Три Грации, Ханс Балдунг 1541-1544
Grace, Грејс, во англискиот
значи „благодет„ во смисла на божји
благодет. Да си „грациозен„ за
нас значи да си привлечен, нежен, строен, со
хармонични движења.
На грчки, Грациите
се нарекуваат „Харитес„ од
„харис-карис„ (Χάρις), харизма, шарм да предизвикуваш восхит,,, а на
латински „Gratiae" .
Во нееднозначната
„античка митологија„ (всушност
средновековна световна митологија) тие се три или повеќе на
број. Павсаниј, кобожем антички
географ од 2 век НЕ, кој ја опишувал
„античката Елада„, размислува од кога
почнале да им се принесуваат жртви или
да се претставуваат голи во „античките
уметнички дела„.
Тој вели дека Сократ
на Атињаните им ги насликал Грациите
на влезот во Акропол но потоа, откако
навлегол во филозофијата, тој го „уништил
своето дело„ поради „иконокластичкото
однесување кон уметноста и
слично„. " Размислувањето" на Павсаниј
се поклопува со христијанската
иконокластичка шизма (денес попозната
како Ислам), не постара од 7 век НЕ што
Павсаниј го става во непријатно положение да „живее„ минимум 5 века пред она за
кое всушност пишува. Пророци никогаш доволно. Да не спомнуваме дека единствените манускрипти (три, датирани 15 век) од неговото дело неповратно „исчезнале околу 1500 година откако биле испечатени. Класика и случај со 99% од „античките„ автори.
Денес постојат дури 16 „римски копии„ на „античкогрчки„ скулптури кобожем од 2 век ПНЕ.
Римска „копија„ на антички„ оригинал„.Ако позава е создадена во 2 век ПНЕ, Грците веќе биле „на залез„ ама од уметност изгледа никогаш не им било доста.
Кој ја измислил канонската поза на трите Грации (Аглаја-убавина, Ефросина-радост, веселба и Талија-изобилство-инаку и муза на комедијата) не е познато, но таа поза наводно станала екстремно популарна во „античкиот свет„ а својата екстремна популарност ја „возобновила „ по 16 века во „ренесансата„ откако античките скулптури ненадејно се откопале од бавчите.
Кореџо,1519
Марко Денте 1515-1527,трите Грации ,но напишано Carites.Каритес значи добротворки.Зборот е италијанска верзија на грчкото „каритес-харитес„.Во христијанската теологија Caritas-пријателство кое го обединува човека со Бог.Грациите веројатно се симбол на доблестите кои обединуваат со Бога.Тие се типичен христијански „продукт„.
Марко Денте,Богородица му чита на детето Исус Христос 1515-1527
Да не ги обвинуваме ренесансните уметници.Прва претстава на светото тројство кобожем е некој саркофаг од 4 век кој изгледа вака
Или во православна верзија,Андреј Рубљов,15 век
Свето тројство во Кастелето,15 век,црква Св.Петар и Павле
Лево-десно- право ,малку настрана
Светото тројство кое е централна христијанска доктрина и мистерија (во смисла на тоа дека не може реално да се објасни) не е изричито спомнато во библијата како „тројство„.Се смета дека терминот „тројство„ го вовел Тертулијан во 2 век не,но мене изгледа дека Тертулијан е малку подоцнежен автор (имајќи ја предвид шегата со магарето-Христос ,спомната во неговите „дела„ нешто што алудира на средновековните „магарешки фешти„ кои се датираат по 11 век,подоцна укинати).Светото тројство е и причина за шизмата меѓу православната и католичката црква која наводно од 6-7 век смета дека Светиот Дух произлегува „и од Синот„-спорното „филокве„ а православната смета дека Светиот Дух произлегува само од Таткото.
ТУКА едно извонредно дело за средновековната драма од кое може убаво да се согледа развојот на световната од сакралната драма при што не мала улога одиграле и „грациите„ кои биле главни протагонистки на веселите паганско- христијански "ludi theatrales".Теос-Бог.Христијаните во првобитната религиозна драма оделе да го гледаат животот на Христос-од предавството на Евреите до распнувањето на крстот,оттаму „театар„,но не поради гледањето.Оттаму масовната омраза кон Евреите вржана во мозокот на христијанската публика (99% од народот бил тотално неписмен за да го чита „Светото Писмо„).
Навистина е неверојатно колку тешко( едно 15 века) изумирало „паганството„ но никако да умре.Но Господ е голем и има време.Во име на светите маченички Вера,Љубов,надеж и мајка им Софија(Мудрост).Амин.
No comments:
Post a Comment