Search This Blog

Tuesday, April 24, 2012

Џото (Giotto di Bondone)

„Ох,празна суето на човечките моќи...во сликарството Чимабуе сметаше дека е неприкосновен,но сега Џото е главен и славата на другиов исчезна„
Данте,Комедија,Чистилиште 11 пеење


Веќе рековме дека „Комедијата„ на Данте била енциклопедија на средновековието.Вака тој ги опишал главните сликари на своето време.


Џото

Kлучната фигура на целата западна уметност е всушност Џото(роден 1266-67) ,ривалот , во богатството на емотивниот израз и радикалните иновации,на својот сограѓанин од Фиренца и современик Данте Алигиери,.Џото престојувал во Асизи, Падова, Римини,Милано, Неапол и создал локални школи за уметници, наречени "Giotteschi"-Џотески.

Традиционално, учител на Џото е Чимабуе.Васари во првата книга за историјата на уметноста раскажува приказна дека Џото бил овчарче кое пасело овци.Кога Чимабуе случајно поминал крај него тој на камен цртал овца која била неверојатно реалистична.Чимабуе еднаш го зел за свој ученик.Ученикот подоцна често пати на лицата на насликаните светци од Чимабуе им цртал толку реалистични муви,што мајсторот непрестано се трудел да ги истера не сфаќајќи дека се нацртани. Се разбира,сето ова е бајка.Не постои доказ дека Џото воопшто му бил ученик на Чимабуе.




Бидејќи во 13 век луѓето не сакале многу да пишуваат,па дури и за такви големи работи како фрескописање на цркви или се што било напишано отишло под забот на времето или рацете на кратците (како Наполеон),временски непогоди и слично, ќе наведеме некои ремек дела на Џото(за кои не е сигурно дали се баш негови)

Џото бил повикан во Рим во 1300 од папата Бонифациј за да ја ослика латеранската базилика(не ми е јасно како античкоримските судови ,подоцна преправени во цркви,се викале „базилики„ од грчки „басилеус„-крал,кога требале да се викаат „цезарики,августики и слично„) .Џото веќе ја осликал со фрески капелата Арена во Падова и капелата Перузи и Барди во Фиренца.Во 1334 Џото станал„капомаестро„(главен мајстор) во катедралата во Фиренца и главен архитект на градот.Починал во 1337.



Овој полиптих,изгубен со векови е повторно „откриен„ во некое складиште во19 век.


Распетие во црквата на Св Францис насликано пред 1309.Џото околу 1301-1304 веќе бил славен сликар и поседувал многу имот во Фиренца.



Lamentation (The Mourning of Christ), Cappella degli Scrovegni.


 Оплакување на Христа (околу 1305)


Фигурите на Џото не се стилизирани и издолжени според византиската традиција.Тие се тридимензионални,имаат лица ,гестови и облека со форма и тежина.Џото поставил нов стандард со внимателно одбрани композиции, вклучувајќи и перспектива.





 Поклонение на Исус со големата витлеемска ѕвезда,веројатно Халеевата комета од 1301.





 Страшен суд,капелата Арена во Падова (1000 x 840 cm ,1306)



 Мадона ди Оњисанти(сите светци).Најприфатениот панел од Џото.Недокументирано прифатен,разбира се.
Техниката на Џото е „кјароскуро„-светлотемно,користење на светлински контрасти за добивање на волумен на фигурата.Нешто кое е карактеристика на уметниците од подоцнежната ренесанса.








 Енрико Скровењи ја дава капелата Арена на дар,детал од Страшниот суд


 Оплакување на Св.Францис(Фрањо Асишки)1325



Триптихот Стефанески(околу 1330),со две лица.Забележете го распнувањето ан Св.Петар (наопаку),помеѓу пирамидата која стоела во близината на Ватикан (уништена во 15 век) и обелиск од циркусот на Нерон.Едниот од коњаниците-римски војници, е Кинез или Монголец.





 Кардиналот Стефанески или некој ,му го подава дарот (триптихот) на Св. Петар .Ова е тн Дросте ефект(слика во слика).


Забавата на Ирод со отсечената глава на Св.Јован Крстител.
Најинтересен е музичарот кој свири на средновековно ќемане тн .„виеле„ (vielle)







Крунисување,повторно ангелски оркестар со  виеле


No comments:

Post a Comment