Search This Blog

Monday, April 30, 2012

Ниту една „јота„ ни „антена„ ни чекич ни ништо



ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава  5

17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.

Matthaeus 5:18
Biblia Sacra Vulgata (VULGATE)
 18amen quippe dico vobis donec transeat caelum et terra iota unum aut unus apex non praeteribit a lege donec omnia fiant

Matthew 5:18 (English Standard Version)
18 For truly, I say to you, until heaven and earth pass away, not an iota, not a dot, will pass from the Law until all is accomplished.

Matthew 5:18
King James Version (KJV)
 18For verily I say unto you, Till heaven and earth pass, one jot or one tittle shall in no wise pass from the law, till all be fulfilled.

ΚΑΤΑ ΜΑΤΘΑΙΟΝ 5:18
1550 Stephanus New Testament (TR1550)
18αμην γαρ λεγω υμιν εως αν παρελθη ο ουρανος και η γη ιωτα εν η μια κεραια ου μη παρελθη απο του νομου εως αν παντα γενηται

Evanðelje po Mateju 5:18
Croatian Bible (CRO)
 18 Zaista vam kažem: Sve dok postoji nebo i zemlja, nijedno slovce, nijedan potez pera u Zakonu neće nestati dok se sve ne ostvari.

Matteo 5:18
Conferenza Episcopale Italiana (CEI)
18In verità vi dico: finché non siano passati il cielo e la terra, non passerà neppure un iota o un segno dalla legge, senza che tutto sia compiuto.

От Матфея 5:18
Russian Synodal Version (RUSV)
18Ибо истинно говорю вам: доколе не прейдет небо и земля, ни одна иота или ни одна черта не прейдет из закона, пока не исполнится все.


Внимателниот превод на Евангелието според Матеј во македонската Библија никогаш не би ви ја сугерирал мојата дубиоза во неговото датирање .Тоа е првиот и најстариот текст од Евангелијата,напишан на „хебрејски јазик„(за жал исчезнат оригинал на „хебрејски„,оИсусе  Боже колку се чудам на овој факт(нот)) 

По примерот на оние кои расправале за тоа колку ангели може да играат на врвот на игла,најголемите полемики околу ова Евангелие биле дали е од 70 и 90 година од нашата ера но и околу неговата автентичност.

Евангелието според Матеј е „автентично„ колу и другите.А за тоа дека е пишувано многу подоцна од првиот век од нашава ера ,веројатно и илјада години подоцна го издава една мала „јота„ односно „најмалата буква„.


Не заборавајте дека овие зборови се зборови на Исус лично.Исус зборувал и пишувал „арамејски„ те „античкохебрејски„ па „најмалата буква„ наводно не била  грчката „јота„-туку арамејскиот „јод„(јуд).

Да не заборавиме и дека порано (во првиот век)„ Грците„ пишувале само со големи,унцијални букви,мајускула,па затоа не може да има најголема и најмала буква на грчки.Значи Исус не мислел на „Законот„ (се мисли на десетте божји заповеди од Стариот Завет) напишан на грчки,дека ќе се исполни до „јота„ и „цртичка„ (за цртичката подоцна).

Смислата на изјавава како што јас ја сфаќам е дека Законот ќе се исполни до крај,вклучувајќи ја и интерпункцијата со која е напишан.Но веројатно не е така бидејќи интерпункција-немало.

Се разбира „Законот„ e Мојсеевиот закон што се гледа и од целата петта глава од Евангелието според Матеј,каде Исус го интерпретира Законот по своему.Еве дел од законот,на хебрејски„ Тора„.или на грчки „номос„.

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава  20 
13 Не ќе убиваш!
14 Не ќе прељубодејствуваш!
15 Не ќе крадеш!
16 Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен!
17 Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!”

Но каде и на кој јазик е запишан Законот?Бидејќи Бог наредил Мојсеј не можел да не го спроведе следното:

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава  17
14 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Запиши го ова во книгата за спомен, и врежи во Исусовите уши(друг е овој Исус,м.з) дека Јас ќе го избришам сосем споменот на Амаликците под небото!” 


Значи не „врежи во книгата„ туку „врежи во ушите„.

Да „напише„ во „КНИГАТА ЗА СПОМЕН„?Споменарот? Ама во времето на Мојсеј(Моше) (1391-1271 Пппред нашата ера според Евреите,1592 ПНЕ според хрониката на Св.Јероним а според „Светските анали„ од 1658 дури 1619 година преед нашатаа ерааа ) имало ли „книги„?Па ние си мислевме дека Бог со прстот пишувал по камени плочи и тоа е тоа . Ај да видиме што велат другите верзии и јазици


And the LORD said unto Moses, Write this for a memorial in a book, and rehearse it in the ears of Joshua: for I will utterly put out the remembrance of Amalek from under heaven.  


Исход 17:14
Russian Synodal Version (RUSV)
14И сказал Господь Моисею: напиши сие для памяти в книгу и внуши Иисусу, что Я совершенно изглажу память Амаликитян из поднебесной.

2 Mose 17:14
Luther Bibel 1545 (LUTH1545)
14Und der HERR sprach zu Mose: Schreibe das zum Gedächtnis in ein Buch und befiehls's in die Ohren Josuas; denn ich will den Amalek unter dem Himmel austilgen, daß man sein nicht mehr gedenke.

Esodo 17:14
Conferenza Episcopale Italiana (CEI)
14Allora il Signore disse a Mosè: «Scrivi questo per ricordo nel libro e mettilo negli orecchi di Giosuè: io cancellerò del tutto la memoria di Amalek sotto il cielo!».

Exodus 17:14
Biblia Sacra Vulgata (VULGATE)
 14dixit autem Dominus ad Mosen scribe hoc ob monumentum in libro et trade auribus Iosue delebo enim memoriam Amalech sub caelo.

Значи во книга,за спомен.Ај на крај да провериме и од грчки.Хм.Бајблгејтвеј нема Стар Завет ни на Којне ни на Грчки а има на Кинески?Неко меџу нама није наш.Но има кој има.


Exd 17:14
εἶπεν δὲ κύριος πρὸς Μωυσῆν κατάγραψον τοῦτο εἰς μνημόσυνον ἐν βιβλίῳ καὶ δὸς εἰς τὰ ὦτα Ἰησοῖ ὅτι ἀλοιφῇ ἐξαλείψω τὸ μνημόσυνον Αμαληκ ἐκ τῆς ὑπὸ τὸν οὐρανόν



Па така кажете.Речено,сторено,Мојсеј го напишал законот ВО КНИГА.

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА

Глава  24 

 1 Потоа му рече на Мојсеја: „Искачете се кон Господа - ти, Арон, Надав и Авиуд и седумдесет израелски старешини. Поклонете се оддалеку!
  2 Само Мојсеј нека Му се доближи на Господа! Тие нека не се доближуваат, а народот нека не се искачува со нив.”
  3 Мојсеј дојде и му ги кажа на народот сите Господови зборови и сите одредби. А сиот народ одговори едногласно: „Ќе ги вршиме, сите зборови што ги рече Господ.”
  4 Тогаш Мојсеј ги запиша сите Господови зборови. А наутро порани и подигна жртвеник во подножјето на ридот и дванаесет столбови за дванаесетте Израелеви племиња.
  5 Потоа им наложи на младите Израелци да принесат жртви паленици и да му жртвуваат на Господа јунчиња како жртви помирници.
  6 Мојсеј ја собра крвта; половината крв ја тури во садови, а половината ја излеа врз жртвеникот.
  7 Потоа ја зеде Книгата на Заветот па му ја прочита гласно на народот, а народот одговори: „Ќе вршиме и ќе послушаме сè што рече Господ.”

Од каде и како сме „запомниле„ за плочите„? По напишувањето на „книгата„ Мојсеј се качил на гората.Таму седел 40 денови и ноќи.таму Бог му зборувал за шатори, за гаќи, за шиење завеси и друго ,принесување жртви кадење со темјан и слично и лично Бог сето тоа го запишал на камени плочи.(Излез 25-31)(но не напишал во камен со прстот: „не кради,„не убивај„и слично)

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава  31  


18 Кога Господ го сврши својот разговор со Мојсеја на Синајската Гора, му даде две плочи на Сведоштвото, камени плочи, напишани со Божјиот прст.  

Значи ако Исус проповедал исполнување „до јота„ од  Законот од книгата на Мојсеј тоа веќе била 2000 години стара „хебрејска  книга„ или нејзино којзнае кое издание.Од 10 до 6 век пред нашата ера Евреите пишувале на „палео-хебрејски„ со „Канаанитско-феникиско писмо„.таму „јота„ нема,јок.

Феникиско-„Канаанитско „писмо


Кумрански Хебрејски


Еве Исус нека прочитал некоја „јота„ од законот напишан на „арамејски„ кој бил во „широк оптек„ во негово време .Ама кај нашол точка во арамејската азбука што на грчки се вика „рогови„или "антена"„?




Да прочитаме уште еднаш:

Ἰῶτα ἓν ἢ μία κεραία


Ни јота   ни една „антена„(стапче цртичка)

Очигледно се однесува на дијакритички знаци.Јоти  и „антени„ (а не точки врие) само во средновековниот „византиски грчки„.Навистина е тешко да се добројат до последна а некоја да не се заборави.Плус,единствено Грците ги заборавале „јотите„ во субскрипт кои исчезнале во латинската транслитерација.А колкава разлика има од една  грчка „јота„ може да се види од божемната расправија во 4 век  за доктрината за Исусовата „ хомоусија„ која наводно го обележала Никејското кредо.



Codex Hierosolymitanus(MS 1056) folio76b.

Greek. Didache Source: Harris (1887)




Thursday, April 26, 2012

Кој зборувал Илирски јазик (денес „словенски)

Bibliotheca Apostolica Vaticana

 By Angelo Rocca



Срби ,Вандали,Загорани,Бугари,Македонци Медитеранци и така натаму :)

За воља на вистината „македонски јазик„ за Рока е дијалект на грчкиот јазик.Па вели вака:

Македонија е голем европски регион ,некогаш најславна империја,чиј народ иако медитерански,зборува Илирски,но постојат во Македонија и некои кои зборуваат грчки јазик (lingua Graeca),со особен дијалект,и од нивниот дијалект може да се соберат старите имиња на месеците.Македонските месеци биле именувани според знаците на зодијакот:

Јануари-Водолија-Идрохоос
Февруари-Риби-Ихтус
Март-Овен-Криос
Април-Бик-Таурос
Мај-Близнаци-Дидимос
Јуни-Рак-Каркинос
Јули-Лав-Леон
Август-Девица-Партенос
Септември-Вага-Зигос
Октомври-Шкорпија-Скорпиос
Ноември-Стрелец-Токсотис
Декември-Јарец-Агонерос







Неколку словенски азбуки




Човекот кој ја превел библијата на латински во доцниот 4 век НЕ е Св.Јероним( Eusebius Sophronius Hieronymus,Εὐσέβιος Σωφρόνιος Ἱερώνυμος,Saint Jerome)аводно папата Дамаск I во 382 наумил да ги среди „античките„ латински преводи на Библијата(Vetus Latina ) кои контра своето име ,се напишани на доцен латински јазик(не на стариот латински,кој сосема добро го читавме претходно како да е „словенски„).Треба да се нагласи дека една и единствена Библија на латински јазик пред оваа нарачка не постоела.Наводно постоеле верзии фрагменти итн. и сите„старолатински„ преводи биле од Септуагинтата (од грчки јазик).

Да се вратиме на Св.Јероним.Тој направил што направил(не се знае точно што,наводно ги исправал старите преводи од грчки).Во 390 г наводно почнал да  преведува и од хебрејски.На пример,се смета дека преведувајќи ги хебрејските книги Јудит и Тобит тој ангажирал Евреин кој му преведувал од Арамејски на хебрејски а потоа тој парафразирал на Латински.Леле мене.

Некои современи научници искажуваат сомневање во неговото познавање на хебрејскиот јазик и тврдат дека основата на новиот превод на Библијата на латински сеуште бил базиран на грчката Хексапла (издание на  6 верзии на Библијата  кое наводно постоело во антиката ама околу 7 век исчезнало,разбира се.Инаку било во 50 тома со вкупно 6000 страни).Денес оваа Хексапла се „рекреира„,види ТУКА.За сто години сите ќе сметаат дека „рекреираното„ во 21 век секогаш било такво-од „антиката„.

Значи Св.Јероним направил нов превод на Библијата на латински.Денес тој превод е познат како Вулгата.
Се смета дека е роден во 347г  во  некој си град Стридон ,во близина на денешна Љубљана(таков град не постои и не е познато каде точно се наоѓал).Околу 366 заминал за Рим за да студира реторика и филозофија и таму научил латински и малку Грчки.По неколку години минати во Рим тој заминал од непознати причини за Галија и се сместил во градот Триер (денешна Германија).Подоцна му здодеало во триер и се преселил во Аквилија(денешна Италија).Во 373  г превзел патешествие низ Тракија и Мала Азија до денешна Сирија.Во Антиохија ,додека бил болен 373-374 г добил визија дека треба да ја напушти световната наука и целосно да му се посвети на Бога.Посакал да живее аскетски во пустината и заминал за градот Калкис( не може да се утврди точно кој град во Сирија е тоа).Таму започнал да учи Хебрејски од некој Евреин конвертиран во христијанство и цело време се допишувал со учените во Антиохија (од кај наоѓал во пустината на што и со што да пишува не е познато и никого не го интересира).378-379 се вратил во Антиохија а веднаш потоа заминал за Константинопол да ја проучува Библијата со Грегориј Низијанзец.таму останал три години а потоа повторно заминал за Рим каде останал во период од 382-385 г со папата Дамаск(Дамасус) I.Тој му дал задача да ја преведува Библијата.Папата починал во 384 г. Бидејќи Јероним ги критикувал римските попови  за слободното однесување ,тие многу го мразеле и по смртта на папата го протерале обвинувајќи го дека се плеткал со некоја вдовица Паула.Ќерката на оваа вдовица Блаесила,критикувана од Јероним дека не се однесува доволно аскетски,почнала да пости и слично и наскоро заслабела и починала.Ова многу ги разбеснило Римјаните.Па така Јероним во 385 г си се вратил во Антиохија придружуван и од вдовицата Паула и други „браќа и сестри„ кои решиле својот живот да го завршат во Светата Земја.Аџииве го посетиле Ерусалим ,Витлеем,Галилеја а потоа заминале за Египет.

Во Александрија Јероним го слушал славниот катехист Дидимус Слепиот,потоа заминал во Нитрија.
Во 388 се вратил во Израел и живеел во пустинска пештера во близина на Витлеем.
Секогш сум се прашувал од каде им пари за вакви патувања на аџииве ама за Св.јероним се знае.Се смета дека го финансирала вдовицата Паула.немам намера да пишувам што се напишал Св.Јероним.Нема крај тоа.

Починал на 30 септември 420 г во близината на Витлеем.

Вака на кратко за Св.Jероним,доктор и светец на латинската црква.Бидејќи роден во Љубљана претпоставив дека Св.Јероним зборувал на мајчин словенски (словенечки) јазик иако „словените„ тогаш уште живееле „зад Карпатите„.И навистина во средниот век исто така биле глупави како мене и сметале дека Св.Јероним ја создал Глаголицата. и ова мислење преовладувало долги векови се додека современата „наука„ по 1812 не открила дека всушност Св.Кирил ја „измислил„ глаголицата која не го добила неговото име.

Азбука од авторот Кирил( сеуште не бил светец)(1729)



Далматица на Свети Јероним
Илирица  на Свети Јероним





Мешаница

Склавоница


Унцијална (мајускула,пишување само со големи букви)Склавоница


Како се изговара Кирилицата


Тзервиница(Србиница?)


Фра Анџело Рока ,основачот на првата јавна библиотека во Рим,„историчар„,редактор и издавач на првата печатена верзија на Вулгатата(претходно непозната книга за широките народни маси),главен на ватиканската печатница од 1585 итн.

Тој „намерно„ го промовирал Св.Јероним во изумител на глаголицата.Тој ,поткрепен со цитати од „антички извори„ промовирал и други изумители на писма.


Тој го пронашол и изумителот на античката хебрејска азбука.Мојсеј.


А го констатирал и изумителот на новата хебрејска азбука.Езра.


Аврам ги измислил Сириските и Халдејските букви



Меркур ги измислил египетските свети букви


Херкул ги измислил Фригиските букви


Мемнон ги измислил обичните египетски букви

Кекропс ,атинскиот крал ги измислил грчките букви


Или Кадмо



Феникиското писмо ,се разбира,било донесено oд Феникс.


Етруска-Хетруска азбука



Готска азбука,ја измислил Улфила


Илирска азбука




Српска азбука,ја измислил Свети Кирил






Значи во 1591 година Кирил бил светец а во 1729 не?Чудно.





Во 1559 година папата Павле IV пропишува,„За печатење на преводот на Библијата на народни јазици,потребна е посебна дозвола од Светиот уред на инквизицијата.ваква дозвола е потребна и за да се поседува и за да се чита еден ваков текст„.


Tuesday, April 24, 2012

Џото (Giotto di Bondone)

„Ох,празна суето на човечките моќи...во сликарството Чимабуе сметаше дека е неприкосновен,но сега Џото е главен и славата на другиов исчезна„
Данте,Комедија,Чистилиште 11 пеење


Веќе рековме дека „Комедијата„ на Данте била енциклопедија на средновековието.Вака тој ги опишал главните сликари на своето време.


Џото

Kлучната фигура на целата западна уметност е всушност Џото(роден 1266-67) ,ривалот , во богатството на емотивниот израз и радикалните иновации,на својот сограѓанин од Фиренца и современик Данте Алигиери,.Џото престојувал во Асизи, Падова, Римини,Милано, Неапол и создал локални школи за уметници, наречени "Giotteschi"-Џотески.

Традиционално, учител на Џото е Чимабуе.Васари во првата книга за историјата на уметноста раскажува приказна дека Џото бил овчарче кое пасело овци.Кога Чимабуе случајно поминал крај него тој на камен цртал овца која била неверојатно реалистична.Чимабуе еднаш го зел за свој ученик.Ученикот подоцна често пати на лицата на насликаните светци од Чимабуе им цртал толку реалистични муви,што мајсторот непрестано се трудел да ги истера не сфаќајќи дека се нацртани. Се разбира,сето ова е бајка.Не постои доказ дека Џото воопшто му бил ученик на Чимабуе.




Бидејќи во 13 век луѓето не сакале многу да пишуваат,па дури и за такви големи работи како фрескописање на цркви или се што било напишано отишло под забот на времето или рацете на кратците (како Наполеон),временски непогоди и слично, ќе наведеме некои ремек дела на Џото(за кои не е сигурно дали се баш негови)

Џото бил повикан во Рим во 1300 од папата Бонифациј за да ја ослика латеранската базилика(не ми е јасно како античкоримските судови ,подоцна преправени во цркви,се викале „базилики„ од грчки „басилеус„-крал,кога требале да се викаат „цезарики,августики и слично„) .Џото веќе ја осликал со фрески капелата Арена во Падова и капелата Перузи и Барди во Фиренца.Во 1334 Џото станал„капомаестро„(главен мајстор) во катедралата во Фиренца и главен архитект на градот.Починал во 1337.



Овој полиптих,изгубен со векови е повторно „откриен„ во некое складиште во19 век.


Распетие во црквата на Св Францис насликано пред 1309.Џото околу 1301-1304 веќе бил славен сликар и поседувал многу имот во Фиренца.



Lamentation (The Mourning of Christ), Cappella degli Scrovegni.


 Оплакување на Христа (околу 1305)


Фигурите на Џото не се стилизирани и издолжени според византиската традиција.Тие се тридимензионални,имаат лица ,гестови и облека со форма и тежина.Џото поставил нов стандард со внимателно одбрани композиции, вклучувајќи и перспектива.





 Поклонение на Исус со големата витлеемска ѕвезда,веројатно Халеевата комета од 1301.





 Страшен суд,капелата Арена во Падова (1000 x 840 cm ,1306)



 Мадона ди Оњисанти(сите светци).Најприфатениот панел од Џото.Недокументирано прифатен,разбира се.
Техниката на Џото е „кјароскуро„-светлотемно,користење на светлински контрасти за добивање на волумен на фигурата.Нешто кое е карактеристика на уметниците од подоцнежната ренесанса.








 Енрико Скровењи ја дава капелата Арена на дар,детал од Страшниот суд


 Оплакување на Св.Францис(Фрањо Асишки)1325



Триптихот Стефанески(околу 1330),со две лица.Забележете го распнувањето ан Св.Петар (наопаку),помеѓу пирамидата која стоела во близината на Ватикан (уништена во 15 век) и обелиск од циркусот на Нерон.Едниот од коњаниците-римски војници, е Кинез или Монголец.





 Кардиналот Стефанески или некој ,му го подава дарот (триптихот) на Св. Петар .Ова е тн Дросте ефект(слика во слика).


Забавата на Ирод со отсечената глава на Св.Јован Крстител.
Најинтересен е музичарот кој свири на средновековно ќемане тн .„виеле„ (vielle)







Крунисување,повторно ангелски оркестар со  виеле