Search This Blog

Thursday, January 17, 2013

Паганскиот „Прогресивец„

Прокопиј од Цезареа (палестинска) е кобожем историчар од 6 век . Пишувал на„ чист класичен атички старогрчки„ во времето на  императорот Јустинијан.

Неговото „дело„ од 8 книги за „војните на Јустинијан„ се препишувало 10 века и прв пат е испечатено во 16 век а неговото попознато дело  наречено Анекдота (Тајна историја) е ненадејно откриено во 18 век и веднаш испечатено.

 „Прогресивецот„ е тешко да се вкалапи во „античките„ а не е баш ни за во „византиските„ Грци-историчари.

По бегло читање на неговите„ војни„ и „тајната историја„ не можам да не ги прокоментирам следните бисери.

-Иако „Прокопиј„ е Палестинец (од центарот на центарот) тој е малку чуден „Христијанин„.


Палестинска Цезарија во 1938


-„Прокопиј„ тврди дека во „ромејската „ војска имало преку 1000 војници со „аријанска„ вера, повеќето од кои варвари-Ерули кои живееле над Истер (можеби Дунав). Јустинијан ги исклучил од „светите сакраменти„ (венчавка,крштевање и сл) и други тајни христијански церемонии сите кои не се „православни Христијани„. На „Аријаниве„ најмногу им тежело што не можат да си ги крстат децата на Велигден или да ги попрскаат со света вода или „други работи што се практикувале на тој празник„. Аријаните се налутиле и решиле да го убијат некој си Соломон на прв ден Велигден кој го нарекувале „голем ден„.

-Кога објаснува за „најревносните„ Христијани, монасите, тврди дека на некој христијански празник (не го именува) тие откако добро се најале и се испијаниле „многу повеќе од што треба„(бидејќи таков бил редот) легнале да спијат и не биле свесни што ќе им се случи.Многу „монашки„,би рекол.

-Зборот „Евангелие„ е спомнат два пати при што еднаш Прокопиј ни објаснува дека тоа се „свети списи на Христијаните„.Зборот е спомнат само во смисла на тоа дека некој „се заколнувал„ врз „светите списи„.

-Исус е опишан како „Божји син„ кој се шетал низ Палестина, бил безгрешен, изведувал невозможни нешта, воскреснувал мртви, го враќал видот на слепите од раѓање, ги чистел лепрозните ,ги кревал на нозе сакатите и воопшто ,цитирам, „ги лечел сите болести кои докторите ги прогласиле за неизлечиви„.

-Исус се допишувал со некој Абгар, Аугар,Абагарус(или слично). Абгар со писмо го молел Исуса да ја напушти Јудеја и „глупавите луѓе кои живеат таму„ и да си дојде да живее кај него(во Едеса,Месопотамија). Исус одговорил дека е малку зафатен за да дојде ама во писмото му ветил здравје.Абгар оздравел веднаш штом го прочитал писмото и си живеел среќно до крајот на животот.

-Прокопиј смета дека размислувањето за „природата на Бога„ е јалова работа и затоа по тоа прашање ветува дека ќе си молчи.Единствено нешто по ке се произнесува е дека Бог „е добар и се е во негови раце„.Навистина Бог (не Исус) во неговите писанија е спомнат само како нешто од кое исклучиво  зависи судбината и иднината,односно одговорот на сите прашања е -„Тоа е божја воља„.

-„Јустинијан„ бил „самиот ѓавол„ а жена му Теодора најниска проститутка (бивша актерка) .Во негово време биле убиени сите луѓе што живееле во Италија,Либија,Илирија,Тракија,Елада, Херсон итн, малку од Јустинијан а малку од Хуните ,Антите и Словените.
Така,цитирам,„за време на владеењето на овој принц целиот свет бил поплавен од крвта на Римјаните и Варварите„.

-Јустинијан не само што „секојдневно„ ги извртувал законите  и ги менувал по потреба и  за мито, најмногу се истакнал во извртувањето кога на Евреите им забранил да ја празнуваат својата Пасха пред христијанскиот Велигден .

Драг мој читателе,човек кој е Христијанин ,ги читал „Евангелијата„  (не е цитирано ништо од „светите списи на христијаните„) знае дека прославата на христијанскиот Велигден уште од 325 година (првиот собор во Никеја ) морала да се слави ПОСЛЕ еврејската Пасха .Логично бидејќи според Евангелијата Исус воскреснал по еврејската Пасха.

-„Прокопиј„ нема поим за Велигден во денешната смисла

Значи напредниов Прокопиус не знае ништо за Христијанството какво што го познаваме.Тој знае само за празник Велигден„најголем празник на Христијаните„ и знае дека три дена пред Велигден „не се оди на гости и кај пријатели„,а еден ден претходно се пости цел ден -но и еден дел од ноќта.Јустинијан постел  два дена претходно а Евреите строго ги казнил што го изеле пасхалното јагне пред Христијаните.

Можеби Прокопиј не бил некој побожен тип и не се замарал со природата на Бога  но затоа многу добро ја опишал „Бубонската чума„ која „тргнала„ од Египет .Како тој самиот ја преживеал-не ни кажува.Веројатно затоа што се случила можеби и 200 години пред да го напише своето „демек „ дело.

Чумата во времето на Јустинијан била на пример 541-541г.Ако на оваа година ја додадеме најчестата транслација на хронолошката скала од 1054 години (кобожем времето на шизмата,веројатно 0 -тата историска година) прогресивниот Прокопиј е автор од крајот на 16 век ,околу 1595 година .

И официјално описот на „Чумата на Јустинијан„  се споредува со „Црната Смрт„ од 1348г. Но неверојатно е чумата во 6 век (исто како другите „антички„ чуми) ,која наводно убила 25 милиони луѓе ,да се случила од истиот патоген причинител како онаа во 14 век. Затоа се измислува друг причинител -откриен во 19 век или „се претпоставува„ непознат причинител.

Решението на оваа загатка  е едноставно.„Чумата на 6 век„заедно со Јустинијан и Теодора  е измислица на 16 век.

Еве краток извадок од „Тајната историја„,ефтин „историски палп фикшн„  на 16 век.

Ова до денес сетретира како некаква „реална„ историја.Срамота.

                                                Вели-сари-ос=Бели-сари-ус=Вели- цар

„Жената на Велисариос ,за која пишував претходно,била ќерка и внука на возачи на кочии, луѓе кои својата вештина ја практикувале во циркусот во Византија и Солун. Нејзината мајка била една од театарските проститутки.Самата таа на почеток живеела непристоен живот, препуштајќи се на неконтролиран разврат,а покрај ова ,била посветена и на  проучување на  лековите  долго користени во нејзиното семејство,и таа ги научила нивните својства кои и биле неопходни за спроведување на нејзините планови.Конечно се верила и се омажила за Велисариос иако веќе имала родено многу деца
Таа се впуштила во прељубнички врски веднаш откако се омажила ,но се трудела да го сокрие овој факт,со помош на семејната вештина,не поради почит кон својот сопруг(бидејќи таа никогаш воопшто не чувствувала срам за било каков криминал и го замајувала со маѓии) туку поради страв од одмазда на царицата (василидас),бидејќи Теодора била огорчена и веќе и ги покажала забите. 
Но откако Теодора  ја направи  своја покорна пријателка помагајќи и кога беше во најголеми тешкотии ,прво со средување на работата со Силвериус,како што ќе кажам подоцна,а подоцна со уништувањето на Јован од Кападокија, кое веќе го опишав,таа стана помалку срамежлива и не се воздржуваше од никакво зло„.
Во домаќинството на Велисариос  имаше еден младич роден во Тракија по име Теодосиј кој по татко беше од Евномиската вера. Пред да замине за Ливија (Африка) беше церемонијално прочистен со капење и Велисариос го прими во прегратки и го усвои како син, со согласност на неговата жена и во согласност со обичајот на  посвојување на Христијаните. 
Антонина значи го прими Теодосија како син според светиот обичај и го сакаше , му обрнуваше особено внимание и имаше комплетна контрола врз него. Подоцна,за време на патувањето , таа лудо се вљуби во него и вон себеси поради страста го отврли секој страв од се човечко и свето и секоја трага од скромност па уживаше во него опочеток во тајност а подоцна во присуство на слугите и слугинките бидејќи дотогаш веќе беше луда од желба па занемаруваше се што и стоеше на патот на нејзината страст.
Еднаш кога беа во Картагина (Кархедонос), Велисариос ги фати на дело но дозволи жена му да го измами.Тој ги фати заедно вое една подземна соба и збесна од глетката ,но таа не покажа ни малку страв или желба да го избегне па рече:„Дојдов овде со младичов за да го сокријам најскапоцениот дел од пленот за да не дојде Императорот (василеос) и да дознае за него.Ова таа го кажа како изговор а тој преправајќи се дека е убеден премина преку ова иако виде дека појасот кој му ги држеше пантолоните (еклелуменон) преку гениталиите беше одврзан,бидејќи беше толку обземен од љубовта кон ова суштество што преферираше да не им верува на своите очи.
Но развратот на Антонина премина од лошо кон полошо додека не достигна најсрамен врв. Сите кои го гледаа ова молчеа, освен една робинка по име Македонија   која, кога Велисариос беше во Сиракуза по освојувањето на Сицилија,прво го заколна осподарот дека нема да ја предаде на господарката а потоа му ја раскажа целата историја земајќи за сведоци две момчиња кои служеа во спалната на Антонина.
Кога Велисариос го слушна ова  и нареди на стражата да заврши со Теодосиј,но тој,навреме предупреден,избега во Ефес (од Сицилија во Турција ,м.з.) бидејќи поголем дел од следбениците на Велисариос под влијание на природната слабост на неговиот карактер повеќе се трудеа да ја задоволат неговата сопруга одошто да ја покажат својата верност кон него па затоа и ги открија наредбите кои ги добија за Теодосиј.Кога Константин ја виде тагата на Велисариос за она што го снајде,сочувствуваше со него но беше толку неарзумен да додаде„Кога би бил на твое место би ја убил жената наместо момчето"
 Ова и било кажано на Антонина, во неа се зачна тајна омраза кон него, се додека таа не направи да се почувствува тежината на нејзиниот презир, бидејќи таа беше како скорпија, и знаеше како да го прикрие сопствениот отров.
 Не долго после тоа, или преку маѓии или со милување, таа го наговори мажот дека обвинението против неа било лажно, при што тој, без никакво двоумење, го повика Теодосиј и и вети дека ќе и ја донесе на неговата сопруга Македонија и момчињата, кое потоа и го направи. Се вели дека таа прво им ги отсече нивните јазици, а потоа нареди да се исецкаат на парчиња, да се стави во вреќи и да се фрлат во морето. Во ова крваво дело таа беше потпомогната од еден од нејзините робови име Евгениј, кој исто така бил еден од оние кои ја истурил лутината на Силвериус.

Набрзо подоцна, Велисариос беше убеден од неговата сопруга да го убие Константин. Она што го веќе го имам раскажано за Пресидиус и неговите ками припаѓа на овој период. Велисариос ќе го пуштеше да оди но Антонина не се смири додека не ја оствари одмаздата за зборовите кои претходно ги кажав. Ова убиство предизвика голема омраза против Велисариос од страна на царот и главните благородници на Империјата. 
Таков беше текот на настаните. Во меѓувреме, Теодосиј одби да се врати во Италија, кадепрестојуваа Велисариос и Антонина , освен ако Фотиј не се тргне од патот, зашто Фотиј беше природно надарен да ја покаже својата инаетливост против секој кој го заменува , но тој беше сосема во право што чувствуваше љубомора кон Теодосиј, бидејќи тој самиот, иако син на Антонина, беше прилично занемарен, додека другите беа премногу моќни и натрупаа големо богатство. Велат дека презел богатство во износ од сто фунти(кенденариа) злато од трезорите на двата града , Картагина и Равена, бидејќи тој се стекнал со единствена и апсолутна контрола на управување со нив. 
Кога Антонина слушна за оваа одлука за Теодосиј, таа никогаш не престана да му поставува стапици на нејзиниот син и да кова неприродна заговори против него,се додека таа не направи да ја напушти и да се пензионира во Византија, зашто не можеше веќе да ги трпи заговорите против неговиот живот. Во исто време таа го направи Теодосиј да се врати во Италија, каде таа уживаше во целосно општење со нејзиниот љубовник, благодарение на лесната и добра природа на нејзиниот сопруг. Подоцна, таа се врати во Византија во друштво со двајцата. Таму Теодосиј стана вознемирен да не се расчуе за нивната интимност и беше во голема мера посрамен, не знаејќи што да прави. Дека тоа може да остане незабележано до крајот чувствуваше дека е невозможно, бидејќи тој виде дека жената повеќе не беше во можност да ја скрие својата страст, и да ја ужива во тајност, туку беше отворена и заколната прељубница, и не руменееше ако ја наречат така . 
Од оваа причина тој се врати во Ефес, откако се потстрижа се приклучи на монаштвото. На ова Антонина целосно го изгуби разумот,ја покажа својата вознемиреност со фрлање во жалост и нејзиното општо однесување, и талкаше низ куќата, викајќи и жалејќи (дури и во присуство на нејзиниот сопруг) за добриот пријател кој го изгуби ,толку верен, па пријатен, па нежен придружник, така брз во акција. На крајот таа дури го зарази и нејзиниот сопруг, кој почна да ги извикува истите жалопојки. Кутриот будала викаше за враќање на неговиот многу сакан Теодосиј, а потоа отиде кај царот и ги молеше и него и царицата, додека не ги наговори да го повикаат Теодосиј, како човек чии услуги секогаш биле и секогаш ќе биат неопходни во домаќинството. Теодосиј, сепак, одби да се врати, изјавувајќи дека негова цврста определба е да остане во манастир во прегратките на монашкиот живот. Но, неговиот јазик во никој случај не беше искрен бидејќи неговата намера беше штом Велисариос ја напушти земјата, да и се придружи тајно на Антонина во Византија, што всушност и го стори.„


Прокопиј Константинопол постојано го нарекува Византија(В(Б)изандион)
Теодосиј носи полуантички пантолони со колан.



Јустинијан во профил и анфас и Победата-Викториа со глобус круцигер.Прокопиј земјата ја дели само на два континенти Европа и Азија ама сите знаеле дека земјата е глобус?Пих,почитувани- та немојте касти.

Што дрндал хуманистот „Прокопиус„ за Словените:


ПрокопијКесариски(Procopius,De bello Gothico) за Словените(500-560Н.Е)



No comments:

Post a Comment