од службениците кои ги назначил на повисоки позиции.Судиите (кадии и муфтии) биле имуни на оданочување и конфискација на нивниот имот, што ги правело привилегирана елита.Осум колеџи се состанувале во главните џамии и во училиштата се студирала граматика, синтакса, логика, метафизика, филологија, метафизика, реторика, геометрија, астрономија и астрологија.Високото образование обично го нагласувало исламскиот закон.



Во 1541 кралот Карло V не успеал да го освои Алжир, а две години подоцна Кајр ал-Дин (Барбароса) ги опустошил Неапол и Сицилија.По нивното закотвување во Марсеј, Французите дозволиле Отоманската морнарица да оди во Тулон, но Турците пустошејќи ги француските села предизвикале многу да избегаат.Во 1544г епидемија убила многу робови од галиите, и Турците заробувале француски христијани за да ги заменат.


Франсоа I советувал да се нападне Ница, која била под власт на сојузникот на кралот, Војводата од Савоја, чиј замокот бил отпуштен .Кајр ал-Дин (Барбароса)починал во 1546 година.


Конечно во 1554г Франсоа го раскинал овој сојуз со поткуп на Турците со подароци.Тургут, кој бил заробен и поминал четири години години како роб на галија пред да биде ослободен, на крајот станал Отоманската адмирал и го превзел Триполи од витешкиот ред на Свети Јован во 1551г , но тие се одмаздиле кога Тургут бил убиен во неуспешната опсада на Малта во 1565г .


Јован Заполоја, натеран од унгарскиот националист Мартинуци, се оженил со полската принцеза Изабела кратко време пред неговата смрт во 1540 година.Нивниот едногодишен син Стефан бил прогласен за крал на Унгарија но Османлиите сеуште ја окупирале неговата земја.


Откако Фердинанд се обидел да ја презеде Пешта, Сулејман во 1543 година се вратил во Унгарија и ја претворил катедралата во Будим во џамија.На крајот бил постигнат договор,во 1547 година, во кој биле вклучени Франција, Венеција, и папата Павле III;


 Фердинанд се согласил да му исплаќа на султанот 30.000 дукати на годишно ниво.Ова му овозможило на Сулејман повторно да ја нападне Персија , да го поврати Табриз и да го преземе градот Ван во наредната година.Во 1551 монахот Мартинуци ја убедил Изабела да му ја предаде Трансилванија на Фердинанд, како дел од Австрија, во замена за земјиште во Шлезија.Сулејман на ова реагирал со затворање на австрискиот пратеник две години, но Мартинуци бил прогласен за архиепископ и кардинал.Султанот го испратил Мехмед паша Соколи со армија да ја превземе власта и поставил гарнизон во Липа во Трансилванија.Фердинанд ја опсадил Липа и го убил Мартинуци поради заговор со гарнизонот.Турските трупи извршиле инвазија и повторно го поразиле Фердинанд во 1552г.Наредната година Сулејман заминал на неговата последна персиска кампања, во која повторно го освоил Ерзерум и ја опустошил персиската земја по Горен Еуфрат.Примирјето довело до договор за мир во Амасија во 1555.


Ќерката на Роксолана -Михримах се оженила со бугарскиот финансиер Рустем-паша, кој бил прогласен за голем везир во 1543 година.Роксолана, исто така, лобирала за своите три сина Селим, Бајазит, и Јехангир, но Сулејман го преферирал синот од Махидевран -Ѓулбахар, Мустафа, кој владеел со Амасија во Азија.Остарениот Султан го испратил Мустафа да ја води третата персиска инвазија, но интригите и сомневањето во неговата амбиција предизвикале Сулејман да го задави својот сопствен син со тетива од лак.Мустафа бил популарен кај јаничарите, но Султанот ги смирил со разрешување на Рустем и со подарок од половина милион дукати.Сепак, наследникот на Рустем,Ахмед паша, бил убиен за предавство на земјата во рок од две години.Рустем бил повторно назначен.Тој имал 1.700 робови при неговата смрт.

По смртта на Роксолана, јаничарите го преферирале поспособниот Бајазит наместо алкохоличарот Селим а Јехангир починал.Кога Сулејман им доделил на своите два сина позиции далеку од главниот град, Бајазит одбил да оди.Во граѓанската војна султанот го поддржал Селим па Бајазит бил поразен во Конија во 1559 г.Принцот побегнал на Персискиот двор, каде што Шахот Тахмасп го подмитил со 400.000 златници за да изврши преврат во 1561г . Петте синови на Бајазит, исто така, биле задавени со тетиви.


Нападот на Виена,Хунернаме манускрипт 1588 г

Турците ја опсадиле Малта во мај 1565 година и 700 Витези на Свети Јован биле држени внатре се додека не пристигнале Шпанците во септември и не ги принудиле Турците да заминат.Повеќе од 20.000 Турци загинале или се бореле со болеста, додека 7.000 Малтежани и Шпанци ги загубиле своите животи.Веќе повозрасниот Сулејман заминал во кочија пред армија од 200.000 на својата последна кампања за Унгарија.Целта бил грофот Николај Зрински, кој го убил миленикот Мухамед од Трикала во Сиклос во 1552г .Тие ја опсадиле тврдината Шегетвар, но пред победата Сулејман починал од срцев удар на 6 септември 1566 година.

Големиот везир Мехмед Паша Соколу ја сокрил смртта на султанот,го убил докторот за да остане смртта во тајност , дал телото на Сулејман да се балсамира и наредил телото да не се закопа се додека битката не биде добиена и Селим II не ја преземе власта во Истанбул. Во последните години од животот Сулејман го забранил алкохолот и стана станал порелигиозен но првиот указ на Селим "Пијаницата"бил да го направи алкохолот лесно достапен.

За некое време Соколу бил на власт. Во 1568 тој направил договор со Хабсбуршкиот крал и ја испратил османлиската војска да го нападне Астрахан и наредил да се ископа еден канал меѓу реките Дон и Волга за да се спои отоманското Црно Море со Каспиското Море.

Астрахан на устието на реката Волга на Каспиското Море паднал под Московитите во 1554 г и не можел да се завземе, а се спротивставил и Кримскиот татарски хан Девлет Гирај(1551-1577г), така што проектот за каналот не успеал.Сличен проект во Суец бил напуштен, поради револтот во Јемен.

Селим II (1524-1574), со прекар Мест (Пијаница), 11-ти султан на Отоманската империја, владеел 1566-1574, син на Роксолана и Сулејман Величенствениот, единаесеттиот султан на Отоманската империја.

Селим Втори бил првиот во серијата на слаби султани, кои владееле на Отоманската империја повеќе од два века по смртта на Сулејман I. Селим II дошол на власт во време кога конвертираните ,нови не-муслимански достоинственици на чело со големиот везир Мехмед Соколи(Соколович), имале речиси потполна контрола над административниот апарат на Отоманската империја.

Османлиската Империја во периодот на опаѓање, кое започнало со владеењето на Селим II, сè уште била доволно силна за да се заштити од целосен колапс.

Селим успеал да завојува  во Јемен, Кипар, на далматинскиот брег  и Тунис. Отоманската флота,по битката на Превеза (1538)  комплетно доминирала на Средоземното Море, но  била поразена од комбинираната флота на христијански земји на Лепанто (1571). Сепак, во текот на годините Селим успеал да изгради нова флота, која им овозможила на Османлиите не само да ја вратат контролата над Средоземното море, туку, исто така, и да ја сочуваат речиси до крајот на векот.

Во западната историографија Селим обично е портретиран како исклучително распуштен владетел и во многу извори се тврдело дека корупцијата на неговиот двор довела до падот на моралот во општеството на Отоманската империја воопшто. Овие извори обично доаѓаат до заклучок дека великодостојниците, предводени од Мехмет Соколи ја спасиле империјата. Всушност, недостатокот на дисциплина како во дворот така и надвор од него била охрабрувана од Соколи со цел тој да ја консолидира својата моќ, а сите постигнати победи биле само во оние години кога Селим успевал привремено да се ослободи од контролата или влијанието на Соколи.

Селим Втори починал во 1574, а власта преминала на неговиот син Мурат III.



Мурат III (1546-1595), 12-от султан на Отоманската Империја, владеел 1574-1595 година, го започнал владеењето со наредба да се задават неговите пет браќа. Тој бил претерано алчен на бројни наложници ,изродувајќи повеќе од сто деца.Секое назначување на  функција во империјата имало своја сопствена тарифа, а султанот бил вмешан во корупцијата, „корупцијата го уништува царството ", тврдел еден од неговите фаворити.

Во негово време, Турците го освоиле Тифлис, влегле во Дагестан, Ширван, Азербејџан, Табриз. Сепак, да се запре во зародиш процесот на пропаѓање на империјата не било можно, затоа што султанот не се интересирал за управување на империјата, имало многу недостатоци во земјишната политика, итн...


Мехмед III (1566-1603),  13-ти султан на Отоманската империја.

Владеењето, 1595-1603, го започнал со наредба да се убијат 19 од неговите браќанајголем колеж во историјата на братоубиството-наредил и да се удават во Босфор нивните бремени љубовници.Подоцна  го осудил на смрт и сопствениот син.

Со империјата  владеела  неговата мајка, но сепак направил успешен поход на Унгарија. Неговата смрт била претскажана од некој дервиш.




Ахмед I (1590-1617), 14-от султан на Отоманската империја (22 декември 1603-1617). Ахмед го наследил престолот, по неговиот татко, Мехмед III на 22 декември, 1603)

На почетокот на царувањето на Ахмед Отоманската империја водела војна истовремено со Австрија и Иран. Покрај тоа, продолжил бунтот во Анадолија почнат под Мехмед III, и бунтовниците контролирале голема територија. По неколку години борба, востанието било брутално задушено.Користејќи го вртењето на отоманската војска за задушувањето на востанието, сефевидскиот Шах Абаз I ги протерал турските гарнизони од Азербејџан, Грузија и останатите територии отстапени по мирот од Истанбул  од 1595. Потоа, Абас и нанел серија порази на турската армија, во обид да ја поврати изгубената територија. Според договорот од 1612 Отоманската империја ги признала освојувањата на Абас.

За време на војната со Австрија, Ахмед I лично командувал со војската во походот во 1605 година, кој завршил со освојувањето на тврдината на Ештергом на 3 октомври 1605.На 11 ноември 1606 со Австрија бил потпишан мир, според кој Турците се откажуваат од побарувањата на годишен данок на Австрија и ја признаваат царската титула на Хабсбурговците.

Владеењето на Ахмед е обележено со пораст на корупцијата и самоволието на локалните владетели. Ахмед на крајот се повлекол од јавниот живот,а  големо влијание врз него имала неговата сакана сопруга Кесем.

Во време на  Ахмед во Истанбул била изградена џамијата Ахмедије(исто така позната како Сината џамија) - едено од ремек-делата на исламската архитектура.

Ахмед I бил погребан во мавзолеј, кој се наоѓа во близина на Сината џамија.



Мустафа I (1591-1639), 15-тиот султан на Отоманската империја, во 1617-1618 и 1622-1623 – слабоумниот брат на султанот Ахмед I, поминал 14 години во затвор но бил почитуван како "свет" човек, бидејќи муслиманите имале света почит кон лудите. Во затворот тој наместо да фрла трошки од леб ,на рибите во Босфорот им фрлал златници. Кога станало јасно дека не може да владее, повторно бил испратен во затвор. Го наследил неговиот внук, син на неговиот брат Ахмед - Осман. Но, откако Осман бил симнат од власт, Мустафа повторно бил повикан на тронот, и владеел по втор пат уште една година.



Осман II (1604-1622). 16-ти султан на Отоманската империја.Син на султанот Ахмед I кој застанал на престолот на возраст од 14 години, како резултат на падот на својот вујко, султанот Мустафа I. Добил добро образование за своето време.Осман бил многу енергичен владетел и носел свои сопствени одлуки.

Во 1618, по серијата порази на турските војски, успешно потпишал мир со Иран, во основа со повторени договорни услови од 1612 г.

Во 1620 Осман започнал војна со Полска, а полските сили во Молдавија ги поразил во Цецорската битка. Следната година, Осман лично предводел голема војска во инвазија на Полска, но бил поразен во битката кај Хотин а потоа го потпишал Хотинскиот мировен договор со Полска. Поразот во голема мера го поткопал авторитетот на Осман II.

Враќајќи се во Истанбул во септември и октомври 1621 г. Осман спровел серија на реформи. Требало да создаде нова армија од турското население на Анадолија и северна Сирија за да ги замени склоните кон немири јаничари и да го пренесе главниот град во Азија. Но, на 19 мај 1622 година започнал јаничарски бунт, во кој Осман бил фатен и затворен во Едикуле, а наредниот ден убиен. Имал само 18 години.



Мурат IV (1612-1640) 17-ти султан на Отоманската империја, се искачил на престолот како 11-годишно момче и владеел 1623-1640. Тоа бил накрвавиот од сите отомански султани, но тој се справил со јаремот на везирите и воената анархија."Убиј или ќе бидеш убиен" - било неговто правило и тој убивал апсолутно невини - само за да убива.

Но, во касарните се вратила дисциплината, а во судовите - правдата. Тој и ги вратил на империјата Ереван и Багдад, но починал од треска и вино. Пред смртта, решил да остане последен од својата династија, и сакал да го убие својот брат Ибрахим - единствен наследник на машката линија, но ...



Ибрахим (1615-1648),  18-от султан на Отоманската империја, спасен од мајка си Анастасија(Валиде Султан Кадинефенди Кошем Султан), се искачил на престолот и владеел во годините 1640-1648.Неговиот неофицијален прекар бил Дели Ибрахим односно Лудиот Ибрахим.

Тоа бил слаб, безрбетен, но насилен човек, несовесен трошач на касата за да ги задоволи своите љубовници, кои оделе со него секаде , дури и во  јавните бањи.
Обожавал дебели жени .Еднаш во Грузија му нашле милосница која тежела 170 кг и која тој ја крстил „шеќер паре„.Од што бил среќен со неа тој и доделил државна пензија и ја направил главен гувернер на Дамаск.Се раскажува дека кога слушнал дека неговите конкубини биле компромитирани од некој маж наредил 280 од нив да се удават во Босфор.

Бил женет со Турхан Хатиџе(Кадија) Валиде Султан, украинка , мајка на Мехмед IV), со Салиха Дилашуб Валиде Султан(мајката на Сулејман II) и со Хатиџе(Кадија) Музазез Султан(мајката на Ахмед II). Бил соборен од страна на неговите јаничари (во сојуз со високото свештенство) и удавен.



Мехмед IV (1642-1693) 19-ти султан на Отоманската империја.Дошол на престолот на 6-годишна возраст (1648) и владеел речиси 40 години. Тој успеал прв да го врати воениот сјај на Отоманската империја, но подоцна паднал во невидено воено понижување со кое започнала првата поделба на империјата.

Се разбира дека не владеел младиот султан туку неговите големи везири. И ако еден успеал да го освои островот Крит, друг ја загубил битката на Св Готард ,не можел да ја освои Виена, побегнал од Унгарија, итн (Погоре е Мехмед IV на славната слика на Репин, како пишува одговор на писмото на Козаците кои не го поддржале својот атаман, кога сакал да ја даде Украина под власт на Турција).

Бунтовните јаничари го симнале од власт Мехмед IV, и го востоличиле постариот од неговите двајца браќа - Сулејман II (1687-1691), кој наскоро го замениле со другиот брат - Ахмед II (1691-1695), по кој дошол нивниот роднина- Мустафа II (1695-1703).За време на последниот, бил заклучен Карловицкиот мир (1699), кој се смета за прва поделба на Турција: Австрија добила поголем дел од Унгарија и Словачка, Трансилванија и Хрватска, Венеција – ја добила Мореја и островите на архипелагот, Полска - дел од десниот брег на Украина, а со Русија било постигнато примирје, заменето со Цариградскиот мировен договор (1700г).



Сулејман II (1642 - 1691) - 20-ти султан на Отоманската империја (9 ноември 1687-1691). Син на султанот Ибрахим I,помладиот брат на султанот Мехмед IV. Се искачил на тронот како резултат на јаничарскиот бунт, кој довел до соборување на Мехмед IV. Пред тоа, повеќе од 40 години поминал во изолација во Топкапи палатата (во т.н. ". ќелии").

Сулејман бил многу религиозна личност и времето го минувал во молитва, а со јавниот живот на империјата се занимавале  големите везири. Најпознатиот од нив бил  Фазил Мустафа Копрулу (од 1689). Продолжила војната со Светата Лига,австриската војска го завзела  Белград во 1688, а потоа ја окупирала Босна. На почетокот на 1689 година, офанзивата на австриската војска била запрена и во 1690 година Турците го завзеле Белград .



Ахмед II (1643 - 1695) - 21-ти султан на Отоманската империја.Ахмед II стапил на престолот во 1691, по смртта на неговиот брат, Сулејман II, и владеел до својата смрт во 1695. За време на неговото владеење продолжил процесот на дезинтеграција на Отоманската Империја, кој започнал по поразот на турската војска под команда на Кара Мустафа Паша, во близина на Виена во 1683 година. Венеција, Австрија и Русија постигнале повлекување на Османлиите и освоиле голема територија на север од Дунав. Ахмед II бил под силно влијание на женската половина на дворот и дворските скопци, и не можел да стори ништо за да се запре анархијата во земјата.
Мустафа II (1664 - 1703) 22 османлиски султан, син на султанот Мехмед IV. За разлика од неговите двајца претходници, пред пристапувањето на тронот не бил затворен  во никаков "кафез" на Топкапи, и живеел во Едрене, каде уживал релативна слобода.

Во раните години на неговото владеење се обидувал да го скрши неуспехот на турската војна против "Светата лига". Во 1696 лично ја предводел армијата на Балканот, и поради бројната супериорност во однос на Австријците имал некои успеси. Следната година, 1697 , турската армија под команда на големиот везир Мехмед Паша Елмас била поразена од империјалните сили на Евгениј Савојски. Во 1696, руската војска го завзела Азов.

Во 1699 бил потпишан Карловицкиот мировен договор со кој на Венеција и припаднале Пелопонез(Мореја) и Далмација, Австрија ги добила Унгарија и Трансилванија, Полска - Подолија. Со договорот од Константинопол(Цариград) во 1700 ,на Русија и бил отстапен Азов.
По војната, Мустафа живеел претежно во Едрене, каде што се занимавал со лов. Во август 1703 година, против него во Цариград, започнало востание, а на бунтовниците се приклучил дел од јаничарите.Бунтовниците организирале поход на Едрене. Во борбата на бунтовниците со владините трупи ,вториве прешле на бунтовничката страна, а потоа Мустафа абдицирал во корист на неговиот брат Ахмед III. По четири месеци поранешниот султан умрел (можно е да  бил отруен).



Ахмед III (1673-1736) 23-ти османлиски султан, владеел 27 години - 1703-1730.  Мирот со Петар I ги охрабрил Турците на непријателства против Венеција и Австрија, но војната била изгубена и биле изгубени голем број на територии во Источна Европа, но и во Северна Африка (Алжир, Тунис).Отоманската Империја продолжила да се топи. Управителите умувале дека спасението е во враќање на старите добри обичаи и военото зајакнување: " бидејќи нашата држава добиена со нож и меч само со нож и меч може да биде одржана."



Махмуд I (1696-1754), на 24-от султан на Отоманската империја, владеел 1730-1754, син на Мустафа II, дваесет и четвртиот султан на Отоманската империја. Махмуд I јас се искачил на тронот со воен удар предводен од Патрониј Калил, во кој бил соборен Ахмед III.

Набргу по качувањето на престолот Махмуд не успеал да ги отстрани Патрониј и неговите поддржувачи од власт (1730).  Спорадичните обиди  во османлиската војска да се воведат европските пиштоли и огнено оружје продолжиле под водство на Контот де Боневал, французин кои го прифатил исламот. Во 1731, во текот на првата кампања за борба против Иран, Махмуд успеал да поврати дел од поранешната османлиска сопственост на Кавказот, која била изгубена од Ахмед III, но засилувањето на владеењето на Надир Шах (владеел 1736-1747) во Иран, уште еднаш ги потерало во бегство. На крајот, по смртта на Надир Шах, границата помеѓу Османлиското царство и Иран е вратена на линијата според договорот од 1639. На Запад, војската на Махмуд влегла во нова војна со Австрија и Русија (1736-1739), која резултирала со Белградскиот договор (1739) според кој султанот бил принуден да направи територијални отстапки.  Махмуд I починал во 1754. На престолот дошол неговиот брат Осман III .


Сите турски султани-1