Ја земам „божицата„ Венера (Афродита) како пример.
Венера од Милос или Милоска Венера, откриена на островот Милос во 1820, денес во Лувр, дело на Александар од Антиохија, кобожем 130-100 г. ПНЕ. Како е добиена оваа дата не е јасно. Прво се залетале да ја направат дело на Праксител од 4 век ПНЕ, ама бидејќи статуата која на островот си прележала, од никого незабележана едно 20 века (ја нашле некои овчари), си имала постамент на кој пишувало дека автор е некој Александар, син на Менидес од Антиохија на Меандер(Анадолија), отпаднало. Потоа паднал бесрамен предлог постаментот да се прогласи за фалсификат, но и тоа не поминало па според „обликот на буквите и градот на авторот„ однесена е во „хеленистички период„. Подоцна дури и табличката со постаментот мистериозно „исчезнала„, и денес постои само на цртеж. Венера била висока 2 метри а Реноар ја нарекол „крупен џандар„ не претерано одушевен од нејзината убавина.
"Сестрата" на Милоската Венера е Венера Медичи.По годиште се тука некаде.Само што оваа имала постамент на кој пишувало на грчки „Клеоменес синот на Аполодорус од Атина„и се претпоставувало дека е копија на Афродита од Книдос на Праксител(4 век п.н.е),а зошто така ,не се знае.Важно се знае дека името „Клеоменес„ многу се фалсификувало на скромни скулпторски дела од18 век.
Венера Медичи 1 век пне,недокументирано потекло ,„позната„од 16 век наваму.
Афродита(Венера) од Книдос.На сликава копија реставрирана од Иполито Буци ,17 век.Пронајдената склуптура кобожем од 1 век п.н.е имала само торзо и бутина,останатото е дело на Буци.Оваа поза е тн Венера Пудика,(Venus Pudica)„срамежлива Венера„затоа што раката ја држи на извесно место.
Да не е трагично ,многу би било смешно колку апокрифи на 16-17 век се исплетени околу овие Венери и однесени во „антиката„.Да не зборуваме за фалсификати како на пример оваа „античка„ паричка од Книдос на која се гледа „токму„ Венера на „Праксител„.
Одиме понатаму,има уште двојнички
Венера Капитолинска,пронајдена на ритчето Виминал во 17 век
Фризурата на Венера од Капитол
Афродита(Венера) од Менофантос ,кобожем 1 век п.н.е,најдена во манастир во Рим ,потекло недокументирано .
Венера од бањите на Хадријан,ископана 1920 г.
Бидејќи сите Венери(Афродити) се голи,единствено нешто кое„ ги издава„е фризурата.
Сетете се дека ни една од овие венери-Афродити не им била позната на сликарите од „Ренесансата„.Тие си ги сликале голите современички под името Венери и никогаш не се грижеле какви точно фризури и облека носеле античките. Одиме вака.
Кобожем Ботичели 1486 г ја гледал Венера во дворот на Медичи па ја насликал својата
Кој од кого копирал?Ботичели не можел да извади ни добар цртеж од Венерава.Торзото слично другото,ништо,брада.
Јан Госарт,Jan Gosssaert,1521
Нешто подобро од Ботичели,Тицијан(1490-1576),„Обожувањето на Венера„ ,урнек е веројатно Венера од Менофантос,или обратно
Парис Бордоне 1500-1571 г(16 век),оригиналната фризура на Венера Капитолинска .
Бордоне,детал, фризурата на Венера од Капитол
Ова не е стилизација ни богата фантазија.Такви биле фризурите од времето на Бордоне.На главата некаква купче машничка направена од коса.
На здравје шишање.
No comments:
Post a Comment