Search This Blog

Thursday, February 2, 2012

Александрија


Македонски-болгарски език веројатно е македонски-народен јазик(по логиката на vulgar -latin,народен латински јазик)
Aleksandrija

Најтиражната книга на средновековието е една македонска книга,Александрија.
Преведувана е на латински,персиски,руски, па и грчки.Денес оригиналот кој бил на „словенски јазик„ не постои.Доколку сакате да ја прочитате историјата за Александар во влашка редакција,исправана со бугарски правопис од почетокот на 19 век повелете на линкот погоре.


Краток извадок на современ македонски .
Личните имиња се транскрибирани како во оригиналот.

Во она време царуваше во Македонија царот Филип во Филип-град.А во Егупет царуваше Нетанав,царот егупетски и тој беше голем филозоф и ѕвездочетец и голем маѓосник и маѓосуваше четири царства и...ваши...и нивите и овошките и беше се наполнила сета негова земја со секоја сладост а во оние четири царства имаше глад...и тешки болести кој цар ќе тргнеше на него не можеше да го победи поради неговите маѓии.И тогаш се собраа оние цареви,имено,царот авиронски,царот арапски,царот етиопски,царот асирски, и напишаа писмо во кое се жалеа на Нетанав и го испратија до царот Дарија,кој беше највисок, над 40 цареви беше цар.

И вака му се молеа и велеа: те молиме цару Дарија,цар над царевите и бог турски и сонце персиско,си ги поклонуваме главите до земјата и ти се молиме да не помилуваш од Нетава,царот егупетски.И кога го прочита персискиот цар Дарија жалосното писмо од оние четири цареви и се омилија четирите цареви и стана и појде со сета своја војска персијска.

И испрати писмо да станат оние четири цареви против Егупет и Нетанав царот егупетски.Тоа го слушна Вервелуш војвода и му се јави и му кажа на  Нетанав царот егупетски.И тогаш се уплаши царот Нетанав и направи маѓии и излеа восок и му се покажа дека царот Дарија го освоил градот егупетски.

И заплака царот Нетанав и рече: Олеле тебе Егупте ,40 години се веселеше слатко и убаво а сега ти стана роб турски под Дарија царот персијски.Ќе ве ограби и зароби.И  напиша царот Нетанав писмо до Егуптјаните и....вие Егуптјани мали и големи си одам од вас стар а по 30 години ќе се вратам млад да ве спасам од ропството на царот Дарија.

И го стави тоа писмо на царската трпеза и  ја симна круната од главата ја стави на трпезата и си ги избричи мустаќите и брадата и главата и се облече во искинати прости облеки и излезе ноќе со плачење од Египет.И отиде во македонската земја во Филип град и се преправи во доктор и билкар.И седеше тајно во анот на Филип град.

И кога се собраа сите Егуптјани и отидоа во палатите Нетанавови и го најдоа писмото и круната царска на трпезата плачеа нажалени за својот цар.Изградија висок столб, го излејаа царот Нетанав во злато ,каков што беше ,и му ја турија круната на главата и писмото во рацете.

И царот Дарија го превзеде градот Егупет и си постави свој књаз во Егупет.И се врати назад во Персида својот град.

И Филип царот македонски тргна да оди со војска на градот Солун и ја викна својата царица Олимпијада и и рече: царице моја мила,јас одам на војска, да ми родиш чедо додека се вратам, ако не ,нема да ме дочекаш жива.
И отиде царот во војна.Отиде царот а царицата Олимпијада остана печална и скрбна.А една робинка и кажа  и рече: Госпоѓо царице , во нашиот град има еден доктор(врач) тој ќе знае билки за рожба.

И царицата ја испрати робинката кај Нетанав и таа го викна и отиде докторот Нетанав кај царицата и и се поклони.

И му рече царицата:човече божји имаш ли билки за рожба? 

Нетанав рече:имам.

Му рече царицата:ако направиш да родам чедо голем дар ќе ти подарам.
Нетанав ја погледна во лицето прекрасната царица и како со стрела го погоди во срцето убоста на царицата.

И одговори и и рече:Госпоѓо царице,со божја волја на Амон и Аполон можеш да родиш чедо.

Му рече царицата:како знаеш дека ќе родам чедо?
Нетанав рече:да бидеш подготвена госпоѓо царице оваа вечер во една ќелија(соба) седи сама и ќе дојде при тебе богот Амон да ноќева со тебе и кога ќе  го видиш да не се уплашиш.
И кога дојде вечерно време се затвори царицата сама во собата и дојде Нетанав и влезе кај неа и се преправи као ѕвер-глава лавовска(асланова),нозете орлови а опашката змијска (аспидска) како ламја со две крила орлови-едното крило златно а другото крило црно и страшно.И легна страшниот врач Нетанав со царицата Олимпијада и ги изгасија сите свеќи.И преноќева со неа додека не осамна.
И утрото Нетанав стана човек како сите луѓе и рече:Госпоѓо царице,од сега да не јадеш мрсно месо и да не пиеш вино ни мед ни ракија,затоа што зачна во утробата машко чедо и тој ќе биде цар на сиот свет,и направи си во близина до тебе соба а кога ќе дојде време да родиш побрзо да ме викнеш.
И се израдува царицата и го награди со големи дарови.А кога дојде време и наближи часот  да роди царицата Олимпијада чедо испрати да го викнат Нетанава.И тогаш беше полноќно време и и рече Нетанав на бабицата да ја подржи царицата и погледна на синото небо на ѕвездата зорница и на небесниот круг и на планетите и орисниците не беа тргнале да се  породи зашто беа.....човек прост и ја држеа царицата.И кога се исполни сиот небесен круг ја пуштија царицата и се роди младо дете во месец Март 15 ден и го зеде стара баба и го однесе во црквата елинска на Амон и Аполон и го благослови попот еленски  и му дадоа име избрано шо се вели по грчки Александру Македон.И беше голема радост за сета земја македонска по градови и по села.
И тогаш царот Филип се врати од војска и една ноќ виде сон и му се стори дека излезе од платносеницата што се вели чадорот и леташе над царот Филип еден орел и пушти едно јајце од горе на царот и се скрши јајцето и излезе едно змијче живо и го обиколи јајцето а потоа влезе во јајцето и умре.И пак виде на сон дека дојде богот Амон идолски и му донесе младо дете и му рече,радувај се Филипе бидејќи ти се роди младо царче.Тогаш царот македонски го викна патријархот филозоф Аристотел и му го раскажа царскиот сон.Аристотел филозофот му рече:Господине царе твојот сон е вистински.Она јајце е земјата македонска а малото змијче е твојот син принцот (царјувич).Сета земја ќе ја освои и дома  во Македонија нема да се врати.Тогаш стигна писмо од царицата Олимпијада и прочита  царот Филип дека родила дете,принцот Александар.
И се израдува царот Филип и тргна да си оди во Македонија.А кога се приближи излегоа да го пречекаат сите боери(великодостојници) и со голема слава го изнесоа малото царче и му го дадоа на Филип.
И го зеде царот на раце и го бакна (цалуна) и го благослови и рече радувај се сине мој Александре,личиш на прекрасниот Јосиф и на Ираклиј премудриот цар и му го подаде на патријархот Аристотел.
И го благослови патријархот и рече:нека биде раката твоја над сите царови земски.И влегоа во Филип град и се радуваа мали и големи.
И кога Александар стана на седум години го даде царот Филип на книга и на писмо.И го зеде Аристотел и го научи на книга и на сите псалми Давидови.И го научи на филозофија.
И еден ден појде Нетанав кај царицата и рече:Госпоѓо царице дај ми го мене Александар да го научам филозофија и круговите небесни и читање на ѕвезди и орисници и планети.
И тогаш царицата го викна Александар и му рече:сине мој Александре,послушај ја својата мајка ,да одиш кај овој филозоф да те научи на сета негова филозофија.Бакни му рака и поклони се.Александар му бакна рака на Нетанав и нетанав го бакна Александра.
И одеше Александар кај него секоја вечер и Нетанав го учеше филозофија и за седум години Александар го научи писмото и сите филозофии и сета убавина Египетска.
И еден ден патријархот Аристотел собра двеста момчиња врсници на Александар и го постави Александар да води сто момчиња а својот син Птоломеј да ги води другите сто, за да го провери Александар.Се разделија на две војски и почнаа војна со дрвени сабји.
И војската на Александар ја победи војската на Птоломеј.И тогаш рече учителот Аристотел:О љубезен мој Александар ,ќе бидеш цар на сиот свет.
И еден ден се качија Александру и Нетанав на еден висок чардак и рече Александар,даскале,ме научи на цела филозофија,небесна и земна,да ми кажеш од што ќе ти дојде смртта.Му рече Нетанав.Од еден мој син.Александар помисли и рече:Нетанав нема син и го бутна од чардакот и падна долу Нетанав и му се скршија коските и извика и рече:о сине мој Александре,ти си ми син и од тебе умирам и душата моја оди во гладниот ад,каде влегуваат сите цареви еленски.
И со овие зборови умре Нетанав царот егупетски.Го слушна ова Александар и се уплаши и појде кај својата мајка Олимпијада и и кажа што сторил и дека го убил учителот Нетанав.Тогаш се уплаши царицата и рече:сине мој тој ти е и отец и татко.И на крајот нареди царицата и го погребаа Нетанава во гроб со големи почести и плачеа горко и царицата и Александар за Нетанава.И така заврши Нетанав царот егупетски.А за овие работи царот Филип не знаеше.
И една ноќ дојде еден царски слуга и му кажа на царот Филип дека се ождребило едно коњче чудно црвено и помеѓу ушите има еден рог голем колку еден лакот.
И се почуди царот Филип и нареди царот да изградат убори(коњушница) и направија железни врати и го затворија во железна коњушница.
И она коњче растеше чудно и убаво и стана лошо и срдито и не даваше никој да му пристапи освен уборникот(коњушарот).
И еден ден отиде Александар и го виде низ прозорецот на коњушницата еднорогиот коњ и ја подаде раката и се поклони коњот на колена и цвилеше и се скроти бидејќи го препозна својот господар а Александар го галеше и го целуваше и за рогот го фаќаше и многу пати така одеше Александар на прозорецот и го милуваше коњот еднорог.
И еден ден појде и го скрши катанецот и го улови коњот за рогот го обузда и го оседла и седна на ненаучениот коњ и излезе од градот.И кога слушна царот Филип се исплаши и нареди да потрчаат царските војводи по Александар ,да не загине царчето.
И поседнаа војводите на добри коњи и со златни мечеви и го стигнаа на градската врата.Александар го сврте коњот,го збодна и ги остави како прав и пепел и ја преплива големата река Марица и го разигра на средина на царските палати.
И му се поклонија мали и големи како на самиот цар.А коњот го затворија во железено трло.
И помисли царот Филип и рече,благословен да бидеш втор цар Ераклија и јунак над јунаци.
И пак рече царот Филип:господа мои војводи,да знаете дека од сеха нема ни еден цар да може да пристапи во Македонија и ни еден цар нема да се одбрани од Александар мојот син.
И царот Филип нареди да се одберат 1000 војници јунаци и да одат по Александар и да го учат на меч и накопје и на стрели и да одат на лов секој ден.
А во она време имаше  кон белото море едно место кое се нарекуваше далфински остров.
И таму имаше направено едно тркало и беше закаќено на едно дрво со секакви мајстории.И таму имаше многу избрани јунаци и се бореа со сабји и боздогани и кој кого ќе го победеше му го одземаше коњот и оружјето и се што имаше при него и сребро и злато и му напишаа писмо и ја славеа славата далфинска.
Александар слушна за ова далфинско тркало и појде кај царот Филип и му се поклони на својот татко и рече.ти се молам господине мој родителе да го пуштиш својот Александар ,да појде твојот син на далфинскиот остров да си ја испита храброста со далфинските јунаци.Царот одговори и рече:о  мал мој Александар  не треба да одиш на далфинскиот остров зошто си уште млад на петнаесет години .Одговори Александар и рече,Господине мој и царе,ако не ме пуштиш нема никогаш да ме видиш.
И тогаш царот го прегрна Александар и го благослови и рече,да ти биде помошник,сине мој,богот Аполон и богот Амон и да ја води раката твоја над сите јунаци далфински.
И тогаш зеде Александру сто јунаци македонци и двајца млади војводи Птоломеј и Филон и зеде сребро и злато и многу други потреби.
И седна на еднорогот,својот коњ и отидоа на далфинскиот остров и го завртија тркалото и излегоа двајца јунаци Калестин и Леомедлин.
И удри Александар на калестин и го пресече на две.А Птоломеј војвода удри на Лиомелдин и го пресече.и им ги зедоа коњите и оружјето.
И излегоа сите далфињани и се зачудија на силата на царчето Александар и на неговата убавина.
И конечно излезе нокој филозоф по име Уранија и го праша Александар:од каде си господине и чиј син си.Александар одговори и рече :јас сум син на храбриот цар Филип Македонски.Уранија филозофот рече:слушнав од мојот стар даскал,кој пророкуваше и думаше :ќе излезе остра сабја од Македонија,од царот Филип и ќе го превземе сиот свет.Да знаете дека тоа е овој млад јунак.
И пак господине млад царевич,кога ќе ја освоиш нашата земја далфинска да не помилуваш како ќе биде волјата божја.И се врати Александар во Македонија.
А царот Филип ја беше напуштил мајката на Александар,и земал нова царица затоа што царицата олимпијада беше наклеветена од двајца благородници.
И кога стаса Александар и слушна дека мајка му ја направиле курва и кога седнаа да вечераат на царската трпеза и оние војводи клеветници беа таму.
И Александар стана како ѕвер и зема една столица и го удри едниот и му ја скрши главата и умре и го удри вториот и го уби а другите се разбегаа и самиот цар се уплаши нареди да ја донесат царицата Олимпијада и се разболе царот Филип и лежеше цела година.
И се расчу на сите страни дека е болен македонскиот цар Филип.Татарскиот цар Алтамаш ја собра сета сила татарска и собра до 5000 избрана војска и ја покри реката Дунаи одејќи на Македонија.Го слушна ова Филип царот македонски и се налути и го викна својот син Александар и му рече:сине мој Александре,јас лежам во тешки болести а ти одбери војска македонска и оди против Алтамаш царот татарски побрзо да не ја поробат нашата земја македонска.
И му се поклони Александар на својот татко Филип и собра 3000 македонци и отиде против Алтамаш царот татарски.
И се приближија и испрати Александар извидници.
И извидоа дека татарската војска е распрсната и ненатокмена.
И кога дојде вечерта направија многу огнови и ги удрија од три страни во тилот и свиреа со труби и пишталки( види тука етимологија на зборот фаланга http://kontraistorija.blogspot.com/2012/01/blog-post_25.html).
И кога видоа татарите толку војска се уплашија и не знаеја каде да бегаат.
И ги сечеја македонците до разденување и паднаа 2000 татари а 3000 ги изловија живи.И царот Алтамаш самиот Александар го исече.И извикаа 3000 татари:царе Александре помилувај не ти се поклонуваме на твоето царство и ќе ти платиме данок,остави не живи.
Александар кога го чу плачот татарски ги помилува и им постави свој цар по име Франц,нов татарски цар и се врати во Македонија.
А пелагонидскиот цар Анархос, слушна дека идат татарите на царот Филип во Македонија и напиша писмо:јас Анархос царот пелагонитски,му пишувам на мојот брат  Филип царот македонски и му посакувам здравје и долг век.Слушнав дека идат татарите на вас.Да знаеш дека доаѓам со мојата војска на помош и за десет дена ќе дојдам.
И царот Филип го прочита писмото на Анархос и се израдува.А кога дојде царот Анархос Филип го почести со големи почести.
И тогаш царот Анархос ја виде царицата Олимпијада прекрасна и убава и ја грабна тајно.
И царот излезе да ги гони со малку војска.
И замавна Анархос со острата сабја и го удри царот Филип и лошо го рани.избега Анархос со мајката на Александар а Филип се врати назад лошо ранет и болен и крвав од лутите рани од царот Анархос.
Тогаш се врати Александар од војната татарска и му кажаа дека царот Анархос ја заробил мајка му и го ранил татко му.И собра 5000 Македонци коњица вооружена и брзо полета и го стигна царот Анархос и го удри и му ја растури војската и го улови царот Анархос жив и го доведе кај царот Филип.И стана царот Филип и го прободе со копје и умре царот Анархос.И тогаш рече царот Филип.оди мојата душа сега во адот несит.И пак рече:да бидеш сине мој Александре благословен од господа бога и од мене и да биде раката твоја над сите царови земски.
И го целива Александар и царицата Олимпијада и се прости со мали и големи и сврши и умре Филип царот македонски.
И после беше голем плач.И излезе сиот град Филипски и го погребаа царот Филип кај царот егупетски Нетанав во месец мај 12 ден и го целуваа гробот царев.

За читање ќе ви биде потребно означувањето на броевите на старословенски начин со букви



Начинот на нарација е мошне интересен.Во старите хронографи Александрија стоела заедно со библиските книги.Може да ја забележите неверојатната сличност на нарацијата со Книгите Макабејски кои се дел од  „септуагинтата„.Првата и втората книга се канонски книги на католичкиот и источно-православниот стар завет на Библијата ,но не и на хебрејската Библија.Првата книга ја претставува борбата меѓу побожните Евреи и „одметнатите„,„хеленизирани„ Евреи.Втората книга ја акцентира борбата меѓу „јудаизмот„ и „хеленизмот„.Книгите Макавејски не се дел од канонот на МПЦ.

 Од житието на Св.Методиј

15.Потоа тој ги отфрли сите возбуди (на светот) и ја стави својата тага во Бога.Уште порано постави двајца од своите ученици за попови брзописци и брзо ги преведе во потполност сите библиски книги и Макавејските од грчки јазик на славјански за шест месеци почнувајќи од месец март до 26 октомври.Завршувајќи,достојна слава и пофалба му даде на Бога кој пак нему му даде милост и среќа.И ја вознесе светата тајна со клирот свој, славејќи го споменот на Св Димитрија.Само Псалтирот и Евангелието со Апостолот ги воведе во избрана црковна служба и ги преведе од почеток со Филозофот. Потоа и Номоканонот кој значи правило на законот и книгите на отците ги преведе.
Житието на Методиј: http://kontraistorija.blogspot.com/2011/12/blog-post_2579.html

Често се инсистира на „историцитетот„ на Книгите Макавејски додека Александрија се исфрла како апокрифен текст односно „бесмислица„.Се разбира дека читајќи го текстот на Александрија лесно ќе воочите анахронизми,таа врие од анахронизми и чудна географија ,барут ,пушки, пиштоли- во 3 век ПНЕ,градот Атина обиколен со Босна,Црна Гора и „земјата на арнаутите„ и така натаму додека кога ги читате Книгите Макавејски, нема вакви анахронизми.Но, може и да претпоставиме дека анахронизмите се подоцнежни „разубавувања„ на текстот и прилагодувања направени за тој да му се приближи на читателот за кој е преведуван.

Доколку сакате да направите споредба на стилот,подолу се книгите макавејски(на српски јазик).Не ги земајте здраво за готово објаснувањата на преведувачот во загради или неговото именување на Грците како Грци.Во времето на Александар Македонски не постоеле Грци.Постоеле Елини.
Knjige makavejske komplet

1 comment:

  1. Play casino - No.1 for the Casino Guru
    No longer have the opportunity to go to the https://septcasino.com/review/merit-casino/ casinos https://vannienailor4166blog.blogspot.com/ or read 바카라 사이트 the reviews of the slots you love. But https://sol.edu.kg/ they're not always the same. Sometimes you have a new online https://jancasino.com/review/merit-casino/

    ReplyDelete