Search This Blog

Thursday, January 10, 2013

Историја на природата или кабинет на куриозитети?

Многу пати сум кажал дека „Плиниј Постариот„ е ренесансен „автор„ односно дека веројатно  се работи за измислена биографија на човек, автор на делото „Природна историја„ или „Природонаука„,  кој живеел во 1 век од нашата ера и кобожем загинал при ерупцијата на Везув во 79 г н.е.
Доколку човекот-автор не е комплетно измислен тогаш се работи за автор или група автори кој/кои живеел/е најрано во 16 век.

Во „ренесансниот„ занес на 16 тиот век станало вообичаено да се собираат чудесиите кои постојат во светот. Во специјални соби за оваа намена се собирале: уметнички дела- „антиквитети„, религозни реликвии, географски, етнографски и археолошки предмети и слично. Овие дела и предмети многу често биле фалсификати направени специјално за изложување во тнКабинет на куриозитети„ или „Кунсткамер„. 

Овие соби со чудесии биле претходници на современите музеи. Кралевите , аристократијата а често и богатите трговци и првобитните „научници„ поседувале вакви кабинети кои им служеле како место за релаксација и размислување но и како излог на нивното богатство и моќ што претставувало своевидна пропаганда.

Кунсткамерата на Феранте Императо,1599г, 

Читајќи ја „Природонаучната историја„ на „Плиниј Постариот„ не може да не се изнасмеете на наивноста на луѓето на 16 век маскирани во „антички автори„.

На пример Плиниј тврди дека вакви „музеи„ имале и античките императори како Октавијан Август  .Жими мама.

Античкиот Рипли со своето „дело„ за „верувале или не„ ќе ви го заврти умот со милијарда „природни„ но необични „факти„ кои човештвото не ги „преиспитало„ цели 1500 години.

На пример дека луѓето се различни по изглед затоа што изгледот на човекот зависи првенствено од тоа на што мислела или што гледала мајката за време на зачнувањето .Затоа животните биле сите исти, бидејќи не размислувале толку многу како луѓето. Или дека Л.Сципио ги знаел напамет имињата на сите римски граѓани или дека Цицерон ја видел Илијадата напишана на пергамент кој можелед да се втисне во лушпа од орев или дека некој си Страбо (во превод Ќорле, Кривоок) можел да гледа што се случува на далечина од 125 километри и слично.

Ако не се изнасмеете на Плиниј од 16 век кој сметал дека и слоновите се религиозни , се интересираат за астрологија а оние кои си ги запоставиле „лекциите„ по цели ноќи седат и учат (да, да, слоновите учат лекции уште пред нашата ера и знаат да пишуваат на старогрчки) многу веројатно ќе паднете во несвест од коментарите на преведувачите од Кембриџ во 1855 кои многу често го цитираат како авторитет истиот Жан Ардуен кој тврдел дека целата „античка„ литература е апокриф на средниот век можеби со исклучок на оваа „Природонаучна историја„.Ха ,ха,ха,хух.



No comments:

Post a Comment