Од Ишмо-ал-Исмаил потекнале Ишмаелитите, Исмаилити (Ишмо Ал-Ќе чуе Бог)
1 Господ се сети за Сбра како што рече, и стори за неа како што вети:2 Сбра зачна и му роди на Авраама син, во неговата старост - во времето што Бог го означи.3 Авраам му даде име Исак на синот, што му го роди Сбра.4 И по осум дни Авраам го обреза својот син Исак, како што Бог му нареди.5 А Авраам беше на сто години кога му се роди синот Исак.6 Сбра рече: „Бог ме направи за потсмев, и секој што ќе го чуе ова, ќе ми се насмее.”7 Уште додаде: „Кој би му рекол некогаш на Авраама: ‘Сбра ќе ти храни дете!’ Сепак му родив син во старост.”8 Детето растеше и го одбија од градата. А во денот, кога го одбија Исака, Авраам даде голема гозба.9 Сбра виде како синот на Египетката Агара, кого му го роди на Авраама, се поигрува со нејзиниот син Исак,10 и му рече на Авраама: „Изгони ги слугинката и нејзиниот син, зашто синот на робинката не смее да биде наследник со мојот син - со Исака!”11 Тоа не му беше мило на Авраама, зашто и Исмаил беше негов син.12 Но Бог му рече на Авраама: „Да не ти е тешко заради детето и заради својата слугинка; послушај сè што ти вели Сбра, зашто Исаковото семе ќе го овековечи твоето име.13 И од синот на твојата слугинка, ќе издигнам голем народ, зашто е твој потомок.”
А од Исак?Исакитите?Не .
Исак значи “се смее„ односно поверојатно „се потсмева„-„за потсмев„ бидејќи е „од стара мајка дете„.
Исак значи “се смее„ односно поверојатно „се потсмева„-„за потсмев„ бидејќи е „од стара мајка дете„.
יצחק ЈЦХК
1 По тие настани Бог го стави на проверка Авраама. Го повика: „Аврааме!” Тој одговори: „Еве ме!”2 Бог продолжи: „Земи го својот син, својот единец Исак, кого го љубиш, и отиди во месноста Морија и принеси го таму како жртва паленица, на ридот што ќе ти го покажам.”3 Утрото Авраам стана рано, му стави самар на ослето и ги поведе со себе, двајцата свои слуги и сина си Исака, откако пред тоа нацепи дрва за жртва паленица, и се запати кон местото што Бог му го означи.4 На третиот ден Авраам ги подигна очите и го виде местото оддалеку.5 Тогаш Авраам им рече на слугите: „Вие останете тука покрај ослето, а јас и детето ќе одиме горе да се поклониме, па ќе се вратиме при вас.”6 Авраам ги зеде дрвата за жртвата паленица, ги натовари на сина си Исака, а во својата рака зеде оган за потпалување и нож. Така тргнаа двајцата заедно.7 Тогаш Исак му рече на татка си Авраама: „Татко!” „Еве ме, сине!” се јави тој. „Еве огнот и дрвата - пак рече синот - но каде е јагнето за жртвата паленица?”8 „Бог Самиот ќе си предвиди за јагнето за жртвата паленица, сине мој!” одговори Авраам. И го продолжија патот.9 Стигнаа до местото за кое зборуваше Бог. Тогаш Авраам подигна жртвеник, ги нареди дрвата, го врза својот син Исака и го положи над цепениците на жртвеникот.10 Сега Авраам ја испружи раката и го зеде ножот, за да го заколе сина си.11 Но Господов ангел од небото го повика и рече: „Аврааме! Аврааме!” „Еве ме!” одговори тој.12 „Не ја спуштај раката врз детето - рече - ниту му прави нешто! Еве, сега знам дека се боиш од Бога, зашто не го задржа од Мене ни својот син, својот единец.”13 Ги подигна Авраам очите и виде, и ете, зад него овен сплеткан со роговите во грмушка. Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе во жртва сèпаленица место сина си.14 Авраам му даде име на тоа место Јахве-Ире (Господ Промислува). Затоа се вели денес: „На Гората На Господовото Промислување.”15 Господовиот ангел го повика Авраама, од небото, по вторпат16 и рече: „Се заколнувам Сам со Себеси, Господ вели: бидејќи го направи тоа и не го задржа од Мене својот син единец,17 ќе го излеам Својот благослов на тебе и ќе го направам твоето потомство многубројно, како ѕвезди на небото и песок на морскиот брег! А твоите потомци ќе ги освојуваат вратите на своите непријатели.18 Бидејќи ја послуша Мојата заповед, сите народи на земјата ќе бидат благословени преку твоето потомство.”
Ова „сите народи на земјата„ е веројатно локално бидејќи Господ веројатно не се симнал добро да провери кој се' заостанал на земјата.Еве дури и при жртвувањето на Исака тој зборува преку ангел-портпарол.
Потомците на Исак во средновековниот светоглед (од мајка „царица„за да не бидат „за потсмев„) се наречени „Сарацени„ според името на Сара односно во превод „Царски народ„.
Во средновековните писанија ќе сретнете од Агара-Агарјани и од Сара-Сарацени.Од Агара поради Исмаил уште и Исмаелити.Но -нема да сретнете Исакити.
Овие називи (Сарацени, Агарјани и Исмаелити) во етно-религиозна смисла кобожем се синоними за муслимани и немуслимани од Арабија ,Африка итн и Арапи.
Грчки: Саракене,или Саракини.
Од Хрониката на Албелда, од таканаречениот „Визиготски период на Шпанија„,10 век.
Потекло на Сарацените , кои се познати
82. Самите Сарацени сметаат, дека потекнуваат од Сара, вистина е, дека Агарјаните се од Агара а Исмаелитите од Исмаел.Абрахам го роди Исмаел од Агара. Исмаел го роди Калдара. Калдар го роди Непти. Непти го роди Алхумеск. Алхумеск го роди Ексциба. Ексциб го роди Хамана. Хаман го роди Аутиса. Аутис го роди Атинана. Атинан го роди Махата. Махат го роди Низара. Низар го роди Мулдара. Мулдар го роди Хиндафа. Хиндаф го роди Мутирика. Мутирик го роди Хумеја. Хумеја го роди Кинана. Кинан го роди Мелика. Мелик го роди Фехира. Фехир го роди Галиба. Галиб го роди Хухеја. Хухеј го роди Мурра. Мурра го роди Келиба. Келиб го роди Кустеја. Кустех го роди Абдилмелеха. Абдил-мелех роди два сина Есцима и Абдисцемиса. Абдисцемис и Есцим се браќа. Есцим го родил Абделмуталиба. Абделмуталиб го роди Абдела. Абдел го родил Махомата, кој се смета за пророк.Абдисцемис братот на Есцима го родил Хумеја. Хумеј го родил Абдилаза. Абдилаз го родил Акама. Акам го родил Мароана. Мароан го родил Абделмелика. Абделмелик го родил Исцема. Исцем го родил Мавија. Мавиј го родил Абдерахмана. Абдерахман го родил Махомета. Махомет го родил Алмундара.
83. Овој Махомeт владеел во претходно спомнатата 901ва ера, во тоа време Оведското кралство беше управувано од името на Алфонсо. И така, заврши и да не се возвиши племето на Исмаелитите, милоста Господова е беспристрастна и наша должност е горенаведените да се прогонат преку морето: нивното кралство ќе биде завземено од оние кои веруваат во Христа. Амин.
Сликички од „Кодекс Вигиланус„ кобожем од 976 г а напишаните текстови во него се
кобожем дела од 7-9 век .Во овој кодекс се запишани првите арапски цифри но и „житието„ на Мухамед.
Објаснување за потеклото на
Готите
84. Гог тоа и е народот на Готите. И така како што Исмаелитите ги родил Исмаел, за што подоцна беше напишано во зборовите на пророкот,“ сврти го својот лик кон Исмаил„, народот на Готите се именува во чест на Гог, кон чиј родослов се приближуваме. Оттука и ќе започнеме. И бидејќи народот на Готите доаѓа од Магот (Мајн Гот ?) , како што вели хрониката на Готите (хрониката на Исидор), Готите имаат древно потекло,родословот започнува од Магог, синот на Јафет, од кого и се наречени, според последниот збор Гог, согласно пророкот Езекиел такво е неговото потекло . Книгата на поколенија исто така потврдува, дека од Магог, синот на Јафет, произлегле Готите и Готија, и Скија исто така е наречена по името на Магог.
85.И Сарацините ја завзедоа земјата на Готите заради следните редови во книгата Паритичино на пророкот Езекиел: ”сину човечки! Сврти го своето лице кон Исмаилтаните„, а го зборуваат за нив следново: моќен народ ќе ти се покори тебе,ќе те зголеми тебе,ќе те укрепи тебе,и ќе го ставиш во својата десна рака својот меч а во левата лак,за да ги истребуваш народите и ќе го свртиш своето лице и ќе паднеш пред ликот огнен и ќе стапиш во земјата на Гог и ќе бидат истребени од твојот меч и ќе почнат да ти служат,станувајќи твои поданици „
86.Сега овде да го завршиме расказот. Земјата на Гог,Шпанија се наоѓа под власт на Готите а која Исмаилитите поради гревовите на готскиот народ ја нападнаа и ја предадоа на меч, освен тоа наложија и данок кој се плаќа до денешен ден. Затоа реално истиот пророк говори по втор пат за Исмаилитите ”затоа што го оставивте Господа,ве покорувам, и ве давам во рацете на Гога, кој се враќа по пауза од 270 години.” Да се надеваме во нашиот Христос, бидејќи наскоро ќе завршат тие 270 години, откако е поробена Шпанија, непријателот ќе биде избркан а светот на светатата христова црква ќе се востанови, бидејќи ќе дојде назначената година. Бидејќи се оголени забите на Семоќниот, непријателот често ќе го напушта храброста, да се слави секогаш големата католичка црква. Амин.
”Човечки сине, сврти го своето лице кон Амоновите синови та пророкувај против нив!А ти човечки сине, пророкувај против Гога и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против тебе, Гоже, голем кнезу на Рош, Месех и Тувал!2 Ќе те намамам и ќе те поведам, ќе те подигнам од крајниот север и ќе те доведам на Израелевите гори.3 Ќе ти го избијам лакот од левата рака и ќе ги истурам стрелите од твојата десница.4 На Израелевите гори ќе паднеш ти и сите твои чети и народите кои ќе бидат со тебе: те дадов за храна на грабливите птици на сè крилесто, и на ѕверовите.5 Ќе паднеш на отворено поле, зашто Јас реков така - говори Господ Бог.6 Ќе испратам оган на Магога и на жителите на островите, кои живеат безгрижно, и ќе знаат дека Јас Сум Господ.7 Моето свето име ќе го објавам среде Мојот Израелев народ, и не ќе оставам да се обесветува веќе Моето свето име! И сите народи ќе познаат дека Јас Сум Господ, Израелевиот Светец.
Амонови Синови а не Исмаилити.Амон-значи народ,мноштво.Ај ,бидејќи одел според„ книгата Паритичино„ односно тн Chronica prophetica да видиме што вели таму.
Излегува дека таму пишува дека Сарацените самите само се фалат дека се од Сара ,но тие се всушност од Агара и од Исмаил. Наместо 270 имаме 170 години до бркањето на „Исмаелитите„од „Гог„ и воспоставувањето на големата католичка црква Христова итн.Да спомнам и дека авторите се убедени дека во „Езекиел„ Израел =Шпанија .(полуостровот на Шпанците се нарекувал Ибериски т.е. Еврејски,денес -Пиринејски)
Па што народ биле тие „Сарацени„?Непознато.Арапи ли се?Персијци ли се („Персијците„ го завзеле Египет во 616 г)?
„Сарацените„ во 714 г ја освојуваат Шпанија, но рамно сто години претходно „Персијците„ во здружени сили со „Евреите„ наводно (април 614 г) го освоиле „Ерусалим„ во кој дотогаш владееле „Византијците„.
„Инвазијата на Сарацените во Шпанија [се случила] на третиот ден од идите на ноември, ера 752 [11 ноември, 714 НE] со Родерик како владетел меѓу Готите, во третата година од царувањето негово. Ние може да го утврдиме датумот на нивната инвазија со сигурност бидејќи секој знае дека тие извршија инвазија во третата година од владеењето на Родерик. Така што за да може да одредиме која година било, ќе се консултираме со Хрониката на Готите, каде што вели дека Витиза беше помазан во кралство на осумнаесеттиот ден пред декемвриските календи, ера 752 [14 ноември, 714 CE], од кое време 170 години поминаа до денес во 921 ера, седумнаесетта година од владеењето на Алфонсо во Овиедо. И ќе најдеме Мухамед дека ќе биде во триесет и втората година од царувањето свое во Кордоба.„
Палестинскиот „Ерусалим„ под власт на „Византијците„ не се викал баш „Ерусалим„. По неговото наводно разрушувале во 70 г НЕ се нарекол „Елија Капитолина„ веројатно „градот на Св.Илија„ а од „огромните„ христијански цркви кои наводно ги изградиле христијаните (римјаните,византијците итн) додека владееле со него нема ни камче а не па археолошки доказ.
Пишан „извор „ за опсадата на Ерусалим во 614г е некој си Антиох Стратег според кој во градот Ерусалим биле убиени 60000 христијани и бил украден „Вистинскиот крст„ (на кој бил распнат Исус).Тука ја имаме приказната за христијаните во улога на Христос, Евреите се разбира се играат себе а Персијците се во улогата на Пилат. За кој мој тогаш Персијците се мачеле да го освојат? Не е познато.Онака.Истиот „Антиох Стратег„ Персијците ги нарекува „Халдеи„
Значи Асирци,Вавилонци,Персијци,Халдејци се едно и исто и измешано во опсадата на Ерусалим во 614 г.
"Тој рече дека тоа е за уништувањето на Ерусалим,пленувањето на Крстот, дрвото на животот, согорувањето на светите цркви и нивното уништување, фаќањето на патријархот Захарија, истребувањето на свештениците, ѓаконите и монасите, за народот, верниците во Христос и за се што му се случи Ерусалим и неговите жители од Вавилонците, Персијците и Халдејците по наредба на нивниот крал Хозрој“
Во текстот постои и
директна идентификација на Персијците:
"А кога Халдејците наскоро ја видоа казната на волшебникот, сите се збунија."
Значи Асирци,Вавилонци,Персијци,Халдејци се едно и исто и измешано во опсадата на Ерусалим во 614 г.
Подоцна во 628 г Хераклиј го вратил крстот (или делче од него, не е баш јасно).Прво го донел во Константинопол ( Истамбул) а потоа пак го пратил во Ерусалим на 21 март 630г .Но, во 632 г умрел Мухамед и сега Арапите(Сарацените ли?) му се втурнале на Ерусалим односно по нивно „ Ал Кудс-Ал Шариф„ и го освоиле во 638г.
Следните 400 години Ерусалим никому не му бил битен ,бидејќи таму кобожем Арапите си се бореле меѓусебно(а за што?), се до 1099г кога го освоиле крстоносците.
Двеста години подоцна во Хрониките на Алфонсо III повторно некакви „Халдејци„ ја напаѓаат Шпанија .
Било логично за средновековниот ум ако доаѓаат од северна Африка те од „Магреб„ земјата на волшебниците(маго на шпански значи „волшебник „а рибо значи „брег „,значи или „волшебен брег„ или „брег на волшебниците„ ) тие да се античките „Халдеи„ од 8-9 век ПНЕ кои традиционално се поврзани со северозападниот брег на Персискиот залив .
Двеста години подоцна во Хрониките на Алфонсо III повторно некакви „Халдејци„ ја напаѓаат Шпанија .
Било логично за средновековниот ум ако доаѓаат од северна Африка те од „Магреб„ земјата на волшебниците(маго на шпански значи „волшебник „а рибо значи „брег „,значи или „волшебен брег„ или „брег на волшебниците„ ) тие да се античките „Халдеи„ од 8-9 век ПНЕ кои традиционално се поврзани со северозападниот брег на Персискиот залив .
Арап-Араб не е етнички назив .Кобожем Мухамед ги самоидентификувал Арапите не во етничка туку во јазична смисла.Сите што говорат арапски.Според јазикот на кој бил напишан Куранот.Араб нема некоја надежна етимологија и има триста варијанти за значењето:„пустина„,„трговец„,„номад„ и сл.На библискиот иврит Араба те АРБ значи -ארב -Запад.Проштавајте , но кому Арабија му е на Запад?
ВТОРОЗАКОНИЕ - ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА Глава 11
30 Тие гори се издигаат, како што знаете, отаде Јордан, зад патот кон запад, во земјата на Ханаанците, кои живеат во Араб, спроти Галгал, покрај Дабот Море.
Видете сега колкав итрец е македонскиот преведувач на библијата
MK - Библијa 1999 - Ис. 21:13Пророштво за Арабјаните. Почивате во пустинските грмушници, дедански каравани.
Какви „грмушници„ се овие кога тука убаво и насекаде си пишува во ШУМИТЕ на Арабија?
Но во Арабија шуми-нема и никогаш немало, па мора да се снаоѓаме.
MK - Библија 1990 - Ис. 21:13Пророштво за Арабија. - Во гората арабиска ноќевајте, каравани дедански.
BG - Библия 1940 - Ис. 21:13Наложеното за Арабия пророчество:
Привечер ще слезете в гората да пренощувате.
О дедански кервани.
BG - "Цариградска" - Ис. 21:13Пророчество за Аравия: -
В дъбравата на Аравия ще пренощувате,
Дружина Дедански.
BG - "Синодален" - Ис. 21:13Пророчество за Арабия. - В гората Арабийска нощувайте, кервани дедански.
SR - Дан-Караџић - Ис. 21:13Бреме арапској. По шумама у арапској ноћиваћете, путници дедански!
RU - Russian Bible - Ис. 21:13Пророчество об Аравии. --В лесу Аравийском ночуйте, караваны Деданские!
EN - King James - Isa. 21:13The burden upon Arabia. In the forest in Arabia shall ye lodge, O ye travelling companies of Dedanim.
А кој бил па јазикот на Арабјаните?
MK - Библијa 1999 - Дела 2:11Критјаните и Арабјаните: ги слушаме како зборуваат на нашите јазици, за големите Божјите дела.”
Да не е Грчки?Латински?Не. „Делата апостолски„ се пишувани во средниот век кога „Арабјаните„ си раскажувале во Коранот за „божјите дела„ преведувајќи ги од „нашите јазици„.Затоа сите слушале на Арапски иако говорникот говорел кобожем „по галилејски„(арамејски,патем доволно блиски јазици).
Се разбира дека и Арапите се „антички„.Ги опишал Херодот под истото име (5 век пне) кој немал појма дека во приказната ќе се замешаат некои „Сарацени„,„Исмаелити„ или „Агарјани„.
Но ренесансниот апокрифист Херодот никогаш не стапнал во Арабија.Ова е пустинска земја која до 19 век била отсечена од светот.Самото име на арапскиот полуостров е доцнежна литературна изислица.И самиот „арапски јазик„ јазикот на Коранот распространет во средниот век од Индија до Шпанија е варијанта на древноеврејскиот „иврит„.
„Арапскиот„ јазик не е јазик на бедуинското племе Кореишити во кое се родил Мухамед и кое кобожем владеело со Мека и Каба и кое можело да пишува единствено на песок туку е вештачки создаден божји јазик од некој семитски дијалект, не може да се посочи кој со точност, веројатно во некоја првобитна јудео-христијанска заедница во некој голем културен центар во Багдад (БОГ-ДАД ,даден од Бог) ,Константинопол, Каиро или Кордоба.Подоцна овој литературен јазик породил многу национални- „говорни„ јазици благодарение на големиот прилив на аџии од разни племиња во Мека и Медина кои ги слушале и толкувале зборовите на мулите кои го читале „светото писмо„.
Што е тоа Кореишит (Кураиш-Коран-иш, во превод „читатели„ или од КРХ -потстрижани, монаси )?
MK - Библијa 1999 - 1 Лет. 9:19Салум, синот Кореев, син на Евијасаф, син на Кореј, со своите браќа Кореевците од нивните семејства, беа одговорни за богослужбата; тие ги чуваа праговите на Шаторот, додека нивните татковци го чуваа влезот во Господовиот Стан.Кореевците во Библијата го чуваат „Шаторот „и „Господовиот Стан„ а Кореишитите ја чувале Кааба?
Одрази во огледало почитувани. И фатаморгани.
Да се вратиме на темата.
-Има ли логика во 8 век Мухамеданите самите себе да се нарекуваат „Сарацени„ според жената на библискиот Аврам кога веќе 100 години се Мухамедани , Куранот им е на арапски и сами себе кобожем се нарекуваат Арапи (па уште ако и Херодот знаел за Арапи, да не спомнуваме колку векови има) ?Не.
-Има ли логика монах во 8 век, кој живее на леб ,вода и „светите писанија„, да не знае дека некој кој си ставил себе си „библиско„ име веројатно ја почитува религијата во која грми „творецот на небото и земјата„ ?Не.
Го благослови велејќи: „Благословен да биде Аврам, Од Сèвишниот Бог, Творец на небото и земјата!
Го благослови велејќи: „Благословен да биде Аврам, Од Сèвишниот Бог, Творец на небото и земјата!
-Која е таа религија?Еврејската?Се сметале ли Сарацените во 8 век себеси за Евреи?
Кујзнае.
Кога муслиманите станале Мухамедани?
Тие се сеуште Сарацени и во10 и во 11 век ,Ана Комнена во тн „Алексијада„ пишува.
Кујзнае.
Абрахам арапски Ибрахим е важен лик во Куранот.Муслиманите го сметаат за пророк и патријарх,архетип за перфектен муслиман.Курбанот кој го даваат муслиманите на Курбан Бајрам секоја година е во чест на замената на жртвувањето на Исак со овен.
Муслиман пак можеби доаѓа од Муса-ел-мане „луѓе на божествениот Муса„ то ест Муса е Мојсеј „луѓе на божествениот Мојсеј„ или од ШЛМ-шалом-мир.
Во оваа смисла називите „муслиман„ ,„исмаилит„,„сарацен„ не укажуваат еднозначно на Мухамеданство.
Ги подигна Авраам очите и виде, и ете, зад него овен сплеткан со роговите во грмушка. Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе во жртва сèпаленица место сина си.
Жртвувањето на Исак.Саркофаг на Јуниус Басус ,кобожем 4 век НЕ .
Се разбира повторно„откриен„ во 1597 г
Тие се сеуште Сарацени и во10 и во 11 век ,Ана Комнена во тн „Алексијада„ пишува.
Константин Опус ја предводеше гардата, Антиох Македонците, Александар Кавасила Тесалијците и Татициус, во тоа време "Примицериус, '[= началникот на домаќинството] Турците од Охрид . Тој беше исклучително храбар, и апсолутно бестрашен во битка, иако не потекнуваше од слободен род, бидејќи неговиот татко, кој беше Сарацен, во една експедиција падна во рацете на Јован Комнен, дедото на мојот татко,....................
Таму тој го остави грофот, со прекар "сараценот", со голем гарнизон и го освои самото место на реката Вардар (напишано Бардарес а не Аксиос) наречен Бела Црква(Аспрае Еклесиае)
....................
Одреден Франк, Петар по име, наречен Кукупетар [* = Петар со качулка], отишол да се поклони на Светиот Гроб и откако доживеал многу нешта во рацете на Турците и Сарацените кои ја беа опустошиле Азија, се вратил во својата земја со тешкотии. Но, тој бил лут откако не успеал во својата цел и сакал повторно да го преземе истото патување. Сепак, тој видел дека не треба уште еднаш да патува сам до Светиот Гроб , за да не му се случат полоши работи, па тој смислил итар план. Да проповеда во сите латински земји дека "гласот на Бог мене ми рече да им објавам на сите Грофови во Франција дека сите тие треба да ги напуштат своите домови и тргнат да се поклонат на Светиот Гроб, и да настојуваат сесрдно со рака и ум да се избави Ерусалим од рацете на Хагарените ".
....................
Кога Каспакс доаѓаше од кај Јован Дука , еден Смирненец дојде до него, обвинувајќи го Сараценот дека украл од него пет стотини златни статери . Каспакс им нареди да се донесе за судење, но Сириецот кого го влечеа помислил дека го водат на погубување и во очај за својата сопствена безбедност извадил нож и го зарил во утробата Каспакс и се свртел па го повредил и братот на Каспакс во бутот. Притоа настанала страшна збрка па Сараценот избегал, и сите мажи од флотата, како и екипажот, како и, неорганизирано навалија во градот ибезмилосно сите ги убија.
........................
Тие ги опкружија неговите ѕидови(на Ерусалим) и превземаа чести напади врз нив и го опседнаа градот и во рок од еден лунарен месец (27 дена ) тие го презедоа и убија многу од жителите Евреи и Сарацени. Кога ги покорија и никој не се спротивстави, тие едногласно му ја дадоа врховната власт на Годфри , и го нарекоа"крал".
.............
И Франките наскоро ги совладаа. Но, следниот ден кога претходницата на непријателот ги фати одзади, Латините беа истепани и бегаа да спасат жива глава до Рамел.Грофот Балдуин беше отсутен од битката бидејќи побегна, не од кукавичлук, туку за да преземе мерки за сопствената безбедност и да се подготви армијата да се бори со Вавилонците. Вавилонците ги следеа и го опсадија градот Рамел и гоосвоија по кратка опсада. Многу од Латините паднаа таму, но поголемиот број беа испратени како робови во Вавилон. После тоа целата Вавилонска армија се заврти и побрза да ја опсадува Јафа. Бидејќи таков е варварскиот обичај.
Значи сега се приклучија и Турците и Сиријците и Вавилонците на Сарацените и на веќе познатите Агарјани (Хагарени) ? Ана Комнена става знак на еднаквост меѓу Сириецот и Сараценот кој украл 500 златни статери ,така што нема никаква забуна.
Гледаме дека ситуацијата сега е обратна крстоносците ги убиваат сите „Сарацени„ и „Евреи„ во Ерусалим кој бил под опсада во 1099г горе- долу како во 614г .
„Вавилон„ не постои од 3 век пред нашата ера.Што е тоа „Вавилон„ па и со „принц Америмнес„ (веројатно некој Омер) на чело на Ана Комнена?
Чиниш се ова е реално па Франките =Латини се борат со библиските Вавилонци па уште и во „Рама„(Рамел).
Господ зборува вака: „Чуј! Во Рама се слуша ридање и горчлив плач: Рахела ги оплачува своите синови, и не сака да се утеши за децата зашто нив веќе ги нема.”
Навистина ли средновековниве биле толку „начитани„ и воспитани на антиката и библијата па се ни запишувале во алегорија или било обратно, куп современи поими биле расфрлани низ минатото?
Кога тоа муслиманите станаа „мохамедани„?
Веројатно дури по Мехмед Освојувачот 1432-1481 г. распространувачот ка коранскиот ислам-религијата на апсолутно еднобожие. На кореишитски -„ислам„ значи вера а „муслим„-правоверен.
Во првото издание на преводот на Коранот (Алкоран) на латински во Швајцарија во 1513 неговиот „автор„ Мухамед се нарекува Принц на Сарацените:
Ова значи дека секогаш кога ќе сретнете „мохамедани„ и „мохамеданство„ пред 15 век се работи за анахронизам и подоцнежен апокриф под маска на оригинален „стар„ текст.Ова важи и за житието на Константин Филозоф заедно со неговите „цитати„ од Коранот во кобожем 9 век.
Подоцна кога христијаните увиделе дека во Коранот нема ништо посебно „соблазително„ неговото преведување и печатење за католиците на Западот е забрането од папата Александар VII(1655-1667).Но ова не помогнало многу.Коранот продолжил да се преведува и печати на европските јазици.
Кога тоа муслиманите станаа „мохамедани„?
Веројатно дури по Мехмед Освојувачот 1432-1481 г. распространувачот ка коранскиот ислам-религијата на апсолутно еднобожие. На кореишитски -„ислам„ значи вера а „муслим„-правоверен.
Во првото издание на преводот на Коранот (Алкоран) на латински во Швајцарија во 1513 неговиот „автор„ Мухамед се нарекува Принц на Сарацените:
Machumatis, saracenorum principis, eiusque successorum vitae ac doctrina ipseque Alcoran
Ова значи дека секогаш кога ќе сретнете „мохамедани„ и „мохамеданство„ пред 15 век се работи за анахронизам и подоцнежен апокриф под маска на оригинален „стар„ текст.Ова важи и за житието на Константин Филозоф заедно со неговите „цитати„ од Коранот во кобожем 9 век.
Подоцна кога христијаните увиделе дека во Коранот нема ништо посебно „соблазително„ неговото преведување и печатење за католиците на Западот е забрането од папата Александар VII(1655-1667).Но ова не помогнало многу.Коранот продолжил да се преведува и печати на европските јазици.
No comments:
Post a Comment