Одамна по главава ми се мота нешто што не сакам да си го признаам.
Си замислував дека одело вака.За оформување на некаков нов литературен јазик, во предисториското минато (пред 10 век НЕ), неговиот творец (творци ) кој стекнал(е) знаење на туѓ јазик , имајќи ги предвид особеностите на сопствениот говорен јазик и познавајќи некаква „народна „ ортографија и уште неколку туѓи јазици и ортографии, создава(ат) особена азбука , правопис и граматички правила па придржувајќи се на смисленото , преведуваат веќе пишани текстови од туѓи јазици или создава(ат) оригинални дела . (Го имам на ум Константин Филозоф)
До овде се е во ред.Проблемот е што понатаму. Ако знаеме дека неписменоста на населението се до 19-20 век била прилично голема (не може ни да си замислите колку голема) останува впечатокот дека напишаното служи за употреба на мал круг писмени луѓе.
Што прават писмените со напишаното? Го читаат,се разбира.И потоа што?Ако се црковни лица тие им го читаат или прераскажуваат на верниците (бидејќи се работи за „свети„ текстови„) или самите составуваат верско-световни поуки со кои ги советуваат неписмените маси (и потоа ги запишуваат -или не).
Подоцна,увидувајќи дека сам човек е за никаде , писмениот се труди да описмени одреден круг луѓе за да му се олесни работата при преведувањето или препишувањето (на пример на „светите„ текстови од туѓ јазик). Се формира тн „школа„ која ја посетуваат одреден број ученици кои подоцна треба самите да станат учители итн.
Самото пишување и препишување не може да биде со стапче на вода или песок или кал или восок, бидејќи тоа не е трајно и може да служи само за подука или размислување (на пример како песокот на Архимед-Ноли обсекро истум дистурбаре).
За нешто поопипливо потребен е прибор,писалка, мастило и хартија папирус или пергамент (или чекан , длето и мермер, камен, дрво и сл).Сето ова е потрошен материјал.Мастилото се троши а восокот, пергаментот и папирусот евентуално може да се избелат па повторно да се пишува на нив , т.н .„палимпсест„ (пали-пак,псао-гребам) иако пергаментот (кој и најтешко се произведува) се покажал најпогоден за ваква рециклажа.
За нешто поопипливо потребен е прибор,писалка, мастило и хартија папирус или пергамент (или чекан , длето и мермер, камен, дрво и сл).Сето ова е потрошен материјал.Мастилото се троши а восокот, пергаментот и папирусот евентуално може да се избелат па повторно да се пишува на нив , т.н .„палимпсест„ (пали-пак,псао-гребам) иако пергаментот (кој и најтешко се произведува) се покажал најпогоден за ваква рециклажа.
Значи самиот материјал за пишување бил тешко достапен доколку не си вешт за самиот да си го направиш.За поголеми количини од истиот и полесна достапност потребно е организирано производство и одреден приход кој ќе овозможи набавка на истиот од производителот.
Да го оставиме ова и да се вратиме на создавањето на литературниот јазик.
Литературниот јазик не е исто што и говорниот.Литературен јазик е јазик на кој е создадена одредена литература (едно или повеќе дела).
Доколку сте вешт може да си измислите свој јазик и на него да си напишете книги.Подоцна своето дело ќе го поделите со други кои ќе ги обучите да го читаат.Дури ,може да ги научите и да го зборуваат.
Што е тоа што ми е тешко да си го признаам?
Дека сите „антички„ (ненационални) литературни јазици се настанати на ист начин.Не со некаква огромна вештина на преточувањето на говорниот јазик во литературен и запазување на говорните особености и држење до непишаните лингвистички „правила„ на говорниот јазик, туку со измислување на сопствен јазик и воведување на сопствени правила.
Најважното:потоа литературниот јазик е наметнат како говорен јазик (колку што можело) или во комбинација со него настанал нов говорен јазик.
Најважното:потоа литературниот јазик е наметнат како говорен јазик (колку што можело) или во комбинација со него настанал нов говорен јазик.
„Сопствените правила„ повеќе ги диктирала фантазијата и ерудицијата на измислувачот отколку реалната „состојба на терен„.
Друго, првобитната намена на пишувањето гарантирано не била во образовни цели.
Се работело за маѓија.Прво се пишувале знаци.Знаците имале „магична моќ„.Потоа се цртале слики на предмети и поими. На крајот се бележеле гласовите поодделно или како слогови.
Нема некој кој не може да се сети како во прво му било тешко буквите да ги поврзе за да прочита збор со одредено значење. Истиот пат го минувало човештвото.За ова е неопходна интелигенција и вежба.
Затоа е неверојатно 1600 години пред нашава ера ,во Микена ,да се запишувале слогови (освен тоа е неверојатно и Микенците тоа време да ги носеле традиционални фустанели-илустрација или елаборирана ткаена облека во разни бои + накит,слика подолу).
На пример кобожем Микенците 1600 години ПНЕ името на Посејдон го запишале како „По-се-да-о„,или на Дионис „Ди-во-ни-со„ или пак Пајан „Па-ја-во„ и сл.Тоа се глупости и досетки на современите „стручњаци„.Како можела да „исчезне„ микенската цивилизација и повторно на истото место да се достигне дури во доцниот среден век?(-16 па +16 века ) Тоа почитувани, не било можно на овој свет.
На пример кобожем Микенците 1600 години ПНЕ името на Посејдон го запишале како „По-се-да-о„,или на Дионис „Ди-во-ни-со„ или пак Пајан „Па-ја-во„ и сл.Тоа се глупости и досетки на современите „стручњаци„.Како можела да „исчезне„ микенската цивилизација и повторно на истото место да се достигне дури во доцниот среден век?(-16 па +16 века ) Тоа почитувани, не било можно на овој свет.
Забележете го накитот на рацете на Микенката.Да не се рубини?
Првата буква во арапско-хебрејскиот е А-АЛ(А)ЕФ ,и тоа значи Б-БИК.
Втората буква е Б-БЕТ и значи К-КУЌА
Чисто шпекулативно.Не личи ли повеќе А на куќа а Б на бик?
Илустрација на „арамејски„
При позајмувањето се е испревртено.Ако сум примитивец буквата А како знак за „јас„,„куќа„,„мајка„ можам да ја разберам.Бик-не можам.
Со помош на оваа азбука (алеф-бет,сетете се на англиското- alphabet) , на кобожем древниот семитски јазик тн хебрејски или уште „иврит„ (современиот хебрејски- „иврит„ на кој се зборува во Израел е создаден во 20 век а древниот иврит кобожем престанал да се зборува во 2 век НЕ и потоа останал само како богослужбен јазик) е создаден (исто кобожем ) најстариот литературен извор на античкиот „иврит „ а тоа е „Песната на Дебора„ (Судии 5).
Каков Хомер почитувани,нејзиното создавање се датира четири-пет века порано (12 век пред нашата ера иако и „античките извори„ тврдат дека Хомер живеел во времето на Тројанската војна исто датирана во 12 век ПНЕ ).
Но тоа едноставно не е можно бидејќи во „Песната на Дебора„ се спомнуваат запрежни коли со тркала, технолошко- техничко достугнување на средниот век кога имало(и каде) патишта и тешко е замисливо нивното користење во палестинската пустина 12 века пред нашава ера.
Ако не ви е јасно од каде доаѓа зборот „иврит„עִבְרִית не се сомневајте дека ова се должи на мешаницата помеѓу буквите „Б„ и „В„. „иврит„=„ибрит„ .„ибри„ или „ха-ибри„ тоа се по нашки „евреи„ но и Ибери и Иберија а тоа е „античката„ Шпанија. Но кобожем името Иберија го смислиле античко-грчките географи и патеписци.А што им значело ?На грчки и латински не значело ништо.Но на „иврит„ значело „земја на преселените„ бидејќи „евер„-„ивер„,„ибер„ -„евреин„ значи „преселен„(доселен).А од каде или каде се преселувале преселнициве?Од Грција?Од Африка? Од Европа ?
Името Шпанија-Spania, España или Espanha во среден век се однесувало само на муслиманските територии на Иберискиот полуостров.Подоцна (крај на 12 век) се проширило на целиот полуостров.Претпоставувам дека ова име има арапски корен.„Хишбаам„ на акидо-асиро-персиско-вавилонски-„изобилство„.
„Херодот„ во својата историја не ја спомнува ни Азија, ни Јудеја, ни Израел.Ништо необично.Евреите си живееле во Шпанија.
Муслимано-арабо-берберите наречени (или кои себе се нарекувале) „Саракини„ подоцна преправено во „Сарацени„и живееле во Африка , во 711г, ја освоиле Кордоба во Шпанија се сретнале со Евреите и Христијаните-Готи.(ГТ -ГД-Господ ,божји луѓе).
Бидејќи Евреите немале приказни за пророкот Исус -Еис(ша)а, тие во Коранот се додадени можеби и под влијание на „готските„ евангелија, додуша сосема смешно од денешна гледна точка. Кога не би било вака и Коранот би бил напишан на Истокот каде кобожем Исус одел , зборувал и умрел (Ерусалим веќе бил освоен ова време) не би постоела шанса Сарацените (сами се нарекувале така?) при составувањето на Коранот да направат вакви крупни грешки во чекори , како на пример дека Марија (Богородица) е сестра на Аврам или дека двојникот на Исус настрадал на крстот а тој самиот како алахов пророк одлетал жив на небото низ некој поширок оџак.
[Марјам,Марија 19:28] "О сестро на Харун,ниту татко ти беше зол човек ниту мајка ти беше блудница!"
[Марјам 19:34] Ова е Еиса(Исус), синот на Марјам; вистински факт, во кој тие се сомневаат.
Додуша,сосема е смешно било кој сериозен составувач (самиот Мухамед бил неписмен,тој кобожем го диктирал она кое Алах преку ангелот Џабраил-Габриел цели 23 години ,од 609 до 632 г ,му го пренесувал а други го запишувале) на Коранот да правел вакви вратоломии со светиве писанија.
Бидејќи Арапите сериозно се сметале за учени луѓе ваквата мешаница за 7 век од нашава ера е необична доколку навистина јудео-христијаните имале пропишан канон или „собрани дела„ на светите списи кои се сметале за канонски.Во житието на Константин Филозоф читаме дека учените муслимани (Агарјани,Сарацени) полемизираат со Св.Кирил :
Еден од нив, (советник)на Каганот, кој ја знаеше сета злоба на Сарацените, го праша Филозофот: "Кажи ми, госту, зошто вие не го признавате Мухамеда? Тој многу го пофалил Христос во своите книги, велејќи дека е роден од девица, сестра на Мојсеј, пророк голем, кој воскреснуваше мртви и ги исцелуваше сите болести со голема моќ ".Филозофот нему му одговори: "Дозволете ни да расудиме Кагану.Кажи ми: ако Мухамед е пророк, тогаш како можеме да му веруваме на Даниел? Тој кажа: "Пред (да се јави) Христос ќе се прекинат сите виденија и пророштва. "Овој се јави после Христа, како тој може да биде пророк?Ако го наречеме пророк, тогаш Даниел ќе го отфрлиме. "
Не само што Филозофот не се возбудува од произнесеното дека Марија е сестра на старозаветниот Мојсеј -Муса (брат на Арон-Харун) тој тоа воопшто не се труди да го одрече. Само му спори на Мухамед дека е пророк бидејќи пророштвата престанале пред Христос а Мухамед како пророк се јавил по него.Тој исклучиво си одговара на прашањето зошто христијаните не го почитуваат Мухамеда како пророк.
Во времето кога бил напишан Коранот муслиманите се сеуште условно земено христијанска секта со претстава дека божественото слово се воплотило преку Марија:
[A/Имран ,семејството на Имран 3:47] Таа рече, “Господе! Како ќе родам дете кога ни еден маж не ме допрел?” Тој рече, “Така Алах создава се што ќе посака, кога ќе посака нешто,Тој само вели ‘нека биде’ - и тоа веднаш се случува.”
[A/Имран 3:52] Така кога Еиса (Иса-Исус ) ја виде нивната недоверба рече, “Кој ќе ми биде помошник (кон) Алах?” Учениците рекоа, “Ние сме приврзаници на религијата на Алах ,ние веруваме во Алах , и ти си сведок дека сме Муслимани (покорни на Бог).”
Се разбира разликата е во тоа што тие не веруваат во „светата троица„ во која не верувале многу христијани и се слични на јаковитите, т.е. монофизити кои веруваат во една природа на Христос.За муслиманите Иса имал само божествена природа и не е човек.
Самиот збор Муслим -Ислам потекнува од триконсонантниот корен ШЛМ (Шин,Ламед,Мем) од кој потекнуваат многу зборови во арапскиот и еврејскиот јазик.На пример еврејското „шалом„-мир. Интересното кај семитските јазици е што од еден корен од согласки со ставање различни самогласки добивате различни зборови.Бидејќи во античкиот иврит се запишувале само согласките може да си замислите што се можело да излезе од прочитаното.Корените во еврејскиот најчесто се со три согласки но неретко се и со две а има и со четири.
Интересно е да се провери научно-технолошкиот развој на 7 век запишан во Коранот
Како се палел оган во 7 век НЕ?
[Вакиах,настан 56:71] Па што е вашето мислење во врска со огнот, кој го палите?[Вакиах 56:72] Дали вие,го направивте неговото дрво, или тоа сум јас кој го создал?[Вакиах 56:73] Јас го создадов како потсетник на пеколот и како алатка за патниците во пустината.
Со триење дрвени стапчиња.
Како се казнувале прељубниците ?
[Нор ,Светлина 24:2] На прељубницата и прељубникот – да се казни секој еден од нив со сто удари со камшик и да не им се смилувате во религијата на Алах, ако веруваме во Алах и Судниот Ден, и група на верници треба да сведочи на нивната казна.
[Нор 24:6] А оние кои го
обвинуваат своите сопруги и немаат
сведоци освен сопствените тврдења - за
такво сведоштво тој носи сведоштво
четири пати (четири сведоци) во името
на Алах дека е вистинито.
[Нор 24:6] А оние кои го
обвинуваат своите сопруги и немаат
сведоци освен сопствените тврдења - за
такво сведоштво тој носи сведоштво
четири пати (четири сведоци) во името
на Алах дека е вистинито.
[Ахзаб,кланови,родови 33:59] О пророку! Нареди им на вашите жени и вашите ќерки и жени на муслиманите да ги покријат своите лица со дел од своите облеки, за да бидат признати и не бидат малтретирани,и Аллах често простува, милослив е. (Должност е на жените да се покријат правилно.)
Жестоките казни и покривањето на жените е доказ за претходно многу силно развиениот неконтролиран еротизам кој бил предизвикувач на разни полови болести (божја казна).
Каква е Земјата?
[Заријат, Расфрлачи 51:47] И го имаме изградено небото со раце , а тоа сме ние кои го дадовме просторот.
[Заријат 51:48] И Ние ја направивме земјата како основа, колку добро ја постеливме!
[Заријат 51:49] и Ние ги создадовме сите нешта во парови, така што ќе може се размислувате за нив.
Земјата е постелена како прекривка ,таа е тепих.(во 7 век)
Што е месечината?
Ноќниот гостин е ѕвезда?Проштавајте ама нели Арапите беа стручни за астрологија? Додека ваму пред нашата ера филозофираат дека месечината е темна и сјае само поради сонцето овде во 7 век таа е „ѕвездата- ноќен гостин„?[Тарик,Ноќен гостин 86:2] А сте разбрале што е ноќниот гостин ?[Тарик 86:3] Многу светла сјајна ѕвезда!
За што служат планините?
[Нахл-Пчела16:15] и тој ги постави планините како сидро во земјата, така што таа не може да се тресе заедно со вас, и потоци и патишта за да го најдете правецот.
За да не се тресе тепихот-земја, планините служат како тегови.
Зошто се направени пирамидите?
[Момин-Верник 40:36] И рече Фираун (Фараонот), "О Аман! Изградив висока палата за мене, за да можам да стигнам до патиштата ".[Момин 40:37] "Патиштата на небото, со цел да се загледам во Богот на Муса(Мојсеј) - и навистина сметам дека тој е лажго", ова е начинот на кој злоделата на Фираун беа направени навидум добри за него, и тој беше запрен од патот ,и злобниот план на Фираун беше предодреден да биде урнат.
Закон (малку ги има во Коранот) во врска со прогласувањето на жената за мајка а потоа земање нова жена и водење љубов со „мајката„.
[Муџадила-Онаа која се жалеше 58:3] А оние меѓу вас кои ги прогласија своите жени за свои мајки, а потоа сакаат пак да се вратат на работата за која тие ги изговориле толку голем збор, мора да ослободат еден роб пред да се допрат еден со друг, тоа е она што ви се препорачува и Аллах е свесен за вашите дела.
[Муџадила 58:4] Значи оној кој не може да најде роб, мора да пости два последователни месеци пред да се допрат еден со друг, и оној кој не може дури ни да пости, тогаш мора да се нахранат шеесет сиромашните , ова е со цел да се задржи довербата во Аллах и Неговиот Благороден Гласник, и овие се границите на Аллах, и за неверниците е болна казна.
Која казна?
Како казнувал фараонот?
[Фаџр,Зора 89:10] И со Фираун, кој имаше обичај да распнува.
Распнувал на крст.
Во целиот Коран не се спомнува ни тркало ,ни кола, ни кочија но се спомнува железо,бакар и панцири.
Спомнувањето на панцири и рубини укажува на заклучувањњето на составувањето на ова „Читање„ (тоа значи „коран„ во буквален превод) дури по 14 век.
Зошто?
Рубинот не е многу привлечен кога е необработен а обработката на скапоцените камења е чедо на 14 век.
Природен рубин-бах
Обработен природен рубин-нешто сосема поинакво.
На крајот,во Коранот нема политеисти во смисла на поклоници на разни еленистичколатински богови.
Во коранот ги има следните секти: Муслимани,Евреи,Сабејани(изумрени пред нашата ера) , потомци на библиската кралица од Саба,Шиба,обожувачи на оган и политеисти(идолатристи)
[Хаџ,Аџилак 22:17] Навистина муслиманите и Евреите, и Сабејани, и христијаните и обожувачите на огнот и политеистите - навистина Аллах ќе одлучи помеѓу сите нив на денот на Воскресението, навистина Аллах сведочи за сите нешта.
Кои се тие „политеисти„?
[Ниса,Жени 4:51] Не гледате оние кои добиле дел од книгата, дека веруваат во идоли и ѓаволот, и за неверниците велат дека тие се поправо водени од муслиманите?
Политеисти се оние кои почитуваат само дел од „книгата„-веројатно се работи за дел од библијата.
No comments:
Post a Comment