Search This Blog

Monday, March 12, 2012

Турците се „античките „Тројанци

Денес скоро сите знаат дека Троја е град кој постоел преку 4000 години и бил центар на античката цивилизација.Се до 19 век се верувало дека овој град е град од приказните.Во 1822 Чарлс Мекларен предлага дека урнатините на Хисарлик во близина на Чанаккале се всушност урнатините на Троја.Германскиот археолог Хајнрих Шлиман врши ископувања од 1870 до 1890.Сите пронајдоци од локалитетот си ги зема со себе .По Шлиман ископувањата ги врши Вилхелм Дорпфелд.Од 1988 германски тим работи на случајот да ги изгради одново руините на Троја со користење на современа технологија .



Во„Троја„ се идентификувани 9 нивоа.Ниво I-V -ран Бронзен век(3000-1900 ПНЕ).Во овој период неговите жители се идентификуваат како Тројанци.Троја VI-VII среден и доцен Бронзен век.Троја VIII-IX хеленистички и романски Илион-Илиум.

Во Бронзениот век,Троја била голема сила поради стратешката локација меѓу Европа и Азија.Помеѓу 3000-2000 г ПНЕ троја била културен центар.По Тројанската војна градот бил напуштен (1100-700 ПНЕ).Околу 700 грчки доселеници го населуваат регионот на Троја.Троја е повторно населена и преименувана во Илион.Александар Македонски владее во овој регион во 4 век ПНЕ.Римјаните ја завземаат Троја(Илиум) во 85 ПНЕ,таа е делумно реставрирана од римскиот генерал Сула и е наречена Нов Илиум(Илион).

Во времето на Византија Троја ја губи својата важност и постепено„исчезнува„.

Троја е најпозната од приказните на Хектор,Ахил и Грците Ахајци,Хелена,Парис,Агамемнон и Пријам.Приказната за Троја е преведена на сите јазици.Хероите на Троја ,Ахил и Хектор се опеани во многу поеми.Од Александар Велики до Лордот Бајрон многу историски фигури се идентификувале со хероите на приказната.Но луѓето секогаш (се до 19 век) се прашувале дали постоела Троја или не постоела,имало ли дрвен коњ или немало.



Има малку или поинаку кажано воопшто нема докази за историското постоење на ликовите од приказната на Хомер.Како највреден „доказ„ се смета спомнување то на андолскиот водач бунтовник Piyama-Radu (можеби Пријам) и неговиот наследник Alaksandu (можеби Александар, другото име на Парис),обајцата од Вилуса ,Wilusa (можеби Илион, Илиос).Се спомнува и богот Apaliunas (можеби Аполон).

Друг квази доказ се линерните Б таблици.20 од 58 машки имиња се истотака познати преку Хомер,вклучувајќи го и Екото e-ko-to(Хектор) како тројански војници.Требало со ова да бидеме задоволни дека вакви имиња навистина постоеле во Микенска Грција.
Наводно ,кога Павсаниј ја посетил Теба во Беотија,во 2 век НЕ, му го покажале гробот на Хектор и му рекле дека дека коските на Хектор се пренесени во Теба на барање на пророчиштето во Делфи.Ова како оправдување што и Тебанците го сметале Хектор за свој локален херој.
Сцена од тројанската војна -Илијада ,средновековен манускрипт.

Приказната за тројанската војна можеби сте успеале да ја запаметите од Илијадата а можеби и не.Читајќи хексаметар по хексаметар се губи целосната слика.Па еве ја на кратко.

Тројанската војна се водела помеѓу Грците и Тројанците.Кралот Пријам од Троја бил богат и моќен,од својата сопруга Хекуба и конкубините имал 50 сина и 12 ќерки.(Вистински Султан,ќе се сложите)

Неговиот Син Парис (поинаку крстен и Александар) бил поканет да пресуди која од божиците , Афродита, Хера или Атена е најзаслужна да го добие златното јаболко од божицата Ерис(неслога), како најубава.Сите три се обиделе да го подмитат Парис за да го добијат јаболкото и титулата „најубава божица„. Но Афродита му ја ветила најубавата жена на светот и Парис попуштил.И го дал златното јаболко.Тогаш заминал за Грција каде се вљубил во Елена (Хелена), жената на Менелај, кралот на Спарта и ја зел со себе во Троја.


Лукас Кранах Постариот (1472 - 1553) Пресудата на Парис

За да ја вратат Елена Грците организирале експедиција на чело со братот на Менелај, Агамемнон, кралот на Аргос или Микена.Тројанците одбиле да ја вратат Елена.Грците успеале да ги ограбат населбите во околината на троја,тн Троада,но самата Троја со помош на своите сојузници опстојала 10 години под грчка опсада.

Во војната за Троја и боговите завземале страна.Па така Хера,Атена и Посејдон биле на страна на Грците а Афродита(која имала син Енеј од тројанецот Анхисес внук на Асархус),Аполон и Арес на страна на Тројанците.Илијадата која се случува во 10тата година од војната,раскажува за кавгата помеѓу Агамемнон и Ахил,кој бил најдобриот грчки војник,и за смртта во борба на пријателот на Ахил ,Патрокло и најстариот син на Пријам, Хектор.

По смртта на Хектор (најхрабриот тројански војник кој убил 30 Ахајци-Грци во борба), на Тројанците им се приклучиле два егзотични сојузници.Пентесија ,кралицата на Амазонките и мемнон , кралот на Етиопите и син на божицата-зора Еос.

Ахил ги убил сојузниците на Троја, но Парис подоцна успеал да го убие Ахил со стрела , погодувајќи го во петата која му била единствено ранливо место на телото.Пред да ја освојат Троја,Грците морале од светилиштето да ја украдат дрвената слика на Атена Палада (Паладиум) и да ги донесат стрелите на Херкул како и да го доведат болниот стрелец Филоктет од Лемнос и Ахиловиот син Неоптолемос(Пир) од Скирос.Сето ова го направиле Одисеј и Диомед.

На крајот ,со помош на Атена,Епиус изградил голем дрвен коњ.неколку грчки војници влегле во него,а остатокот од грчката војска заминал за блискиот остров тенедос,преправајќи се дека ја напуштаат опсадата.И покрај предупредувањата на ќерката на Пријам,Касандра,Тројанците биле убедени од Синон,Грк кој се преправал дека е дезертер,да го внесат коњот внатре во ѕидините на Троја како подарок од Атена.Свештеникот Лаокон,кој се обидел да го уништи коњот,бил убиен од морски змии.

Вечерта откако бил внесен коњот,грчката флота се вратила а грците кои биле скриени во коњот и ги отвориле вратите на Троја.Следело тотално уништување .Пријам и сите негови преживеани синови биле убиени.Тројанските жени биле земани во ропство во различните градови на Грција.

Авантурите од враќањето дома на грчките војници е раскажано во два епа, Враќањето(Ности,изгубени) и хомеровата Одисеја.

Малкумина Тројанци преживеале, вклучувајќи го и Енеј, чии наследници продолжиле да владеат со Тројанците.Подоцнежната традиција го носи Енеј од Троја во Италија каде тој станува најстариот предок на античките Римјани(Енеида).

Сцена од римски саркофаг божем од 2- 3 век ПНЕ.Телото на Хектор го носат во Троја

Во мај 2004 година на премиерата на филмот Троја,огромен број луѓе се туркаа да го видат овој американски блокбастер кој екранизира настани кои се одиграле во нивната држава пред илјадници години.На 16 мај ,кратко по премиерата,осамна напис во турскиот весник „Радикал„,под наслов „Дали Тројанците биле Турци?„

Можеби овој наслов шокирал многумина но прашањето дали Турците се Тројанци ,тешко дека е од нов датум.Во средниот век (пред 15 век) постоело општо прифатено гледиште дека водачот на група Тројанци,Торкватус или Туркус бил предок на современите (за тоа време) Турци. Приказната била дека тој ги одвел своите луѓе во срцето на Анадолија,каде тие живееле многу векови се до отоманската експанзија кога потомците на Тројанците се вратиле да го казнат Западот за изгубената војна и да си го вратат наследството.Можеби ќе се зачудите,но ова стојалиште не било турско туку западно.Католиците се солидаризирале со Турците,бидејќи тие се бореле против„декадентните Грци„.

Но кога Западот забележал дека Отоманите нема да застанат на Грците ,туку имаат поголеми апетити ,во Ренесансата сите сили се вложуваат да се „разведат„ Турците од Тројанците.

Така од 16 век заедничкото минато на Муслиманите- Турци и Католиците-Европјани е анатемисано.

Дека и самите Турци сметале дека се потомци на Тројанците укажува и фактот што Мехмед Освојувачот се интересирал за делата на Хомер.А дворскиот историчар Критовулос од 15 век ,го цитирал султанот кој по освојувањето на Константинопол рекол„Го одмаздивме Хектор!„ 

Можеби овие зборови се апокрифни исто како и зборовите на Ататурк кој турската победа на Британците и Французите на Дарданелите ја нарекол „уште една одмазда за тројанската војна„.Но,факт е дека еден од британските воени бродови на Галиполе бил наречен Агамемнон.Успехот да се потопи ова ремек дело на воената флота било една од големите пресвртници во битката.



Шекспир до 17 век ја задржал симпатијата кон Турците-Тројанци во своето најамбициозно дело од 1602 г. Троил и Кресида


ИСЛАМСКИТЕ ДРЖАВИ ВО РЕНЕСАНСНАТА МИСЛА


Liber Chronicarum,Нирнберг 1493.Полумесечина  на кубињата на Троја

Дали Турците се античките тројанци (2)

Friday, March 9, 2012

Јастребов, Обичаи и песни на турските Срби



Иван Степанович Јастребов (1839-1894) руски публицист и дипломат.



Се разбира  „турски Срби„ се Македонците.

Кај нас привикнавме на сознанието Македонија да се поврзува со идејата дека таа земја е населена со Бугари и не си ја дозволувавме идејата дека во неа живеат и Срби.Дури во последно време некои учени започнаа да дозволуваат постоење на српски елемент,иако сеуште не можат да му се спротивстават на вкоренетото мислење дека во Македонија живеат Бугари бидејќи ниту во неа има Грци,а Турци има толку малку што тие не се ни осмелуваат да си ги мерат силите со Бугарите.Статистичките податоци на Ризов*(тој ја составувал својата статистика на возраст од помалку од 20 години) и слични на него ги водеа заболените од бугароманија во не малку заблуди,кои можеби и до ден денес се раскажуваат.Без оглед на поголемото или помало отрезнување од бугароманската заблуда,сеуште кај нас ќе се пронајдат не малку бугаромани на кои бугарскиот чад сеуште им го заматува видот.Бугарите,учејќи кај нас и добро познавајќи ја нашата слаба страна желно да се вљубуваме во нешта кои не фасцинираат не престануваат да го шират во нашата журналистика раширеното мислење на населеноста на Македонија исклучиво со Бугари.Имено,со оваа цел г.М испечати во ноемвриската книшка „Известија на Ст.Петербуршкото славјанско благотворно општество„ за минатата година,статијка под наслов „Македонија„.Бугарите се исто така подготвени да докажуваат дека и косовскиот вилает не е населен со Срби(како што тоа веќе во бугарските календари е сторено).И г.М во својата статија дојде до подобните тенденциозни наводи при погрешното изложување на борбата на македонските словени против елинизмот.Дека во Македонија славјаните не се Бугари и дека немало бугаризам таму каде сега го наоѓаат,потврдува и самиот г.М со заглавието на својата статија „почетоци на бугаризмот итн„.Значи бугаризмот немал корени во Македонија а го води својот „зачеток„ од пред 20-30 години како што вели самиот г.М.Ова не е доволно за на г.М да не си го земе правото да ги нарекува македонските славјани (Старо-Срби) -Бугари.Тој напротив ќе им сугерира на читателите дека ова го прави,не обрнувајќи му внимание на мислењето на филолозите,а имено затоа што „ словените во македонија д у х о в н о се соединиле со Бугарите од Северна Бугарија,Тракија,земајќи го името Болгар.Ако устројуваме вакви силогизми ,во други случаи ќе дојдеме до апсурдности .На пример муслиманите во Босна,по род Срби,кога го превзеле муслиманството духовно се соединиле со Турците од што следува дека тие повеќе не се Срби туку Турци.Не ги нарекувале ли грчките митрополити и воопшто сите елинизатори сите православни словени -Грци,затоа што од нив ја зеле православната  вера и се соединиле со нив   д у х о в н о.Не не зачудува што и денес елинските пропагандисти оние кои ја признаваат патријархшијата ги нарекуваат Грци а егзархистите-отпадници од грчката народност.И тирците до ден денес продолжуваат да ги нарекуваат сите Словени во Македонија -Руми(грци) освен егзархистите кои во официјалните документи ги нарекуваат Бугари.Само неколку турски паши ,на пример Митхад Паша познатиот организатор на придунавскиот вилает и неговата креатура Абдурахман паша(денес генерал -губернатор во Мала Азија) со политички цели да го спречат влијанието на Српското кнежевство и неговото проширување и помагале на бугарската егзархија да ги побугари словените дури и во Косовскиот вилает.Последниов,Абдурахман паша, во 1872 година промовирајќи го нишкиот губернатор во генерал губернатор на бившиот Призренски вилает , се трудеше да го зголеми влијанието на бугарската егзархија и и предлагаше на призренската православна општина да ја признае егзархијата и во тој случај им вети на призренците дека ќе ја зачува старата црква Св.Спас во Призрен која грчката патријархшија договорно ја предаде на тамошните цинцари затоа што тие изразија желба дека сакаат да се погрчат,денес Цинцарите во Призрен учат грчки и вршат служба во црква на грчки.Грчкиот силогос им изгради училиште му плати на учителот 600 рубљи годишно и го снабди училиштето со книги и облека).Овој пример да им се забранува на Србите да се нарекуваат во Турција со тоа име не е единствен во поново време.Но во уште постари времиња оваа забрана за Србите во Македонија била сеопшта и сеопфатна.Да се нарекуваш себе Србин значело дека се нарекуваш бунтовник против општествениот поредок истомисленик со Србите од Шумадија или Црна гора,исконските непријатели на Турција.Да се наречеш Србин значело да навлечеш на себе сомнеж не дека сочувствуваш туку и дека работиш за српските кнежевства.Само од страв од Турците македонските Срби не смееле пред турците ни да го спомнат непожелното име Србин.Не малкумина кои се осмелиле  платиле со затвор ,прогонство во Азија и Африка а се случувало за ваква дрскост да платат и со живот.Ми се случувало не еднаш да слушам од старци раскази по повод тоа како нивните дедовци и прадедовци страдале од Турците за тоа име.Турците и потурчените ги нарекуваат Србите или ѓаури или власи(во смисла на роб).Во писмениот јазик ги именуваат како бугарски народ.Со оваа чест се удостоени и Србите од целиот Новопазарски санџак.Арнаутите исто така ги нарекуваат Каури,Власи и Б у г а р и за разлика од Б о л г а р и т е кои живеат на исток од Ќустендил.Турските Срби се привикнале на овие имиња и сами себе се нарекуваат Ѓаури (кога разговараат на српски со српските муслимани) или Власи(кога разговараат со Турци) или Каури(кога разговараат со Арнаути) или раја (кога разговараат со управниците) зависно од тоа со кого разговараат.меѓусебно се нарекуваат Р и с ј а н и  но никогаш себе не се нарекувал Бугари се до 70тите години (на 19 век) и ако го правеле тоа го правеле само пред властите и судската администрација.не е чудо ни што Србите кои живеат во Албанија се водат кај Турцита(на пример во пасошите) како Бугари исто така као што со ова име се нарекувале жителите на Подгорица и Спица а и Куча Дреналовича се до нивното преминување во Црна Гора.Забележувам овде уште една необична појава.Турците никако не сакале да дозволат јазикот на кој зборуваат Србите во Македонија да се нарекува српски.Толку се противат на овој назив што тие српскиот јазик го нарекуват босански,влашки или бугарски но никогаш српски.Потурчените Срби говорат на чисто српски јазик но никогаш не го нарекуваат српски туку бошњачки(босански).Впрочем не треба да се чудиме на оваа појава што Турците од фанатизам се подготвени да го избришат српскиот народ од лицето на земјата и да му го уништат јазикот на кој говори.Не гледаме ли исто така дека и во Босна ,српскиот јазик е прогонуван исто како и во Турција.Австријците не сакаат тој да се нарекува српски туку едноставно,месен.Едвај е нужно овде да се зборува дека Србите со своите востанија против турскиот јарем за кои секогаш наоѓале сочувство кај своите еднокрвни браќа во Македонија ги навлекле Турците против себе.Доволно е да се спомне војната на Турција против Австрија во која Србите имале свое активно учество,а подоцна двократната преселба на Србите во Австрија за да си претставите каква репутација имале Србите кај Турците.Со ферманот за уништување на Пеќската патријархшија строго било забрането да и се спомне името на оваа народна српска независна црква.И во подоцнежните времиња Србите не ги оставале Турците на мир.Имињата на српските ајдути се познати во српската историја .Меѓутоа за тоа време Бугарите спиеле со цврст сон.Никогаш кај нив немало заговор против Турците.Тие биле верни робови на турците до незамисливи размери.Во криминалната историја на Бугарија(за време на турското владеење) вие нема да најдете ниту еден факт кој би докажал случај на благородна саможртва или пожртвуваност на Бугарин.Да кажеме појасно:немало случај некој Бугарин од чиста мира да убие Турчин поради честа на неговата жена.Но ние тоа го гледаме од историјата на Србите и Црногорците.Тие,исто како Арнаутите,не си го штеделе животот поради честа и беспоштедно ги убивале Турците кои ги обесчестувале.....

........Не можејќи сосема да ги побугарчи овие звуци(ћ и ђ односно ќ и ѓ м.з) карактеристично Српски,и Миладинов,побугарчувајќи ги песните на турските Срби и Веркович,служејќи се и со наши и со ваши т.е и со Срби и со Бугари не можел    српските ћ и ђ да не ги сочува во своите песни........Мојата погоре наведена книга„Служение еврејско„исто така со убедителна надгледност му докажува на читателот дека јазикот,на кој таа е пишувана, бил имено српски а не бугарски.Ние знаеме дека бугаринот ниту во пишуваниот ниту во говорниот јазик не го употребува двојниот партицип а во оваа книга тој се среќава доста често на пример:будејќи,будејћи,бидејќи,знајајке,чатеике бо таја книга...


Да не должам со глупостиве.Македонците не се ни Срби ни Бугари .Секогаш било тешко да се присвојат.

Овде ни се поинтересни некои народни песни забележени од Јастребов.Забележувам дека ова не е превод на песните .Тие се само препишани со македонска азбука.

Призрен

Јеребичице, треперичице,високо леташ,
Високо леташ ,далеку гледаш
Далеку гледаш,широко држиш,
Широко држиш,на куќи паѓаш,
На куќи паѓаш ,на куќи слама,
на куќи слама,у куќи слава,
У куќи слава ,да је жива
Домаќинска глава!
Испи ја исчисти ја Јован чорбаџија!

Дебар

Утре вечер.бодник-вечер,
Бодни коња на пазара,
Купи риба и јогули
Дојди дома,да ја вариш,
Сркни риба,убоцај се,
Пи си вино,весели се.
***
Теле велит:леле!
не колите мене ,
Токо коли кокош,
Кокош се скрил под кош.
***
Сива,сива ,гулабица!
До каде си долетала?
-До нашего господина,
Что чинеше наш господин
-Ми правеше златни чаши,
Златни чаши и конати,
Да послужат мала Бога,
Мала Бога и Божиќа.
Божиќ ми е по се земја ,
Слава му је до небеси!

Добро утро стара бабо,
Дај ми колач и погача,
Напи с'вино и ракија,
Појди в племна запали се,
Сркни риба,убоцај се,
Косни каша,попари се!
***
Посакал петар убава Јана ,и,и!
С добрум ја сакат за две години,и,и!
Со злум ја сакат за три години.
Јанина мајка Јану не дават.
Ја затворило во земни кледи,
Во земни кледи ,камнени ѕиди,
камнени ѕиди,мраморни порти.
От ми је писна јанина мајка,
Оф леле,леле  за бела Јана,
Шчо не си имав ушче једна ќерка,
Ушче једна ќерка как бела Јана.
Здодеја ми се пиејќи вода,
Вода си пија се синошница,
Се синошница,израсеница.

Оф леле,леле дури до Бога!
Шчо не си имав ушче једна ќерка,
Ушче једна ќерка как бела Јана.
Шчо ми се спила студена вода,
Студена вода с утра носена
С утра носена с цут оросена!
неја да прата на студна вода.
От ми ја дочу убава Јана,
ми се промени во девојчинско
На глава кладе се невестинско.
От ми је зеде ибрик во рока
Ибрик во рока,ведро на глава.
Оти ми појде на студна вода
Тамо го најде Петре војвода,
петре војвода с коња на вода.
Де изговори Петре војвода,
-тако ти бога млада невесто,
ја ќа те праша право да кажеш.
Чија си ќерка ,чија си сноа?
Де изговори млада невеста,
Џелепска сноа,војничка ќерка,
пак ми одеа шчо поодеа
Де изговори млада невеста
Да Бог те убил петре војвода,
Да л не познаваш убава Јана,
Што си ја сакал до три години?
Оту ми стрча Петре војвода,
Со коња трчат,не ја фтасават.
Со стрели фрљат,не ја погаѓат.

***

Иљванин татко две кули правит,
Две кули правит,два манастира,
Иљвана мома кал подаваше,
кал подаваше,кал и камења,
кал и камења,белага вара.
Тује помина Селим сејменче,
Де ајти тебе Иљвано моме,
не те прилегат кал да подаваш,
кал да подаваш,кал и камења,
Ток те прилегат рокав да везеш,
Рокав да везеш на висок диван.
Рокав да везеш,чорап да плетеш.

Името на манастирот Хиландар не значи ама баш ништо(илјада магли илјада мажи итн итн ,некои теретни бродови,потполни глупости,Хиландариос растко бла бла ).Веројатно манастирот се викал Илиндар односно дар за свети Илија,како што се гледа од песната:




Thursday, March 8, 2012

Бабини дни

Бабини дни.

Последните дни от марта се викает бабини дни, кои обикновено сет студени и ветарливи. Тие дни се зедени от априља ево како. Една стара жена по излегвењето от марта, како виде, че времето беше топло и много хубаво, рече: "Циц козица и планина, прдни марту на брадина", и си излезе со козите на планина. На марта падна тешко да се презират от една баба и рече на априља: "Априле, лиле, мој побратиме, придај ми три дни да згрубам баба." Април му даде; и захвати таков студ, лапавици и ветришта, што бабата со 'се кози замрзнала. И днеска, велет, стоја каменообразни бабата и козите на Шар планина.

Од Зборникот на Миладиновци

Кукушка свадба




За поголемиот дел од егејските дијалекти (Кукуш, Костур, Солун итн.) е карактеристичен носниот (назален) изговор на јусовите (Ѧ и Ѫ), па, така имаме:
гленда - ГЛЕДА
чендо - ЧЕДО
ренди - РЕДИ
пент - ПЕТ
хинде - ИДЕ
онде - ОДИ
дамб - ДАБ
з`мб, замб - ЗАБ
к`нде, конде - КАДЕ

Зборовите се испишувале како:
ЧѦДО - во некои говори се изговарало "чедо", "чадо", но и носно "чендо", итн.
ЗѪБЪ - во различни говори се изговарало различно: "заб", "зуб", "зоб", "зъб", но и носно "зъмб", "замб" итн

Денес остатоци од тоа има во полскиот јазик каде носовките се бележат со Ą (ом, он) и Ę (ем, ен).
Dąbrova - Домброва; Sącz - Сонч
Kępno - Кемпно; Więcbork - Вјенцборг.

ФИЛКА МОМА МОЛЕ БОГА (Кукуш)
Костадинка Палазова

Филка мома моле Бога,
да ја сторе, леле, едно пиле,
да прелета, леле, ширно море,
да си хинде, леле, ју Солуна.

Да си хинде ју Солуна,
јуф чаршија, леле, на тергија,
да си купе, леле, астухрина,
да и шие, леле, антерија.

Да и шие антерија,
д`лга, д`лга, леле, хем широка,
да се вее, леле, до земјата,
да ја гале, леле, калд`рмата.

И ка ќ`онде на орото,
на орото, леле, кукушкото,
дек што играт, леле, с`л ергени,
с`л ергени, леле, Кукушани.

Да ја виндат ергените,
ергените, леле, кукушките,
да запукат, леле, комшиите,
комшиите, леле, душманете.


И в Кукуш на добар ден се береет младите на 'секакви места и играет' оро, а На Велигден 'сите се собервет на едно место и играет. Кога некоја свршена видит некого от зетовската роднина или зетот со пријатели, се пуштат от орото со една друшка, која ведит неа и која прва целуват р'ка с'де на сродникот, а свршената нему и на сите негови другари, што ке бидет со него. Но ако се згодит тамо армасникот (свршениот), оваја на сите целуват р'ка, а к'м него не подходит.
На такви народни обшти ора неженатите си се избирает; и по татковското согласе стројниците приготват армасот, кои се чипит вака. В некој праздник се берет сродниците у момчето, кое целуват р'ка на татка му, или ако немат татко, на вујка или стрика, кому вр'чвит знаковите :една хубава шамиа и некој флорин, еднакво целуват р'ка и на другите стројници. После ходат у девојката, к'де им став'ет софра. По неколку време излегвит момата со некоја друшка. Тога се менват знаковите от двете ст'рни. По това друшката целува р'ка на сите со ред, а после момата, која секому на рамо префрљат везана риза, на женатите везана на разбои, а на неженатите везана со нејѕина р'ка. Стројниците, имеештем на рамо ризите, се враштает у момчето, к'де се гоштавает. Тој се викат мал армас (свршување).
Другиот ден се собирает у момчето около триесет дечина от четири до десет години, кои стара жена водит у невестата. От децата едно носи овошки (олошки) во шамиа, а друго во лепо везана риза носит овошки от три, пет или седум вида (сорта); една китка наредена со стари пари пет или седум, или девет, от кои три пари сет по-големи.1 Момата ги пречеквит и на 'сите целуват р'ка и најпосле на тие, што носат овошките. На децата донесват прво благо нешто, а после друго јаст'е. Наодзади излегвит девојката, им целиват р'ка и им дават по китка и риза, и на едно от тие дават гореречената шамиа со овошки, една лепо везана риза и една зелена китка за момчето. Овој обичај неколку п'ти во годината се повторвит, особено кога излегват нови овошки, но други п'т количеството от децата је многу помало.
Зелена китка. 
После неколку месеци канет у зетот жени и моми роднината му, кои ходат у момата, имеештем со себе си с'д со овошки, над кои сет около пет зелени китки, от кои поголемата, која имат ж'лтица, врзана со коприна, је за момата, уште за момата носет чораби, чевли, неколку ока предено, лен и неколку драмој коприна разноцветна, от овие момата требит пред свадбата да имат зготвени кошули за дарување. Девојката ги пречеквит, им целуват р'ка и сама земат вештите. Им став'ет софра да јадет. Пак момата излегвит, им целуват р'ка и ги служит по чаша вино, тога пејет три песни. После излегвит сестра је и дават по една малка зелена китка. По неа момата даруват по риза на золвите и свекрва је, на која вр'чвит гореречениот с'д полн со неиѕини овошки, неколко зелени китки, меѓу кои за момчето поголема, а со жлтица помала от таја, што прати момчето, и везана риза за него, и по риза за свекорот, девери, вујковци и стриковци. Други п'т сама свекрва је ходит у момата и је земат мера за колан со пафти, за колби (белези) и за четири прстени.
Голем армас. 
Две недели пред свадбата, в с'бота спроти неделја, момчето со роднините и пријателите му ходит у армасницата, имаештем со себе си потребното јаст'е и пит'е. Мајка му во тепсиа носит благо сукано, а снахите коланот (појас) со пафти, колбите, четири прстени, шамја за р'це, друга за глава, туљбен, фес, огледало, гребен и жлтици, а момчето шамиа со овошки. Стигвеештем у момата, м'жите седвет на една ст'рна, а жените на другата стојет простум. Излегвит момата со една друшка и целуват р'ка на м'жите, а на момчето не, после целуват на жените, от кои земат речените вешти и ги предават на дружката си; и најпосле целуват р'ка на момчето и преземат шамиата со овошките. Ставет софра, на која донесват јаст'ето и пит'ето от момчето, кое, целиваештем р'ка, на 'сите служит по ракиа. Постариот на четири ск'ршвит на савче винено кр'стообразната погача, која имат на стреде врзано цело (стара пара); стредата со целото се праштам на момата. По неколку време момчето служит на сите по вино, целуваещем р'ка. По това донесват момини јастја и вино и момата тога целуват на сите р'ка и ги служит по едно вино. Таја вечер не се спиет. На разденвенето пије ракиа от момчето. На одзади момата им леит (туриват) вода да се измијат и најпосле на момчето, и на сите префрлјат на рамена по една риза; 'сите ја дарвет по ж'лтица. Това се викат голем армас.
Руба. 
Седум дни пред свадбата в неделја от момата праштет у момчето стомна вино. Неколку моми ходат у момчето, имаештем за момчето две кошули, две гашти, една антериа, еден елек, една шамиа, две бохчи; за браќа му, за свекор, свекрва, за чичовци, вујковци и тетиновци по кошуља и риза, за јатарви, вујни и тетки по карпа; за мајсторот, што го учил занает, и за учителот по кошулја. Стигвеештем у момчето сите тие дарови обесват на ѕид в одајата, к'де момчето имат обесени сите дарови, што му пратила момата. Им давает да ручает и момчето им целиват р'ка и ги служит по ракиа (ако пијет). После момите пејет и играет оро така, што три п'ти излегвет надвор от вратата и влегвет н'тре. Това се каже руба.
Замес. 
Три дни пред свадбата, в четворток рано, месвет у момчето две погачи, една за момата, друга за кумот. Се берет у момчето неколку моми и замесват хлеб вака: донесвет три ношви (на ошто месет хлеб) и три сита; три моми ке засеат брашно и ке го соберат на едно. Мало дете, што имат татко и мајка, клават сол и вода; и со дрвце, кое имат на крајот топувче и кое викает кукудавка, прво смешвит брашното и водата, а момите после го замесват. После кревает детето на р'це, а детето три п'ти ке удрит со дрвцето на греди и три п'ти ке речит: "Момак и мома." - Това се велит замес.
Истиот ден момите правет фруглицата (бајрак), која је трска, на неа зашиена бела риза везана, а на врхот јаболко шикосано (варакосано со злато). После една девојка, облечена во момчеви руби, со м'шки фес на глава, фаштат на 'оро другите моми и водит танец, држеештем фруглицата.
Вечерта еден ковчег, во кои клавает бамбакерно семе, јачмен и три јаболка, го испраштает у момата со фругличарите (кои носат фруглицата, кога одеет за невеста, побратимите) кои, како г' однесат, седват на него. По малу идет момата, им целуват р'ка и ги даруват по риза, а тие је предавает ковчегот и се враштет. По ним момчевиот татко со два троица земат погачата, што месиха раното и која је врзана крстообразно со црвена коприна и на стреде имат цело, и ходит у момата. Тамо им давает да јадет и таткото скршвит погачата на винено грне. После ке се разговорат со моминиот татко за обушвата (дрехи).
Истиот вечер други седум-осуммина от роднината момчева земает каниска (јастие, со кое канат) и погачата, што месиха раното, и ходат у кумот да го канат на венчавање. Тамо се гоштавает и ноќта се враштет назат.
Петок.
По ручег се берат у момата нејдзини сродници невести и моми, за да ја плетат. Се собирает околу неа и прво кладват мало дете, што имат татко и мајка, за да ја заплетит и зачешлjaт, а момите ке ја исчеслјает и ке ја доплетат со песни. Кога тие ке свршет, момата им целуват р'ка и си клават на глава фесот и шамија (што је беше дал момчето на големиот армас), а после заедно со сите играт оро. Тога невестинската руба, која ке носит у момчето, стоит в одајата обесена.
Во тој ден у момчето виет карафил во книжина, со кои фругличарите канат гостите. Наодзади фругличарите ходат у момата да кажат, че во неделја имает свадба. Невестата ги даруват по риза.
Собота.
Неколцина се берат у момчето, за да заколјат волот (без вол не бидвит свадба). На волот накитват главата и роговите со цвеќа и китки и му пејет песни, и дури да го одерат и суредат не престанват да пејет и да играет оро. По ручек фругличарите со карта вино (чутура) канет на вечера гостите, што беха ги каниле в петокот, а кумот не. Како ке кладат вечера на гостите, фругличарите се праштает у момата, к'де еднакво служит и отк'де не может да се вратет без повелење от моминиот татко.
Неделја. 
Раното идет бричачот (берберино) и бричит зетот; а две моми дочеквет лакната на риза, која скривет, за да ја кладат во невестинскиот ковчег, кога ке го донесат. Другите моми пејет и играет оро окулу зетот. По св'ршвењето дарувает на бричачот риза и пари кој како сакат, а зетот целуват р'ка на сите и се измиват образ. Водата, со која ке се измиет, собирает в бардаче и ја вардат дури да донесат невестата, како ке видиме. После му носат зетовската руба, која едно дете три п'ти т'ргат (теглит) на к'нтар и зетот се облеквит; а фиралите (чевли) не истават от ноsете дури да се венчат.
За ручег се собирает сватовите, канет кумот и кумата со дружината му и ручает. По това зетот целуват р'ка на кумот и подкумникот и на сите сватови, после ходет да земет невестата.
Стигвеешт'м у момата деверите, свекрвата, кумата и снахите ходат к'м одајата је. А момата со затворени врати, обиколена от роднината си, држеештем решето со бамбакерно семе и три страка запалена борина, запевјат: "Откупи снаха деверу! Ск'па је снаха, вредна је..." Деверите, кои стојет на вратата надвор, давает неколку гроша на вратарот и влегват сите н'тре, а момата разсевјат семето во решетето, кое фрлјат вонка (надвор), а други го фрлјает на к'шти. Постариот девер дават на невестата чорабите, от кои еден је полн со овошки, напр. леблебии (сланток печен), кои таја клават в џеп. После остават пред неа чевлите, кои таја ритвит (кљошвит, клоцвит) три п'ти, а после ги обувја. По това прво кумата клават на главата от момата венец от винена лоза, обвиен со црвено предено. После свекрвата је наредвит стребрениве накитки: нетоп на чело, натоп, плоча преку гуша на гр'ди, перја и иглици; а момите во това време пејет: "Веди се долу, наша дружко, дур да ти кладат нетоп па челото, плоча на срцето." Наодзади ја преврзват со голема бела риза, а преку рамо под левата мишка преврзвет басма или друго нешто ск'по, најпосле ја прикрив'ет со дулак (превез); а таја три п'ти се кланат на татка је и кумот и ходит на ст'рнча, к'де често се кланјат (гувеит).
После некоја малка мома паправает невеста, ја покривет, ја фаштает за р'ка и со песни свекрва, кума и 'сите жени се враштает в кштата от момчето, а м'жите останват тамо. Но кога невестата носеет в црков, сите жени и свекорот, кој не ходит со сватовите за невестата, пред црков пречекват невестата, како ке видиме.
Сватовите се гоштавает, а зетот со фругличарите ходит в особена одаја, к'де стоит софра ставена. Зетот со трите прсти земат от четирите ст'рни от јестието и го клават пред себе; после јадит. По малу време идет тешта му или шурна му и му дават прстен за венчање и му префрљат на рамо бела риза; и тој је целуват р'ка и си ходит при кумот. По това идет на трпеза невестата, која седит на истото место, к'де беше седнал зетот, и прво изедвит това, што остави зетот кога седна да јадит, а после јадит други јела. По това зет и невеста ходет при кумот, кои покриват главите им со платно и држеештем чаша вино со малу хлеб н'тре, ги благословят и истуриват виното преку младенците. Невестата целуват р'ка нему и на 'сите сватови. Во това време идет неколку момичина (девојчина) и на 'сите сватови пејет песни 'секому прилични по врстта (возраст); а сватовите ги дарувает по нешто. Зетот целуват р'ка па 'сите невестински сватови; а невестата, изведена надвор, даруват по шамиа 'сите нејдзини сватови, кои тога излегват. После се проштават со татка и мајка и се прекрствит; а деверите ја качват на конја. Така ходат на венчање в црков, по п'тот жените пејет, а невестата часто се кланјат.
На приближвенето в црков свекорот, кумата и другите жени пречекват невестата, окулу коja пејет: "Куме, мили куме, дали да венчаме." Свекорот ја свалјуват (слегвит) от коњот; а таја му целуват р'ка и му дават риза, еднакво и после венчањето свекорот ја качвит на кон. И кога ке стигнат у момчето, пред вратата је пејет: "Ела, ела, невесто, познаќеш си дворови..." Пред да слезит от коњот, је давает две м'шки деца, на кои образот гладит со плочата, им целуват р'ка и им дават от овошките, кои от чоработ беше клала в џепот си, како рекохме; а другите овошки исфрлјат. Тога свекорот фрлјат преку неа дробни пари и ја слегвит от коњот. По това је давает под мишка два сомуна хлеб и бардачето со водата, со која зетот беше се измил лицето, како се каза погоре. Така таја се качвит дома и по малу туриват от водата, дури да стигнит до одајата, во која зетот стоит скриен зад врата, и кога невестата ке влезит н'тре, тој три п'ти ја удират по плешти и излегвит вонка (надвор), невестата однесват да стоит в ќоше , а хлебовите и бардачето фрлјат на гјарамиди. По това донесвет јастје на невестинските сватови, кои тога се викает погазеи и кои после јаењето си ходат секој дома.
Вечерта се собирает гостите; и на вечерата зетот и невестата, захваштаештем от кумот, се поклонват, целувает р'ка и служат по чаша вино на сите сватови, на кои невестата раздават даровите, прехврлјаештем на рамо дарот; а сватовите неа дарувает по нешто. По неколку време запеват: "Стани, куме, стании! Ти се молјат младенците, време јет да одиме..." Гостите си ходат; наодзади станвит кумот, кого зетот и невестата пречекват на врата, му се поклонват три п'та до земја и му целувает полата и р'ката.
В понеделник канет на ручег гости и заигравает на оро зетот со невестата. Вечерта пак канет гости.
В торник накарвет (натервет) невестата да сметсит и да измиет с'довите (вагани, паници, каленици) и ја задевает (задирает), jе се подсмевет, гоо (като че) не умеала да метит и да миет с'довите; а таја подхврлјат некоја пара на земја, за да престанат, да ја задирает. После ја натервет да месит мазник, и тога је се подсмевет и на сученето је сечат корите (губи), гоо не знаела да сучит мазник; а таја им подхврлјат неколку гроша, дури да престанат. Тој мазник јадет куќните и побратимите.
В стреда невести и моми, зетовски роднини, изважает невестата да налеит (нацрпит) вода. Со себе си носат грне вино и ракиа и кого на п'т стретат, нему невестата служит вино и ракиа и му целуват рка. Невестата носит в десниот р'кав просо, а в уста стара пара (цело). Стигвеаештим на кладенецот (геран, бунар), невестата ходит окулу него, туриваештем по малу просо, и се кланјат крстообразно на четири ст'рни; наодзади хврлjaт целото в кладенецот и нацрпвит вода.
Четворток вечер невестински татко канит зетот и невестата на гости.
Замеч[ание]. В Воден, кога тестот в петок вечер канит зетот со многу гости, се викат првиче; другиот петок, кога зетот ходит у тестот со побратимите, се викат вториче; треќиот петок, кога ходит с'де со невестата, се викат третиче.
Петок вечер спроти с'бота не требит зетот и невестата да останат дома си, за това ходат да преноќвает у некого роднина. Таја вечер се викат С'ботнина.

Кукуш.
1. Момата не јадвит от овошките, шт се во шамијата, а тие, што се во белата везана риза, која чуват момата, за да се кланјат (гувеит) со неа.

2. Обикновено в турско иставает фиралите (кондурите), кога влегват в одаја, зашто одаите се послани.

Од Зборникот на Миладиновци



нетоп — полукружна направа од тенекија, што го носи невестата на глава под венецот.

Армасани се — свршени се


Античка брада




Се што секогаш сте сакале да дознаете за брадата а не сте смееле да прашате.


Меѓутоа,Македонците изгледа ги бричеле брадите пред овој период.Бидејќи Филип,таткото на Александар и Аминта и Архелаус неговите претходници се претставени на медали без брада.Причината која ја дава Плутарх, зошто Александар им наредувал на војниците да се бричат , е дека непријателот не би требало да дојде до нивните бради на денот на битката.Пред една од битките на Александар, се вели, кога Парменио дошол пред Александар да добие задачи за битката,прашал дали останало уште нешто да се стори?

Ништо-рекол Александар,освен да се избричат војниците.

Дали Александар ја бричел брадата ама оставал по некој зулуф(како на сликата горе),засекогаш ќе остане мистерија.


The Edinburgh encyclopaedia, 1823,Volume 3





Tuesday, March 6, 2012

Сејмен(Зејбек)

Сејмен

Жандарм, полицаец во Турската империја
Англиски: policeman Турски: seğmen
Употреба: Историја
Слично со: жандар (м.) , полицаец (м.)

Сејмени се нерегуларна полиција,која во егејскиот дел се нарекувала „зејбек„ и била регрутирана од Турци или Јуруци.

Сејмените и зејбеците биле заштитници на селаните од газдите,бандитите и собирачите на данок.Првобитно сејмен бил ранг во војската на Селџуците во Анадолија.Наводноовој ранг бил создаден во 1071 а потоа „ресоздаден„ во 13 век како полувоена младинска организација која постоела во Турција се до 20 век.



Зејбек во униформа

Во Македонија  „сејмен„ означувало исто што и „зејбек„ или „зебек „.Во реканските села сејмените обично биле Албанци на кои селаните им плаќале скапо за да им го заштитуваат имотот.Зебеците имале посебен танц (со него имитирале соколи) и музика.За нив биле напишани многу романтични песни во турскиот фолклор.Биле вооружени со јатаган но и со огнено оружје.Денес нивната музика е позната и преку „грчкиот„ танц тн „зебекико„(Ζεϊμπέκικο).
 





Езел (Kenan Imirzalioglu) игра турски зејбек



Сејмен е и турско лично име,но и топоним.

Во македонскиот фолклор често се споменуваат сејмените.Еве неколку примери




Три години сејмен шетав

Три години сејмен шетав
низ вашето пусто село.
Тебе дома не те најдов
да сториме здраво-живо.

Да је речеш на золва ти
дал' го чуват аманетот?
Аманетот три годишен
две јаб'лка ѓулави.

Две јаболка ѓулави
ни од сонце огреани.
Ни од с'нце огреани,
ни од роса поросени.


Три години сејмен шетав

Ој невесто, бир невесто,
Три години сејмен шетав,
Тебе ништо не ти реков,
Сега веќе ќе ти речам:
Да е речиш на золва ти,
Да ми чуа две јаболка,
Две јаболка ѓулабии,
Што е сонце не греало,
Што е роса не ватило,
Што е ветар не веало.



Ајде ред се редат

Ајде ред се редат, мале, ајде ред се редат,
Кочански сејмени мила мале, Кочански сејмени.
Aјде ќе ми одат мале, ајде ќе ми одат, покрај Крива Река,
мила мале покрај Крива Река.
Ајде ќе го барат, мале ајде ќе го барат,
Иљо арамија, мила мале, Иљо арамија.
Ајде не ми било Иљо, ајде не ми било покрај Крива Река,
мила мале покрај Крива Река.
Ајде туку било Иљо, ајде туку било во Солуна града,
мила мале во ладна меана.
Ајде Иљо пило мале, ајде Иљо пило, вино ем ракија,
мила мале вино ем ракија.
Ајде го служила мале ајде го служила мома Македонка,
мила мале мома Македонка.
Ајде го разбрале мале ајде го разбрале клетите шпиони,
мила мале клетите шпиони.
Ајде сардисале мале ајде сардисале ладната меана, мила мале ладната меана.
Ајде кога виде мале ајде кога виде Иљо арамија мила мале Иљо арамија.
Ајде па извади мале ајде па извади бомби и патрони мила мале бомби и патрони.
Ајде па потепа мале ајде па потепа целата потера, мила мале целата потера.



Што ми е мило сејмен да шетам

Што ми е мило,мамо,
мило ем драго
сејмен да шетам, мамо,
низ Бузаана(населба во Велес)
Сал да го видам мамо
белото Маре,
белото Маре,мамо,
на Цинциови.

Дали го носи, мамо,

тој широк фстан,
што го кроевме, мамо,
девет другари.
Аршин по аршин, мамо,
девет аршина,,
а Ѓоше не дал, мамо,
 ни еден аршин.

И тој го зеде ,мамо,

белото Маре,
а јас да пукнам,мамо,
ич не се жалам.
И тој го зеде ,мамо,
белото Маре,
а јас да пукнам ,мамо,
ич не се жалам.





Спремај ми,спремај либе

Спремај ми спремај либе,
коња дорија за мене
утре ќе одам либе
в туѓа туѓина без тебе.

В туѓина ќе одиш лудо
кому ќе мене оставиш?
тебе те оставам либе
 при мајка моја и твоја.

Пусти да останат лудо,
до двене мајки без тебе,
земај ме лудо младо,
сејмен да дојдам со тебе.

Дење ќе ти бидам лудо
дебела сенка над тебе,
ноќе ќе ти бидам лудо
млада невеста до тебе.



Friday, March 2, 2012

Што измислил Свети Кирил?

Валериј Чудинов


На прв поглед, тука воопшто нема проблем , бидејќи она што го создал Кирил, и ден денес се нарекува кирилица.Оваа позиција руската наука ја прифаќаше многу долго време.

Во потврда на овие зборови,  би сакал да ја приведам верзијата изложена во статијата на Архимандрит Леонид (Кавелин), објавена во 1891 година.

862 една година.Измислувањето на кирилицата од свети Кирил.Светите солунски браќа Кирил и Методиј ги преведуват од грчки на словенски светите книги (Избор евангелски и апостолски четива, псалтир, служебник, часослов, општата мина) и воведуваат во Велика Моравија исловенска литургија и кирилска писменост.
Во годините 862-867 словенската богослужба и кирилицата се воведени во Србија под кнезот Мутимир.
869 г. Упокојувањето на Свети Кирил кој ја измислил кирилицата.
870г. Во Бугарија е воведена словенската литургија и кирилското писмо.
870 г.Борба меѓу Рим и Византија за црковна доминација врз Јужните Словени. 
873г. Крштевањето од вети Методиј на чешкиот кнез Боривој и жена му Људмила .
 877 г. Хрватскиот кнез Сдеслав станува вазал на Византија.Свети Кирил и неговите ученици вовеле во хрватско-далматинската држава словенска литургија и кирилско писмо уште 862-867 години.
 879 г.Кнезот Сдреслав е убиен од Бранимир, кој, плашејќи се од одмазда на Византија, му се предава на Рим. Кирилицата (за далматинските Срби) во поморскиот регион е воведена од 880 г. е прогонувана од Латините , заедно со глаголицата (на Хрватите) од страна на локалните римски свештеници (Сплитска Архиепископија) свештенствотото немало никаков проблем со разликите во азбуките, тоа само гледало дека словенската литургија му се заканува со лишување од словенското стадо.Гонењето се засилило од 882 г, односно по смртта на папата Јован VIII, зајакнато со помош на далматинскиот кнез и на неговите големци, и довело до Сплитскиот собор 925, на кој првата словенска литургија била забранета целосно, како за Србите - следбениците на кирилското писмо, така и за Хрватите- следбениците на глаголицата.
879 г.Некој ѓакон Теодосиј, роден Словен (Хрват), сакајќи за своите мили хрвато-далматинци да ја спаси словенската литургија, го смислил следното: го посоветувал кнезот Бранимир да отстапи од Византија и да застане под покровителство на Рим, а самиот ја составил од кирилицата , народни и условни знаци, со бројно или трговско значење -глаголицата, го препишал на неа преводот на Светото Евангелие од кирилица, со примена на горенаведените хрватски наречија , по можност усогласувајќи го со латинската Вулгата, влегол во односи со римскиот папа (Јован VIII), примил од Рим освештение во епископ (од 879 г) и благослов во неговата епархија Нин да се служи словенска литургија според изготвените од него глаголски книги (во 888 г). 
Подоцна, на Србите им било дозволено да служат на грчки а на Хрватите им било наредено да богослужат на латински. 
885 г.Упокојувањето на Свети Методиј. 
886-1018 г.По смртта на свети Методиј ,неговите ученици, на чело со Климент (Бугарин), Наум ,Ангелариј ,Горазд (Моравјанин), и Лаврентиј, гонети во Моравија од германското (тогаш латинско) свештенство, заминале во Бугарија под покровителство на царот Борис (Михаил), кој му ја дал на црковно управување на Климент, како епископ велички, третиот дел на Македонија од Солун на Ерихон (сега Орхо) и Конина во Албанија, и тие се населиле во југо-западниот агол на Македонија (Кутмичевица) во околина на Охрид и продолжиле со својата света работа.Наскоро Охрид станал центар на македонските Словени за духовно просветлување, и кодекси од светите книги, од седумте ученици се распрскале низ целиот словенски свет.Еден од овие кодекси послужил како прототип на нашето Остромирово Евангелие.Тој е напишан не подоцна од 960 г, кога е заведена во календарот смртта на Свети Григориј, епископ на Мизија, кој се споменува во еден грчки натпис во 1020 година ...
891 г. По жалба на латинското свештенство ,папата Стефан V му пишува наТеодосија, наредувајќи му да ги ограничи на границите на својата епархија и да не се смета за господар на целата Хрвато-Далмација.Наследникот на Теодосиј, епископот Алфред п,родолжува да се бори со папата Стефан.

923 г. Византија се помирува со Рим во опасност од Симеон, бугарскиот цар. 
925 г.Сплитскиот собор, на кој свети Методиј е прогласен за еретик и неговите книги (кирилица) се прогласени за ерес и готски. Нинската глаголитичка епархија е поштедена , но скратена и правата и се ограничени. Словенската литургија е забранета.Епископот на народната црква на Хрватска , Григориј, протестира но без успех. 
928-929г. Втор Сплитски собор. Словенската литургија повторно е забранета.Нинската епархија е укината,но борбата не завршува тука. 
988 една година.Големиот киевски кнез Владимир го покрстува рускиот народ... 
1059г. Трет Сплитски собор и забранета по трет пат словенската литургија. 
1248г. Глаголицата наоѓа заштитник во лицето на папата Инокентиј, кој дозволува повторно богослужба со книгите на глаголица со одредено зближување со латинскиот обред.

Значи, како што гледаме, за архимандритот Леонид не постои сомнеж дека Кирил ја создал кирилицата во 862 г., додека глаголицата била создадена ,според отец Леонид, во 879 година, те, 17 години подоцна, од Теодосиј, далматински монах. Опишан е со доволно детали триумфалниот марш на кирилицата, низ Моравија,Србија, Хрватска, Бугарија и Русија, како и прогонувањето на кирилицата и нејзините проповедници.

А еве што напишал во 1848 година одличниот научник Исмаил Иванович Срезневски:

"Осврнувајќи се на глаголската азбука, најпрво ќе забележиме во што е слична и колку таа е различна од кирилското писмо.Повеќето од нејзините букви во нивната форма се разликуваат не само од кирилицата, но и од другите познати азбуки. Слични на кирилицата се д, х, м, п, ф, ш...Изборот на букви е ист.Редоследот на буквите е ист. Карактеристиката на многу глаголски букви води до заклучок дека глаголицата е древната азбука на паганските Словени, и затоа, таа е постара од кирилицата , во ова верувал грофот Грубишич , д-р Антон , а во ова верува и добро познатиот германски научник Ј.Грим. Да се побие ова тешко дека е возможно, претпоставувајќи дека едноставните древни црти се заменети подоцна со курзивни и посложени во глаголицата , поради посебни, непознати причини, сепак, исто така  тешко е да се побие фактот дека буквите на глаголицата од непознато потекло никогаш не биле лесни, а се измислени од страна на образуван човек, такви како што се, без било какво отстапување од најстарите пишувани словенски букви.Точно е дека цртите на глаголицата се општо земено груби и некои се отворени на левата страна, за да се користат за пишување од десната рака кон левата, но грубоста на цртежот на буквите не е знак за старост, а отвореноста на некои букви кон левата страна би можела да биде случаен израз на вкусот на пронаоѓачот ... "

Како што гледаме, глаголицата овде е призната како постара од кирилското писмо, според зборовите на нејзините најрани истражувачи.Од друга страна, Срезневски смета дека глаголицата е создадена според "моделот на кирилицата„,ова е јасно и од изборот на буквите и од нивниот редослед, и од карактерот на правописот.Сето она според кое таа се разликува од кирилицата, само потврдува дека таа е создадена подоцна од кирилицата .Значи според своето мислење тој го сугерира подоцнежното потекло на глаголицата.

Не сакам да го заморувам читателот со набројување на истражувачите кои веруваат дека прво Кирил ја создал кирилицата, а потоа некој подоцна ја измислил глаголицата.

Меѓутоа, Словенците и Хрватите, т.е, жителите на оние места каде што глаголицата била воведена во литургијата, ја сметале глаголицата за постара.

Нивните аргументи биле многу убедливи.Се создала парадоксална ситуација: од една страна, станало јасно дека глаголицата е постара.Од друга страна, постоела традиција дека словенската азбука ја создал Кирил (до замонашувањето- Константин Филозоф) и неговиот брат Методиј.

Откажувањето од древноста , кирилицата веднаш ја ставило во неповолна ситуација: ако е создадена втора, тогаш сите важни филолошки проблеми биле решени со првата азбука, а потоа вториот изум на азбуката е само транзиција кон друг фонт.

Тогаш се става под сомнение угледот на Кирил: човек кој не ја направил првата словенска азбука, тешко може да тврди дека е светител, па дури и апостол.

Ако инсистираме на древноста на кирилицата, тогаш е во прашање угледот на славистите кои ја докажале древноста на глаголицата.

Решението било пронајдено во 1785 година од славистот Добнер.Тој ги споил двата взаемно исклучувачки ставови , создавајќи компромис: Кирил ја создал глаголицата.

Одтогаш, овој компромис неволно почна да го повторуваат првите западни слависти, а потоа и домашните.

Неволно, бидејќи треба секогаш да се нагласи дека ова прашање се уште е дискутабилно, но повеќето од нив се склони да мислат дека Кирил ја создал глаголицата.

Неволно, затоа што и самото име извикува: Кирил може да создаде само кирилица!

Дури и ако азбуката создадена од Кирил навистина била глаголицата, таа морало да се нарече кирилица, како второ име, а создадената од неговите ученици втора словенска азбука да биде именувана како климентица,гораздица, лаврентица , но не и кирилица.

И тоа е - најмоќниот аргумент против компромисот на Добнер.

А друг компромис славистите и не барале, секогаш вртејќи во круг околу истото заплашување: ако не Кирил ја создал првата словенска азбука, не може да биде апостол.И ако тој е апостол, тој ја создал првата словенска азбука.

Оваа дилема ме потсетува на познатиот софизам на "говедо": Дали е можно да се изгуби она што го немаш? Тоа е невозможно.Но, од друга страна, немате рогови.Значи сте ги изгубиле.И ако сте ги изгубиле, значи претходно сте ги имале.Значи, сте биле рогоносец.

Излезот од тешката ситуација е во разбирањето на она што е то "прва словенска азбука." За кого таа е прва, според кои карактеристики? До сега, проблемот на словенската азбука го решавале филолози, и се чинело дека првата азбука – е онаа што го реши проблемот на филологијата, односно, преносот на словенските гласови во писмена форма.

За да го направи ова, Кирил требало да биде филолог.

Но тој имал прекар филозоф и бил пратеник ту на патријархот, ту на папата по многу сензитивни, чувствителни , верски прашања.

Чесно кажано, азбуката за владини документи, како и за  секуларни автори на книги или лични записи на обичните луѓе , него не го интересирале.

Тој морал да создаде писменост за свети текстови, за да може не само да се преведе од грчки или латински, но исто така и да се предадат без изобличување многу лични имиња, како и многу библиски термини и реалности.

И тоа е - една сосема поинаква задача.

Со други зборови, му било потребно да ја создаде првата христијанска азбука, можеби дури и веќе - првата азбука за православните Словени (иако Католицизмот,  се уште официјално не бил одделен од Православието).

Од оваа гледна точка, доколку во тоа време не постоела секуларна азбука, азбуката на Православието се уште ќе била прва за својата цел.

Па дури и повеќе: доколку веќе постоела азбука за католиците, тогаш во овој случај, азбуката за православните сосема со право може да се нарече "прва славјанска".

Од оваа позиција, потполно е разумно да се комбинираат две меѓусебно исклучувачки тези:

Кирил ја создал кирилицата како прво православно христијанско словенско писмо, а глаголицата или може да биде првото секуларно словенско писмо или писмо на првите католички христијани.

Но,создавале ли браќата од Солун славјанска азбука?

Со други зборови, создавале ли тие не верско, туку граѓанско писмо?

Овој проблем сериозно никој не се осмелил да го постави.

Негативниот одговор на прашањето (повторно, во рамките на постоечката парадигма), би значел дека рамноапостолните Кирил и Методиј не го создале делото на својот живот (како што често нивната работа се нарекува од многу истражувачи), словенската азбука и оттука тие едноставно се грчки мисионери на словенските земји (покрај нив имало уште неколкумина такви луѓе).

А потоа и создавањето на словенската азбука е лишено од светиот ореол, и се исфрла од бројот на општонародни празници на Православната Црква на словенските земји.Ова е - многу значителна загуба, која, на пример, за Руската Православна Црква е малку веројатна.

Дури и промената на кирилицата во глаголица во оној вид во која ја создал Кирил
прилично би ја заматило бившата , некогаш создадена слика на прифаќањето на христијанството во словенските делови на Европа.

Сепак, некои лингвисти, на пример, еден млад научник, Е.В.Укханова, како непристрасен истражувач, го воспоставила редот на фактите.

Така, "согласно Житието (на Константин),  предводејќи ја мисијата кај Сарацените, односно Арапите, Константин, го добил како асистент аскиритот (секретар на палатата), Георгиј. "
Сочувана е и хрониката на арапскиот писател Абу Џафар Табари (839-923 ).
"Според хрониката, мисијата не била предводена од младиот Константин , туку од оној кој завземал висока позиција во палатата ,асикритот Георгиј.Во нејзиниот состав влегувале околу педесет благородници со нивните слуги.Цел на мисијата - размена на затвореници.Наводите од Житието на Константин, и хрониката не се контрадикторни едни на други.Очигледно, мисијата имала неколку цели: Георгиј бил ангажиран во размена на затвореници на бреговите на реката Ламус во Киликија, во ова време Константин решавал теолошки прашања во Багдад.
Хроничарот е заинтересиран во овој случај за политички прашања, писателот на Житието – за информации за "неговиот" светец.Сараценската мисија во Житието на Константин е опишана во детали, соопштени се многу од деталите на спорот.Според Житието, на Константин Филозоф не му било тешко да победи над муслиманските противници. Истовремено тој се здобил со добро познавање на Куранот. Но, по приказната за успешното завршување на мисијата и враќањето на Константин дома, февруари-март 856г, изложувањето на настаните е многу кратко и не секогаш мотивирано„

Оваа опсервација на истражувачката ни овозможува подобро разбирање на животот на браќата од Солун.Навистина, за доброто на филозофската дебата би вредело ли да се финансира ваква скапа мисија, а веројатно и во Багдад не би реагирале на спорот така лекомислено , ако тоа било замислено на државно ниво.

Шансите се големи, официјалниот претставник на власта Георгиј навистина да предводел големата мисија за размена на затвореници, во која би бил вклучен и миленикот на патријархот Фотиј, младиот теолог Константин. Иако основната дејност на комисијата се одвивала во Киликија, тогаш немајќи таму одредени задачи Константин лесно би тргнал кон Багдад.Тука, меѓу случајни луѓе, навистина би можел да се води ваков разговор на теолошки теми, не преминувајќи ја впрочем, обичната световна беседа, и имено тука младиот човек и би можел да блесне со своето знаење. Така што, никаков специјално подготвен спор веројатно и немало па Житието развива интересна но не и многу значајна епизода: професионалец секако ќе победи во спор со аматери.Повторно, ако спорот беше закажан, противниците на Кирил ќе беа каде каде посилни.

Многу се сомнева цитираниот автор и во правилната интерпретација на другата мисија на Кирил, кај Хазарите. "Истражувачите постојано се сомневаат во деталите на хазарската мисија, раскажана во Житието. Прво не е јасна вистинската цел на мисијата. Според житието, Хазарите немале одбрано вера...Сепак,како што знаеме,Хазарите, барем владејачката елита на почетокот на IX век ,веќе го одбрала јудеизмот,а со тоа и доказите за правоверноста на христијанството биле ирелевантни. Изгледа неверојатнен говорот на хазарските амбасадори запишан во Житието, во кое од хаганот обичаите на сопствениот народ се наречени„засрамувачки „а Грците се нарекуваст"големиот народ"кој држи "царство од Бога".

Втората изјава го одразува ставот на византиец, а не мислењето на хазарскиот Каган, и докази за влијанието на византиската идеологија врз учениците на Кирил и Методиј, од кои биле напишани житијата на првоучителите".

За разлика од претходниот пасус овде сосема јасно се именува нарачателот на Житието:Византија.

"Според Житието, Константин ја предводел мисијата.Сепак, индиректните докази сугерираат дека шеф на мисијата било друго лице ... Ако Константин бил официјален шеф на мисијата, тогаш тој го претставувал императорот.Во ваков случај, Хазарите не би можеле да имаат тешкотии во поглед на неговата положба и формалностите кои се поврзани со неа".
Ова се однесува на епизодата , кога Хазарите не го знаеле на кое растојание од Каганот да го седнат на масата. И повторно,Кирил бил вклучена во мисијата но не како нејзин предводник.

Истражувачката го нагласува особено делот од "житието на Методиј", "Кирил, исто така го убеди својот брат да појде со него, бидејќи тој знаеше словенски јазик."- "Оваа порака е многу важна-вели истражувачката.- Сочувани се докази дека делата на Константин од грчки на словенски ги преведувал Методиј. И покрај сите негови титули, за време на мисијата тој "работел како својот помлад брат како роб".Така се зборува за него во Житието ."Излегува дека тој Кирил го знаел словенскиот јазик полошо од  неговиот брат, и не се одликувал со неговата работоспособност .

Покрај ова, Кирил добро го знаел Коранот и очигледно,арапскиот јазик", во Херсон имало голема еврејска заедница, каде што Константин нашол учител и за кратко време владеел со јазикот" , малку подоцна, тој го на  учил јазикот на Самарјаните многу лесно (исто така еден од семитските јазици).Со други зборови, се чини дека Кирил е експерт за семитски јазици, и затоа тој е вклучен во делегациите на засегнатите земји.

Специјалист за семитски јазици, но, за жал, не и за словенски!

Конечно, кулминација на сето ова истражување е цитираниот пасус од Житието : Кирил во Херсон " најде Евангелие и Псалтир- напишани со руски букви, и најде еден човек, кој зборуваше на тој јазик и разговараше со него, и ја разбра смислата на зборовите и споредувајќи ги со свој јазик, буквите ги подели на самогласки и согласки, и молејќи се на Бога, наскоро почна да чита и да гиобјаснува (нив), и многумина му се восхитуваа, фалејќи Го Бога ".

Иако истражувачката потсетува дека некои научници веруваат дека наместо зборот "Руски" мора да се прочита "Суруски", односно, Сириски, бидејќи Кирил бил експерт за семитски јазици, верувам дека се што е кажано во овој пример, е жива вистина: тоа бил руски јазик.
Ова не е словенското слоговно писмо, затоа што станува збор за букви, а не за слоговни знаци, тоа не се германските или турските руни, а не е дури и глаголицата, бидејќи буквите одговарале на јазикот на Кирил а неговиот мајчин јазик бил грчки, па оттука, тие "руски букви" не биле ништо друго туку почетоци на кирилско писмо, кое ја вклучува грчката азбука, и тоа во преку половина од азбуката!

Значи, Кирил нашол веќе постоечко кирилско писмо, кое тогаш било наречено "руски букви", а тоа е чист убиствен доказ за постоењето на руско докириловско писмо!

Значи немало потреба Кирил повторно да ја открива словенската азбука, таа била веќе таму пред него!

Како што можете да видите, нашата претпоставка дека пред Кирил не само што постоело секуларно, туку и христијанско писмо, со овој доказ е потврдена.

Имајте на ум дека запознавањето со постоечкото словенско писмо е прашање на среќа, и не е особено значајно за Кирил, затоа што негова основна задача било наоѓањето на моштите на Свети Климент.Овој дел од Житието В.А.Истрин го прераскажува вака : 

"Таму во Херсон,Константин се потсетува дека накрајот на I и II век тука, бил прогонет од царот Трајан Римскиот епископ Климент.Според легендата, Климент бил удавен во морето од паганите со сидро кое му било обесено околу вратот. Константин врши пребарувања и наоѓа на некој остров некои древни коски, кои лежат во близина на некое сидро,тој заклучува дека тоа се остатоците од Климент.Овие останки Константин поради некоја причина не ги дава во некоја од херсонските цркви, а ги носи со себе во Византија.Таму, исто така, не ги дава остатоците , а потоа ги носи во Моравија, од Моравија во Рим ...Зошто?За што?
Единственото можно објаснување е дека Константин знаел каква голема вредност има неговото откритие, и ја предвидел улогата што тоа може да ја одигра во неговиот живот.Ова очекување , како што ќе биде прикажано подолу, е целосно оправдано, "

Како што можете да видите, однесувањето на Кирил во Херсон малку одговара на функцијата на словенски првоучител, туку попрво на христијанин со мисионерска дејност. Исто така е интересно дека, пред неговата смрт во 869, тој напишал две дела, крунисувајќи ја работата на неговиот живот. За жал, тоа не биле коментари по повод создавањето на словенската азбука или забелешки кон преводите на библиските книги на словенски јазик, тоа бил книжевниот опус, "Пронаоѓање на моштите на Свети Климент",и химни во стихови, посветени на истиот тој Климент.

Тоа е она што Константин го сметал за свое животно дело!

На почетокот на февруари, 869 на неговата здравствена состојба се влошила толку многу што тој легнал в кревет, но потоа се замонашил и го зел новото име Кирил, а починал на 14 февруари.Значи како Кирил, минал помалку од две недели и тоа само на својата смртна постела.

Како што можете да видите, реалниот живот на Кирил малку наликува на она што го нудат Житијата.

Никој од нив не зборува за создавањето на словенската азбука и за проблемите поврзани со преводот на словенски јазик од светите книги.

Така што единствено дело за професионалната дејност на Кирил останува расказот „О писменех„ на монахот Храбар.Но што гледаме ние во тој текст?

Прво дека биле создадени 38 букви «ова убо по чину греческих письмен, ова же по славянской речи».Притоа долго се коментира фактот дека почетокот бил со буквата алфа која станала буква АЗ и основен мотив на сочинението е за што служат тие 38 букви.

Овде зачудува тоа што никаде не се спомнува улогата на Методија,ниту преводите на кириловите ученици ниту дека словенското писмо на Кирила му било познато уште од Херсон.

Со други зборови,наместо со реални тешкотии и факти на читателот му се предлага нешто митолошко како на пример супериорноста на христијаните над незнабошците.

Достоен за восхит е и бројот 38.

Така, В.А.Истрин, давајќи и целосна азбука на кирилицата нуди 44 букви па дури и во неговата глаголица има 40 букви (ако во втора варијанта Ъ и Ь се сметаат за индивидуални знаци, се добиваат 42), во т.н. "азбучна молитва"*, каде што секоја линија почнува со нова буква од азбуката, има 40 стиха.

Излегува дека ако Кирил ја создавал азбуката (без разлика како), тој ја создал нецелосна!

Со други зборови,во неговата азбука ги немало грчките букви Хи,Пси, Фита и Ижица ,но затоа има чудни„грчки„ букви ,пе,хле,и т ,а меѓу словенските букви нема Ы !

Бугаринот храбар можеби тоа не можел да го забележи , но за Чесите и Моравците отсуството на Ы би било е многу забележително.

Општо земено бројот на букви 38 им е чуден само на лингвистите.

Ако зборуваме за симболиката на броеви, според Храбар, "24 букви се слични со грчките букви" и "14 одговараат на словенски јазик."Но, 24 = 12 х 2, 14 = 7 х 2.Со други зборови, грчката страна е двапати повеќе од бројот на месеци во годината, и словенската - два пати на бројот на денови во неделата.

Ако одиме понатаму, грчкиот дел е заснован на Сончевата симболика, а словенскиот - на симболиката на Месечината, расчистени, уште во паганството.

Значи станува збор за семантиката на астрономски периоди на време, наместо за пишувањето само по себе.

И оваа семантика е спроведена два пати, прво при известувањето на Храбар за словенската азбука, а потоа - за грчката.

Овде можеме да видиме не работа на изумител на знаци туку на редактор кој избира од некоја низа сакан број на графеми, строго знаејќи го бројот од секој извор, но тој совршено не дава примери за корисноста на секој знак за предавање на словенскиот јазик.

Како и во случајот со моштите на Свети Климент, каде е проблемот на утврдување на автентичноста на остатоците од коски, како коски на некој Климент, воопшто не се разгледувала,и многу успешно се опишувала постапката за нивно доделување на папата, на прв план во пронаоѓањето на азбуката се поставува задачата на одбирање на саканиот број на графеми, и се чини сосема се прифатливи дупликати како „ЗЕМЛА„ и „ЗЕЛО„ И и ИЖЕ,ОУ и ИЖИЦА,ПОКОЈ и ПЕ,ХЕРА и ХЛЕ,ТВЕРДО И ТЕ,ОН и ОМЕГА.

Значи, како што беше кажано погоре,азбуката се покажала  не само непотполна, таа во некоја смисла се покажала и како одвишна!

Од гледна точка на словенската филологија резултатот на напорите на светиот човек излегле доста скромни, но ако се земе Кирил за она што тој навистина бил во реалниот живот, специјалист за семитски јазици, кој всушност преработувал (редактирал) имајќи предвид словенската писменост, да ја доближи до грчката,православната, овој резултат може да се смета одличен.

И така, мојот заклучок е многу скептичен:
 Кирил самиот не ја создал ни кирилицата ни глаголицата !

Тој само го скратил словенскиот дел кој му бил познат од Херсон на 14 графеми, а го зголемил грчкиот дел на 24 графеми .Покрај тоа, тој вовел "поредок", те, нумеричка вредност на некои букви, но позајмено од грчката азбука.

Со други зборови, тој ја преработил веќе постоечката азбука за Словените совршено прилагодена за пренос на словенските звуци на начин на кој словенскиот дел станал помал од грчкиот.

Всушност, тој го сторил против раната словенска азбука приближно истото она кое Никон го сторил во однос на двоверното православие на Русите, реформа на словенската азбука во полза на Византија.

После една ваква секвестрација словенските писатели би требало да тагуваат, но тие само како христијани можеле да бидат среќни!

Сепак, хеленизацијата на словенската азбука, се разбира, не можела да остане незабележана,и затоа го добила ваквото име., таа повеќе не можела да се нарече "глаголица", те "разговорница", но таа не била ни "писаница",таа станала погодна за на Византиската империја, и затоа е дозволено форма на постоење на словенската литература, и е именувана по нејзиниот реформатор, кирилица.

Забележувам дека откако ги напишав овие редови, наидов на неочекувана поддршка во статиите на бугарскиот истражувач Трендафил Крстанов ,кој во еден од неговите неодамнешни написи известува дека во 1982 година пронашол во грчкиот Кодекс бр 2502 на библиотеката во Ватикан, "словенски палимпсест", т.е. Сочинение напишано прво на словенски, а потоа, по бришење на првиот текст ,на грчки, од 100 страници.Се испоставило дека текстот е напишан на кирилица.Во август 1994 година, на една конференција во Банк (под Софија) биле претставени нови податоци: доцентот Ана-Марија Тотоманова на светло на посебна светилка можела да го прочита збор EPIOUSII напишан со кирилични букви, но кој на грчки значи "леб"." Ова покажува дека во наша словенска копија останала непреведена стара и уникатна форма на грчкиот јазик а ова од своја страна ја потврдува длабоката древност на стариот бугарски текст на Ватиканскиот палимпсест.Јасно е дека, овој текст е постар од познатото глаголитско Асеманиево евангелие (XI век), а и од Савината книга на десеттиот век, како и од познатото старобугарско Зографско и Маринско четвороевангелие на глаголица .

Засега може да се претпостави дека новоткриениот текст на Ватиканскиот палимпсест е само стара копија на Кирило-Методиевиот превод на евангелие-апракос.

Вредноста на новооткриениот текст е огромна во однос на идното истражување и развој на словенската литература и писменост на древниот бугарски јазик во Источна Европа во продолжение на следниот милениум "Така, овој словенски текст можеби бил напишан за време на животот на учениците на Кирил и Методиј.

Се разбира, овој текст на временско растојание од Кирил и Методиј за половина век, сеуште директно не докажува дека Кирил ја создал кирилицата.

Но, тој речиси сигурно стои против фактот дека ја создал Климент или било кој друг ученик на Кирил.

Впрочем, една книга, напишана од страна на изумител на писменоста, или барем под негово раководство не би била избришана, а потоа покриена со друг текст.

Поради тоа, веројатно дека таа е напишана на кирилица половина век по Кирил, откако овие текстови биле толку многу што било можно некои од нив и да се бришат за пишување нови.Значи ова откритие ја зголемува сигурноста на претпоставките дека Кирил сепак ја создал кирилицата како христијанска писменост.

Згора на ова, кирилицата се покажала како прилично доцна редакција на веќе постоечкото писмо на Словените кое поради тоа што било неповолно за Византиската империја, бидејќи од една страна, било паганско, а друга страна - не ги предавало суптилностите на писмото на православните.

Како резултат на тоа, Кирил го создал писмото на христијаните, намалувајќи ги, секогаш кога е можно, не-грчките знаци (Месечината, несвети нешта, поврзани со паганството) .Меѓутоа, како што следи идното однесување на германските епископи на Салцбург, дури и мало дополнување на пагански елементи од азбуката било голем предизвик, за што и се побуниле епископите.

Но, таа возбуда и покажува дека , вистинската словенска азбука никогаш не била одобрена од страна на Византија и Рим, а за да се прифати таа во целост и без мистична основа на бројот на буквите за словенските и грчките делови на христијанството било едноставно невозможно.Ова значи дека докириловската азбука не само што постоела меѓу Словените во лошо структурирана форма, туку во целина била суштински елемент на нивната култура.

Така не треба да се добие впечаток дека имам негативен став за работата на Кирил како словенски просветител.Не,воопшто.Кирил всушност бил редактор на постоечкото писмо ,со што ја легализирал словенскта писменост во очите на византиската црква, тој ги превел светите книги на словенски јазик, тој ја дистрибуирал црковната верзија на пишаниот јазик на неговите словенски следбеници, и како таков заслужува почит.

Му одрекувам само едно нешто: измислување на азбуката. Азбуката тој не ја измислил (дури и во ограничена смисла во која може да се смета за изум до давањето 14 букви на постојните 24) туку ја адаптирал за преводи од грчки јазик, и во оваа смисла тој може да се смета за голем словенски просветител.

Но, во што се состоела неговата работа во повеќе детали, можете да дознаете преку читање на пишувањето на Црноризец Храбар.

Валериј Чудинов(Москва,1942)-доктор на филозофски науки,професор и директор на Институтот за древнославјанска и древноевроазиска цивилизација(ИДДЦ )
Чудинов смета дека „славјанската ведска цивилизација„ се појавила долго пред сите други познати цивилизации



http://chudinov.ru/


*Азбучна молитва


Аз словом сим молюся Богу:
Боже всея твари Зиждителю,
Видимым и невидимым,
Господа Духа посли Живущего,
Да вдохнет в сердце ми слово,
Еже будет на успех всем,
Живущим в заповедех Ти.
Ѕело бо есть светильник Жизни
Закон Твой, свет стезям,
Иже ищет Евангельска слова
И просит дары Твоя прияти.
Ко крещению обратишася вси,
Людие Твои нарещися хотяще,
Милости Твоя, Боже, просят зело,
Но мне ныне пространно слово даждь,
Отче, Сыне и Пресвятый Душе,
Просящему помощи от Тебе.
Руце бо свои выспрь воздею присно,
Силу прияти и мудрость у Тебе.
Ты бо даеши достойным силу, ипостсь же всякую целиши.
Упование всех концев земли,
Фараона мя злобы избави.
Херувимскую ми мысль и ум даждь.
О, Честная Пресвятая Троице, печаль мою на радость преложи.
Целомудренно да начну писати
Чудеса Твои предивные зело
Шестокрылатых силу восприиму
Штествую ныне по следу Учителю, имени Его и делу последуя.
Явным сотворю Евангельское слово, хвалу воздая Троице в Божестве,
Юже поет всякий возраст, юн и стар своим разумом,
Язык нов, хвалу воздая присно Отцу, Сыну и Пресвятому Духу,
Емуже честь и держава и слава от всея твари дыхания во вся веки и навеки. Аминь.

  Азбучната молитва на глаголица

Житие на Свети Кирил ТУКА

Житие на Свети Методиј ТУКА