Потоа Александар,неспособен повеќе да го задржи својот гнев скокна на нозе и фрли една од јаболките кои лежеа на масата кон Клитус,и го погоди а потоа почна да го бара својот меч.Но еден од неговите телохранители,Аристофан,го сокри пред тој да може да го дофати а останатите го обиколија и го молеа да се воздржи,кога тој наеднаш скокна на нозе и извика на Македонски јазик да се соберат трупите на неговата гарда(а ова беше знак на голема вознемиреност) и му нареди на трубачот да затруби и го удри со тупаница бидејќи овој се колебаше и не сакаше да го стори тоа.Овој човек подоцна го гледаа со голема почит бидејќи само поради него кампот не го зафати метеж.Но Клитус не се предаваше и со голема врева неговите пријатели го истуркаа од банкет-салата.Но,тој се обиде да влезе од друга врата и многу храбро и со презир ги изрецитира следните стихови од Андромаха на Еврипид:„Ах какви лоши обичаи сега владеат во Елада!„И така конечно,Александар успеа да дофати едно копје од еден од неговите телохранители,го фрли кон Клитус додека тој ја тргаше завесата на вратата и го прободе.
Search This Blog
Wednesday, March 21, 2012
Што правел Александар Македонски кога бил нервозен?
Се разбира ,пцуел на „својот јазик„.
Labels:
Alexander the Great
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment