Search This Blog

Tuesday, December 27, 2011

Битката кај Филипи 42 г ПНЕ

                                                                          Легионер
По смртта на Цезар, Брутус и Касиус (двајцата главни конспиратори,наречени Либератори ) заминуваат од Италија и воспоставуваат контрола врз источните провинции (од Грција и Македонија до Сирија) и врз сојузничките источни кралства.

Во Рим двајцата главни лидери на Цезар (Антониј,Октавијан и Лепидус) кои ја контролирале скоро целата западна армија,ја поразиле опозицијата во сенатот и го воспоставиле вториот триумвират.Една од нивните задачи била да ги уништат Либераторите,не само за да ја повратат целосната контрола врз Рим туку и да се одмаздат за смртта на Цезар.

Триумвирите решиле да го остават Лепидус во Италија,а двајцата главни партнери на триумвиратот (Антониј и Октавијан) со своите најдобри трупи (28 легиони, отприлика 140.000 војници ?!)да заминат за Северна Грција.Тие ја превезле армијата преку јадранското море и испратиле извидница од 8 легиони (40.000 војници) по Виа Игнација, со намера да ја бараат војската на Либераторите.

                                                             Бојното поле крај Филипи

Извидницата минала крај градот Филипи во (источна Македонија) и завзела позиција во тесниот планински премин. (Филипи е град основан од Филип Македонски во 356 г ПНЕ, посетен од Апостол Павле во 50 г НЕ на повик на македонката Лидија , со 7 различни цркви изградени од 4-6 век , уништен од земјотрес во 7 век , освоен од бугарскиот кавхан Исбул во 9 век, центар на трговијата и производството на вино во 12 век, освоен од Србите во 13 век , освоен и од отоманите во 14 век и комплетна руина во 16 век која се користела као рудник и каменолом од Турците. Името на градот наводно се задржало во турското село кое се наоѓало во близина , наречено Филибеџик-„мал Филипи „подоцна исчезнато а на негово место се појавило грчко село со истото име(?)Археолошки прв пат градот е опишан во 1861 а првите ископувања се направени во 1914)

Војската на Антониј ја следела извидницата додека Октавијан се задржал во Драч поради лошото здравје (кое го следело за време на целиот поход на Филипи).Триумвирите го преминале Јадранското море со своите главни сили но понатамошниот премин и комуникација со Италија им биле попречени од доаѓањето на големата флота на адмиралот на Либераторите Ахенобарбус (130 бродови.?!)

Еден легион во тоа време имал околу 5000 војници.Армијата на триумвирите се состоела од 19 легиони (останатите заостанале, но тоа се добри 95.000 војници ) и 33.000 коњаници.

Либераторите имале 17 легиони (не се лоши-85.000 војници),17000 коњаници и 5000 стрелци со лак и стрела на источен начин.

Веројатно легионерите не ја добивале наградата во кеш.Во спротивно,би имале голем проблем.

                                                                       Денариуси

Касиус ги охрабрил своите војници со плата од 1500 денариуси (вкупно 6 кг, во времето на Август .1 денариус= 3,9 гр ) за секој легионер (тоа се 25 500 000 денари во време кога не постоеле книжни пари односно 100 тона сребрени метални пари) и по 7000 (27,5 кг) за секој центурион ( значи уште 5 950 000 денари односно уште 23,5 тона пари).

Ако сидрото на Титаник кое тежело 15 тона го влечеле 20 влечни коњи, парите (пред да бидат поделени на војниците) би морале да бидат пренесени со помош на најмалку 180 коњи на коли со носивост од 15 тони (можеме да си ја замислиме брзината на нивното движење) ,или повеќе коњи на коли со помала носивост.

                                                        Влечење на сидрото на Титаник

Откако моралот на војската опаднал после втората битка, било понудено да се поделат уште по 6000 денари за секој војник (23,5 кг) и 25 000 денари (97,5 кг) за центурион.Ако претпоставиме дека и овие пари биле во близина за делење, морало да се пренесат уште многу, многу тони.Веројатно овие тони пари се наоѓале во трезорот во Храмот на Сатурн.



                                   Остатоци од Храмот на Сатурн,трезорот на античкиот Рим

Иако точниот број на војници никаде не е прецизиран, современите историчари сметаат дека од двете страни имало по 100 000 војници.Значи,вкупно 200 000 војници.(?!)


На крајот победиле триумвирите.Касиус бил убиен во првата битка а по втората Брутус се повлекол со околу 4 легиони и на крајот извршил самоубиство.

Антониј останал на Истокот во врвот на својата слава а Октавијан се вратил во Италија со тешка задача да пронајде доволно земја и пари за легионерите од Истокот кои ги вратил со себе иако дел од војниците останале и таму си формирале римска колонија (Colonia Victrix Philippensium ).

БИТКАТА КАЈ ФИЛИПИ НА ВИКИПЕДИЈА(АНГЛИСКИ)

Амфитеатарот во Филипи

Руините на Филипи според цртеж од 1861.
Забележете ја облеката на луѓето долу лево.




No comments:

Post a Comment