Search This Blog
Thursday, June 14, 2012
Есеј за словенската писменост
Лицемерно од моја страна но за помош на средношколците (кутрите) :)
Истовремено фрлам анатема врз професорите.
Анатема.Амантема.Анатема :)
Истовремено фрлам анатема врз професорите.
Анатема.Амантема.Анатема :)
Есеј за словенската писменост
Вовед
Зачетоците на
писменоста на словенскиот народ кој од
дамнешни времиња ја населувал половина
од Европа и третина од Азија се во 9 век,
кога по наредба на Византискиот император
Михаил III, Константин
Филозоф,по замонашувањето наречен Кирил
,ја создал древната словенска азбука
,првото писмо на Словените.
Словенската
писменост била создадена со цел да се
шири Христијанската религија помеѓу
бројниот словенски народ.За таа цел
Константин Филозоф со помош на
новосоздадената словенска азбука ги
превел црковните книги од грчки јазик
на старословенски јазик.Црковните книги
на старословенски јазик до денес се
користат при црковната служба на
Македонската православна црква.
Во
времето во кое била создавана првата
словенска азбука за црковна служба се
користеле книгите напишани на
грчки, латински и хебрејски јазик кои
се сметале за свети јазици и преку кои се
ширел божјиот збор.
Прифаќањето
на словенскиот јазик во редот на светите
јазици на кои е напишана Библијата било
голем и значаен настан за словенскиот
народ кој до 9 век немал развиена писменост
и книжевност.
Старословенскиот
писмен јазик не бил идентичен со говорните
јазици на различните словенски народи
но тоа не претставувало проблем бидејќи
старословенскиот јазик претставувал
„отворен систем„ слободен за проникнување
во него на фонетските ,граматички и
лексички црти на помесните јазици од
секој етнички ареал(област).
Поради
оваа карактеристика ,дејството на првиот
литературен јазик на Словените врз
живиот народен збор на кој допрва требало
да се создава литературата на словенските
народи не било погубно за живиот народен
говор туку напротив го стимулирало
интензивниот развој на месните словенски
јазици.Развивањето на литературата овие
народни јазици полека го истиснувало старословенскиот јазик од литературна
употреба и со кодифицирање на националните
азбуки во 19 век започнала да се создава
посебна литература карактеристична за
секој словенски народ.
Пишаните
извори за историјата и потеклото на
словенската писменост не се
многубројни. Главни извори се „Житието
на Константин„ и „Житието на Методиј„
тн „Панонски легенди„ и трактатот на
Црноризец Храбар „За Буквите„(О
Писменех).
Од
„Панонските легенди „ дознаваме основни
податоци за животот и мисионерската
дејност на двајцата браќа по потекло
од Солун: Св.Кирил (Константин Филозоф)
и Св.Методиј , а од трактатот „О писменех„
на Црноризец Храбар добиваме повеќе
податоци за потребата од создавање на
словенската азбука како еден вид одбрана
на легитимноста на писменоста на
Словените .
Словенските
народи,за разлика од другите народи ,за
црковна служба користеле книги напишани
со две писма,Глаголицата и
Кирилицата.Официјално се смета дека
Св.Кирил ја создал Глаголицата а
Кирилицата е создадена подоцна од страна
на негов ученик или ученици,но поради
оскудноста на извори и информации
расправата дали Св.Кирил ја создал
Кирилицата или Глаголицата трае се до
денес.
Житието
на Константин Филозоф
Житие
всушност значи опис на животот и делото
на некој светец.Поради извонедните
заслуги за христијанството преку
ширењето на словенската писменост
двајцата браќа Константин Филозоф и
Методиј од христијанската православна
црква биле прогласени за светци и
апостоли (што значи рамни на оние кои
први го проповедале евангелието-животописот
на Исус) .
Од
ова житие дознаваме дека Константин
Филозоф бил роден во Солун од татко по
име Лав кој бил висок службеник на
Византиската империја.Тој од мали нозе
покажувал интерес кон учењето и мудроста
а како млад човек по една случка за време
на лов решава да го прифати Христијанството.На
14 години родителите го испраќаат на
школување во Цариград (Константинопол,
денешен Истанбул) каде тој за кратко
време ја совладува целата наука која
се изучувала во тоа време , грчка
граматика, делата на Хомер, грчките
филозофски учења, аритметика, астрономија
, музика и сл, и поради ова е наречен
Филозоф.Титулата „филозоф„ во ова
време ја носеле само образованите
луѓе.Од страна на Византискиот император
Константин бил испраќан во повеќе
дипломатски мисии како претставник на
црквата и империјата и тоа во мисија
кај Сарацените(со муслиманска
вероисповед),Хазарите(се еврејска вероисповед) и други, каде преку
цитати и приказни од светите книги Филозофот ја
бранел христијанската религија како
државна религија на империјата.
Неговата
најзначајна мисија била мисијата во
Моравија ( денешна Чешка) каде тој заминал
на покана на моравскиот кнез
Ростислав.Исплашен дека словенскиот
збор во Моравија ќе исчезне поради
ширење на христијанството и писменоста
на латински јазик, Ростислав бара од
византискиот император човек кој ќе го
шири христијанството на народен-словенски јазик
откако ќе создаде посебно словенско
писмо на кое ќе се преведе Библијата.
Константин
бил вистински избор бидејќи тој за
кратко време успеал да ја создаде словенската
азбука и го превел Евангелието. Во
Моравија Константин основал училиште
во кое се изучувала новата словенска
азбука и се преведувале црковните книги
и таму останал околу три години.Подоцна
заминал во Панонија каде исто така
основал училиште и обучил околу 50
ученици.
Додека
бил во Херсон (Крим) тој ги открил моштите
( остатоци од телото на светец) на
Св.Климент , првиот римски папа и со нив
заминал во Рим каде и од римскиот папа
добил дозвола да ја шири словенската
писменост.
Мапа на Кавказ и Крим во антиката.
Мапа на Кавказ и Крим во антиката.
Kрим се нарекувал Тавријски Херсон-на мапата како Tauric Chersonese
Константин починал во 869 г
Рим откако една недела претходно се
замонашил и го добил монашкото име
Кирил.Било вообичаено при замонашувањето да се одбира име на светец заштитник ,кое започнуваа со истата буква како паганското име. Константин ,сега веќе Кирил , бил погребан во црквата Св.Климент
во Рим.
Житие
на Методиј
Во
ова житие е опишан животот на Св.Методиј
братот на Константин Филозоф,Св.Кирил.
Во
житието нема многу детали од световниот
живот на Методиј.Дознаваме дека е роден
во Солун од добро семејство и дека поради
неговата интелигенција и ученост бил
испратен од византискиот император да
биде епископ (поглавар на црква) во
словенската држава Моравија.Тој заминал
во мисија на ширење на христијанската
религија кај Хазарите (кои главно биле
евреи по верисповед) заедно со својот
помлад брат Константин Филозоф.
Тие
заедно заминале и на мисијата во Моравија
а подоцна и во Панонија Методиј бил поставен за
епископ.Пред смртта тој го назначил
својот ученик Горазд како свој заменик.
По
смртта на Методиј во 885 г неговите
ученици се протерани од Моравија и, веројатно на
чело со Св.Климент Охридски како епископ, заминуваат за Македонија каде основаат
книжевна школа и го продолжуваат делото
на своите учители.
Трактатот
„О писменех„
Црноризец
Храбар (псевдоним кој значи Храбар
Монах,„црна риза„ значи монаштво а
„храбар „ - затоа што истапува во
одбрана на словенската писменост ) е
средновековен писател од најстариот
период на старословенската книжевност.
Се
смета дека бил ученик на Св.Кирил и
Методиј и на светите Климент и Наум кои
по протерувањето од Моравија својата
дејност ја продолжиле на Балканот во
денешна Бугарија и Македонија.Освен
филолошката расправа односно трактатот
„За буквите„,не се познати други дела
од овој писател.Во ова дело авторот ја
брани словенската азбука од нападите
на тн „тријазичници„ (оние кои сметале
дека божјото слово треба да се шири само
на три јазици :латински,грчки и
хебрејски,како писма спомнати во Новиот
Завет) а главно од Грците бидејќи тие
на територијата на Византиската империја
веројатно најмногу се противеле на
употребата на новосоздаденото словенско
писмо.
Црноризец
Храбар во своето дело раскажува како
Словените пред создавањето на словенската
азбука и додека биле пагани пишувале
со „црти и рецки„ а подоцна по прифаќање
на христијанството и со други азбуки
-но на словенски јазик . Тоа било многу
неудобно бидејќи со латинската и грчката
азбука никако не можела да се предаде
гласовната (фонетската) карактеристичност
на словенскиот јазик.Тој во своето дело
вели дека словенската азбука е генијално
дело на еден човек создадено за кратко
време и затоа е посовршена од грчката
која е создавана долго време и од различни
луѓе.Потоа ја анализира словенската
азбука за која тврди дека е составена
од 38 букви од кои 24 се обликувани според
грчките а останатите 14 според словенскиот
говор.
За
идентитетот на Џрноризец Храбар постојат
многу противречни мислења.Некои сметаат
дека тоа е некој книжевник од Преславската
книжевна школа во Бугарија а некои дека
под псевдонимот се крие Св.Климент
Охридски.
Заклучок
Поради оскудноста на изворите деталите за потеклото
на древната писменост на Словените е
обвиткано во маглата на историјата
,слично како создавањето на другите
древни литератури и писма ,и затоа интересот за проучување на овие извори не стивнува и во 21 век и секоја година се оддава почит на генијалноста на делото на првите словенски просветители.
Во што се состои генијалноста?
Во тоа што покрај извонредната
карактеристика на првиот создаден старословенски книжевен јазик да стапува во ативно
дејство со народниот словенски збор во
неговите локални(народни) варијанти и
да ги поврзува словенските народи , тој културно-историски ја поврзал и литературата
на словенските народи со литературата
на средоземноморските народи кои спаѓале
во историски највисокиот културен круг .
На крајот , без словенската писменост и современата цивилизација би била посиромашна за суштината на народниот бит и гениј на бројниот словенски род.
Tuesday, June 12, 2012
Дива лига
Адам и Ева Албрехт (Алберте)Дирер (Дурер)1504( IV04)
Рим,катакомби(стари римски гробишта) (2-9 век,ух премускулести се Адам и Ева за тој период ) на Св.Марцелинус и Петар.Читај ТУКА
Орфеј опкружен со библиски сижеа ,Даниел со лавовите,Давид со чаталот ,Мојсеј вади вода од карпа,Исус го воскреснува Лазара
Рим,катакомби(стари римски гробишта) (2-9 век)на Св.Марцелинус и Петар
Евангелие според Јован
11:14 Тогаш Исус им рече јасно: „Лазар умре;
12:1 На шест дни пред Пасхата, Исус дојде во Витанија, каде беше Лазар, кого го воскресна од мртвите.12:2 Таму Му приготвија вечера, и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние кои со Него седеа покрај трпезата.
Александар Северус,римски император 222-235
The New World of English Words: Or,
a General Dictionary, Edward
Phillips, Cambridge / Oxford, 1658, , “Orgies”-Оргии
Орфеј е двојник на Дионис и Бахус од Тракија,пастир музикант со „фригиска „капа.
Monday, June 11, 2012
"Исчезнувањето" на љубовната поезија
Замислете од 6 до 11 век немало "љубовна поезија".Таа "исчезнала".Ццццц .Дури и говорниот грчки јазик станал толку далечен од "литературниот" што само учените луѓе можеле да пишуваат во "класична форма".А и тоа што се пишувало било строго нељубовно.
After Justinian the art practically died out. The pedantic rigour of Byzantine scholarship was little favourable to the poetry of emotion, and the spoken language had now fallen so far apart from the literary idiom that only scholars were capable of writing in the old classical forms. The popular love-poetry, if it existed, has perished and left no traces; henceforth, for the five centuries that elapsed till the birth of Provençal and Italian poetry, love lay voiceless, as though entranced and entombed.
Selected epigrams from the Greek Antology
По Јустинијан уметноста (на пишување епиграми) практично изумрела.Педантната тврдост на византиските учени била малку наклонета кон поезијата на емоциите а говорниот јазик толку се оддалечил од класичниот идиом што само учените можеле да пишуваат во старите класични форми.Популарната љубовна поезија,ако постоела,исчезнала и не оставила трага,значи пет века се до раѓањето на Провансалската и Италијанска поезија,љубовта лежела безгласна,како во транс или во гроб"
Friday, June 8, 2012
Маркус Аурелиус од Света Гора
Marcus Aurelius
Antoninus Augustus ,скратено Марк Аурелиј,
Маркус Аврелиус,бил кобожем „римски
император„ од 161-180 и истовремено важен
филозоф-стоик.
Наводно помеѓу 170-180 тој напишал дело во 12 тома наречено Медитации(Размислувања) или „Златна книга „на „академски„грчки тн Коине.
Ќе биде смешно сега јас
да напишам биографија за фиктивен
карактер ама спред „традиционалистите„
кои кобожем од купот фикција ја извлекле
„вистината„, роден е на 26.04 121 г (?) во
Укуби на територија на денешна Шпанија. Во
127г. на 6 години го вовеле во коњаницата
(?) а во 128 се запишал во „свештенички
колеџ„ (?) и така натаму.
Преобемна и прездодевна е „биографијата„ на императорот филозоф.Починал на 17.03.180 г во Виена (тогашна Виндобона).Своите размислувања кои ги насловил едноставно како Τὰ εἰς ἑαυτόν,Ta eis heauton, (За мене) ги пишувал за време на кампањата во Панонија.
Преобемна и прездодевна е „биографијата„ на императорот филозоф.Починал на 17.03.180 г во Виена (тогашна Виндобона).Своите размислувања кои ги насловил едноставно како Τὰ εἰς ἑαυτόν,Ta eis heauton, (За мене) ги пишувал за време на кампањата во Панонија.
Бидејќи делото е личен
дневник се наметнува прво прашањето
„како преживеало„ 1200 години до неговото
прво печатење во Цирих 1559г? Манускриптот од кој се печатело се разбира се „изгубил„ .Класика.
Читајќи ги неговите
медитации нормално дека си останав
подзинат.Еве зошто.
Во шестата книга „Маркус„
длабоко размислува вака:
Азија, Европа се аглите на универзумот: сето море- капка во универзумот; Света Гора (Athos) зрно земја во универзумот: сето сегашно време , точка во вечноста. Сите нешта се мали, променливи, расипливи. Сите нешта доаѓаат оттаму од таа универзална моќ или директно или едно по друго. И согласно на ова широките вилици на лавот, иона кое е отровно, и секое штетно нешто, како трн, како кал, се нус-производи на големото и убавото. Тогаш не мисли си дека тие се од друг вид од оној кој го обожуваш, но се форма на исправното мислење на изворот на се'.
За кој ѓавол , да простите, била битна Света Гора ( Athos) во 2 век кога дури и според најоптимистичните прогнози монасите се населиле таму во 3-4 век ?А според логиката најрано во 10 век .Божем таму имало храм и статуа на Зевс Атонски.Па такви храмови и статуи имало насекаде.
Затоа што покрај Европа и Азија кои се „краиштата„ на „универзумот„ за негов центар ,веројатно „Марк Аврелиј„ ја сметал Света Гора.Но наводно во негово време Христијаните биле жестоко прогонувани па дури биле уништувани и цели заедници .
Но кој би ја сметал Света Гора за центар на универзумот?И кога?
Доколку воопшто постоел немаме поим што размислувал ,за себе ,императорот Марк Аврелиј.
Делото со неговите размислувања ,е веројатно дело на некој средновековен монах, вешт во „коинето„.
Кликни за зголемување
Thursday, June 7, 2012
Персискиот крал и дојранските мандри
Дион Хрисостом (Божин Злотоуст) е божем древноримски автор од 1-2 век (40-120 г). Не ви препорачувам да читате се' што творел овој оратор, писател, филозоф и „историчар„ од „грчко „ потекло -што значи дека пишувал на грчки.Се разбира дека е хумористично, ако имате време, читајте. ТУКА(латински),ТУКА(англиски)
Поентата ми е друга.
Толку е транспарентно „средновековието„ во делата на „древните„ што просто кога чита интелигентен човек не може да не се згрози од бесрамноста на оние кои средновековните „оратори, писатели, филозофи и историчари„ ги катапултирале минимум илјада години во минатото (а некогаш многу повеќе).
Не сме должни ова да го трпиме.
Првото издание на Дион (впрочем како и сите други) е во печатница во Милано (Медиоланум) 1476г. Секако дека можеме основано да се сомневаме и во целото грамадно издаваштво на 15 век кога е испечатено се што се творело „илјадници години„. Кому му било потребно тоа?Печатењето секако ни во повоите не било бесплатно. Не знаеме.Мотивите се во секој случај политички.
Кога го слушна ова, другиот извика: "Сепак, Сократ, претпоставувам знаете ,дека од целиот населен свет , Персискиот крал го владее најголемиот и најдобриот дел, зашто, со исклучок на Грција, Италија и неколку други народи расфрлани низ Европа , тој ги има направено сите негови поданици и во оној дел кој ние го нарекуваме Азија тој владее се до Индија, каде за многу луѓе се вели дека се под негова власт, како и поголемиот дел на Африка, додека во Европа ги владее Тракија и Македонија. Сите овие народи тој ги држи во потчинетост и тоа е причината поради која ја добил титулата "Големиот Крал".
„Големиот Крал„ можеби е Дариј I Величествениот но можеби и Сулејман I Величествениот .
Сократ живеел во 5-4 век ПНЕ а всушност можеби во 14-15 век НЕ. Тоа се дваесет века . Што е многу ,многу е.
А што го спречило Дарија да владее со Грција , Италија и „некои народи расфрлани низ Европа„? Имало ли некоја друга голема империја со која тој би се судрил ?
Па Македонците „сами му се покориле„.(?)
Е Грците ли биле проблем ?Де?
Па Македонците „сами му се покориле„.(?)
Е Грците ли биле проблем ?Де?
Еве што вели Википедија за односот на Дариј кон Грците:
Европската експедиција на Дариј била голем настан во неговото владеење, кој започнал со инвазијата на Тракија, по што тој го оставил Мегабазус да ја освои Тракија, враќајќи се во Сардис да ја помине зимата. Исто така , пред да се врати, Дариј освоил многу градови од северниот дел на Егејското море додека Македонија се потчинила доброволно.
Азиските Грци и грчките острови се потчиниле на персиското владеење во 510 п.н.е.. Сепак имало некои Грци кои биле про-персиски настроени, како на пример Грците кои во голема мерка биле групирани во Атина. Оваа ги подобрило грчко-персиските односи и Дариј го отворил својот двор и ризниците за Грците кои сакале да му служат. Овие Грци служеле како војници, занаетчии, државници и морнари за Дариј, но сепак, грчкиот страв од силата на царството на Дариј станал силен и постојаното мешање од страна на Грците од Јонија и Лидија станало вовед во конфликтот што требало допрва треба да се случи меѓу Персија и Грција.
Ова е точен опис на Отоманската империја.
Империја, тоа е голема држава.Територија, народи-поданици, институции кои му помагаат на владетелот-монархот да собира данок (се плаќал во злато и сребро) и да ја одржи власта. Да спроведува закони.Со каков „државен апарат„ „Дариј„ држел толкава империја? Не се знае . Веројатно со никаква војска бидејќи наскоро Македонија (грутка земја полна „неолитски луѓе„,ќе видиме подолу) му ја дувнала империјата како кула од карти.Смешно, но се смета за вистинито. Наводно империјата на Дариј била поделена на 20 сатрапии на чело со сатрапи.Оваа административна поделеност Александар Македонски воопшто не се трудел да ја менува.Значи добра била.Така е лесно.На хартија.
Империја, тоа е голема држава.Територија, народи-поданици, институции кои му помагаат на владетелот-монархот да собира данок (се плаќал во злато и сребро) и да ја одржи власта. Да спроведува закони.Со каков „државен апарат„ „Дариј„ држел толкава империја? Не се знае . Веројатно со никаква војска бидејќи наскоро Македонија (грутка земја полна „неолитски луѓе„,ќе видиме подолу) му ја дувнала империјата како кула од карти.Смешно, но се смета за вистинито. Наводно империјата на Дариј била поделена на 20 сатрапии на чело со сатрапи.Оваа административна поделеност Александар Македонски воопшто не се трудел да ја менува.Значи добра била.Така е лесно.На хартија.
Дариј(Дарјуш) си имал своја пара тн ДАРИК-златен и сребрен
Дариј градел чуда.Патишта, канали, врзувал реки и мориња , создавал закони. Бил толерантен кон сите религии а во Египет не градел храмови на Ахура Мазда туку на египетските богови.(?) Дури основал и банки.Првата банка била „Мурашу и Синови„ во Нипур.Се разбира,банкарите биле Еврејски трговци.Дариус дури собрал „учени луѓе„ за да создаде „посебен јазик„-Арјански различен од персискиот .Јазик кој се користел замо за „официјални натписи „.
Зошто ? Нели никој не би ги разбрал натписите на „новиот јазик„ освен „учените луѓе„?Глупости на квадрат.
Дариј седнат на трон
Според Херодот, Македонија два пати им се предавала на „Персијците„ (513 и 492 ПНЕ ). Симболичното предавање вклучувало давање малку земја и вода на непријателот.После си мирен.
Да ја споредиме сликовито империјата на Сулејман со онаа на Дариј .ќе видиме дека нема никакава разлика во завладеаните територии.
Да ја споредиме сликовито империјата на Сулејман со онаа на Дариј .ќе видиме дека нема никакава разлика во завладеаните територии.
Отоманска Империја 15-16 век
Сулејман I Величествениот 1494-1566
Зелено-отомански владенија до 1300,испрекината линија до 1326 (Солун ,Македонија и дел од Тракија).Светло црвено-бивша „Византиска империја„(наследник на Никејско Царство ,кх), темно сино- Латински држави.
Главен извор за цар „Дариј„ е историчарот „Херодот„ -таткото на лагите и Библијата (историчарот Мојсеј,како што би рекол Жан Боден)
На пример Херодот (484-425 ПНЕ) правел особени напори да „докаже „дека Македонците се Елени-Елини (ЕЛ значи бог, Елини-божји луѓе а на пример ПРС ,ТРС се Тројанци, Турци , Персијци,Траки итн) (веројатно и во негово време постоело сомневање во потеклото на Македонците и имало потреба да се „докаже„ дека македонците се Елини )
22. Така смртта на овие Персијци беше скриена. И дека овие потомци на Пердика се Елини, како што велат самите тие, јас и самиот знам, и не само тоа, но јас ќе се покажам во следната историја дека тие се Елини. Покрај тоа, Елинодиките, кои управуваат со игрите во Олимпија, одлучиле дека тие се тоа: па кога Александар посакал да се натпреварува во игрите и се симнал со оваа цел во арената, Елините, кои требало да се тркаат против него , се обиделе да го исклучат, велејќи дека на натпреварот не може да се натпреваруваат Варвари туку тој е само за Елините: бидејќи сепак Александар докажал дека е од Аргос, било пресудено дека е Елин, и кога тој влегол на натпреварот во трката илегол како прв.
Херодот Историја,книга 5,Терпсихора
да го пренесеме овој дел во 14-15 век.
Така смртта на овие Турци беше скриена. И дека овие потомци на Пердика се Грци, како што велат самите, јас и самиот знам, и не само тоа,но ќе покажам во следната историја дека тие се Грци. Покрај тоа, Гркоманите, кои управуваат со игрите во Олимпија, решиле дека тие се тоа: па кога Александар (ова не е Александар Велики туку некој дрррруууг) посакал да се натпреварува во игрите и се симнал со оваа цел во арената, Грците, кои требало да се тркаат против него се обиделе да го исклучат, велејќи дека на натпреварот не може да се натпреваруваат Вулгари (прост народ) туку тој е само за Грците: бидејќи сепак Александар докажал дека е од Аргос(место на Пелопонез), било пресудено дека е Грк, и кога тој влегол на натпреварот во трката излегол како прв.(Јас)
Зошто да не?Кога Херодот можел да види „неолитски„ луѓе (10000-4000 г ПНЕ) во 500 ПНЕ зошто и ние да не прескокнеме илјда и петсто години и не кажеме дека Дариј е веројатно човек од 10-11 век (или подоцна).
Еве како Херодот го видел „неолитот„ во „Пајонија„
Неолит
15.И Пајонците, информирани дека Персијците доаѓаат против нив, ги собраа сите свои сили и маршираа во правец на морето, сметајќи дека Персијците, кога ќе напаѓаат , ќе нападнат од таа страна. Пајонците тогаш беа подготвени, како што реков, да ја одбијат армијата на Мегабазос која тргнала против нив, но Персијците кога слушнаа дека Пајонците ги собрале своите сили и го чуваат влезот кон морето, ја сменија насоката со водичите по горниот пат и поминувајќи незабележани од страна на Пајонците тие ги нападнаа нивните ГРАДОВИ, кои беа оставени без мажи, и наоѓајќи ги без бранители тие лесно ги освоија. Кога слушнаа Пајонците дека нивните градови се во рацете на непријателот, одеднаш се распрскаа, секое племе во своето место на престој, и продолжија да им се предаваат на Персијците.
Така тогаш се случи овие племиња на Пајонците, имено, племињата Сиропајонците на Пејоплијците и сите до езерото Прасиас, да видат отстранети од нивното место на живеење и да бидат одведени во Азија.
16.Но и оние кои живеат околу планината Пангеон како и Доберијците и Агранианците и Одомантианците и оние околу самото езеро Прасиас(Зелено) воопшто не беа покорени од Мегабазос.
Сепак тој се обиде да ги отстрани дури и оние кои живееа ВО ЕЗЕРОТО и кои ги правеа своите живеалишта на следниот начин:платформи прицврстени заедно почиваа врз возвишени купови кои стоеја во средината на водата на езерото, со тесен приод од копното преку еден мост. Колците кои ја држат платформата несомнено биле првично поставени таму од страна на сите членови на заедницата кои работеле заедно а од тоа време тие продолжиле да ги поставуваат со почитување на следното правило:секој човек кој ќе се ожени носи од планината наречена Орбелос три купови за секоја жена и ги поставува како потпора и секој човек си зема за себе многу сопруги. И тие живеат на тој начин што секој човек поседува една колиба врз платформата, во која тој живее и врата-стапица води низ платформата надолу во езерото. А малите деца тие ги врзуваат со јаже за ногата, од страв да не паднат во водата. На своите коњи и работни животни тие им даваат риба како сточна храна а риби има во толку големо количество што човек ако ја отвори вратата-стапица и спушти со јаже празна кошница во езерото по доста кратко време ја извлекува повторно полна со риби. Од рибите постојат два вида, кои се нарекуваат ПАПРАКС и ТИЛОН.
17. Па тогаш оние Пајонци кои беа заробени беа донесени во Азија и Мегабазос во меѓувреме, откако ги освои Пајонците, испрати како амбасадори во Македонија СЕДУМ Персијци, кои според него беа со највисок углед во војската. Овие биле испратени до Аминта да бараат од него земја и вода за царот Дариј.
Од езерото Прасиас многу е краток патот до Македонија; прво, доста блиску до езерото е рудникот од кој редовно се вадело по еден талент сребро секој ден , за Александар, и по мое, кога ќе поминете над планината наречена Дизорон, веќе сте во Македонија.
Херодот,книга 5 Терпсихора
Опишаните езерски наколни живеалишта ги имало и во Женевското езеро а имаме едно реконструирано и во Охридско .Езерото Прасијас е неидентификувано.Грците тврдат дека се работи за денешното езеро „Керкинис„ (Бутковско езеро ) на Стримон во Грција. Но тоа е вештачко езеро,создадено 1932 од мочуриште и во него веројатно најмногу можело да уловиш жаби и гуштери.
Веројатно станува збор за Дојранско езеро.Инспирацијата на средновековниот Херодот можеби му дошла од дојранските мандри.Ѓавол ќе го знае.Важно е следното : средновековни градови и живи неолитски населби едно до друго не иде. Никако бре.
Веројатно станува збор за Дојранско езеро.Инспирацијата на средновековниот Херодот можеби му дошла од дојранските мандри.Ѓавол ќе го знае.Важно е следното : средновековни градови и живи неолитски населби едно до друго не иде. Никако бре.
Дојрански мандри
Monday, June 4, 2012
Градот на седумте ритчиња
Седмицата е интересна:
7 денови во неделата,7 бои на виножитото, седум отвори на човечкото тело, 7 чакри, 7 “антички “метали, 7 смртни гревови, 7 доблести, седум „антички„ планети (Сонце, Месечина, Меркур, Марс, Венера, Јупитер,Сатурн) итн, итн.
Бројот 7 е најомилен во Исламот (светот се состои од 7 слоја и други седмици).
Човековиот живот според Шекспира има седум стадиуми:
А градовите?Тие имаат по 7 ритчиња.Затоа античкиот Рим е сомнително средновековен.Но Рим не е единствен.Има и други.
Рим,Италија
Црвеното е ѕидот на Сервиј Тулиј( Murus Servii Tullii,Mura serviane, веројатно некои робови-Серви го граделе со Тули) .Ханибал со слонови ги минал Алпите ама ѕидот го спречил да влезе во Рим иако на него наводно имало 16 порти за влез-излез.
Слободно смејте се.
Истанбул,Нов Рим
Божем Цариград, Константинопол (Цврст-град), Истанбул, бил изграден по пример на „античкиот Рим„ ,на 7 ритчиња.Немаат име.На првото ритче е Света Софија,на второто Столбот на Константин,на третото џамијата Сулејмание изградена од Величествениот,на четвртото Црквата на светите апостоли,(срушена а на нејзино место е изградена Фатих џамијата),на петтото Џамијата на Султан Селим (Јавуз Селим) исто така дело на величествениот а посветена на неговиот татко,на шестото е Ајвансарај (висока палата) каде е Палатата на Порфирогенетите (Текфур) и др, а седмото е со име -Кзеролофос-суво ритче.
Столбот на Константин во Истанбул.Не
се смејте,Аполон на врвот во главата
имал делче од крстот на кој бил распнат
Исус,на дното ,светилиште со делчиња од
крстовите на двајцата распнати со
Исуса,кошници со лебот и рибите од
исусовите чуда и маслото со кое Марија
Магдалена му ги „миела„ нозете .Денес
нема ништо од тоа.
Атина
Исто така град на седум ритчиња:Акрополис,Ареопагул,Лофос Филопапу,Лофос Нимфон,Пникс,Ликаветус,Турковуниа(турска планина).
Ерусалим
Исто така град на седум ритчиња:Скопус,Ноб,Планина на навредите,Планина Зион(Цион),Планина Орфел,Карпата,нова планина Зион.
Москва
(Семь холмов Москвы)
Кремлин,Три Планини,Твер,Страстнаја
Горка,Сретенски-Сукаревски,Тагански,Шиваја
Горка.
St.Michielsberg, Koudenberg, Warmoesberg, Kruidtuin, Kunstberg, Zavel и St.Pietersberg
И многу други градови (види ТУКА)
Subscribe to:
Posts (Atom)