Search This Blog

Monday, February 27, 2012

Железна маица


ПРВА КНИГА САМОИЛ
Глава 17

5.На главата имаше бронзена кацига, беше облечен во лушпест оклоп, а оклопот му беше тежок пет илјади бронзени сикли.


Мислите дека железната плетена маица(на англиски -mail или chainmail,ringmail ,француски-“Maille” ,маица од латински "macula" што значи"мрежа" ),дел од средновековната борбена опрема,е измислена во средниот век?Ахм,не е точно.

Бидејќи ваквата форма на метален оклоп всушност претставува некаква форма на плетење ланец,побарав да видам кога е измислен железниот ланец.Излезе дека е измислен во 3 век пред нашата ера(поточно во 225 година ПНЕ кога прв пат се среќава на цртеж на бунар од кој вода се вади со помош на ведро врзано со,замислете што,со ланец.Леле,ле).Но ова уште е зафрканција.На едно место сретнав дека Кинезите знаеле за ланец 30 века пред нашата ера.„под големиот император Ју 2200 година пред нашата ера,измислени се метални ланци,два напред и два назад,кои се фрлале од палубата за да се смири и да запре бродот„.

Прочитав и дека дури и Евреите знаеле за ланец.

Хирам од Тир направил ланци за бродот на царот Соломон во 950 година пред нашата ера.Аристофан рекол дека „јажињата на атинската морнарица понекогаш биле направени од ланци„(400 години ПНЕ).Цезар во 56 ПНЕ се жалел дека не можел да им ги исече јажињата на бродовите на Венетите затоа што биле направени од што?Па од железни ланци,се разбира.Од времето на Цезар до 13 век никој не спомнува ланци.Во статутите на Џенова во 1444 прв пат се спомнува за „железни ланци-анкери„ а во гравура од 1512 прв пат се гледаат нацртани ланци на брод.

Леонардо да Винчи (16 век),цртеж на ланци.


Повторно дупка од ланец па во 1634 Филип Вајт во Англија го патентира следното"A WAY FOR THE MEANING OF SHIPS WITH IYRON FOR THAT PURPOSE AND THAT EH HATH NOW ATTAYNED TO THE TRUE USE OF THE SAID CHAYNES AND THAT THE SAME WILBE FOR THE GREAT SAVEING OF CORDAGE AND SAFETY OF SHIPPES AND WILL REDOUND TO THE GOOD OF OUR COMMON WEALTH."(Блаблабла,ланци наместо јажиња)
Во 1808 (19 век)англичанецот Роберт Флин прв прави ланец кој е употреблив.Употребата на анкери со ланец се проширува дури по првата светска војна(20 век).

Историја на анкерот


Што да речам освен „Ма немојте со тие куршуми, ве молам„.Немам маица.

Се разбира металната маица не е ланец за анкер.Нејзината изработка би била „полесна„.




Се смета дека првата железна маица е измислена од Галите(Келтите,вотевр) 300 години ПНЕ.




Слика на персиски „планинци„ во плетен оклоп од 19 век


Цртеж на плетен оклоп од библија од 13 век



Цртеж од псалтир од 9 век





Цртеж на изработувач на „плетена маица„ од 15 век.



Персиски и Партијски војници 3 век НЕ, Фирузабад,Иран.


Танге сарвак, Иран



Накше Ростам,Иран

Борба на Сарацени и Христијани,цртеж,1218




Таписеријата од Бајо,11 век


Страбон (1 век од нашата ера) рекол дека плетениот оклоп го измислиле Галите а Маркус Теренциус Варо потврдил дека Римјаните плетениот оклоп го позајмиле од Галите ([de Lingua Latina, V, 24, 116)

Оклопот кој Римјаните „го земале„ од „Галите„ со кои прв пат се сретнале во Северна Италија (Цисалпинска Галија) се нарекувал lorica hamata .Бил направен од наизменични редови од цврсто сплетени прстени исечени од метални плочи и редови од прстени од жица кои оделе во хоризонтална насока.Секој прстен бил со внатрешен дијаметар од 5 мм а надворешен дијаметар од 7 мм.За да се направи една lorica hamata потребно е да се свиткаат 30.000 прстени.Проценетото време на изработка е 2 месеци за еден оклоп.Римјаните имале и плочест оклоп тн lorica segmentata(латински израз,но прв пат употребен дури во 16 век)

Наводно најстариот плетен оклоп е од првата половина на 3 век пред нашата ера а пронајден е во Хорни Јатов,Словачка.



Оклоп и коњ во оклоп.Столбот на Трајан ,Рим,2 век НЕ.




Секако,оклопите се многу „стари„.Штом ги има во библијата,вештината на правење 30.000 кругчиња за два месеци била развиена насекаде по светов во „антиката„.


Титус Флавиус Јосефус (1 век НЕ) во својата книга „Антиквитети на Евреите„вели дека кралот Давид (10 век ПНЕ) се борел против Филистинец кој носел thôraka halusidôton[5.7.299] „оклоп исплетен од ланци„(?)

Плетениот оклоп најлесно се прави од жица.Некои мудри глави сметаат дека античките народи (вклучувајќи ги и Римјаните и Галите) не можеле да произведуваат влечена жица бидејќи железото од кое се прави жицата треба да биде со извонредно висок квалитет за при влечењето таа да не се кине ,но ,еве,не било така.

Кога можеше друидот да му измисли напиток за огромна сила на Астерикс,зошто да не можел да измисли добро железо за жица.Море и златни оклопи можел да направи.Сепак и златниот оклоп не е ношто ново.Виргилиј во Енеида(1 век ПНЕ) вели дека таков оклоп веќе е направен [III.467, V.259, VII.639]


Јапонците се пореални.Имаат плетен оклоп дури од 14 век наваму.

Историја на плетениот оклоп

No comments:

Post a Comment