Search This Blog

Thursday, January 10, 2013

Историја на природата или кабинет на куриозитети?

Многу пати сум кажал дека „Плиниј Постариот„ е ренесансен „автор„ односно дека веројатно  се работи за измислена биографија на човек, автор на делото „Природна историја„ или „Природонаука„,  кој живеел во 1 век од нашата ера и кобожем загинал при ерупцијата на Везув во 79 г н.е.
Доколку човекот-автор не е комплетно измислен тогаш се работи за автор или група автори кој/кои живеел/е најрано во 16 век.

Во „ренесансниот„ занес на 16 тиот век станало вообичаено да се собираат чудесиите кои постојат во светот. Во специјални соби за оваа намена се собирале: уметнички дела- „антиквитети„, религозни реликвии, географски, етнографски и археолошки предмети и слично. Овие дела и предмети многу често биле фалсификати направени специјално за изложување во тн „Кабинет на куриозитети„ или „Кунсткамер„. 

Овие соби со чудесии биле претходници на современите музеи. Кралевите , аристократијата а често и богатите трговци и првобитните „научници„ поседувале вакви кабинети кои им служеле како место за релаксација и размислување но и како излог на нивното богатство и моќ што претставувало своевидна пропаганда.

Кунсткамерата на Феранте Императо,1599г, 

Читајќи ја „Природонаучната историја„ на „Плиниј Постариот„ не може да не се изнасмеете на наивноста на луѓето на 16 век маскирани во „антички автори„.

На пример Плиниј тврди дека вакви „музеи„ имале и античките императори како Октавијан Август  .Жими мама.

Античкиот Рипли со своето „дело„ за „верувале или не„ ќе ви го заврти умот со милијарда „природни„ но необични „факти„ кои човештвото не ги „преиспитало„ цели 1500 години.

На пример дека луѓето се различни по изглед затоа што изгледот на човекот зависи првенствено од тоа на што мислела или што гледала мајката за време на зачнувањето .Затоа животните биле сите исти, бидејќи не размислувале толку многу како луѓето. Или дека Л.Сципио ги знаел напамет имињата на сите римски граѓани или дека Цицерон ја видел Илијадата напишана на пергамент кој можелед да се втисне во лушпа од орев или дека некој си Страбо (во превод Ќорле, Кривоок) можел да гледа што се случува на далечина од 125 километри и слично.

Ако не се изнасмеете на Плиниј од 16 век кој сметал дека и слоновите се религиозни , се интересираат за астрологија а оние кои си ги запоставиле „лекциите„ по цели ноќи седат и учат (да, да, слоновите учат лекции уште пред нашата ера и знаат да пишуваат на старогрчки) многу веројатно ќе паднете во несвест од коментарите на преведувачите од Кембриџ во 1855 кои многу често го цитираат како авторитет истиот Жан Ардуен кој тврдел дека целата „античка„ литература е апокриф на средниот век можеби со исклучок на оваа „Природонаучна историја„.Ха ,ха,ха,хух.



Tuesday, January 8, 2013

Литоргија?

Етимолошкото толкување неретко се користи за да се замете трагот на некоја „непријатна„ вистина.

На пример „старозаветниот„ Исус Навин(НУН-риба,НАУН-Спасител) во англискиот јазик е „Џошуа„ а „новозаветниот„ е Џизс.




EN - King James - Jos. 1:1Now after the death of Moses the servant of the LORD it came to pass, that the LORD spake unto Joshua the son of Nun, Moses' minister, saying,

EN - King James - Jos. 1:2Moses my servant is dead; now therefore arise, go over this Jordan, thou, and all this people, unto the land which I do give to them, even to the children of Israel.
КНИГА НА ИСУС НАВИН
Глава  1


  1 По смртта на Господовиот слуга, Мојсеј, Господ му рече на Исуса, синот Навинов, на Мојсеевиот помошник:
  2 „Мојот слуга Мојсеј почина; затоа сега стани, помини преку тој Јордан, ти и сиот тој народ, во земјата што им ја давам на Израелевите синови.

EN - King James - Lu. 1:31And, behold, thou shalt conceive in thy womb, and bring forth a son, and shalt call his name JESUS. 

MK - Библијa 1999 - Лк. 1:31И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.

Демек, непријатно ли било да се појави Спасителот-Исус од Новиот Завет рамо до рамо со старозаветниот Мојсеј?Секако.

Денес ,на пример, кога ќе се спомне зборот „оргија„ на сите им паѓа на памет некој порнич со групњак.

И тоа не е случајно.Зборот „оргија„ на „старогрчки„ -ὄργιον-оргион денес се опишува како форма на обожување на „старогрчките„ богови во „античките „ „старогрчки„ и „старолатинскоримски„ мистериозни култови.

Бидејќи никаква далечна „антика„ не постоела, (и не можела да постои во формата во која ни е претставена ), нормално е овие „пагански„ форми на поклонување на боговите да ги поместиме во „средниот век„ при што мора да имаме предвид и да прифатиме (колку и да ни е необично) дека тие егзистирале паралелно со Христијанството (не онакво какво што е денес) или биле дел од него .

Всушност суштината на ваквите „антички мистерии„ била да се надмине бариерата  помеѓу божеството и обичните луѓе-оргијашите-оргеонес.

Денес од средновековните фантазии  при описите на она што се се практикувало во овие  церемониитешко тешко може да разликуваме што е лага а што вистина (грчкото „оргија„ на латински е маскирано во „церемонија„) .

Тука имаме од опивање, дрогирање, жртвување на животни, фаќање змии, итн, па се до самокастрација, јадење живо месо(може и човечко) и слично.

Значи денешната употреба на зборот „оргија„ не е далеку од кобожемната „античка„ употреба на истиот.

Мене да ви кажам право зборот оргија ми звучи како дел од зборот литургија.

Иако „оргиите„ означувале мистериозни церемонии за поклонување на божествата, зборот „оргија„ се закочил во антиката.

Но затоа ( наводно) по осумсто години  се откочил  „античкиот „ збор Λειτουργία, заборавен во 4 век пред нашата ера (до времето на Свети Василиј Велики  329-379 г кој наводно во 4 век од нашата ера ја воспоставил христијанската „литургија„).

„Церемониите„ во современото Христијанство денес се нарекуваат „„Λειτουργία„  -литургија . 

Литургијата означува ритуал кој се практицира како „служба„ во православната,католичката, муслиманската и еврејската богослужба.

Многу тешко ќе се пробиете низ значењето на современиот поим „литургија„.

Наводно се работи за точно пропишани правила на „црковна служба„ а црквите кои немаат вакви правила се „нелитургиски„.

Литургијата во католичката црква кобожем означува церемонија во која се вклучени верниците (народот) па оттаму и превземениот збор кој во „античката„ Атина означувал „народна работа„ ( λειτουργία или  λῃτουργία, leitourgia, од λαός / лаос, "народ" и коренот ἔργο /ерго, "работа" ). Во православието литургијата била и „заедничарење„ односно гозба.

Гледаме дека античкото значење на поимот „литургија„ е всушност „res-publica" односно „република„.

Наводно во античката Атина богатите граѓани ја финансирале државата со свои сопствени средства (делумно доброволно,делумно присилно).

Kажано со прости зборови античката литургија означувала данок наметнат на богатите граѓани.

Нели е некако необично „републиката„ да излезе од пазувите на христијанската црква?
Нели е чудно „ре-публиката„ (на грчки „политис„-градска работа) ,да се преименува во „молитва„ ?

Како можело ,почитуван мој читателе, античкиот данок врз богатите или позамрсено -„јавна та обврска која вклучува  трошок„ , да добие значење на христијанска церемонијална молитва?

Ќе се сложите дека ова не е можно по природен пат.

Без да навлегувам во историјатот на значењето на латинскиот збор „република„, за да не ни дојде премногу ,само ќе забележам само дека зборот „лит-оргија„ има повеќе логика- тоа е „народна оргија„ односно зближување на народот со Бога преку „церемонијално рушење на бариерата„.

Намерното извртување на непријатната вистина е видливо во тн „Златоустова литургија„.


Ѓаконот
Μὲ εἰρήνη ἂς παρακαλέσουμε τὸν Κύριο.

Хорот
Κύριε, ἐλέησον.

„Кирие елеисон„ е фраза на грчки која означува „Господи помилуј„.ἐλέησον-од ἐλεέω ἔλεος што значи милост ,сожалување (или на англиски pity односно средновековно француски pite.Асоцира на името на пророчицата Питија кое божем доаѓа од  Πυθία-скапува)


Покрај тоа што „хорските приредби„ биле дел од античкоатинската „литургија„,како „антички драмски приредби„, зборот „елеисон„ е созвучен со „елеуса„ -„елефса„-„елевсински мистерии„ за кои "се признава" дека се одржувале до 4 век од нашава ера(?) кога императорот „Теодосиј„(Богдан) официјално ги забранил..



Елефса кобожем бил град во близина на „античката„ Атина каде се одржувале „мистериите„ .


                                                              Елефса во 1850 г.

До него водел „светиот пат„ .

Кога одиш по патот прво го гледаш гробот на  Антемокритус(Павсаниј,Опис на Грција),потоа гробот на Молотус,потоа гробот на Кефисодорус, противникот на последниот македонски цар со име Филип, потоа гробот на Хелиодорус Халис (чиј портрет (икона?) висел во големиот храм на Атина), потоа гробот на Темистокле,потоа светото место на Лациус(латињанецот?), потоа гробот на истакнатиот харфист Никокле, потоа гробот на Теодорус познат актер во трагедии од 4 век пред нашата ера (сеуште атракција ,во времето на Павсаниј, односно 2 век од нашата ера- по 600 години ), покрај реката имало статуа на Мнесимаха, потоа најголемиот и најубав старогрчки гроб на Питониче , куртизана во Атина и Коринт , направен од нејзиниот љубовник -македонецот Харпалус кој војувал со Александар.Потаму имало група скулптури на Аполо, Атина и Деметра и храм на Афродита од неделкан камен, потоа потоци од морска вода наречени Реити кои ја делат земјата на Елефсинците од онаа на Атињаните. Зад потоците бил гробот на тракиецот Еумолпус, потоа реката Кефисус и така натаму.
Елеуса доаѓало од името на херојот Елеус,син на Хермес и Даеира.

„Свет пат„ имало и во „антички Рим„.Тој бил кобожем дел од Виа Апија(веројатно целата улица се викала „свет пат„) и покрај неа се наоѓале гробовите на славните патрициски фамилии од „антички Рим„ но и на христијански светци и папи.


Повеќе од очигледно е дека „античката Елефса„ е „опишана„ на база на средновековниот Рим кога ходочасниците оделе по „светиот пат„ се до Колосеумеот кој веројатно до 12 век воопшто не постоел бидејќи е игнориран од античките (средновековни) писатели.


Виа Апија,фантазија на 19 век



                                 Вистинската Виа Апија (копија на античкогрчката Елеуса,Елефса) во 19 век

Други гробови покрај „светиот пат„-„Via Sacra"




Идеја на Пиранези(18 век) за тоа како се градел гробот на Цецилија Метела 100-69 година пред Христа,односно како и само како можел да се изгради.
Не се гледа каде завршуваат јажињата од макарата.Да не имале и чекрек античкиве?




Thursday, January 3, 2013

Хомерова минута

„Доаѓам за минута!„

Не цитатов не е од Хомер Симпсон. Зборува „античкиот„ Хомер.



Мислите дека зборот минута потекнува од латинското minutus што значи „мало„?
Не сте во право. Точно е дека современите мерки за време помали од час го добиле името од „pars minuta prima"(дел мал прв) и „pars minuta secunda" (дел мал втор) само прашање е кога?

Можно ли е Хомер во 8-9 век пред нашата ера да гледал на часовник или да ја предвидел минутата ? Се е можно со наглавечки поставената човечка историја.


If but in such strength I could come, were it but for an hour, to my father's house, I would give many a one of those who do him violence and keep him from his honor, cause to rue my strength and my invincible hands.’
 
 ἐών, οἷός ποτ᾽ ἐνὶ Τροίῃ εὐρείῃ
500πέφνον λαὸν ἄριστον, ἀμύνων Ἀργείοισιν:
εἰ τοιόσδ᾽ ἔλθοιμι μίνυνθά  περ ἐς πατέρος δῶ:τοῖος
τῷ κέ τεῳ στύξαιμι μένος καὶ χεῖρας ἀάπτους,
οἳ κεῖνον βιόωνται ἐέργουσίν τ᾽ ἀπὸ τιμῆς.


[select] a little, very little, Hom.; of Time, a short time, id=Hom.; μίνυνθα δέ οἱ γένεθ᾽ ὁρμή but shortlived was his effort, id=Hom.
μίνυνθα from μι^νύ^θω -МИНУТО


A. a short time, in Hom. mostly in phrase, “μ. περ οὔ τι μάλα δήν” Il.1.416, Od.22.473; μ. δέ οἱ γένεθ᾽ ὁρμή butshort-lived was his effort, Il.4.466; “οὐ πολλὸν ἐπὶ χρόνον, ἀλλὰ μ.” Od.15.494; “μ. δὲ γίγνεται ἥβης καρπός”Mimn.2.7; “μ. δέ μοι ψυχὰ γλυκεῖα” B.5.151; “τὴν δ᾽ οὔτι μ. περ εὔνασεν ὕπνος” A.R.4.1060.

Тенденциозниот преведувач се плашел да преведе ,„дури и за минута„ за да не биде погрешно разбран па ставил „час„.

„Краткотрајно „ не e исто што и „мало„. Не, не, Хомер го употребил зборот во точна смисла.

За античкогрчка минута знаел и Аполониј од Родос во 3 век п/н/е и никој друг се до 14-15 век кога зборот повторно изронил од „антиката„.



Wednesday, January 2, 2013

Ва-силе-вс=БСИС-ИЛ

Етимологијата на грчкото „василевс„ односно „басилеус„, "βασιλεύς„ да ти била  непозната.
Баш „се изненадив„.

Ако земам предвид дека „античките Грци„ наместо В изговарале Б (што е невозможно, но еве хипотетички ) тогаш мора да се работи за „басилеус„.

Називот „басилеус„ како титула во  „антиката„ е резултат на апокрифите кои сегашноста ја префрлале во минатото па првата следна употреба на овааа титула на монарсите на „ромејската држава„ наречена „Византија„ е дури во времето на „сириско -исавриската „ династија на Лав III  717-741 г. .

Со други зборови, титулата „басилеус„ која кобожем последни ја носеле македонските кралеви„ наеднаш „по десет века им легнала на христијанските „ромејски„ монарси. Неверојатно.

 „Ус„ е типична латинска наставка пандан на грчкото „ос„ па не ме чуди што на „паричките„ кои ги штанцале рачно најпрво се појавила титулава на латински како BASILEUS а после и мешано латинско грчки -BASIΛEVS.

Ќе ја исфрлиме наставката и имаме БАС-ИЛ.

Значи Грците како и секогаш немаат појма што значат нивните букви а некогаш и зборови. Не барав долго : БСИC(בסיס)-ИЛ  Младоженец на Бога или Пиедестал Божји или нешто слично.



                                                              +LEOnbA S ILEVSROM
+LEOnEnΘEObAILEVSROMEOn  


Бронзена паричка од времето на Лав VI „мудриот„ 886-912. Гледаме дека сеуште се штанцаат пари со мешана латино-грчка ортографија. Наместо ламбда имаме "L" но затоа тука е и грчката „тета„ Θ.

Видете вака, парите не се нешто што си го чуваш по дома. Треба ли неписмените во 99% народни маси да прочитаат што пишува на паричкава? Веројатно. Но да речеме дека тие  само ја препознаваат онака на изглед бидејќи се 99% неписмени. Но треба ли  во 9-10 век да постои грчки правопис? Секако.

А зошто грчкиот правопис не би се употребувал при чеканењето монети? Затоа што овие монети се фалсификат на 17-18 век и не се никакви реални монети кои божем биле во оптек во 9-10 век.

Ако ги занемариме техничките термини кои преку ренесансниот „грчки„ влегле во сите јазици, мора да признаеме дека американците се во право. Грчкиот јазик за 99% проценти од населението на Средоземјето , Балканот , Европа , Египет и Мала Азија е „шпанско село„. Луѓето се збунети кога гледаат во тие необични букви. Дури и Турците .

Ќе претпоставиме дека вака било секогаш па и во 9 век. Но,„хроничарите„ на ова време Георгиос Сигхелос (Синкелос, Ѓорѓи Синкел, Секретарот Ѓорѓија, умрен по 810 г ,друго непознато) Теофан Исповедник (758-818 г) и Анастасиј Библиотекарот( 810-878 г ) многу убаво пишувале на грчки и латински  не мешајќи ги грчките букви со латинските. Додуша не сосема. На пример „Теофан Исповедник„ во својата „Хронографија„користел ера АНУС МУНДИ-од создавањето на светот при што ја игнорира тн „Византиска ера„( 5508 години пред Христа) и светот почнува 5500 години пред Христа а годината на 1 септември. Исто така пишувал на „полународен„ грчки јазик.

Не можев никако да ја ископам манускриптната традиција на „Хрониката„ на Теофан но трагајќи по неа дојдов до список на грчки манускрипти во париската национална библиотека (инаку французите се создавачите на „византологијата„.Во Франција се „откриени„ сите средновековни „византиски„ хронолози.Веројатно голем дел се таму и напишани).Претпоставувам дека постои еден или ниеден манускрипт од „Хрониката„ на Теофан како што постои само еден од неговиот „Продолжител„.Сепак и манускриптот не е гаранција за ништо.Грчки манускрипти се правеле и во 16-17 век паралелно со печатењето што се гледа од списокот на илуминирани манускрипти на Луј 14 кој прв почнал да се занимава со нивно колекционирање.Најстарите манускрипти се кобожем од 9 век.

Еве некои интересни сликички од книгава


                             Исус,Константин,квадрига,лабарум ,кујзнае.Пишува ИСУ СНФ


                                                                    „Мана„ од небото

Да се вратиме на БСИС-ИЛ односно Базил.

Ако во коренот на зборот веројатно е „база ,основа,пиедестал„тогаш зборот „Базилика„ има логика како „пиедестал на бога„Отворете и побарајте што значи базилика:


Во архитектурата терминот базилика означува кралска,и второстепено убава сала.Името индицира потекло на зградата од Истокот,но на Западот ,пред се во Рим ,може да се видат најубавите примери за базилика.Помеѓу 184 и 121 година п.н.е. на Римскиот Форум биле изградени базиликите на Порција, Фулвија, Семпронија и Оптимија а по 46 г п.н.е. Биле изградени и базиликите на Јулиј Цезар и Октавијан Август.Овие згради биле изградени за разубавување на Форумот и за да служат како за трговски цели така и за спроведување на правото.Тие биле отворени за јавноста и добро осветлени.Според Витрувиус,кој секако се сложува со грчките авторитети,конструкцијата на базиликата била следната...

Почитуван читателе,дали ви е појасно?

Базиликата  кобожем  „потекнувалаод Истокот„ а таму базилики пред нашата ера НЕМАЛО затоа енциклопедијата и не наведува имиња на источни базилики градени според плановите на  „грчките авторитети„..најприближна архитектурна форма е грчката„стоа„(од каде потекнува зборот „стоик„ а прашање е и колку стоата е античка бидејќи знаеме дека „стои„ значи да стоиш-по „славјански„ а и Славјани во антиката нели немало.).

Значи ,да резимираме,најстарата „базилика„ е кобожем изградена во 2 век п.н.е во италијанскиот Рим,тоа е „базиликата Порција„.

Читателе мој,ни дете не може да се излаже со овие приказни.

Зошто базиликата е наречена (кобожем на грчки )базилика кога самите Грци не знаеле што е тоа(ни во лингвистичка ни во архитектонска смисла)?

Зошто „античките римјани„ не и одбрале соодветно латинско име ?
Од каде го извадиле имево?Ако е „кралска градба„ зошто не била наречена „императрика„ или „конзулика„ или „цезарика„?Ако е свештена градба зошто не се викала „понтифика„?
Неверојатно е колку античкиве Римјани и кобожем  владетели на светот биле истовремено и писмени и неписмени.

Името БСИС-ИЛ очигледно има арапско-еврејски корен и значи „пиедестал на бога„ или „младоженец на бога„„(нели и латиниве имале збор „база„-основа наводно од грчкото „васи„ а „протоиндоевропејското„-гемтис„-оди.О ,Јахве помагај.Во „базиликава„ се оди или се стои?).

Всушност,Констанс,тин(КШР)-цезар-басилиј-веројатно означува едно и исто-СТОИ(постојан,цврст ослонец на Бога )  оттаму и името на „античко-античката„ -„ стоа„.

Но ова извртено „латинско„ "именување" како basilica исто така мириса на многу подоцнежен апокриф (да речеме најрано по 8-9 век од нашава ера) бидејќи никаква „ василевска „кралштина ни како титула ни како епитет во некаква предхристијанска „антика„ не можело да има  за βασιλική (василике) да стане античка „ basilica„.

Се разбира ,ова значи и дека немало никаква антика бидејќи сите „дела„ на античките: Плаут, Плутарх, Апијан, Витрувиус,Тацит,Светониј,се апокрифи од некој „поствизантиски„  период во кој имало и василевси а со нив и василики -свештено-световни градби направени од парите на василевсот-венчаникот на бога.

Да,да, апокрифи на средновековието се и Хомер и Херодот и многу други.


Friday, December 28, 2012

Библиски глупости

Покрај тоа што во Библијата има повеќе од 1001 контрадикторност во неа има и тешки нелогичности за кои е сосема неразбирливо како се протнале во„најстарата„ света книга.

На пример ,можеме да прифатиме дека Бог пуштил потоп на земјата и дека Ное со своето семејство се спасил ,земајќи со себе по еден пар животни од секој вид за да може потоа повторно да се размножат .

Но,не рекол дека ќе создаде нови животни. Видете како размислувал средновековниот ум.

БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА 
Глава  8  

19 И сите животни, сите лазачи, сите птици - сите созданија што се движат по земјата - излегоа од бродот, вид по вид.

20 И Ное Му изгради жртвеник на Господа; зеде од секое чисто животно и од секоја чиста птица и принесе на жртвеникот жртви паленици.

21 Господ го помириса пријатниот мирис и рече во Своето срце: „Никогаш повеќе нема да ја проколнувам земјата заради човекот; зашто човековите мисли се лоши од неговиот почеток; ниту некогаш ќе ги уништам сите живи суштества, како што направив.  

Значи Ное се измачил да спаси по еден пар животни:мајка и татко жирафа,мајка и татко слон,мајка и татко носорог,мајка и татко гулаб итн,за да може потоа да остават потомство.

Немале сите таква среќа.Веднаш штом излегле од бродот Ное на жртвеникот го цвикнал  таткото на „чистите животни„ како жртва така што кутрите женки останале без партнер за продолжување на родот.


Мозаик од базиликата Свети Марко во Венеција,13-14 век

Нема градење на никаква „арка„ (брод-ковчег) без средновековна пила.Илустрирано со мозаикот во базиликата Свети Марко во Венеција,13-14 век

Ное жртвува од СЕКОЕ „чисто„ животно по едно.мозаикот во базиликата Свети Марко во Венеција,13-14 век.

Највреден запис во „првата книга мојсеева„ преведена како „Битие„ или „Генеза„ а со оригинален назив    бил најстариот закон на земјата

Се знае,око за око ,заб за заб ,крв за крв односно „крвната одмазда„.

БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава  9 
   

5 А за вашата крв, за вашиот живот, ќе барам сметка: ќе ја барам од секое животно; и од човекот за неговиот брат; ќе барам сметка за човечкиот живот.
6 Кој пролее човечка крв, Човек ќе ја пролее неговата крв! Зашто Бог го создаде човекот Според Својот образ.
 7 А вие, плодете се и множете се, наполнете ја земјата и подложете ја под себе!”

Немало судии,трибунал ,ова она.

Thursday, December 27, 2012

Античка таписерија

Еден од начините да дознаете како е фалсификувана историјата е да пребарувате обично-необични поими во  „античките пишани извори„.
На пример зборовите: кола , кочија, чаша, макара, чекрек, тепих, тули, час, часовник ,итн.
Нешта кои денес  изгледаат како секојдневна работа но биле мислена именка за 90% Македонци (и поголем дел од светот )  во 19-20 век а да не зборуваме за 18,17,16,15 и така натаму се до Адам.

Изборот ми падна на зборот „таписерија„ .Зошто?

Во средниот век (15-16 век)  вештината на ткаење го достигнала нивото на кое може да се изработи текстил кој раскажува приказна,практично- „слика од конец„.

Аристократијата која можела да си го дозволи овој луксуз -тотално полудела .Таписеријата била новото сликарско платно.Но ова сликарско платно имало и утилитарна функција.Во огромните средновековни замоци каде било влажно и студено таписериите не само што разубавувале туку и топлеле.Бидејќи просториите биле со гигантски големини, за изработката на овие таписерии,кои биле и завеси и слики и теписи и прекривки, требало да се користат огромни разбои,на нив работеле многу работници  и ова чинело многу. Затоа таписериите се изработувале само по нарачка.Сликите од конец биле приказ на богатството и моќта па за да замислиш дека некој масовно произведувал таписерии за продажба со векови пред или во времето на Исус (пред 20-тина векови ) треба да си голем морон.

Да не влегле таписериите во мода веројатно би задоцнила и „индустриската револуција„ која започнала со ставање во погон на првите ткајачки машини.

Како претходно се ткаеле секојдневни ткаенини за облека и кој и каква ткаенина можел да си дозволи знаеме од нашите баби и дедовци кои до 20 век (а некаде и денес) носеле тн „народна носија„-секојдневна облека која во голем дел сами ја изработувале.Во оваа смисла тие биле поназад и од библиските луѓе.

Дека шарениот текстил бил „чудо невидено„ докажува на пример Хенри VIII гордо „се сликал„ вака


Принцот Едвард,Хенри VIII и Џејн Сејмур околу 1545 година(16 век).Зад кралскиот престол -раскошна таписерија

Бидејќи сите до еден „антички автори„ се деца на „ренесансата„ не е чудо во својот восхит кон шарената таписерија тие несакајќи да „се издадат„ .Колку и какви кукавички  јајца положени на таписерија сум фатил ќе видите сега.

1.Хомер 850 г п.н.е

Дека Хомер не можел да се појави пред средновековните патувачки трубадури е повеќе од јасно и не само затоа што „ОДОС„ (на „словенски„ одам,ходи) има корен во библиско-античко- еврејско-арапскиот збор ХДМ-оди-Ὀδυσσεύς или латински Ulyssēs (слично на пример на нашето „улица„ кое на грчки се вели „одос„).  



Одисеј се враќа на Итака и итро разговара со својот татко да види дали тој ќе го препознае

Hom. Od. 24.3
Верувајте ми кога ви велам дека овој човек еднаш дојде  во мојата куќа додека уште си бев во мојата земја и никогаш кај мене не дошол човек кој повеќе сум го засакал.Тој ми рече дека е од Итака и дека неговиот татко се вика Лаерт, син на Арцесиус. Го пречекав домаќински и на располагање му го ставив  изобилството на мојата куќа а кога си замина му ги дадов сите ВООБИЧАЕНИ подароци.Му дадов седум таленти чисто злато, чаша од чисто сребро со изгравирани цветови. Му дадов 12 лесни наметки и исто толку парчиња ТАПИСЕРИИ ,12 еднослојни наметки,12 черги,12 убави мантии и ист број на кошули.

Значи ако занемариме што се е на број кабалистичко -астролошки по 12, „вообичаениве„ работи се чудесно нешто за периодот од пред 2900 години.Особено таписериите.
Хомер и во „Илијада„ исто така пее дека убавата Елена везела огромна таписерија со сцени од тројанската војна за време на истата таа војна.

2.Херодот 484-425 п.н.е

Се раскажува и ваква приказна. Кога Ксеркс избега од Елада, тој му ја остави својата куќа на Мардониус . Павзаниј, гледајќи ја куќата на Мардониус со изложеното злато и сребро и весело обоени таписерии, им нареди на пекарите и готвачите да подготват вечера, како што биле навикнати да прават за Мардониус . Тие ја извршија наредбата, но Павзаниј, кога ги виде златните и сребрени каучи богато тапацирани и маси од злато и сребро, и сета прекрасна послуга на банкетот, беше изненаден од сјајот пред него и на шега заповеда неговите слуги да подготват и вечера во лаконски стил. Кога тој оброк, толку различен од другите, беше подготвен, Павзаниј пукна од смеење и испрати да ги повикаат грчките генерали. Кога овие се собраа, Павзаниј им укажа на начинот на кој е сервирана секоја вечера и рече: "Мажи на Елада, јас ве донесов тука, бидејќи сакав да ви ја покажам глупоста на водачот на Мидијците, кој со вакви услови на живот, како што гледате, дошол тука за да ни ги одземе нашите имоти кои се толку бедни. "На овој начин, се раскажува, дека Павзаниј им зборувал на генералите на Грците.

Зошто сум цврсто убеден дека Херодот е средновековен лажго? Покрај кукавичките јајца положени врз ѕидни таписерии и раскошен тапацирунг на златни сребрени каучи него го предава и изјавата дека има намера да докаже дека територијата на Македонија е „дел од Грција„ а Македонците се Елини.Зошто и кому тој му го „докажува„ ова во 5 век пред Христа?(да напоменам и дека „книгата„ на „Хер-одот„ те „Кир-одотус„-„господинот што одел  насекаде„ а која се однесува токму на Македонија е „изгубена„).

Mакедонија е библиско-арапско име кое значи „напаѓа ,навлегува„ а тоа овој „антички лажго„ не го знае.Или Херодот е ренесансен или библијата е пишувана во ренесансата.Или двете.Четврто нема.


מ ג י ד ו

МГИДУ

א ר מ גדון

АРМГДУН


Цитати од Стариот завет за илустрација.Новиот завет не го земаме предвид бидејќи е подоцнежен апокриф кој може разумно да се датира најнајнај-рано во 9 век од нашата ера.
Исус Навин: 17:11 На Манасиј му припаѓаа во Исахар и во Асир; Вет-Сан со своите села, Ивлеам со своите села, жителите на Дор со своите села, жителите на Мегид со своите села; и така: три подрачја. 

Судии: 1:27 Манасиј не ги освои Вет-Сан и неговите села, ни Тахана и нејзините села. Не ги изгони ни жителите од Дора и од неговите села, ни жителите на Ивлеам и на неговите села, ни жителите на Мегида и на нејзините села. Така Ханаанците останаа и живееја во земјата. 

1 Цареви: 4:12 Вана, синот Ахилудов, во Тенахом и во Мегидон, и во сиот Вет Сан, што е покрај Сартана подолу од Езраел, од Вет Сана до Авел Меол, и до преку Јокмеам. 
9:15 Вака беше со принудната работа што Соломон ја создаде за да ги изгради Господовиот Дом, својот дворец, Милон и ѕидовите на Ерусалим, Хасор, Мегидон и Гезер. 

2 Цареви: 23:29 Во негово време фараонот Нехаон, египетскиот цар, тргна против асирискиот цар, на реката Еуфрат. Царот Јосиј тргна пред него, ама тој го уби во Мегидон, при првата средба.  
23:30 Неговите слуги му го пренесоа телото со кола од Мегидон, го префрлија во Ерусалим и го погребаа во неговата гробница. Сиот народ на земјата го прими Јоахаз, синот Јосиев; го помазаа и го прогласија за цар место неговиот татко.
1 Летописи: 7:29 Во рацете на Манасиевите синови беа Вет-Сан со своите села, Танах со своите села, Мегидон со своите села, Дор со своите села. Во нив живееја синовите на Израеловиот син Јосиф.

Захарија: 12:11 Во оној ден ќе настане голем плач во Ерусалим, како плачот во Ададримон, во Мегидонската Рамница. 

Судии: 5:19 ”Дојдоа цареви, војуваа, бој водеа ханаанските цареви, во Танаха, во Мегидската Вода(?), но не добија ни малку сребро.

Исус Навин: 12:21 танашкиот цар, еден; мегидскиот цар, еден; 

2 Летописи: 35:22 Но Јосиј не го одврати лицето од него, туку се охрабри за да се бие со него; не послушувајќи ги Нехаовите зборови од Божјата уста, дојде да се бие на Мегидонското Поле. 

2 Цареви: 9:27 Кога јудејскиот цар Охозиј го виде тоа, избега кон Вет Хаган (Градинска Куќа), но Јуј го гонеше и нареди: „Погубете го и него во колата!” Го ранија во колата на брдото Гур, што се наоѓа кај Ивлеам. Но избега во Медигон, и таму умре. 

Откровение: 16:16 И ги собра на местото на еврејски наречено Армагедон” (Рид на Мегидо)
3.Плаут 254-184 п.н.е

Pl. Ps. 1.2

Сега, значи, освен ако сите не обрнете внимание на ова обвинение, ако не ги отстраните поспаноста и мрзеливоста од градите и очите, ќе направам вашите грбови да бидат темелно обележани со драсканици, толку многу што ќе бидат пообоени од кампанијска(!) прекривка и од александриска таписерија од пурпур извезена целата со ѕверови .



4.Катулус 84-54 п.н.е.

Овој веќе зашол

Но, овој замок, низ неговите најскриени скривалишта за богатите членови на кралското семејство, блеска во сјај на злато и со сребро. Слоновата коска се белее на седиштата; пехарите светкаат на полиците; целата куќа воодушевува во раскошот на кралско богатство. Поставен во средината на зградата е невестинскиот кревет на божицата, сјајен од индиската слонова коска и покриен со црвено, обоен со розова боја на рибата- школка. Оваа ТАПИСЕРИЈА извезена со фигури на луѓе од античкото (!!!) време со воодушевувачка уметност ја отсликува храброста на хероите.
„Рибата школка„ всушност е полжав тн „Мурекс„ од кој се добивала црвена-пурпурна боја(која денес ја нарекуваме лилава или слично,а нашите стари ја нарекувале „пембе„) која била недостапна за простите народни маси и се користела само украс на  царската облека.

Пурпурна боја од полжавот Мурекс


5.Тит Ливиј 59 п.н.е.-17 н.е


  1. Заробените кралеви, Персеј и Гентиус, со нивните деца, најпрво беа донесени во Рим, и ги ставија во притвор а потоа и другите затвореници, потоа оние од Македонците и главните мажи на Грција , на кои што им беше наредено да дојдат во Рим, бидејќи од овие, не беа повикани со писмо само оние кои  си седеа дома , туку  дури и оние за кои се вели дека биле во дворците на кралевите.

    По неколку дена откако Паулус беше однесен по реката Тибар до градот, во кралска галија со чудесна големина која беше движена од шеснаесет нивоа на весла и украсена со македонскиот плен кој се состоел не само од убави оклопи, ТУКУ И ОД ТАПИСЕРИЈА, која била сопственост на кралот;...

Персеј е македонскиот крал а Гентиус-илирскиот.Победени од „Римјанинот„Емилиус Паулус.Мила моја мори мајчице.Овој Персеј имал и таписерија како Хенри осми.


6.Плутарх (царот) 46-120 н.е.Александар

Да не знаеш дека е „Плутарх„ ќе се заколнеш дека е „Шекспир во приказни„:


Plut. Alex. 49

Како резултат на ова тој беше уапсен и доведен на испрашување, другарите на царот стоеја наоколу за време на тортурата а Александар слушаше позади една обесена таписерија . Тука, како што се раскажува, слушајќи го Филота како му се заканува на Хефестион со бедни и плачки и молби, тој рече: "Со толку слабо срце си бил, Филота, и така мекушав, како си можел да ставиш рака во ваков голем потфат?„   
Откако Филота бил казнет со смрт, Александар веднаш го испратил и Парменио во Медија, човек чии достигнувања со Филип беа многу и кој беше единствениот од постарите пријатели на Александар, или главниот од нив, кој се заложи за неговиот премин во Азија, а кој од своите три сина, виде двајца убиени на претходната експедиција и сега замина во смрт заедно со третиот.
     
Шекспир „Скротување на фуријата„
         Комбинација на „Плутарх„ , „Плаут„ и „Катулус„
Gre.
First, as you know, my house within the city
Is richly furnished with plate and gold;
Basins and ewers to lave her dainty hands:
My hangings all of Tyrian tapestry;
In ivory coffers I have stuff'd my crowns;
In cypress chests my arras counterpoints,
Costly apparel, tents, and canopies, 

Fine linen, Turkey cushions boss'd with pearl,
Valance of Venice gold in needlework, 

Pewter and brass and all things that belong
To house or housekeeping: then, at my farm
I have a hundred milch-kine to the pail, (360)
Sixscore fat oxen standing in my stalls,
And all things answerable to this portion.
Myself am struck in years, I must confess;
And if I die to-morrow, this is hers,
If whilst I live she will be only mine. 

Често пати учените глави се прашуваат како можел прост човек како Шекспир да испрочита толку антички автори.„Какви бре антички „е точниот одговор на ова главоломно прашање.Веројатно многумина од „античките„ автори препишувале од самиот „Шекспир„.


Колку за илустрација.Еве го нивото на „таписериство„ во 11 век (но и ова датирање не е сигурно).

Таписеријата од Бајо-Безо,Bayeux Tapestry


Таписерија од Гирона ,Шпанија12 век

Детал од таписеријата

Monday, December 24, 2012

Двојници

                                  Папата Пиус IV 1499-1565 виден од Бартоломео Пасароти

                        Гробот на истиот Пиус (Џакопо Медичи). Папата е претставен како „римски император„ ем „понтифекс максимус„

Папата Пус е познат по тн Тридентинско кредо во кое е вклучено и познатото „филокве„ односно дека „светиот дух „потекнува и „од Синот„,наводно „каменот на сопнување„ за спојување на Источната со Западната црква.
Туку, друго ми беше зборот. Ајде што папата Џакопо и е претставен на вечноста како „римски император„ ама па и натписот на гробов е чист „антички„ -со кратенки. А за кого го напишале  натписот кога во 16 век се зачетоците на латинската античка „епиграфија„ т.е. читање на „антички„ натписи кои никој не ги разбирал?
Идиоти.

Гроплан на Папата-Цезар




PIUS .IIII PONT .MAX.FRA.B.FIERI.I
Битс ми