Во средината на 1980-тите францускиот научник Џозеф Давидович( Joseph Davidovits), детално испитувал примероци земени од пирамидите и нивната близина.
Целта била да се утврди дали пирамидата е направена од материјали кои се природни или синтетички.
Давидовиц предложил дека пирамидите се правени од блокови кои се лиени на самото место, со влажна мешавина на честички варовник и врзивно средство, лиени во калапи.
Со текот на времето, тврдел францускиот научник , влажниот микс се стврднувал во бетон кој имал изглед и особини на вистински варовник.
Се разбира , заеднацата на египтолозите ја отфрлила теоријата на Давидовиц кој наводно "немал цврсти докази„.
„Научниците„ веруваат дека пирамидите биле изградени со блокови варовник изрежан од околните рудници.Блоковите се оформувале со користење на „бакарни„ алатки, се транспортирале до местото каде се градела пирамидата, а потоа правеле огромни рампи и ги поставувале на место користејќи клинови и незнамшто.
Со користење на скенирање со современи методи на електронска микроскопија и сл. Во 2006 Мајкл Барсум,професор на универзитетот Дрексел во Филаделфија заедно со неговите колеги Жил Хаг од француската Воздухопловна агенција за истражување и Едриш Генгли од универзитетот Дрексел ја анализираа и ја споредуваа минералогијата на голем број примероци на камен од пирамидите со шест различни примероци варовник од нивна близина.
Тие откриле дека во примероците на пирамидите постои сооднос на минерали кој не постои во ниту еден познат варовник.
"Најубедлив аргумент е присуството на аморфен SiO2 (силициум)", изјавил Барсум за Дискавери."Во седиментните карпи, SiO2 е скоро секогаш кристален."
Тој исто така, истакнал дека некои примероци од калцит и доломит земени од примероците од пирамидата имале молекули на вода заробени внатре - повторно, рекол тој, ова е феномен кој го нема во природата.
Давидовиц во осумдесеттите го тестирал рецептот за бетон од варовник на Геополимер Институтот во Сен Квентин.
Тој заклучил дека дијатомејска земја (почва формирана од распаѓање на ситни организми) ,доломит и вар се мешале со вода и се правела смеса слична на глина.Античките Египќани ја истурале во дрвени калапи во Гиза и добивале „бетонски блокови„ за неколку дена.
Всушност, со овој рецепт,Давидовиц произвел голем антички бетонски блок за десет дена.Така ги поштедил античките градители од користење на стрмни рампи кои им помагале да качуваат повеќетонски камења кон врвот на пирамидите.
За да се извадат египтолозите тврдат дека Барсум земал примероци од бетонска реставрација на пирамидите и го будалеат научникот и цел свет.
"Јас би требало да сум комплетна будала да измешам портланд цемент со она што го видов", рекол тој.
Моментално важечката приказна е дека пирамидите се граделе со камења транспортирани по 500 километри и поатавувани на место од десетици илјади квалификувани работници,а не од робови бидејќи се пронајдени хиероглифски зафрканции од работниците во пирамидите (на пример на пирамидата на Кеопс работеле две тајфи од по 100.000 поделени во подтајфи од по 20.000 во тек на 20 и повеќе години).Како не бре.А што јаделе и со што ги плаќале.Да потсетиме дека населението во „антиката „ било во многу помал број од денешното.
Кој сеел жнеел,мелел жито, копал во рудници и правел пари?Колку водоноши имале ?
Според оваа теорија ,јасно е како се правеле и огромните фигури, саркофази и сфинги и слично.А уште појасно како се клесани хиероглифите.Со печатче или цртање во влажниот „бетон„.
No comments:
Post a Comment