Search This Blog

Friday, March 8, 2013

Кога е измислена геоцентричната теорија?


Геоцентрична теорија е верување дека Земјата е центар на универзумот и дека сите други планети орбитираат околу неа. Оваа застарена и отфрлена теорија често му се припишува на Птоломеј (87-150г н.е). Верувањето било божем многу популарно во Кина и античка Грција и широко образложено од страна на водечките мислители на „антиката„: Аристотел и Птоломеј. Тие сметале дека теоријата е докажана со набљудувања: дека ѕвездите, сонцето и планетите се вртат околу Земјата секој ден, со ѕвезди кои кружат околу полот а оние ѕвезди кои се поблиску до екваторот изгреваат и заоѓаат секој ден со кружење наназад до нивната почетна точка. Второ, бидејќи Земјата е цврста и стабилна, таа не се движи, па бидејќи е така , другите небесни тела мора да орбитираат околу неа. Геоцентризмот бил заменет со хелиоцентризам околу 1600г.

Клаудиус Птоломеј е човекот кому му се припишува мејнстримот на геоцентричната теорија . Некои од основните постулати на оваа теорија се кобожем познати уште од 6 век п.н.е. а сите нејзини основни компоненти се востановени во времето на Аристотел(4век п.н.е). Влијанието на Птоломеј кобожем било толку големо што неговото име станало синоним за геоцентризмот.

И покрај тоа што моделот бил популарен , сите „антички„ ,исто така кобожем, не се согласувале со него. Питагорејците верувале дека Земјата е една од неколкуте планети кои се вртат околу еден „централен оган„. Марцианус Капела ги ставил Меркур и Венера да кружат околу Сонцето. Аристарх од Самос напишал дело за хелиоцентризмот велејќи дека Сонцето е во центарот на универзумот а Земјата и другите планети се вртат околу него. Неговата теорија за жал не била „популарна„ и тој имал само еден познат следбеник се до 1563 година, кога Никола Коперник ги објавил своите дела, со кои го постулирал поиздржаниот хелиоцентричен поглед . Сепак, дури во1610, кога Галилео Галилеј понудил добра теорија со помош на штотуку измислениот телескоп,хелиоцентричниот поглед почнал да го настига геоцентризмот.

Она нешто кое навистина ја побило геоцентричната теорија било пронаоѓањето на телескопот.

Набљудувањата со голо око се премногу ограничени да се покажат вистинските движења на небото па хелиоцентричната теорија е незамислива за било која и каква „антика„ иако нам ни изгледа тешко, со знаењата кои денес ги имаме, да разбереме дека некој некогаш верувал во геоцентризам .


Во центарот на сликата првата стихија -Земјата, поделена на четири четвртинки од кои горе десно е Азија ,долу десно Индискиот океан(во кој потонала Атлантида) ,лево горе Европа,лево долу Африка.Околу земјата,втората стихија,Водата во која пливаат три кита.Околу водата е третата стигија-Воздухот,а околу воздухот четвртата стихија,Огнот(овде ,светлосен етер).Потоа доаѓаат небото на месечината,небото на Меркур,небото на Сонцето,небото на Јупитер,небото на Сатурн.Околу него небото на 12 соѕвездија на Зодијакот секое означено со својот знак.Во аглите четирите ветришта-еоли.Од книгата на Јоханес Сакробусто : Sphaera Materialis (1531)






Средновековното убедување за тоа кој бил Птоломеј е дека тој бил еден од египетските кралеви наследници на Александар Македонски.Денес сакаат да не убедат дека круната на неговата глава е поради почитта кон неговото големо знаење.Пих.

Еве над главата како пишува Принцот Птоломеј
Polus од латински „врв на оската„ ,стапот (латински palus).Земјата се врти околу стапот.Ова го знеле уште во 2 век н.е.Бреј.

Христос на „девето небо„ 16 век.


Што знаел Птоломеј? Најстариот манускрипт на неговиот Алмагест (Од арабо-шпанско-грчки „Ел Мегистос„-Најголемиот) или „Космографија„ е кобожем од 9 век во „арапски„ превод.Оригиналот се разбира е „изгубен„.Реалноста веројатно е сосема обратна.Самиот Алмагест е компилација напишана во 16 век на база на претходно насобрани податоци а истовремено и под влијание на гравурите на Дирер  од Ѓорги Трапезундски кој наводно испечатил превод од манускрипт кој кобожем бил во библиотеката на кардиналот Бесарион  донесен од Константинопол по втората крстоносна војна (1204 г).Второто издание напечатено во Келн на латински го спомнува Трапезундски како прв преведувач на првото издание. И конечно во 1538 во Базел е напечатен грчкиот манускрипт на преводот кој денес грижливо се чува во библиотеката на Нирнберг.


Карта на северното ѕвездено небо Дирер,1515.Птоломеј со  "цилиндер" на главата горе десно.
Еве што знаел Птоломеј во 2 век н.е.:

1.Дека „небата„ се движат  со сферични движења
2.Дека земјата е сферична
3.Дека земјата е во центарот на вселената.
4.Дека земјата не се движи иаку сите ќе испопаѓаат.
5.Дека постои „квадрант„,инструмент за мерење агли до 90 степени и „астрола(б)вос„кобожем измислен 150 години пне од Хипархус кој е „познат антички ѕвездочатец„ но само преку раскажувањата на „Птоломеј„.
6.Во времето на „Птоломеј„ не постоело означување на јачината на  ѕвездите со грчките букви,алфа,бета,гама кои се воведени во 16 век  ,туку тој пишувал вака(за соѕвездието Овен)
1. Praecedens duarum quae sunt iu cornu (претходната од двете, која стои на рогот).
2. Borealior duarum quae in rictu sunt (посеверната од двете која е во устата) и т. н.


Ајде да ги занемариме точките 1-5 кои се сами по себе чудесни но како е можно стотици години (илјада и триста)без точно нацртани карти на соѕвездијата во вид на животни да се помни што е уста а што рог на овенот, кога во реалноста соѕвездијата воопшто не личат на никакви животни со усти от типот на овие на Дирер.Згора на сево ова во „каталогот на 1022 ѕвезди„ координатите на цели соѕвездија се превртени наопаку согласно цртежите на Дирер а сосема обратно од вистинската состојба на небото.

За каталогот на Птоломеј кој кобожем го набљудувал небото над Александрија во 136-138 г н.е.да биде „вечен„прво во него би требало да биде соѕвездието Драко(Змеј) но авторот започнува со „Малата мечка„и тоа од современата Поларна ѕвезда (Alpha Ursae Minoris) која е на опашката на „Малата мечка„ а во тоа време најблиску до северниот пол била спротивната ѕвезда на истото соѕвездие (тн „Бета„) која дури и во грчкиот каталог била ѕвезда од втора величина а поларната,ѕвезда од трета величина.


Карта на современото северно небо



Овој анахронизам на „Птоломеј „ може убаво да се види на сликата долу на која е прикажан патот на северниот пол од „времето на пирамидите „ до денес.




Геоцентричната теорија  која ја видовме убаво и христијански опишана кај Данте не може да е смислена илјадници години пред него.Тоа веројатно е векот (14век) во кој таа теорија станала толку популарна што дури и Господ бил сместен на „деветтото небо„ без оглед на она што го кажува Библијата (дека небото е едно и оптегнато како шатор над плочестата земја која стои на столбови).Се разбира доколку и делото на Данте не е апокриф на 16 век вратен во 14тиот.

No comments:

Post a Comment