Search This Blog

Thursday, March 15, 2012

Квиз по историја на уметноста


Од мајсторство кон идиотизам или од идиотизам кон мајсторство,прашање е сега.Погледнете добро.Античка уметност не постоела.Не можела да постои.Божем на „античките„ им здоделало да се занимаваат со реализам па преминале на „експерименти„ со формата како уметниците на 20 век.Не.Точка.

Што е тоа стилски паралелизам?

Глава на писар 30 век ПНЕ
Глава на идол ,Аморгос,Грција 30 век ПНЕ

Нешто нејасно?

Погледнете го ова

Римјанка, I век НЕ
Пророкот Јеремија,Донатело14 век НЕ
Нејасно?

Погодете од кој век е следнава скулптура


Не ,не е Донатело,ова е „античкоримска„ скулптура:„Стар рибар„, 2 век пред нашата ера.Вицотека.

Донатело?Не.„Римскоантичка„ скулптура„Пијана баба„2 век ПНЕ

Пијана баба?Не.Донатело,Марија Магдалена 14 век од нашата ера




А ова?(Повеќе слики)





Распетие.Бронза ,висина 21 цм VIII век НЕ,Ирска
Апостол.Црква Сен-Сернен.Околу 1090,Тилуза


„Таписеријата„ од Бајо,(околу 1073-1083)

Страшен суд,детал,западен тимпан.Катедрала во Отен(околу 1130-1135)


Давид и Голијат,непознат автор -12 век НЕ

Наспрема ова


Лаокон и неговите синови ,1 век ПНЕ

Олтарот во Пергамон 2 век ПНЕ





Блискоста на стилот на италијанската тн „Ренесанса„,со „античкогрчкоримската„ уметност е неверојатна.А сепак во прашање се 10 века разлика во кои уметниците опрво биле махери,па потоа заборавиле„ како се прави тоа „до идиотштина и на крајот набрзина за еден век почнале да заличуваат на мајстори.Шио ми га Џура.


Џамболоња(Жан Булоњ,1529-1608).Грабнувањето на Сабињанките,Фиренца.

Драмата,нагласената анатомија до совршенство,овие мора да се зафркаваат со нас.



Херкулес Фарнезе,Лисип,4 век пред нашата ера







Херкулес и Какус(Бартоломео Бачо Бандинели 1493-1560)


Monday, March 12, 2012

Турците се „античките „Тројанци

Денес скоро сите знаат дека Троја е град кој постоел преку 4000 години и бил центар на античката цивилизација.Се до 19 век се верувало дека овој град е град од приказните.Во 1822 Чарлс Мекларен предлага дека урнатините на Хисарлик во близина на Чанаккале се всушност урнатините на Троја.Германскиот археолог Хајнрих Шлиман врши ископувања од 1870 до 1890.Сите пронајдоци од локалитетот си ги зема со себе .По Шлиман ископувањата ги врши Вилхелм Дорпфелд.Од 1988 германски тим работи на случајот да ги изгради одново руините на Троја со користење на современа технологија .



Во„Троја„ се идентификувани 9 нивоа.Ниво I-V -ран Бронзен век(3000-1900 ПНЕ).Во овој период неговите жители се идентификуваат како Тројанци.Троја VI-VII среден и доцен Бронзен век.Троја VIII-IX хеленистички и романски Илион-Илиум.

Во Бронзениот век,Троја била голема сила поради стратешката локација меѓу Европа и Азија.Помеѓу 3000-2000 г ПНЕ троја била културен центар.По Тројанската војна градот бил напуштен (1100-700 ПНЕ).Околу 700 грчки доселеници го населуваат регионот на Троја.Троја е повторно населена и преименувана во Илион.Александар Македонски владее во овој регион во 4 век ПНЕ.Римјаните ја завземаат Троја(Илиум) во 85 ПНЕ,таа е делумно реставрирана од римскиот генерал Сула и е наречена Нов Илиум(Илион).

Во времето на Византија Троја ја губи својата важност и постепено„исчезнува„.

Троја е најпозната од приказните на Хектор,Ахил и Грците Ахајци,Хелена,Парис,Агамемнон и Пријам.Приказната за Троја е преведена на сите јазици.Хероите на Троја ,Ахил и Хектор се опеани во многу поеми.Од Александар Велики до Лордот Бајрон многу историски фигури се идентификувале со хероите на приказната.Но луѓето секогаш (се до 19 век) се прашувале дали постоела Троја или не постоела,имало ли дрвен коњ или немало.



Има малку или поинаку кажано воопшто нема докази за историското постоење на ликовите од приказната на Хомер.Како највреден „доказ„ се смета спомнување то на андолскиот водач бунтовник Piyama-Radu (можеби Пријам) и неговиот наследник Alaksandu (можеби Александар, другото име на Парис),обајцата од Вилуса ,Wilusa (можеби Илион, Илиос).Се спомнува и богот Apaliunas (можеби Аполон).

Друг квази доказ се линерните Б таблици.20 од 58 машки имиња се истотака познати преку Хомер,вклучувајќи го и Екото e-ko-to(Хектор) како тројански војници.Требало со ова да бидеме задоволни дека вакви имиња навистина постоеле во Микенска Грција.
Наводно ,кога Павсаниј ја посетил Теба во Беотија,во 2 век НЕ, му го покажале гробот на Хектор и му рекле дека дека коските на Хектор се пренесени во Теба на барање на пророчиштето во Делфи.Ова како оправдување што и Тебанците го сметале Хектор за свој локален херој.
Сцена од тројанската војна -Илијада ,средновековен манускрипт.

Приказната за тројанската војна можеби сте успеале да ја запаметите од Илијадата а можеби и не.Читајќи хексаметар по хексаметар се губи целосната слика.Па еве ја на кратко.

Тројанската војна се водела помеѓу Грците и Тројанците.Кралот Пријам од Троја бил богат и моќен,од својата сопруга Хекуба и конкубините имал 50 сина и 12 ќерки.(Вистински Султан,ќе се сложите)

Неговиот Син Парис (поинаку крстен и Александар) бил поканет да пресуди која од божиците , Афродита, Хера или Атена е најзаслужна да го добие златното јаболко од божицата Ерис(неслога), како најубава.Сите три се обиделе да го подмитат Парис за да го добијат јаболкото и титулата „најубава божица„. Но Афродита му ја ветила најубавата жена на светот и Парис попуштил.И го дал златното јаболко.Тогаш заминал за Грција каде се вљубил во Елена (Хелена), жената на Менелај, кралот на Спарта и ја зел со себе во Троја.


Лукас Кранах Постариот (1472 - 1553) Пресудата на Парис

За да ја вратат Елена Грците организирале експедиција на чело со братот на Менелај, Агамемнон, кралот на Аргос или Микена.Тројанците одбиле да ја вратат Елена.Грците успеале да ги ограбат населбите во околината на троја,тн Троада,но самата Троја со помош на своите сојузници опстојала 10 години под грчка опсада.

Во војната за Троја и боговите завземале страна.Па така Хера,Атена и Посејдон биле на страна на Грците а Афродита(која имала син Енеј од тројанецот Анхисес внук на Асархус),Аполон и Арес на страна на Тројанците.Илијадата која се случува во 10тата година од војната,раскажува за кавгата помеѓу Агамемнон и Ахил,кој бил најдобриот грчки војник,и за смртта во борба на пријателот на Ахил ,Патрокло и најстариот син на Пријам, Хектор.

По смртта на Хектор (најхрабриот тројански војник кој убил 30 Ахајци-Грци во борба), на Тројанците им се приклучиле два егзотични сојузници.Пентесија ,кралицата на Амазонките и мемнон , кралот на Етиопите и син на божицата-зора Еос.

Ахил ги убил сојузниците на Троја, но Парис подоцна успеал да го убие Ахил со стрела , погодувајќи го во петата која му била единствено ранливо место на телото.Пред да ја освојат Троја,Грците морале од светилиштето да ја украдат дрвената слика на Атена Палада (Паладиум) и да ги донесат стрелите на Херкул како и да го доведат болниот стрелец Филоктет од Лемнос и Ахиловиот син Неоптолемос(Пир) од Скирос.Сето ова го направиле Одисеј и Диомед.

На крајот ,со помош на Атена,Епиус изградил голем дрвен коњ.неколку грчки војници влегле во него,а остатокот од грчката војска заминал за блискиот остров тенедос,преправајќи се дека ја напуштаат опсадата.И покрај предупредувањата на ќерката на Пријам,Касандра,Тројанците биле убедени од Синон,Грк кој се преправал дека е дезертер,да го внесат коњот внатре во ѕидините на Троја како подарок од Атена.Свештеникот Лаокон,кој се обидел да го уништи коњот,бил убиен од морски змии.

Вечерта откако бил внесен коњот,грчката флота се вратила а грците кои биле скриени во коњот и ги отвориле вратите на Троја.Следело тотално уништување .Пријам и сите негови преживеани синови биле убиени.Тројанските жени биле земани во ропство во различните градови на Грција.

Авантурите од враќањето дома на грчките војници е раскажано во два епа, Враќањето(Ности,изгубени) и хомеровата Одисеја.

Малкумина Тројанци преживеале, вклучувајќи го и Енеј, чии наследници продолжиле да владеат со Тројанците.Подоцнежната традиција го носи Енеј од Троја во Италија каде тој станува најстариот предок на античките Римјани(Енеида).

Сцена од римски саркофаг божем од 2- 3 век ПНЕ.Телото на Хектор го носат во Троја

Во мај 2004 година на премиерата на филмот Троја,огромен број луѓе се туркаа да го видат овој американски блокбастер кој екранизира настани кои се одиграле во нивната држава пред илјадници години.На 16 мај ,кратко по премиерата,осамна напис во турскиот весник „Радикал„,под наслов „Дали Тројанците биле Турци?„

Можеби овој наслов шокирал многумина но прашањето дали Турците се Тројанци ,тешко дека е од нов датум.Во средниот век (пред 15 век) постоело општо прифатено гледиште дека водачот на група Тројанци,Торкватус или Туркус бил предок на современите (за тоа време) Турци. Приказната била дека тој ги одвел своите луѓе во срцето на Анадолија,каде тие живееле многу векови се до отоманската експанзија кога потомците на Тројанците се вратиле да го казнат Западот за изгубената војна и да си го вратат наследството.Можеби ќе се зачудите,но ова стојалиште не било турско туку западно.Католиците се солидаризирале со Турците,бидејќи тие се бореле против„декадентните Грци„.

Но кога Западот забележал дека Отоманите нема да застанат на Грците ,туку имаат поголеми апетити ,во Ренесансата сите сили се вложуваат да се „разведат„ Турците од Тројанците.

Така од 16 век заедничкото минато на Муслиманите- Турци и Католиците-Европјани е анатемисано.

Дека и самите Турци сметале дека се потомци на Тројанците укажува и фактот што Мехмед Освојувачот се интересирал за делата на Хомер.А дворскиот историчар Критовулос од 15 век ,го цитирал султанот кој по освојувањето на Константинопол рекол„Го одмаздивме Хектор!„ 

Можеби овие зборови се апокрифни исто како и зборовите на Ататурк кој турската победа на Британците и Французите на Дарданелите ја нарекол „уште една одмазда за тројанската војна„.Но,факт е дека еден од британските воени бродови на Галиполе бил наречен Агамемнон.Успехот да се потопи ова ремек дело на воената флота било една од големите пресвртници во битката.



Шекспир до 17 век ја задржал симпатијата кон Турците-Тројанци во своето најамбициозно дело од 1602 г. Троил и Кресида


ИСЛАМСКИТЕ ДРЖАВИ ВО РЕНЕСАНСНАТА МИСЛА


Liber Chronicarum,Нирнберг 1493.Полумесечина  на кубињата на Троја

Дали Турците се античките тројанци (2)

Friday, March 9, 2012

Јастребов, Обичаи и песни на турските Срби



Иван Степанович Јастребов (1839-1894) руски публицист и дипломат.



Се разбира  „турски Срби„ се Македонците.

Кај нас привикнавме на сознанието Македонија да се поврзува со идејата дека таа земја е населена со Бугари и не си ја дозволувавме идејата дека во неа живеат и Срби.Дури во последно време некои учени започнаа да дозволуваат постоење на српски елемент,иако сеуште не можат да му се спротивстават на вкоренетото мислење дека во Македонија живеат Бугари бидејќи ниту во неа има Грци,а Турци има толку малку што тие не се ни осмелуваат да си ги мерат силите со Бугарите.Статистичките податоци на Ризов*(тој ја составувал својата статистика на возраст од помалку од 20 години) и слични на него ги водеа заболените од бугароманија во не малку заблуди,кои можеби и до ден денес се раскажуваат.Без оглед на поголемото или помало отрезнување од бугароманската заблуда,сеуште кај нас ќе се пронајдат не малку бугаромани на кои бугарскиот чад сеуште им го заматува видот.Бугарите,учејќи кај нас и добро познавајќи ја нашата слаба страна желно да се вљубуваме во нешта кои не фасцинираат не престануваат да го шират во нашата журналистика раширеното мислење на населеноста на Македонија исклучиво со Бугари.Имено,со оваа цел г.М испечати во ноемвриската книшка „Известија на Ст.Петербуршкото славјанско благотворно општество„ за минатата година,статијка под наслов „Македонија„.Бугарите се исто така подготвени да докажуваат дека и косовскиот вилает не е населен со Срби(како што тоа веќе во бугарските календари е сторено).И г.М во својата статија дојде до подобните тенденциозни наводи при погрешното изложување на борбата на македонските словени против елинизмот.Дека во Македонија славјаните не се Бугари и дека немало бугаризам таму каде сега го наоѓаат,потврдува и самиот г.М со заглавието на својата статија „почетоци на бугаризмот итн„.Значи бугаризмот немал корени во Македонија а го води својот „зачеток„ од пред 20-30 години како што вели самиот г.М.Ова не е доволно за на г.М да не си го земе правото да ги нарекува македонските славјани (Старо-Срби) -Бугари.Тој напротив ќе им сугерира на читателите дека ова го прави,не обрнувајќи му внимание на мислењето на филолозите,а имено затоа што „ словените во македонија д у х о в н о се соединиле со Бугарите од Северна Бугарија,Тракија,земајќи го името Болгар.Ако устројуваме вакви силогизми ,во други случаи ќе дојдеме до апсурдности .На пример муслиманите во Босна,по род Срби,кога го превзеле муслиманството духовно се соединиле со Турците од што следува дека тие повеќе не се Срби туку Турци.Не ги нарекувале ли грчките митрополити и воопшто сите елинизатори сите православни словени -Грци,затоа што од нив ја зеле православната  вера и се соединиле со нив   д у х о в н о.Не не зачудува што и денес елинските пропагандисти оние кои ја признаваат патријархшијата ги нарекуваат Грци а егзархистите-отпадници од грчката народност.И тирците до ден денес продолжуваат да ги нарекуваат сите Словени во Македонија -Руми(грци) освен егзархистите кои во официјалните документи ги нарекуваат Бугари.Само неколку турски паши ,на пример Митхад Паша познатиот организатор на придунавскиот вилает и неговата креатура Абдурахман паша(денес генерал -губернатор во Мала Азија) со политички цели да го спречат влијанието на Српското кнежевство и неговото проширување и помагале на бугарската егзархија да ги побугари словените дури и во Косовскиот вилает.Последниов,Абдурахман паша, во 1872 година промовирајќи го нишкиот губернатор во генерал губернатор на бившиот Призренски вилает , се трудеше да го зголеми влијанието на бугарската егзархија и и предлагаше на призренската православна општина да ја признае егзархијата и во тој случај им вети на призренците дека ќе ја зачува старата црква Св.Спас во Призрен која грчката патријархшија договорно ја предаде на тамошните цинцари затоа што тие изразија желба дека сакаат да се погрчат,денес Цинцарите во Призрен учат грчки и вршат служба во црква на грчки.Грчкиот силогос им изгради училиште му плати на учителот 600 рубљи годишно и го снабди училиштето со книги и облека).Овој пример да им се забранува на Србите да се нарекуваат во Турција со тоа име не е единствен во поново време.Но во уште постари времиња оваа забрана за Србите во Македонија била сеопшта и сеопфатна.Да се нарекуваш себе Србин значело дека се нарекуваш бунтовник против општествениот поредок истомисленик со Србите од Шумадија или Црна гора,исконските непријатели на Турција.Да се наречеш Србин значело да навлечеш на себе сомнеж не дека сочувствуваш туку и дека работиш за српските кнежевства.Само од страв од Турците македонските Срби не смееле пред турците ни да го спомнат непожелното име Србин.Не малкумина кои се осмелиле  платиле со затвор ,прогонство во Азија и Африка а се случувало за ваква дрскост да платат и со живот.Ми се случувало не еднаш да слушам од старци раскази по повод тоа како нивните дедовци и прадедовци страдале од Турците за тоа име.Турците и потурчените ги нарекуваат Србите или ѓаури или власи(во смисла на роб).Во писмениот јазик ги именуваат како бугарски народ.Со оваа чест се удостоени и Србите од целиот Новопазарски санџак.Арнаутите исто така ги нарекуваат Каури,Власи и Б у г а р и за разлика од Б о л г а р и т е кои живеат на исток од Ќустендил.Турските Срби се привикнале на овие имиња и сами себе се нарекуваат Ѓаури (кога разговараат на српски со српските муслимани) или Власи(кога разговараат со Турци) или Каури(кога разговараат со Арнаути) или раја (кога разговараат со управниците) зависно од тоа со кого разговараат.меѓусебно се нарекуваат Р и с ј а н и  но никогаш себе не се нарекувал Бугари се до 70тите години (на 19 век) и ако го правеле тоа го правеле само пред властите и судската администрација.не е чудо ни што Србите кои живеат во Албанија се водат кај Турцита(на пример во пасошите) како Бугари исто така као што со ова име се нарекувале жителите на Подгорица и Спица а и Куча Дреналовича се до нивното преминување во Црна Гора.Забележувам овде уште една необична појава.Турците никако не сакале да дозволат јазикот на кој зборуваат Србите во Македонија да се нарекува српски.Толку се противат на овој назив што тие српскиот јазик го нарекуват босански,влашки или бугарски но никогаш српски.Потурчените Срби говорат на чисто српски јазик но никогаш не го нарекуваат српски туку бошњачки(босански).Впрочем не треба да се чудиме на оваа појава што Турците од фанатизам се подготвени да го избришат српскиот народ од лицето на земјата и да му го уништат јазикот на кој говори.Не гледаме ли исто така дека и во Босна ,српскиот јазик е прогонуван исто како и во Турција.Австријците не сакаат тој да се нарекува српски туку едноставно,месен.Едвај е нужно овде да се зборува дека Србите со своите востанија против турскиот јарем за кои секогаш наоѓале сочувство кај своите еднокрвни браќа во Македонија ги навлекле Турците против себе.Доволно е да се спомне војната на Турција против Австрија во која Србите имале свое активно учество,а подоцна двократната преселба на Србите во Австрија за да си претставите каква репутација имале Србите кај Турците.Со ферманот за уништување на Пеќската патријархшија строго било забрането да и се спомне името на оваа народна српска независна црква.И во подоцнежните времиња Србите не ги оставале Турците на мир.Имињата на српските ајдути се познати во српската историја .Меѓутоа за тоа време Бугарите спиеле со цврст сон.Никогаш кај нив немало заговор против Турците.Тие биле верни робови на турците до незамисливи размери.Во криминалната историја на Бугарија(за време на турското владеење) вие нема да најдете ниту еден факт кој би докажал случај на благородна саможртва или пожртвуваност на Бугарин.Да кажеме појасно:немало случај некој Бугарин од чиста мира да убие Турчин поради честа на неговата жена.Но ние тоа го гледаме од историјата на Србите и Црногорците.Тие,исто како Арнаутите,не си го штеделе животот поради честа и беспоштедно ги убивале Турците кои ги обесчестувале.....

........Не можејќи сосема да ги побугарчи овие звуци(ћ и ђ односно ќ и ѓ м.з) карактеристично Српски,и Миладинов,побугарчувајќи ги песните на турските Срби и Веркович,служејќи се и со наши и со ваши т.е и со Срби и со Бугари не можел    српските ћ и ђ да не ги сочува во своите песни........Мојата погоре наведена книга„Служение еврејско„исто така со убедителна надгледност му докажува на читателот дека јазикот,на кој таа е пишувана, бил имено српски а не бугарски.Ние знаеме дека бугаринот ниту во пишуваниот ниту во говорниот јазик не го употребува двојниот партицип а во оваа книга тој се среќава доста често на пример:будејќи,будејћи,бидејќи,знајајке,чатеике бо таја книга...


Да не должам со глупостиве.Македонците не се ни Срби ни Бугари .Секогаш било тешко да се присвојат.

Овде ни се поинтересни некои народни песни забележени од Јастребов.Забележувам дека ова не е превод на песните .Тие се само препишани со македонска азбука.

Призрен

Јеребичице, треперичице,високо леташ,
Високо леташ ,далеку гледаш
Далеку гледаш,широко држиш,
Широко држиш,на куќи паѓаш,
На куќи паѓаш ,на куќи слама,
на куќи слама,у куќи слава,
У куќи слава ,да је жива
Домаќинска глава!
Испи ја исчисти ја Јован чорбаџија!

Дебар

Утре вечер.бодник-вечер,
Бодни коња на пазара,
Купи риба и јогули
Дојди дома,да ја вариш,
Сркни риба,убоцај се,
Пи си вино,весели се.
***
Теле велит:леле!
не колите мене ,
Токо коли кокош,
Кокош се скрил под кош.
***
Сива,сива ,гулабица!
До каде си долетала?
-До нашего господина,
Что чинеше наш господин
-Ми правеше златни чаши,
Златни чаши и конати,
Да послужат мала Бога,
Мала Бога и Божиќа.
Божиќ ми е по се земја ,
Слава му је до небеси!

Добро утро стара бабо,
Дај ми колач и погача,
Напи с'вино и ракија,
Појди в племна запали се,
Сркни риба,убоцај се,
Косни каша,попари се!
***
Посакал петар убава Јана ,и,и!
С добрум ја сакат за две години,и,и!
Со злум ја сакат за три години.
Јанина мајка Јану не дават.
Ја затворило во земни кледи,
Во земни кледи ,камнени ѕиди,
камнени ѕиди,мраморни порти.
От ми је писна јанина мајка,
Оф леле,леле  за бела Јана,
Шчо не си имав ушче једна ќерка,
Ушче једна ќерка как бела Јана.
Здодеја ми се пиејќи вода,
Вода си пија се синошница,
Се синошница,израсеница.

Оф леле,леле дури до Бога!
Шчо не си имав ушче једна ќерка,
Ушче једна ќерка как бела Јана.
Шчо ми се спила студена вода,
Студена вода с утра носена
С утра носена с цут оросена!
неја да прата на студна вода.
От ми ја дочу убава Јана,
ми се промени во девојчинско
На глава кладе се невестинско.
От ми је зеде ибрик во рока
Ибрик во рока,ведро на глава.
Оти ми појде на студна вода
Тамо го најде Петре војвода,
петре војвода с коња на вода.
Де изговори Петре војвода,
-тако ти бога млада невесто,
ја ќа те праша право да кажеш.
Чија си ќерка ,чија си сноа?
Де изговори млада невеста,
Џелепска сноа,војничка ќерка,
пак ми одеа шчо поодеа
Де изговори млада невеста
Да Бог те убил петре војвода,
Да л не познаваш убава Јана,
Што си ја сакал до три години?
Оту ми стрча Петре војвода,
Со коња трчат,не ја фтасават.
Со стрели фрљат,не ја погаѓат.

***

Иљванин татко две кули правит,
Две кули правит,два манастира,
Иљвана мома кал подаваше,
кал подаваше,кал и камења,
кал и камења,белага вара.
Тује помина Селим сејменче,
Де ајти тебе Иљвано моме,
не те прилегат кал да подаваш,
кал да подаваш,кал и камења,
Ток те прилегат рокав да везеш,
Рокав да везеш на висок диван.
Рокав да везеш,чорап да плетеш.

Името на манастирот Хиландар не значи ама баш ништо(илјада магли илјада мажи итн итн ,некои теретни бродови,потполни глупости,Хиландариос растко бла бла ).Веројатно манастирот се викал Илиндар односно дар за свети Илија,како што се гледа од песната:




Thursday, March 8, 2012

Бабини дни

Бабини дни.

Последните дни от марта се викает бабини дни, кои обикновено сет студени и ветарливи. Тие дни се зедени от априља ево како. Една стара жена по излегвењето от марта, како виде, че времето беше топло и много хубаво, рече: "Циц козица и планина, прдни марту на брадина", и си излезе со козите на планина. На марта падна тешко да се презират от една баба и рече на априља: "Априле, лиле, мој побратиме, придај ми три дни да згрубам баба." Април му даде; и захвати таков студ, лапавици и ветришта, што бабата со 'се кози замрзнала. И днеска, велет, стоја каменообразни бабата и козите на Шар планина.

Од Зборникот на Миладиновци

Кукушка свадба




За поголемиот дел од егејските дијалекти (Кукуш, Костур, Солун итн.) е карактеристичен носниот (назален) изговор на јусовите (Ѧ и Ѫ), па, така имаме:
гленда - ГЛЕДА
чендо - ЧЕДО
ренди - РЕДИ
пент - ПЕТ
хинде - ИДЕ
онде - ОДИ
дамб - ДАБ
з`мб, замб - ЗАБ
к`нде, конде - КАДЕ

Зборовите се испишувале како:
ЧѦДО - во некои говори се изговарало "чедо", "чадо", но и носно "чендо", итн.
ЗѪБЪ - во различни говори се изговарало различно: "заб", "зуб", "зоб", "зъб", но и носно "зъмб", "замб" итн

Денес остатоци од тоа има во полскиот јазик каде носовките се бележат со Ą (ом, он) и Ę (ем, ен).
Dąbrova - Домброва; Sącz - Сонч
Kępno - Кемпно; Więcbork - Вјенцборг.

ФИЛКА МОМА МОЛЕ БОГА (Кукуш)
Костадинка Палазова

Филка мома моле Бога,
да ја сторе, леле, едно пиле,
да прелета, леле, ширно море,
да си хинде, леле, ју Солуна.

Да си хинде ју Солуна,
јуф чаршија, леле, на тергија,
да си купе, леле, астухрина,
да и шие, леле, антерија.

Да и шие антерија,
д`лга, д`лга, леле, хем широка,
да се вее, леле, до земјата,
да ја гале, леле, калд`рмата.

И ка ќ`онде на орото,
на орото, леле, кукушкото,
дек што играт, леле, с`л ергени,
с`л ергени, леле, Кукушани.

Да ја виндат ергените,
ергените, леле, кукушките,
да запукат, леле, комшиите,
комшиите, леле, душманете.


И в Кукуш на добар ден се береет младите на 'секакви места и играет' оро, а На Велигден 'сите се собервет на едно место и играет. Кога некоја свршена видит некого от зетовската роднина или зетот со пријатели, се пуштат от орото со една друшка, која ведит неа и која прва целуват р'ка с'де на сродникот, а свршената нему и на сите негови другари, што ке бидет со него. Но ако се згодит тамо армасникот (свршениот), оваја на сите целуват р'ка, а к'м него не подходит.
На такви народни обшти ора неженатите си се избирает; и по татковското согласе стројниците приготват армасот, кои се чипит вака. В некој праздник се берет сродниците у момчето, кое целуват р'ка на татка му, или ако немат татко, на вујка или стрика, кому вр'чвит знаковите :една хубава шамиа и некој флорин, еднакво целуват р'ка и на другите стројници. После ходат у девојката, к'де им став'ет софра. По неколку време излегвит момата со некоја друшка. Тога се менват знаковите от двете ст'рни. По това друшката целува р'ка на сите со ред, а после момата, која секому на рамо префрљат везана риза, на женатите везана на разбои, а на неженатите везана со нејѕина р'ка. Стројниците, имеештем на рамо ризите, се враштает у момчето, к'де се гоштавает. Тој се викат мал армас (свршување).
Другиот ден се собирает у момчето около триесет дечина от четири до десет години, кои стара жена водит у невестата. От децата едно носи овошки (олошки) во шамиа, а друго во лепо везана риза носит овошки от три, пет или седум вида (сорта); една китка наредена со стари пари пет или седум, или девет, от кои три пари сет по-големи.1 Момата ги пречеквит и на 'сите целуват р'ка и најпосле на тие, што носат овошките. На децата донесват прво благо нешто, а после друго јаст'е. Наодзади излегвит девојката, им целиват р'ка и им дават по китка и риза, и на едно от тие дават гореречената шамиа со овошки, една лепо везана риза и една зелена китка за момчето. Овој обичај неколку п'ти во годината се повторвит, особено кога излегват нови овошки, но други п'т количеството от децата је многу помало.
Зелена китка. 
После неколку месеци канет у зетот жени и моми роднината му, кои ходат у момата, имеештем со себе си с'д со овошки, над кои сет около пет зелени китки, от кои поголемата, која имат ж'лтица, врзана со коприна, је за момата, уште за момата носет чораби, чевли, неколку ока предено, лен и неколку драмој коприна разноцветна, от овие момата требит пред свадбата да имат зготвени кошули за дарување. Девојката ги пречеквит, им целуват р'ка и сама земат вештите. Им став'ет софра да јадет. Пак момата излегвит, им целуват р'ка и ги служит по чаша вино, тога пејет три песни. После излегвит сестра је и дават по една малка зелена китка. По неа момата даруват по риза на золвите и свекрва је, на која вр'чвит гореречениот с'д полн со неиѕини овошки, неколко зелени китки, меѓу кои за момчето поголема, а со жлтица помала от таја, што прати момчето, и везана риза за него, и по риза за свекорот, девери, вујковци и стриковци. Други п'т сама свекрва је ходит у момата и је земат мера за колан со пафти, за колби (белези) и за четири прстени.
Голем армас. 
Две недели пред свадбата, в с'бота спроти неделја, момчето со роднините и пријателите му ходит у армасницата, имаештем со себе си потребното јаст'е и пит'е. Мајка му во тепсиа носит благо сукано, а снахите коланот (појас) со пафти, колбите, четири прстени, шамја за р'це, друга за глава, туљбен, фес, огледало, гребен и жлтици, а момчето шамиа со овошки. Стигвеештем у момата, м'жите седвет на една ст'рна, а жените на другата стојет простум. Излегвит момата со една друшка и целуват р'ка на м'жите, а на момчето не, после целуват на жените, от кои земат речените вешти и ги предават на дружката си; и најпосле целуват р'ка на момчето и преземат шамиата со овошките. Ставет софра, на која донесват јаст'ето и пит'ето от момчето, кое, целиваештем р'ка, на 'сите служит по ракиа. Постариот на четири ск'ршвит на савче винено кр'стообразната погача, која имат на стреде врзано цело (стара пара); стредата со целото се праштам на момата. По неколку време момчето служит на сите по вино, целуваещем р'ка. По това донесват момини јастја и вино и момата тога целуват на сите р'ка и ги служит по едно вино. Таја вечер не се спиет. На разденвенето пије ракиа от момчето. На одзади момата им леит (туриват) вода да се измијат и најпосле на момчето, и на сите префрлјат на рамена по една риза; 'сите ја дарвет по ж'лтица. Това се викат голем армас.
Руба. 
Седум дни пред свадбата в неделја от момата праштет у момчето стомна вино. Неколку моми ходат у момчето, имаештем за момчето две кошули, две гашти, една антериа, еден елек, една шамиа, две бохчи; за браќа му, за свекор, свекрва, за чичовци, вујковци и тетиновци по кошуља и риза, за јатарви, вујни и тетки по карпа; за мајсторот, што го учил занает, и за учителот по кошулја. Стигвеештем у момчето сите тие дарови обесват на ѕид в одајата, к'де момчето имат обесени сите дарови, што му пратила момата. Им давает да ручает и момчето им целиват р'ка и ги служит по ракиа (ако пијет). После момите пејет и играет оро така, што три п'ти излегвет надвор от вратата и влегвет н'тре. Това се каже руба.
Замес. 
Три дни пред свадбата, в четворток рано, месвет у момчето две погачи, една за момата, друга за кумот. Се берет у момчето неколку моми и замесват хлеб вака: донесвет три ношви (на ошто месет хлеб) и три сита; три моми ке засеат брашно и ке го соберат на едно. Мало дете, што имат татко и мајка, клават сол и вода; и со дрвце, кое имат на крајот топувче и кое викает кукудавка, прво смешвит брашното и водата, а момите после го замесват. После кревает детето на р'це, а детето три п'ти ке удрит со дрвцето на греди и три п'ти ке речит: "Момак и мома." - Това се велит замес.
Истиот ден момите правет фруглицата (бајрак), која је трска, на неа зашиена бела риза везана, а на врхот јаболко шикосано (варакосано со злато). После една девојка, облечена во момчеви руби, со м'шки фес на глава, фаштат на 'оро другите моми и водит танец, држеештем фруглицата.
Вечерта еден ковчег, во кои клавает бамбакерно семе, јачмен и три јаболка, го испраштает у момата со фругличарите (кои носат фруглицата, кога одеет за невеста, побратимите) кои, како г' однесат, седват на него. По малу идет момата, им целуват р'ка и ги даруват по риза, а тие је предавает ковчегот и се враштет. По ним момчевиот татко со два троица земат погачата, што месиха раното и која је врзана крстообразно со црвена коприна и на стреде имат цело, и ходит у момата. Тамо им давает да јадет и таткото скршвит погачата на винено грне. После ке се разговорат со моминиот татко за обушвата (дрехи).
Истиот вечер други седум-осуммина от роднината момчева земает каниска (јастие, со кое канат) и погачата, што месиха раното, и ходат у кумот да го канат на венчавање. Тамо се гоштавает и ноќта се враштет назат.
Петок.
По ручег се берат у момата нејдзини сродници невести и моми, за да ја плетат. Се собирает околу неа и прво кладват мало дете, што имат татко и мајка, за да ја заплетит и зачешлjaт, а момите ке ја исчеслјает и ке ја доплетат со песни. Кога тие ке свршет, момата им целуват р'ка и си клават на глава фесот и шамија (што је беше дал момчето на големиот армас), а после заедно со сите играт оро. Тога невестинската руба, која ке носит у момчето, стоит в одајата обесена.
Во тој ден у момчето виет карафил во книжина, со кои фругличарите канат гостите. Наодзади фругличарите ходат у момата да кажат, че во неделја имает свадба. Невестата ги даруват по риза.
Собота.
Неколцина се берат у момчето, за да заколјат волот (без вол не бидвит свадба). На волот накитват главата и роговите со цвеќа и китки и му пејет песни, и дури да го одерат и суредат не престанват да пејет и да играет оро. По ручек фругличарите со карта вино (чутура) канет на вечера гостите, што беха ги каниле в петокот, а кумот не. Како ке кладат вечера на гостите, фругличарите се праштает у момата, к'де еднакво служит и отк'де не может да се вратет без повелење от моминиот татко.
Неделја. 
Раното идет бричачот (берберино) и бричит зетот; а две моми дочеквет лакната на риза, која скривет, за да ја кладат во невестинскиот ковчег, кога ке го донесат. Другите моми пејет и играет оро окулу зетот. По св'ршвењето дарувает на бричачот риза и пари кој како сакат, а зетот целуват р'ка на сите и се измиват образ. Водата, со која ке се измиет, собирает в бардаче и ја вардат дури да донесат невестата, како ке видиме. После му носат зетовската руба, која едно дете три п'ти т'ргат (теглит) на к'нтар и зетот се облеквит; а фиралите (чевли) не истават от ноsете дури да се венчат.
За ручег се собирает сватовите, канет кумот и кумата со дружината му и ручает. По това зетот целуват р'ка на кумот и подкумникот и на сите сватови, после ходет да земет невестата.
Стигвеешт'м у момата деверите, свекрвата, кумата и снахите ходат к'м одајата је. А момата со затворени врати, обиколена от роднината си, држеештем решето со бамбакерно семе и три страка запалена борина, запевјат: "Откупи снаха деверу! Ск'па је снаха, вредна је..." Деверите, кои стојет на вратата надвор, давает неколку гроша на вратарот и влегват сите н'тре, а момата разсевјат семето во решетето, кое фрлјат вонка (надвор), а други го фрлјает на к'шти. Постариот девер дават на невестата чорабите, от кои еден је полн со овошки, напр. леблебии (сланток печен), кои таја клават в џеп. После остават пред неа чевлите, кои таја ритвит (кљошвит, клоцвит) три п'ти, а после ги обувја. По това прво кумата клават на главата от момата венец от винена лоза, обвиен со црвено предено. После свекрвата је наредвит стребрениве накитки: нетоп на чело, натоп, плоча преку гуша на гр'ди, перја и иглици; а момите во това време пејет: "Веди се долу, наша дружко, дур да ти кладат нетоп па челото, плоча на срцето." Наодзади ја преврзват со голема бела риза, а преку рамо под левата мишка преврзвет басма или друго нешто ск'по, најпосле ја прикрив'ет со дулак (превез); а таја три п'ти се кланат на татка је и кумот и ходит на ст'рнча, к'де често се кланјат (гувеит).
После некоја малка мома паправает невеста, ја покривет, ја фаштает за р'ка и со песни свекрва, кума и 'сите жени се враштает в кштата от момчето, а м'жите останват тамо. Но кога невестата носеет в црков, сите жени и свекорот, кој не ходит со сватовите за невестата, пред црков пречекват невестата, како ке видиме.
Сватовите се гоштавает, а зетот со фругличарите ходит в особена одаја, к'де стоит софра ставена. Зетот со трите прсти земат от четирите ст'рни от јестието и го клават пред себе; после јадит. По малу време идет тешта му или шурна му и му дават прстен за венчање и му префрљат на рамо бела риза; и тој је целуват р'ка и си ходит при кумот. По това идет на трпеза невестата, која седит на истото место, к'де беше седнал зетот, и прво изедвит това, што остави зетот кога седна да јадит, а после јадит други јела. По това зет и невеста ходет при кумот, кои покриват главите им со платно и држеештем чаша вино со малу хлеб н'тре, ги благословят и истуриват виното преку младенците. Невестата целуват р'ка нему и на 'сите сватови. Во това време идет неколку момичина (девојчина) и на 'сите сватови пејет песни 'секому прилични по врстта (возраст); а сватовите ги дарувает по нешто. Зетот целуват р'ка па 'сите невестински сватови; а невестата, изведена надвор, даруват по шамиа 'сите нејдзини сватови, кои тога излегват. После се проштават со татка и мајка и се прекрствит; а деверите ја качват на конја. Така ходат на венчање в црков, по п'тот жените пејет, а невестата часто се кланјат.
На приближвенето в црков свекорот, кумата и другите жени пречекват невестата, окулу коja пејет: "Куме, мили куме, дали да венчаме." Свекорот ја свалјуват (слегвит) от коњот; а таја му целуват р'ка и му дават риза, еднакво и после венчањето свекорот ја качвит на кон. И кога ке стигнат у момчето, пред вратата је пејет: "Ела, ела, невесто, познаќеш си дворови..." Пред да слезит от коњот, је давает две м'шки деца, на кои образот гладит со плочата, им целуват р'ка и им дават от овошките, кои от чоработ беше клала в џепот си, како рекохме; а другите овошки исфрлјат. Тога свекорот фрлјат преку неа дробни пари и ја слегвит от коњот. По това је давает под мишка два сомуна хлеб и бардачето со водата, со која зетот беше се измил лицето, како се каза погоре. Така таја се качвит дома и по малу туриват от водата, дури да стигнит до одајата, во која зетот стоит скриен зад врата, и кога невестата ке влезит н'тре, тој три п'ти ја удират по плешти и излегвит вонка (надвор), невестата однесват да стоит в ќоше , а хлебовите и бардачето фрлјат на гјарамиди. По това донесвет јастје на невестинските сватови, кои тога се викает погазеи и кои после јаењето си ходат секој дома.
Вечерта се собирает гостите; и на вечерата зетот и невестата, захваштаештем от кумот, се поклонват, целувает р'ка и служат по чаша вино на сите сватови, на кои невестата раздават даровите, прехврлјаештем на рамо дарот; а сватовите неа дарувает по нешто. По неколку време запеват: "Стани, куме, стании! Ти се молјат младенците, време јет да одиме..." Гостите си ходат; наодзади станвит кумот, кого зетот и невестата пречекват на врата, му се поклонват три п'та до земја и му целувает полата и р'ката.
В понеделник канет на ручег гости и заигравает на оро зетот со невестата. Вечерта пак канет гости.
В торник накарвет (натервет) невестата да сметсит и да измиет с'довите (вагани, паници, каленици) и ја задевает (задирает), jе се подсмевет, гоо (като че) не умеала да метит и да миет с'довите; а таја подхврлјат некоја пара на земја, за да престанат, да ја задирает. После ја натервет да месит мазник, и тога је се подсмевет и на сученето је сечат корите (губи), гоо не знаела да сучит мазник; а таја им подхврлјат неколку гроша, дури да престанат. Тој мазник јадет куќните и побратимите.
В стреда невести и моми, зетовски роднини, изважает невестата да налеит (нацрпит) вода. Со себе си носат грне вино и ракиа и кого на п'т стретат, нему невестата служит вино и ракиа и му целуват рка. Невестата носит в десниот р'кав просо, а в уста стара пара (цело). Стигвеаештим на кладенецот (геран, бунар), невестата ходит окулу него, туриваештем по малу просо, и се кланјат крстообразно на четири ст'рни; наодзади хврлjaт целото в кладенецот и нацрпвит вода.
Четворток вечер невестински татко канит зетот и невестата на гости.
Замеч[ание]. В Воден, кога тестот в петок вечер канит зетот со многу гости, се викат првиче; другиот петок, кога зетот ходит у тестот со побратимите, се викат вториче; треќиот петок, кога ходит с'де со невестата, се викат третиче.
Петок вечер спроти с'бота не требит зетот и невестата да останат дома си, за това ходат да преноќвает у некого роднина. Таја вечер се викат С'ботнина.

Кукуш.
1. Момата не јадвит от овошките, шт се во шамијата, а тие, што се во белата везана риза, која чуват момата, за да се кланјат (гувеит) со неа.

2. Обикновено в турско иставает фиралите (кондурите), кога влегват в одаја, зашто одаите се послани.

Од Зборникот на Миладиновци



нетоп — полукружна направа од тенекија, што го носи невестата на глава под венецот.

Армасани се — свршени се


Античка брада




Се што секогаш сте сакале да дознаете за брадата а не сте смееле да прашате.


Меѓутоа,Македонците изгледа ги бричеле брадите пред овој период.Бидејќи Филип,таткото на Александар и Аминта и Архелаус неговите претходници се претставени на медали без брада.Причината која ја дава Плутарх, зошто Александар им наредувал на војниците да се бричат , е дека непријателот не би требало да дојде до нивните бради на денот на битката.Пред една од битките на Александар, се вели, кога Парменио дошол пред Александар да добие задачи за битката,прашал дали останало уште нешто да се стори?

Ништо-рекол Александар,освен да се избричат војниците.

Дали Александар ја бричел брадата ама оставал по некој зулуф(како на сликата горе),засекогаш ќе остане мистерија.


The Edinburgh encyclopaedia, 1823,Volume 3





Tuesday, March 6, 2012

Сејмен(Зејбек)

Сејмен

Жандарм, полицаец во Турската империја
Англиски: policeman Турски: seğmen
Употреба: Историја
Слично со: жандар (м.) , полицаец (м.)

Сејмени се нерегуларна полиција,која во егејскиот дел се нарекувала „зејбек„ и била регрутирана од Турци или Јуруци.

Сејмените и зејбеците биле заштитници на селаните од газдите,бандитите и собирачите на данок.Првобитно сејмен бил ранг во војската на Селџуците во Анадолија.Наводноовој ранг бил создаден во 1071 а потоа „ресоздаден„ во 13 век како полувоена младинска организација која постоела во Турција се до 20 век.



Зејбек во униформа

Во Македонија  „сејмен„ означувало исто што и „зејбек„ или „зебек „.Во реканските села сејмените обично биле Албанци на кои селаните им плаќале скапо за да им го заштитуваат имотот.Зебеците имале посебен танц (со него имитирале соколи) и музика.За нив биле напишани многу романтични песни во турскиот фолклор.Биле вооружени со јатаган но и со огнено оружје.Денес нивната музика е позната и преку „грчкиот„ танц тн „зебекико„(Ζεϊμπέκικο).
 





Езел (Kenan Imirzalioglu) игра турски зејбек



Сејмен е и турско лично име,но и топоним.

Во македонскиот фолклор често се споменуваат сејмените.Еве неколку примери




Три години сејмен шетав

Три години сејмен шетав
низ вашето пусто село.
Тебе дома не те најдов
да сториме здраво-живо.

Да је речеш на золва ти
дал' го чуват аманетот?
Аманетот три годишен
две јаб'лка ѓулави.

Две јаболка ѓулави
ни од сонце огреани.
Ни од с'нце огреани,
ни од роса поросени.


Три години сејмен шетав

Ој невесто, бир невесто,
Три години сејмен шетав,
Тебе ништо не ти реков,
Сега веќе ќе ти речам:
Да е речиш на золва ти,
Да ми чуа две јаболка,
Две јаболка ѓулабии,
Што е сонце не греало,
Што е роса не ватило,
Што е ветар не веало.



Ајде ред се редат

Ајде ред се редат, мале, ајде ред се редат,
Кочански сејмени мила мале, Кочански сејмени.
Aјде ќе ми одат мале, ајде ќе ми одат, покрај Крива Река,
мила мале покрај Крива Река.
Ајде ќе го барат, мале ајде ќе го барат,
Иљо арамија, мила мале, Иљо арамија.
Ајде не ми било Иљо, ајде не ми било покрај Крива Река,
мила мале покрај Крива Река.
Ајде туку било Иљо, ајде туку било во Солуна града,
мила мале во ладна меана.
Ајде Иљо пило мале, ајде Иљо пило, вино ем ракија,
мила мале вино ем ракија.
Ајде го служила мале ајде го служила мома Македонка,
мила мале мома Македонка.
Ајде го разбрале мале ајде го разбрале клетите шпиони,
мила мале клетите шпиони.
Ајде сардисале мале ајде сардисале ладната меана, мила мале ладната меана.
Ајде кога виде мале ајде кога виде Иљо арамија мила мале Иљо арамија.
Ајде па извади мале ајде па извади бомби и патрони мила мале бомби и патрони.
Ајде па потепа мале ајде па потепа целата потера, мила мале целата потера.



Што ми е мило сејмен да шетам

Што ми е мило,мамо,
мило ем драго
сејмен да шетам, мамо,
низ Бузаана(населба во Велес)
Сал да го видам мамо
белото Маре,
белото Маре,мамо,
на Цинциови.

Дали го носи, мамо,

тој широк фстан,
што го кроевме, мамо,
девет другари.
Аршин по аршин, мамо,
девет аршина,,
а Ѓоше не дал, мамо,
 ни еден аршин.

И тој го зеде ,мамо,

белото Маре,
а јас да пукнам,мамо,
ич не се жалам.
И тој го зеде ,мамо,
белото Маре,
а јас да пукнам ,мамо,
ич не се жалам.





Спремај ми,спремај либе

Спремај ми спремај либе,
коња дорија за мене
утре ќе одам либе
в туѓа туѓина без тебе.

В туѓина ќе одиш лудо
кому ќе мене оставиш?
тебе те оставам либе
 при мајка моја и твоја.

Пусти да останат лудо,
до двене мајки без тебе,
земај ме лудо младо,
сејмен да дојдам со тебе.

Дење ќе ти бидам лудо
дебела сенка над тебе,
ноќе ќе ти бидам лудо
млада невеста до тебе.