Search This Blog

Tuesday, March 20, 2012

Александар Македонски-фудбалер или ракометар?




Плутарх„Животи-Александар„



А пак на Серапион,еден од младичите со кои играше фудбал(ракомет,кошарка)  не му даваше (Александар) ништо, бидејќи овој ништо не бараше.Па така,секогаш кога топката ќе дојдеше до Серапион тој ја додаваше на друг,се додека кралот не рече„Мене нема да ми додадеш?„ .„Не„ рече Серапион,„бидејќи не побара„,и тогаш кралот прсна во смеа и го дарува со многу подароци.

Ова расипништво на Александар не и се допаѓало на неговата мајка Олимпија ,која иако била минимум илјада километри подалеку од Иран каде Александар играл со топка,сепак дознавала се( како секој ден да виселе на антички скајп )и нон стоп му пишувала писма (кои му ги испраќала преку гласник или гулаб писмоносец) како на пример:
„Те молам да најдеш друг начин да им ја покажеш својата благодарност на оние кои ги сакаш или им правиш чест,бидејќи вака сите ги правиш еднакви на кралеви и им обезбедуваш пријатели додека самиот себе се соголуваш„

Хих.Мајка како мајка.








Имајќи предвид дека фудбалот бил италијанска пасија од 16 век наваму,нема сомнение за тоа кога реално живеел „Плутарх„ (најрано 14 а можеби 15-16 век)

Млади аристократи играат фудбал на Пјаца Санта Кроче во Фиренца,гравура,16 век

Џовани де Барди,Giovanni de'Bardi "Discorso sopra il givoco del calcio fiorentino del Puro Accademico Alterato" (Florence, Stamperia dei Giunti, 1580). The Getty Research Institute, 1370-871

За опседнатоста на Плутарх со часовници,читај тука

 http://kontraistorija.blogspot.com/2012/01/blog-post_05.html 

No comments:

Post a Comment