Search This Blog

Wednesday, January 4, 2012

Грци или Евреи? (1)


1Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.
2Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.
3А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.
4А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.
5Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.
6Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.
7А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.
8Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.





Во списокот на народите (Битие 10.1-32) ,кој ги наведува наследниците на Ное и народите кои потекнале од нив,Грците се јавуваат под името „Јаван„,кој е син на Јафет.
Јаван соодветствува на грчкиот збор „Јонија„,грчка област во Мала Азија.Јафет одговара на грчкиот збор „Јапет„ ,митолошкиот татко на Прометеј во грчките митови.

Два други „грчки„ народи се во списокот :Родијци ( Доданим или Роданим,се разликува во верзии на библијата) и Кипарци (Китим или Елишах).
Синовите на Шем,братот на Јафет,се Семити (името доаѓа од името Шем) вклучувајќи ги и Евреите.

Замислете си ја библиската верзија на историјата на Евреите.Во одредена точка од историјата,откако светот е уништен од потопот,народите започнуваат да се раѓаат од трите сина на Ное.Тие говорат еден ист јазик,јадат иста храна,го обожуваат истиот бог.




Согласно традицијата ,Евреите потекнуваат од Израелитите од Јужен Левант,кои имале неколку независни државички пред  да бидат освоени од Асирското и Вавилонското Царство .

Според хебрејската Библија Израелитите потекнуваат од Абрахам кој е роден во сумерскиот град Ур а емигрирал во Канаан* со семејството.Библискиот термин Израелити(или 12 племиња на децата на Израел) ја означува и историската популација на Кралството Израел.Во современа смисла Израелит значи припадник на еврејската вера.Терминот Евреи е синоним на Израелити.
*Канаан-knaʿn -χνα ,подоцна идентификувана со Феникија-Фојники/Φοινίκη .Област позната во античкиот грчко римски свет по поморска трговија и производство на црвена боја од морски полжави.

По многу генерации и по два века служење како вазална држава на Персијците,Јудеја наеднаш станува вазална држава на Македонија („грчка„ држава).

Александар ја освојува Персија а со тоа и поголемиот дел од познатиот свет.Бидејќи најголем дел од светот и припаѓал на Персија,и додека трепнеш,сега тој им припаѓа на „Грците„.
Но ова „грчко царство„не траело подолго од краткиот животен век на Александар.
По неговата смрт,царството се дели на три дела помеѓу неговите генерали.

Еден од генералите -Антигонус,а потоа и Птоломеј,го наследил Египет,друг-Селевк,го наследил Средниот Исток и Месопотамија.По два века мир под Персијците,Еврејската држава се нашла на средина меѓу борбите за моќ на две царства:Селевкидското со главен град во Сирија ,на север од државата на Птоломеите,со главен град во Египет ,на југ.

Уште еднаш Јудеја е освоена прво од едните,па од другите и го менувала вазалството од селевкидско до птоломејско.Помеѓу 319 и 302 година Ерусалим го сменил владетелот седум пати.

Како и сите други во регионот Евреите горчливо ги мразеле „Грците„.Тие биле најнеобичен народ кој дотогаш го сретнале.Во држава која била основана на чистотата на Еврејската религија,грчките богови изгледале длабоко навредливи.Во општество кое цврсто се спротивставувало на голотијата на телото,грчкиот обичај за борење без крпче облека сигурно изгледал ужаснувачки.За религија во која хомосексуалноста е криминал кон JHVH ,грчкиот однос кон хомосексуалноста ,дури и нивното преферирање на истата,сигурно изгледал неразбирливо.

Општо земено,изгледа дека во прво време „Грците„ ги оставиле Евреите на мир.Тие ,исто како и Персијците ги оставиле сами да си ја водат државата, прогласиле дека законот на Евреите е Тората и се обиделе да ја зачуваат еврејската религија.Но селевкидскиот крал Антиох(215–164 ПНЕ), во 168 ПНЕ го ограбил Храмот,во него поставил статуа на Зевс,ја забранил тората и започнал да спроведува насилна „грцизација„ врз Евреите.Против ова се побунил Јуда Макабејски**,кој собрал армија бунтовници и со партизанска борба ги победил Селевкидите,откако прво се пресметал со „грцизираните Евреи„.„Макабеј„ на еврејски значи „чекан„.

По победата Макабејците влегле во Храмот и го исчистиле од паганските обележја.За обележување на овој настан се прославува еврејскиот празник -Ханука.

За краток период државата на Евреите е слободна.

**Приказната за борбите на Макабејците е опишана во првата и втората книга на Макабејците,кои се дел од „септуагинтата„.Првата и втората книга се канонски книги на католичкиот и источно-православниот стар завет на Библијата ,но не и на хебрејската Библија.Првата книга ја претставува борбата меѓу побожните Евреи и „одметнатите„,„хеленизирани„ Евреи.Втората книга ја акцентира борбата меѓу „јудаизмот„ и „хеленизмот„


Сигурно имало Евреи кои живееле во грчките градови и пред вавилонскиот егзил,но првите организирани еврејски заедници во Грција се етаблирани околу 400 г ПНЕ.Во времето на Александар Македонски еврејските имигранти ги преплавиле „грчките„ градови во Егејот и внатрешноста.„Грците „ биле многубошци и живееле гламурозно.Евреите биле монотеисти но многумина биле привлечени од „грчката „ култура и создале класа на асимилирани ,прогрчки Евреи.

Согласно првата Книга Макабејска 15.23 по револтот на Макабејците Евреите формирале заедници во Спарта, Делос, Сикион, Самос, Родос, Кос, Горинтија, Крит, Книдус,Егина,Тесалија,Беотија,Македонија,Етонија,Атика,Аргос,Коринт ,Кипар и други градови.

Евреите биле распрснати насекаде.И овде каде што се населиле тие веројатно говореле -ГРЧКИ.

Еврејската историја во овој период е распрсната во повеќе области.Јудеја,Месопотамија и други области на Средниот Исток како и Египет.„Распрснувањето„ на Евреите е последица на освојувањето на Кралството на Јуда и депортацијата на Јудеите во 597 и 586 ПНЕ од Набуходоносор,кралот на Вавилон.Овој настан, ,е главен причинител на еврејската „дијаспора„.

Во античкиот свет не било можно да станеш натурализиран жител на некој држава ако не си роден во неа. Така ,ако си Евреин роден во Јудеја и ако се преселиш во Вавилон, Египет или Тир, си остануваш „странец„. Грците ги вовеле поимите „натурализација„ и „жителство„ со формирањето на своите градови-полиси во кои доселениците добивале еднаков третман како сите жители и можеле да уживаат слобода и просперитет.


Грчкиот бил лингва франка во „хеленистичките„ кралства.Евреите кои живееле во нив, наводно го “заборавиле„ хебрејскиот јазик и го „употребувале„ грчкиот.Околу 260 г ПНЕ некои книги на Библијата почнале да се појавуваат во Александрија на грчки.

Најголемиот настан на „хеленистичкиот„ период е преводот на еврејската Тора на грчки во Александрија. „Грците„ ја посакале за Александриската  библиотека на грчки.

Македонско-Египетскиот крал Птоломеј наводно наредил целата Библија да се преведе на грчки од 70 преведувачи.Овој превод е познат како Септуагинта. Всушност,Евреите кои живееле во Александрија воопшто не знаеле хебрејски па не „веројатно„, туку сигурно преводот на грчки е направен за нивните потреби.

Оваа постапка ќе ја претвори еврејската религија во светска религија.


Friday, December 30, 2011

Ап(e)олон китаристот бил машко или женско?

Кога ќе го видите Аполон Барберини не може да не се замислите дали фигурата со големи гради е всушност фигура на жена.Феминизираноста на Аполон е наводно оправдана со некој грчко-римски култ кон феминизорана естетика.Дури и да е така, градите на Аполон Барберини се корпа Ц.А тоа веќе не е феминизираност,туку едноставно-женственост.

Зборот Аполон ( Ἀπόλλων,Απέλλων,*Απέλjων-Апојон,Апејон,Апељон) е со непозната етимологија.




                                                                   Appolo Barberini

Аполон Барберини има и малку чудна фризура.Не знам како се вика гнездото на врвот на главата ама неодоливо асоцира на нешто друго :


Астарте (3-2 век ПНЕ)

                                                                    Иштар 2800-2300 ПНЕ


Астарте 3-2 век ПНЕ




Apollo Citharoedus

Изгледа дека е машко

Аполо опишан од нашиот пријател Ликијан


Sleeping Apollo



Во Делфи,Аполон е славен како убиец на Пито (змијата)

Аполон го убива Питон и...аррр.....крокодилот?

Обожување на Аполон(среден век?)

Храмот на Аполон во Делфи

Аполон,троножникот од Делфи и Питон,сребрен статер( 5 век ПНЕ ?)

(Свети)Аполон го убива змејот

Аполон e Пајан  (παιών или Παιᾶν),бог доктор.Тоа може да се види од „хомерските химни„:




Аполон „ лечел„ со „баење„, како што кажува и неговото име ,микенското
„Pa-ja-wo„ (παιών:допира).

(ll. 287-293) `На ова место мислам да изградам славен храм
да биде пророчиште за луѓето,и тие овде секогаш ќе ми носат
совршени хекатомби*, и оние кои живеат на богатиот Пелопонез и
луѓето од Европа и островите миени од бранови,
м одговорам без грешка,одгов
кои доаѓаат да ме прашуваат. И јас на сите ќе иарајќи им во мојот богат храм.'
а, Феб Аполон ги постави наоколу темелите
широки и многу драги на бесмртни
(ll. 294-299) Кога тој го рече о вте богови,им постави темел од камен . 
целиот храм од изделкани камења,
да биде опеан засекогаш .
И безбројни племиња на луѓе го изградија

(ll. 300-310) Но во близината течеше сладок поток,и таму со силна стрела господарот,синот на Зевс, го уби потечениот,голем ,женски змеј,бесно чудовиште кое сакаше да создаде многу несреќи на земјата,на самите луѓе или нивните тенконоги стада,бидејќи таа беше многу крвава чума.

Тоа беше таа која еднаш го доби од со злато овенчаната Хера и 
го донесе убиствениот,суров Тифаон ,да биде чума за луѓето.




*хекатомбе-жртва од 100 говеда



Tuesday, December 27, 2011

Битката кај Филипи 42 г ПНЕ

                                                                          Легионер
По смртта на Цезар, Брутус и Касиус (двајцата главни конспиратори,наречени Либератори ) заминуваат од Италија и воспоставуваат контрола врз источните провинции (од Грција и Македонија до Сирија) и врз сојузничките источни кралства.

Во Рим двајцата главни лидери на Цезар (Антониј,Октавијан и Лепидус) кои ја контролирале скоро целата западна армија,ја поразиле опозицијата во сенатот и го воспоставиле вториот триумвират.Една од нивните задачи била да ги уништат Либераторите,не само за да ја повратат целосната контрола врз Рим туку и да се одмаздат за смртта на Цезар.

Триумвирите решиле да го остават Лепидус во Италија,а двајцата главни партнери на триумвиратот (Антониј и Октавијан) со своите најдобри трупи (28 легиони, отприлика 140.000 војници ?!)да заминат за Северна Грција.Тие ја превезле армијата преку јадранското море и испратиле извидница од 8 легиони (40.000 војници) по Виа Игнација, со намера да ја бараат војската на Либераторите.

                                                             Бојното поле крај Филипи

Извидницата минала крај градот Филипи во (источна Македонија) и завзела позиција во тесниот планински премин. (Филипи е град основан од Филип Македонски во 356 г ПНЕ, посетен од Апостол Павле во 50 г НЕ на повик на македонката Лидија , со 7 различни цркви изградени од 4-6 век , уништен од земјотрес во 7 век , освоен од бугарскиот кавхан Исбул во 9 век, центар на трговијата и производството на вино во 12 век, освоен од Србите во 13 век , освоен и од отоманите во 14 век и комплетна руина во 16 век која се користела као рудник и каменолом од Турците. Името на градот наводно се задржало во турското село кое се наоѓало во близина , наречено Филибеџик-„мал Филипи „подоцна исчезнато а на негово место се појавило грчко село со истото име(?)Археолошки прв пат градот е опишан во 1861 а првите ископувања се направени во 1914)

Војската на Антониј ја следела извидницата додека Октавијан се задржал во Драч поради лошото здравје (кое го следело за време на целиот поход на Филипи).Триумвирите го преминале Јадранското море со своите главни сили но понатамошниот премин и комуникација со Италија им биле попречени од доаѓањето на големата флота на адмиралот на Либераторите Ахенобарбус (130 бродови.?!)

Еден легион во тоа време имал околу 5000 војници.Армијата на триумвирите се состоела од 19 легиони (останатите заостанале, но тоа се добри 95.000 војници ) и 33.000 коњаници.

Либераторите имале 17 легиони (не се лоши-85.000 војници),17000 коњаници и 5000 стрелци со лак и стрела на источен начин.

Веројатно легионерите не ја добивале наградата во кеш.Во спротивно,би имале голем проблем.

                                                                       Денариуси

Касиус ги охрабрил своите војници со плата од 1500 денариуси (вкупно 6 кг, во времето на Август .1 денариус= 3,9 гр ) за секој легионер (тоа се 25 500 000 денари во време кога не постоеле книжни пари односно 100 тона сребрени метални пари) и по 7000 (27,5 кг) за секој центурион ( значи уште 5 950 000 денари односно уште 23,5 тона пари).

Ако сидрото на Титаник кое тежело 15 тона го влечеле 20 влечни коњи, парите (пред да бидат поделени на војниците) би морале да бидат пренесени со помош на најмалку 180 коњи на коли со носивост од 15 тони (можеме да си ја замислиме брзината на нивното движење) ,или повеќе коњи на коли со помала носивост.

                                                        Влечење на сидрото на Титаник

Откако моралот на војската опаднал после втората битка, било понудено да се поделат уште по 6000 денари за секој војник (23,5 кг) и 25 000 денари (97,5 кг) за центурион.Ако претпоставиме дека и овие пари биле во близина за делење, морало да се пренесат уште многу, многу тони.Веројатно овие тони пари се наоѓале во трезорот во Храмот на Сатурн.



                                   Остатоци од Храмот на Сатурн,трезорот на античкиот Рим

Иако точниот број на војници никаде не е прецизиран, современите историчари сметаат дека од двете страни имало по 100 000 војници.Значи,вкупно 200 000 војници.(?!)


На крајот победиле триумвирите.Касиус бил убиен во првата битка а по втората Брутус се повлекол со околу 4 легиони и на крајот извршил самоубиство.

Антониј останал на Истокот во врвот на својата слава а Октавијан се вратил во Италија со тешка задача да пронајде доволно земја и пари за легионерите од Истокот кои ги вратил со себе иако дел од војниците останале и таму си формирале римска колонија (Colonia Victrix Philippensium ).

БИТКАТА КАЈ ФИЛИПИ НА ВИКИПЕДИЈА(АНГЛИСКИ)

Амфитеатарот во Филипи

Руините на Филипи според цртеж од 1861.
Забележете ја облеката на луѓето долу лево.




Wednesday, December 21, 2011

Никита Михалков

Неколку денови од животот на Обломов (1979)





Изгорени од сонцето (1994)



Државен советник(2005)

Античките Македонци имале пажеви?

Дека Аријан е средновековен автор,роден можеби десет века подоцна од 2 век НЕ докажува  делот од Анабазис каде се опишани" македонските пажеви" .
Добро ни се познати средновековните пажеви,деца до 14 години кои му помагаат на витезот и се учат на витешките вештини.Позната ни е и паж фризурата.

Па, ред е да се запознаеме и со „античките пажеви„.



ГЛАВАXIII.Заговор на пажевите.


Беше обичај воведен од страна на Филип, синовите на оние Македонци кои уживаа високи функции, штом стасаат во пубертетска возраст , да бидат избрани да му служат на кралот, на неговиот двор.На овие млади луѓе им се доверуваше прислужувањето на кралот, и заштита на неговото тело додека спие.
Секогаш кога кралот јаваше, некои од нив ги водеа коњите од слугата кој беше задолжен за грижата за коњите, и ги носеа до кралот, а други му помагаа на кралот да се качи на коњот во персиски стил.
 Тие исто така беа придружници на кралот при загревањето за лов. Меѓу овие млади луѓе беше и Хермол, син на Сопол, кој го ангажираше својот ум со проучување на филозофијата и го негуваше дружењето со Калистен за оваа намена.

Кружи една приказна во врска со овој младич за тоа дека еднаш во лов, дива свиња го нападнала Александар, и дека Хермол ја пресретнал со фрлање копје кон ѕверот, со кое бил поразен и убиен. 
Но, Александар, откако ја загубил можноста да се истакне себеси ,тргнувајќи премногу доцна во напад, бил огорчен на Хермол, и во својот гнев наредил да биде исшибан пред очите на другите пажеви, а исто така му го одземал и коњот. 
Овој Хермол, разочаран од срам кој го доживеал, му рекол на Сострат, синот на Аминта, со кој биле на иста возраст и интимни и доверливи пријатели, дека животот ќе му биде несносен ако не може да му се одмазди на Александар за навредата.
Тој лесно го убедил Сострат да му се приклучи во потфатот, бидејќи му бил многу приврзан.Тие ги врбуваа во своите планови и Антипатар, синот на Асклепиодор, кој беше вицекрал на Сирија, Епимен синот на Арсе, Антикле синот на Теокрит, и Филота син на Карсис од Тракија.
Потоа, тие се согласија да го убијат кралот , напаѓајќи го во сон, ноќта кога за ноќна стража ќе дојде редот на Антипатар.Некои велат дека случајно се случило Александар да пие до зората, но Аристобул го запишал следново: некоја жена од Сирија , која била инспирирана од божествата, го следела Александар наоколу.

Прво таа била предмет на шега на Александар и неговите дворјани, но кога се видело дека нејзината инспирација е вистинска, тие повеќе не ја третирале со потсмев, туку и било дозволено да има слободен пристап до него и ноќе и дење и често да стои крај него, дури и кога спие.И навистина по тој повод, кога тој се повлекувал од пиење таа го сретнала, под инспирација на божеството, и побарала од него да се врати и да пие цела ноќ.

Александар, мислејќи дека има нешто божествено во предупредувањето, се вратил и продолжил со пиење и на тој начин потфатот на пажевите пропаднал.Следниот ден, Епимен, синот на Арсе, еден од оние кои учествувале во заговорот, му раскажал за потфатот на Харикле , син на Менандар, кој станал негов доверлив пријател и Харикле тоа кажал да Еурохле, братот на Епимен.

Еурокле пошол во шаторот на Александар и му ја раскажал целата афера на Птоломеј, синот на Лаг, еден од доверливите телохранители.Тој му кажал на Александар, кој наредил оние чии имиња биле споменати од Еурохле да бидат уапсени.Овие, подложени на измачување, го исповедале својот заговор, и ги спомнале и имињата на некои други.






Monday, December 12, 2011

Карта на светот 1480



















Македонија е на средина на десната долна четвртина .Спроти Грција.Веднаш до Полска.И Венеција.






Даниил Хармс-Чушь

Я сидел на одной ноге

Я сидел на одной ноге,
держал в руках семейный суп,
рассказ о глупом сундуке
в котором прятал деньги старик - он скуп.
Направо от меня шумел тоскливый слон,
тоскливый слон.
Зачем шумишь?
Зачем шумишь?- его спросил я протрезвясь
- я враг тебе, я суп, я князь.
Умолкнул долгий шум слона,
остыл в руках семейный суп.
От голода у меня текла слюна.
Потратить деньги на обед
я слишком скуп.
Уж лучше купить пару замшевых перчаток,
лучше денег накопить на поездку с Галей С.
за ограду града в лес.

Јас седев на една нога

Јас седев на една нога
Јас седев на една нога,
во рацете ја држев семејната супа,
расказ за глупиот ковчег
во кој старецот ги криеше парите -тој е скржав.
Надесно од мене вревеше
тажен слон,
тажен слон.
Зошто вревиш?
Зошто вревиш?- го прашав трезвено
-јас сум ти непријател, јас сум супа,јас сум кнез.
Замолкна долгата врева на слонот,
истина во рацете семејната супа.
Од глад ми потекоа лиги.
Да потрошам пари на ручек
Премногу сум скржав.
Туку, подобро е да купам чифт велурни ракавици,
подобро е да соберам пари за
паување со Гала С.
зад периферијата на градот в шума.


Галине Николаевне Леман-Соколовой

На коньках с тобой Галина
на котке поедем мы
О холодная Галина
в центре маленькой зимы!
Ты Галина едешь ловко
Хоть и грузна на подъём.
Пусть покоится головка
Твоя головка на плече моём
Я-же еду безобразно
рылом стукаюсь об лёд
ты-же милая прекрасно
едишь соколом в перёд.

3 января 1930

На Галина Николаевна Леман -Соколова


На лизгалки Галина
на лизгалиштето ќе појдеме ние.
О студена Галина
во центар на малa зима!
Ти Галина лизгаш вешто
Но тешка си на исправање
Нека се одмори главчето
Твоето главче на моето рамо
Јас пак лизгам безобразно
со муцката се чукам в лед
ти пак мила прекрасно
лизгаш како сокол напред.


30 јануари 1930



Даниил Хармс

[17 декабря 1905 - 2 февраля 1942]

Даниил Иванович Хармс (настоящая фамилия – Ювачев) записал в 1937 году в дневнике свое эстетическое кредо: «Меня интересует только "чушь", только то, что не имеет никакого практического смысла. Меня интересует только жизнь в своем нелепом проявлении. Геройство, пафос, удаль, мораль, гигиеничность, нравственность, умиление и азарт - ненавистные для меня слова. Но я вполне понимаю и уважаю: восторг и восхищение, вдохновение и отчаяние, страсть и сдержанность, распутство и целомудрие, печаль и горе, радость и смех».


"Јас се грижам само за" глупости ", само за нешто кое  нема практично значење. Јас само се грижам за животот во неговата апсурдна манифестација.Херојство, патетика, моќ, морал, хигиена, етика, нежност и восхитеност - за мене се омразени зборови. Но, јас потполно разбирам и почитувам: опејување и обожување, инспирација и очај, страст и воздржаност, сладострастие и целомудрие, болка и тага, радост и смеа "