Жандарм, полицаец во Турската империја
Англиски: policeman Турски: seğmen
Употреба: Историја
Слично со: жандар (м.) , полицаец (м.)
Сејмени се нерегуларна полиција,која во егејскиот дел се нарекувала „зејбек„ и била регрутирана од Турци или Јуруци.
Сејмените и зејбеците биле заштитници на селаните од газдите,бандитите и собирачите на данок.Првобитно сејмен бил ранг во војската на Селџуците во Анадолија.Наводноовој ранг бил создаден во 1071 а потоа „ресоздаден„ во 13 век како полувоена младинска организација која постоела во Турција се до 20 век.
Зејбек во униформа
Во Македонија „сејмен„ означувало исто што и „зејбек„ или „зебек „.Во реканските села сејмените обично биле Албанци на кои селаните им плаќале скапо за да им го заштитуваат имотот.Зебеците имале посебен танц (со него имитирале соколи) и музика.За нив биле напишани многу романтични песни во турскиот фолклор.Биле вооружени со јатаган но и со огнено оружје.Денес нивната музика е позната и преку „грчкиот„ танц тн „зебекико„(Ζεϊμπέκικο).
Езел (Kenan Imirzalioglu) игра турски зејбек
Сејмен е и турско лично име,но и топоним.
Во македонскиот фолклор често се споменуваат сејмените.Еве неколку примери
Три години сејмен шетав
Три години сејмен шетав
низ вашето пусто село.
Тебе дома не те најдов
да сториме здраво-живо.
Да је речеш на золва ти
дал' го чуват аманетот?
Аманетот три годишен
две јаб'лка ѓулави.
Две јаболка ѓулави
ни од сонце огреани.
Ни од с'нце огреани,
ни од роса поросени.
Три години сејмен шетав
Ој невесто, бир невесто,
Три години сејмен шетав,
Тебе ништо не ти реков,
Сега веќе ќе ти речам:
Да е речиш на золва ти,
Да ми чуа две јаболка,
Две јаболка ѓулабии,
Што е сонце не греало,
Што е роса не ватило,
Што е ветар не веало.
Ајде ред се редат
Ајде ред се редат, мале, ајде ред се редат,
Кочански сејмени мила мале, Кочански сејмени.
Aјде ќе ми одат мале, ајде ќе ми одат, покрај Крива Река,
мила мале покрај Крива Река.
Ајде ќе го барат, мале ајде ќе го барат,
Иљо арамија, мила мале, Иљо арамија.
Ајде не ми било Иљо, ајде не ми било покрај Крива Река,
мила мале покрај Крива Река.
Ајде туку било Иљо, ајде туку било во Солуна града,
мила мале во ладна меана.
Ајде Иљо пило мале, ајде Иљо пило, вино ем ракија,
мила мале вино ем ракија.
Ајде го служила мале ајде го служила мома Македонка,
мила мале мома Македонка.
Ајде го разбрале мале ајде го разбрале клетите шпиони,
мила мале клетите шпиони.
Ајде сардисале мале ајде сардисале ладната меана, мила мале ладната меана.
Ајде кога виде мале ајде кога виде Иљо арамија мила мале Иљо арамија.
Ајде па извади мале ајде па извади бомби и патрони мила мале бомби и патрони.
Ајде па потепа мале ајде па потепа целата потера, мила мале целата потера.
Што ми е мило сејмен да шетам
Што ми е мило,мамо,
мило ем драго
сејмен да шетам, мамо,
низ Бузаана(населба во Велес)
Сал да го видам мамо
белото Маре,
белото Маре,мамо,
на Цинциови.
Дали го носи, мамо,
тој широк фстан,
што го кроевме, мамо,
девет другари.
Аршин по аршин, мамо,
девет аршина,,
а Ѓоше не дал, мамо,
ни еден аршин.
белото Маре,
а јас да пукнам,мамо,
ич не се жалам.
И тој го зеде ,мамо,
белото Маре,
а јас да пукнам ,мамо,
ич не се жалам.
Спремај ми,спремај либе
Спремај ми спремај либе,
коња дорија за мене
утре ќе одам либе
в туѓа туѓина без тебе.
В туѓина ќе одиш лудо
кому ќе мене оставиш?
тебе те оставам либе
при мајка моја и твоја.
Пусти да останат лудо,
до двене мајки без тебе,
земај ме лудо младо,
сејмен да дојдам со тебе.
Дење ќе ти бидам лудо
дебела сенка над тебе,
ноќе ќе ти бидам лудо
млада невеста до тебе.
No comments:
Post a Comment