Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Кратка славјаноб'лгарска историја

Отец Спиридон Габровски е бугарски духовник и просветен деец роден во Габрово кој се замонашува на млади години и поминувајќи извесно време во Зографскиот и Хилендарскиот манастир на Атос ,заминува за Украина со својот учител и соработник украинецот Паисиј Величковски (да не се меша со Паисиј Хилендарски) каде со помош на библиотеките во манастирот Нјамцу и користењето на „Историја Славјаноболгарска„ на Паисиј Хилендарски ,Зографската историја,рускиот превод на „Црковни и граѓански дејанија„ од Цезар Барониј,„Световна хроника „ од Јоан Зонара ,дела на рускиот писател Д.Ростовски,черноризец Храбар и Житието на Грегориј Синаитски од Калист I ,го создава  во 1792 година делото „Кратка историја на бугарскиот народ словенски„(История во кратце о болгарском народе словенском) од која овде ќе приложиме еден дел бидејќи не е достапна на македонски а во неа има многу интересни приказни.Преводот е од бугарски.


[gallery columns="2"]

История во кратце
о болгарском народе славенском

(Кратка историја на бугарскиот народ словенски)

написа Иеросхимонах Спиридон Габровски в лето 1792


Предговор

На кого ќе му се случи, најмногу од очекување, да вникне во мојот сиромашен ракопис, да чита или да препишува, го молам смирено да ми прости ако открие погрешност во него, или погрешност во ракописот, или во граматиката, да не хули, ниту да прекорува, бидејќи не го владеам уметничкото пишување, и не напишав јас со намера да поучувам или да го покажам мојот уметнички разум и да добијам / за тоa / пофалба, но бидејќи гледав дека овој претходно славен народ, односно царски и патријаршиски, како и децата негови апостолски, беше доведен до таков  краен заборав и понижување ,дека ниту еден, и не само од простите, но и од научните луѓе не знаеше / за тоa /. И ниту се споменува за бугарското царство или патриаршество во сегашните векови. Затоа јас се сожалив на  својот народ, и иако не сум научник, се дрзнав  и напишав кратко и малку, за да не остане во заборав до крај. И не се чуди ти возљубен читателу, зашто јас напишав не поради уметноста, туку поради љубов. За нашиот славјаноб’лгарски народ е многу тешко да се дознае вистината и да се најде коренот на родот негов и од кое племе доаѓа. И не само Бугарите, туку и целиот славјански род, бидејќи тие во древните времиња на својот јазик писмо немале, и писанијата од странски јазици ги наоѓаме, односно од странските летописи. На странски јазици си пишувале за своите, и само за некоја случка што пишувале за нашите, и ако пишувале, не е сè подеднакво и точно, затоа реков дека е многу тешко.

Свети Димитрија Ростовски во својот летопис  пишува вака: од шестиот син Јафетов - Мосох - произлегоа Кападокијците, Миссините, Илирците, уште и целиот словенски јазик од Мосоха произлезе. Постои и сведок - светиот пророк Језекиил зборува имено, дека Мосох бил руски кнез, сепак некои не се согласуваат: едни / велат / дека не е од Мосох, а од Рифат, синот на Гомер; други / велат дека / од Догорм, братот на Рифат, а трети / велат дека / од Сармоф, праправнука на Арфадзад, синот на Сим.

И за нашиот бугарски народ пишуваат дека Бугарите дошле од реката Волга во лето Господово 428. И како завојувале во Дакија, односно Влахија, во лето Господово 484. Го поминале Дунав и ја превзеле Мисија, односно Добруџа. А во друг летопис пишува дека Бугарите дошле на Дунав од Азовско Море во времето на цар Уалент, и како го замолиле Уалента, тој им дал земја и се населиле по Дунав. Во друг летопис пишува дека Даките и Мисагитите дошле од северните земји и се населиле од двете страни на Дунав.

Во својот Летопис Јован Зонар токму Дакија и Србите нарекува мисагитови Бугари, а во друг летопис пишува: и дојдоа Мисагитите во годината од создавањето на светот 4522 / 986 пред Христa / и се населија од двете страни на Дунав и се нарече таа / земја / Мисинија по нивното име. На југ од Дунав е Големата Мисинија, а на север Мала Мисинија. И набрзо откако дојдоа, поставија крал по име Иллирик. А потоа оваа земја се нарече Илирик, земајќи го името на кнез Илирик.

И откако мина многу време, во годината од создавањето на светот 4785 / 723 пред Христос /, се родија од родот на  Иллирик два сина: едниот по име Болг, а другиот Брем, односно двајца браќа, тие не можеа да живеат заедно, но ја разделија земјата и Брем зеде / земјата / на север од Дунав, а Болг на југ од Дунав. Произлезените народи од Брема се нарекоа Бреми или Пеми, а од Болга - Болгари. Од Пемите произлегоа Словаците, а од Болгарите - Србите. Сите овие народи се илирски.

За тоа сведочат античките летописи: "Буфиер Франзискиј, географ, говори: каде претходно беше земјата Мисија, сега се нарекува Сербија и Болгари, а каде што беше Илирик, сега се вика Славонија. И пак Барниј зборува дека има град во Илирик, односно во Мисија и Дакија, наречен Сардика, сега се нарекува Средец, тој беше главен град болгарски сред Болгарија. И пак унгарскиот летопис говори така: Чешкиот кнез Брем произлезе од Илирик, каде што беше целата словенска војска и каде што се беше населил целиот бугарски народ; и отиде на запад да сака за себе земјиште во германските земји и заседна помеѓу реките Висла и Албин и Висурка , односно Венсера, за кои се знае дека се во германското земјиште, и на овие води изгради град здрав и му даде име Бремен или Брземен, односно од обременение се смири. Ова е сведоштво дека и Словените, и Болгарите, и Чесите, сите се илирски народ. И ако некој рече дека илириците не се словенски народ, јас ќе докажам со сведоштво, слушнато во времето на римскиот цар Диоклецијан.

Тука Скарг отстапува помалку од Барониј, за древноста на нашиот словенски народ зборува вака: "дури до оваа година беше возможно да се сомневаме каков е овој народ, кој се нарекува Слави или Склавини, или Словене или Болгари или Беми за кои се споменува во летописите пред неколку векови, како се населиле во близина на Константинопол и Грција, и Далматија, и во други земји, дури до Панонија и Илирија, каде што сега е венгерската земја, но и до оваа година како доаѓаме и како ги читаме француските летописи , не можеме да се сомневаме дека овие народи се наши: полски, чешки, руски, словенски, болгарски, харватски, далматски и така натаму.

Зашто германците и до сега ги нарекува Чесите "Бенами", а тоа е името на нивниот водач - Лион.Го сметаше за почетен овој народ, и нашиот, рече, такво слично име имаше. И погодно се разбра дека од овие земји произлегуваат овие народи, каде што сега е полската, чешката, руската и московската земја, дури до Волга - од неа / произлегоа / Волгарите или како се нарекуваат Болгари; и таму, во источните земји, каде што се намножија, тука повторно делумно се вратија тие народи во првото свое поселение, односно: кога беа протерани од Тројана кесара, дојдоа во Русија. Во времето на Уалента се вратија ,барајќи ја својата татковина и колку војни водеа со Гуните кои сега се нарекуваат Венгри, покажувајќи ги древните свои предели; и соседство имаме со нив ". Тоа го пишува Скарг.

Историја вото кратце о болгарском народе славенском


По смртта на Ное синовите и внуците му, уште во онаа Ерменска источна страна, во Араратската планина, кој живееја доволно долго време. И како се расплодија во таква бројност што веќе им стана тесно во таа земја, тргнаа од исток, и одејќи, дојдоа од широката и плодоносна земја, својата татковина, за да не го стеснуваат своето множество / народ / и да имаат во изобилство земни блага . Доаѓајќи кон оваа земја, во неа пред нив отиде и Арфаксад со своето племе, и најдоа поле рамно и место широко во земјата Сенаар, подоцна наречена / таа земја Халдеја и Вавилонија / и се населија таму меѓу реките Тигар и Еуфрат во место убаво и плодоносно.
Како се преселија на ова место / од Ерменија во Сенаар /, нивниот живот се промени. По смртта на Ное, луѓето го отфрлија стравот од Бога, и бидејќи ја следеа својата страст, го подигнаа Божјиот гнев. И беа распилени по земјата и јазиците нивни - одделени. Беше тогаш целата земја пуста и единствена и јазикот на сите еднаков. И му рече човекот на својот ближен: "Дојдете да направиме тули, да ги испечеме на оган и да изградиме за себе си град и столп / кула / на која врвот да и стигне до небото, и да оставиме за себе име славно пред да се распрснеме по целата земја. "И се фатија за работа, и тулите им станаа на камења и варовникот на тиња.

Нивното дело не беше угодно на Бога, зашто се возгордејаа не за славата Божја, но да ги прослават своите имиња; не се грижеа за Бога, но за своето величие внимаваа.
Предводник на тоа небогоугодно дело беше Немрод, син Хусов, внук Хамов, етиопец / арапин /, исполничар. Тој ги  обврза сите да / учествуваат / во столпотворението; против  Бога, така им зборуваше на луѓето.

Сурово и немилостиво е за човечкиот род, она што ќе го кажам; луѓето како безумни брзаа повеќе кон злото, отколку кон доброто; го послушаа овој богопротивен совет и се покорија на Немрод како на свој шеф и ја започнаа зградата.
Евер, еден син од праотците Христови, син на Сал, внук на Каинан, правнук на Арфат, пра правнук на Сим; овој праведен маж и вистински богочетец, не го одобруваше тоа богопротивно дело и се оддели со своето племе. Оние кои / работеа / на тоа неполезно столпоздание, се трудеа четириесет години и го кренаа повисоко од облаците, но не можеа да го завршат според својата намера. Дојде Бог и им ги размеша  јазиците на седумдесет и еден јазик, а седумдесет и вториот остана Еверовиот, кој од Адам почнуваше. Бидејќи Евер не учествуваше во ѕидањето на столпот, па и јазикот прататковски, негов и на племето му се зачува. И тогаш неговото племе беше наречено Евреи, а јазикот му се нарече еврејски.

Бидејќи беа разделени јазиците на народите еден од друг, и кнезовите, кои беа началници секој на своето племе ,кога го ѕидаа столпот беа седумдесет и еден кнезови, а над нив Имрод, како цар и владика, беше господар. Кога се размешаа нивните јазици, тие не се разбираа едни со други при разговор; оние кои ѕидаа, наредуваа  да им донесат камења, тие им носеа вода; оние наредуваа да донесат тули, тие им носеа тиња или друго некое средство. И беа како избезумени и преплашени, бидејќи и страв ги обзеде од господовото невидливо доаѓање и треперејќи слегуваа од висината на столпот надолу.


И тогаш божјата заповед и дух бурен падна врз нив и уништи голем дел од столпот, и уби многу од нив, кои усрдно припаѓаа од зградата, и така го запреа своето дело.
Веднаш по помешувањето на јазиците, луѓето се разотидоа во светот, секој во својот дел од праотецот одреден. Зашто свети Ное во годината на својот живот 930 или  во годината од создавањето на светот 2572 /според Георги Кедрин / на Божја заповед,ги  собра своите синови Сим, Јафет и Хам и ја подели земјата меѓу нив; на Сим му нареди да ја прифати Азија, Јафет - Европа, а Хам - Африка, и секој да се насели својот дел со племето; им заповеда да не поминуваат граници еден со друг, да не покренуваат меѓусебни кавги, непријателства и војни, но секој да живее од својот дел.

Зборува и тоа Георги Кедрин дека овој завет Ное го напишал и му го доделил на Сим како на најголем од синовите. Тогаш тој бил / според Кедриновата повест / на 431 години од своето раѓање. Сепак, браќата и племињата нивни не го почитуваа заветот на својот отец Ное, а почнаа еден друг да се срамат и злобат, барајќи кавга ,како понатаму ќе кажам.

Симовите племиња, од синовите и внуците му излезени, се раселија во источните земји на Азија; Јафетовите племиња ја освоија западна Европа и северните земји; Хамовото племе , кое требаше да оди во Африка и јужните земји, остана во Азија, во Симовиот дел , при Немрод. Зашто Немрод не замина оттука, туку го  протера од Вавилон Симовото племе и се насели тука со својот народ.

Сепак , племето на Јафет не отиде целото во Азија , за тоа ќе кажам подолу.

Јафет имаше седум синови:


1. Гомер - од тоа племе излегоа Гомирити и Галати, уште и Кимери, подоцна наречени Цимбри.
2. Магог - од него произлегоа Мисагитите, Готите, Скитите, а од нив Турци и Татари.
3. Мадај - од него произлегоа Мидите.
4. Јоан или Јован - од него: Јонискиот народ и Грците.
5. Товал - од него: Халвити, Ивери и Испани(Шпанци).

6. Мосох - од него: Кападоки, Мисени, Илирци, уште и целиот словенски јазик од Мосоха произлегува: за тоа зборуваат многумина, како и свети Димитар Ростовски кој го преведува сведоштвото на светиот пророк Језекиил, говорејќи имено, дека Мосох бил руски кнез, но некои не се согласуваат:  едни сметаат дека словенскиот јазик /произлегол/ од Рифат, Гомеровиот син, други - од Тогорм, братот на Рифат, а трети - од Сармоф пра-правнук на Арфаксад, син Симов. Исто така и самиот свети Димитар Ростовски не се согласува, односно не потврдува намерно дека словенскиот јазик е произлезен од Мосох. А зборува дека Рифат и Тогорм се внуци на Јафетови, синови исто на неговиот син  Гомер. Од него / Гомер / од Кимврите или Цимбрите потекнува поранешниот словенски јазик. Поради тоа се е сомнително.

7. Седмиот син Јафетоф е Тирас - од него / произлегоа / Траките или Тарсините.

Зборува Зунар: веднаш по мешањето на јазиците во годината од создавањето на светот по број хронографски 2774, луѓето се распрснаа по родови по целата земја и двајцата синови Јафетови, така си дојдоа на север и се населија на две планини, многу големи; името на едната планина е Тавер, а на другата Аман. И се намножија таму, и како слегоа од оние планини, дојдоа на реката која се нарекува Танаис / Дон /.

И се распрснаа на исток, па дури и на запад, сепак кои синови Јафетови се тие, не споменува, само зборува: "од имињата на синовите Јафетови се именуваа и местата„. Ако се е така, тогаш погодно  може да се разбере дека тие не се други освен Гомер и Магог, но е опасно да се бара, бидејќи тие беа меѓу најголемите синови Јафетови.

Зашто третиот син Јафетов - Мадај - остана во Азија со сето свое племе, односно во Мидија; четвртиот син Јован отиде на островите; петтиот син Товал остана во Азија при планината Капсијска; шестиот син Мосох остана во Азија, дури до теснината на Понтијското Море и премина во Европа и се насели со целиот свој народ, и се нарече оваа земја по неговото име Тракија.

За татарите

Бидејќи Зунар зборува дека според имињата на синовите Јафетови, се именувале и местата. И вели: името на едната планина е Аман, "аман" е збор татарски, природен, тој има значење и на славјански: "оф" или "оле". Другата планина е Тавер или Таур. Географите зборуваат дека има една планина во Азија, која се нарекува Тауро - започнува од Црното Море и оди на исток, ја дели Азија на две и доаѓа дури до океанот - море големо, широко ,и е повисока повеќе од сите земни планини. Ја нарекуваат со различни имиња: во Персија и во Индија ја нарекуваат Тавер, а во Черкесија и во Горизина и во Татарија се нарекува Карбаз: "карбиаз„, исто така, е природен збор, татарски. На словенски ќе се рече "снег бел". Оттука станува јасно дека некои татарски народи се од племето на Магог. И уште од Карбазиските планини, од двете страни на Каспијското море, на север и на исток, дури до океан - море се населиле татарски народи: Бактарија, Кинезија, Калмикија, Сибер, Казан, Астрахан. И сд сквернејшии(?), дури до последниот човек. За нив Светото писмо вели: дека ако и пред страшниот суд излезат и пред второто доаѓање на Господ наш Исус Христос, ќе јадат човечки тела. Сите тие племиња се од племето на Магог.

За цимбрите

Другиот Јафетов син, за кого зборува Зунар е Гомер, кој е најголемиот син на Јафет. Од него произлегоа: Гомерити и Галати и Кимери наречени подоцна Цимбри. Како што зборува Зунар порано сите тие слегоа на реката Танаис и се распрснаа по западните земји. Тие биле Цимбри, како и Стриковски, и така други  летописци пишуваат: Цимбрите имаат свое сродство од најголемиот син Јафетов - Гомер. Од него прво се нарекле Гомери, а потоа беа наречени Цимбри. Како се размножија на родови, едни останаа во дивите полиња, други над реките Дон и Волга, трети на реката Богомил, и други над Дњепар и над други реки, и други над Црното Море, каде е Очак, Крим и над езерото Меотис или Азовско Море; едни останаа каде што е Волен и Подолие, Подлјашие, Жмуд и Литва, бидејќи од овие Цимби произлезе и Литванскиот народ.

Зборува Стриковски: од овој Цимбријски народ, низ времињата, произлегоа луѓе кои беа наречени: "едни Готи, Епиди и Половци и Печенеги, но сите тие беа Цимбри - народи воинствени, мажествени. И кога од северните земји, поточно каде сега се Литви, Пруси, Шведи, поради неплодородната земја, дојдоа до Франција и Шпанија, а потоа од тука до Римјаните. Римјаните не сакаа си го дадат земјиштето, но тие почнаа војна со Римјаните и многу пати ги победија, и ја проширија својата територија и се размножуваа како сакаа. Потоа, но не многу наскоро, откако поживејаа во мир во овие изобилни земји ,се раразбогатија и се свртеа пак кон воинските дела, но одеднаш од некој римски водач на име Мариј, беа беспоштедно поразени. Поради тоа, откако ослабеа нивните  сили ,Цимбрите пак се вратија во северните земји, и седеа во различни места и земји над гореспомнатите реки и сите се разликуваа по вера: едни беа христијани, други си останаа поганци. До тука од Синопсисот печерскиј.

Оттука станува извесно дека ако не беа Цимбрите словенски род, прво, никогаш немало Словени во Шпанија или Франција, или во Рим, и пак си се вратиле назад да бараат својата земја и второ: сите по вера се разликуваат - едните се христијани , а другите поганци. Словенскиот народ, колкава што е Божјата милост, сите се христијани: Болгари, Серби, Руси, Великоруси, Литванци и така натаму - целиот словенски народ, а мал дел / исповеда / неправа вера: Лехи, Чеси, Харвати, но сепак не се поганци.

За Мосох, прародителот  славјано-бугарски и за неговото племе

Како зборува Зунар, Мосох е шести син Јафетов. Од имињата на Јафетовите синови се именувале и местата / каде што живееле /. По уништувањето и мешањето на јазиците во годината од создавањето на светот број хронографски 2774, веднаш во Азија, помеѓу Црното и Бело море / Мосох / се насели со племето, и тоа откако се умножи во Азија, настапувајќи од ден на ден, достигна до Карбазиските планини, до главата на Црното Море, во северните земји. И се населија, како зборува Зунар, на ридот, наречени Месхи - има таква планина помеѓу Ивериј и Црното Море - таму сега живеат два рода: Гери и Лиги, на реката, наречена Термодонт. Од името на / Мосох / се нарече и оваа земја Мисинија, а ппанината - Месха. - До тука од Зунар.

Зашто и Стриковски зборува: во / времето / на потопот, Мосох излезе од Вавилон со племето веднаш во Азија и Европа, над бреговите на Понтиското и Црното Море, и остави народи Мосховити од неговото име, и оттука народот се умножи, настапувајќи од ден на ден кон северните земји зад Црното Море, над Дон и Волга и над езерото Меотис, каде што Дон се влева и над дунавските и днепровските и днестровските полиња, нашироко го насели своето / племе / кое се прошири според намерата на својот отец Мосох.

Зашто, ако / зборот / "јафет" се толкува како "раширување" или "раширителен", така се вели и за / зборот / "мосох", еднаков е на "се растегнува " или "надалеку се протега". И така, од Мосоха, славјанскиот праотец како наследство доаѓа не само Москва, но и целиот славјански народ.

За Илирик, првиот бугарски крал

Бугарскиот народ, кој е еден од најголемите најпрвите и најстари народи во христијанството и царството, глава и предводител на целиот славјански род, го води племето од Мосох, како и другите славјански народи. Прво излезе од зад Црното Море во годината од создавањето на светот 4522 / 986 пред Христa / и се насели од двете страни на Дунав и се нарекуваа тогаш Мисини, поради што и оваа земја се нарече Мисинија од името на праотецот Мосох; на север од Дунав оваа земја се нарече Мала Мисинија, а на југ од Дунав се нарече Голема Мисинија. Првиот, кој се постави за крал беше по име Илирик, и овој Илирик прв се бореше со тракискиот крал Ираклиј и го победи и го прогони зад морето. Беше Илирик голем јунак и се бореше со околните народи и секогаш победуваше. И ја прошири својата земја од Црното Море каде што се влева Дунав, на запад од двете страни на Дунав, дури до реката Слава или Сава, каде што сега е Белград. И изгради три града над Истар, односно Дунав: првиот Радостол - Силистра; вториот град Преслав, овој град беше недалеку од Шумен и беше уништен од грчкиот цар Цимех во лето Господово 992, сега едвај се препознаваат градските ѕидови. Во следното слово ќе кажам подетално; третиот град беше Тернов, Грците го нарекуваат Мисипопол, а четвртиот град изгради на реката Сава и го нарече на своето име - Илирик. И бидејќи беше голем јунак и славен, ги нарече народот и земјата на своето име Илирик - Илирици.

За Бладилиј, втор крал илирски

По Илирик дојде втор крал по име Бладилиј во годината од создавањето на светот 4685 / 823 пред Христa /. Тој прв се биеше со македонските цареви и ги победи, и ги направи поданици, и откако живееше доволно време, умре.

За Колад, трети кралот илирски

По Бладилиј дојде трети крал на име Колад во годината од создавањето на светот 4745 / 763 пред Христa /. Тој беше многу безбожен, зол, сластољубив, блудник, суров и, просто да кажам, татко на секоја неправда, а најмногу мачител немилостив. Затоа Сатаната го вљуби и го постави оддесно на себе си, оддавајќи му чест, достојна за неговите дела. Кога се смешаа со старите Грци и Римјани, Илирците видоа дека тие имаат кумири и идоли и им се поклонуваат. И Колад сакаше да биде бог и да му се поклонуваат како на бог, а не како на крал. И роди два сина: името на првиот беше Болг или Боу и кога се роди неговиот прв син Болг, заповеда на својот народ по целата негова земја да прославува, односно да слави во месец декември, 24 ден - да јадат и да пијат и да пеат песни односно "Болг се роди, Коладе, вечерва, Коладе", и така натаму / словa / да повторува постојано и да го споменува името Колад. Дури и до денес има таков празник кај Бугарите. Ако и се покрстија, Бугарите не го заборавија овој ѓаволски обичај. Потоа Бог го уби со гром и така ја измоли окајаната си душа.

За Бремен, четврти крал илирски

По смртта на Колад дојдоа неговите синови Болг и Бремен во годината од создавањето на светот 4785 / 723 пред Христa / и бидејќи многу кралеви победија и многу земји освоија, се возгордејаа и не мируваа меѓу себе: "ја разделија својата земја на два дела, односно Бремен ги зеде / териториите / на север од Дунав и на запад и ги освои териториите дури до Балтичко Море до Померанија, и се населија таму и / народот му / се нарече по името на својот крал - Беми или Пеми - сегашните Чеси. Померанија, која е земјата Брандбурија и не само Брандбурија, туку  и Сведија и големата Скандинавија, која сега се нарекува Данимарко. И кога се врати оттаму, отиде против Сарматите и Русите и ги победи, и град изгради во земјата им и го нарече Нов-город. До тогаш Русите немаа град, ни села: живееја како диви во куќи по полињата, односно преоѓаа од место на место. И кога се врати оттаму во Сарматија, беше убиен од своите.

За Болг, петтиот крал илирски



Болг беше брат Бремов и ја освои Тракија, Македонија, Далмација, / стигнa / дури до Бело Море и Рим. И тој беше сличен на својот татко - голем мачител: заповеда на народот да се нарекува на неговото име Болгари, и од тоа време илиријците се нарекуваат Болгари, а не како некои што мислат дека од реката иде / името / Болгари. Грците како немаат словото "буке" / буквата "Б" /, не можат да кажат Болгари, а Римјаните, со буквата "Б" може да кажат Болгари.

За Лил или Ладо, шести крал бугарски

По Болг дојде шестиот крал на Болгарите на име Лил или Ладо, во годината од сотворението на светот 4920 / 588 пред Христa /. Зунар пишува за овој Лил или Ладо: дојде против Рим со голема војска, и излезе да го пречека римскиот цар на име Тарквиниј  Лука, и како се помири со него, се врати назад. Овој бугарски крал и до денес се памети и како бог се почитува. Во пресрет на / денот / на свети Василиј, во првиот ден од јануари, се собираат млади и девици на едно високо место,ги  собираат прстените и ги ставаат во едно котле и пеат песни, / во кои / често се споменува името на овој демон : "Ладо, ти Ладо", односно вечерта спроти свети Василиј,ги ставаат прстените во едно котле, да преноќат прстените во ова котле, а наутро пак се собираат на едно високо место и пеат песни, искушувајќи ја својата среќа, односно пеат песни различни - среќни и несреќни; и кога ќе запејат среќна песна, тогаш една девица ја става својата рака во котлето, промешајќи ги прстените и гледа чиј е прстенот - на кого е прстенот, тој ќе биде среќен; така како се прелажуваат себе си, се поклонуваат на идоли.

За Перун или Пеперуд, крал бугарски

По смртта на Ладо, дојде Перун или Пеперуд. Во тоа време се роди Александар Македонски, и тој / Пepyн / земаше данок од Филип Македонски, додека порасна / неговиот син / Александар. Кога Александар зајакна, дојде против Перун и му ја пресече војската ,го уби Перун и ги зароби двата негови сина.

Сега Бугарите го почитуваат Перун за време на суша: се собираат младичи и девици и избираат еден или од девиците, или од младичите, и го облекуваат во мрежа како во багреница, и му плетат венец од магарешки трн со ликот на кралот Перун, и одат по домови, играат и пеат и често го споменуваат овој демон. И го полеваат со вода и овој Перун и себе. Луѓето се безумни, им даваат милостина, а тие откако ќе ја соберат милостињата, купуваат јадење и пиење и прават трпеза. Јадат и пијат за славата на овој Пеперуд. И со правење така, се клањаат на идоли, а не го сметаат тоа за грев. Така и во вечерта на раѓањето Христово одат цела ноќ, пеат песни богомрски и не госметаат тоа за грев.

За Александар Македонски

По смртта на Перун, Илирикија останува под власта на Александар. И ја зеде Александар целата војска илирска и двата сина на Перун и тргна да ја бие вселената. Кога Александар се врати од Индија, илирците побараа од Александар дел од земјата и тој им ја даде Македонија, својата татковина, во годината од создавањето на светот 5038 / 470 пред Христa / и им даде писмо напишано на кожна хартија со златни зборови: " народ славен и непобедлив "; / им ја даде / уште и царската титула за преголемата храброст и за преславната победа, со која ја победи со нив вселената, а самиот остана во Вавилон. И од тогаш го усвоија Бугарите името Славјани и Македонци да се нарекуваат. И така, како реков: / Бугарите / владееја не само исток, но и запад, Германија, Франција, Италија, и самиот голем Рим, дури до годината 5604 / 96 по Христа /.

За Тројан римскиот  кесар

Во годината од создавањето на светот 5604, од раѓањето Христово 96, дојде за цар во Рим по име Тројан. Овој Тројан како го зеде скиптарот на римското царство, ги праша советниците: "Има ли во светот царство, кое нема да ни се покори?" Советниците одговорија: "има, царе, народ див, славјански, кој војува со Александар Македонски; овој народ не само што нема да ти се покори, но уште и данок зема од римските цареви". Тројан ги праша советниците: "Каков е овој народ, кога и универзумот се покорува на големиот Рим?". Зашто тогаш Рим ги држеше под власт  не само западните земји: Франција, Германија, Шпанија, кои се во Европа, туку и цела Африка, и Азија, Понт, Ерменија, Колфија, Иверија, Алванија, Сирија и сите источни земји беа под негова власт . "Нетрпејќи - зборува Јапиан, ритор римски - срам, / Тројан / собра безбројна војска од различни јазици и дојде против Декефал, словенскиот крал за да му се одмазди. Тоа сведочи Јапиан ритор во 23-тото слово, напишано за Римјаните. Не трпеше секое лето да им дава данок, а сакаше да им се одмазди, затоа што тогаш Словените имаа крал по име Декефал. Неговиот народ веќе се беше преименувал во Даки и тој имаше престол во Будим. Кога виде Декефал дека Тројан иде против него со голема сила, испрати амбасадори во источните и северните земји и го повика целиот словенски народ: Руси, Алани, Сармати, Костобоки, Печенеги, Пеми, Болгари. Во настанатата борба која се случи, првите Славјани убија многу од Фригите, многу од Римјаните беа повредени и паѓаа, бидејќи се најдоа во ова опкружување, и самиот Тројан ја раскина својата облека и ги преврза. И ја завладејаа оваа земја многу тешко и Римјаните се приближија до палатите на Декефал. Го виде тоа Декефал и испрати амбасадори при Тројан да речат: "Ти го предавам оружјето и нашата итрина и сите твои барања ќе ги исполнам, мир направи со мене". Потоа дојде сам и му се поклони до земјата како на самодржец.

Потоа Тројан се врати во Италија, водејќи ги со себе словенските амбасадори. И кога дојдоа на саборот, го симнаа оружјето и откако им ги  врзаа рацете како на затвореници, разговараа многу и побараа мир и се помирија со нив. И откако склучија мир, тие ги разврзаа рацете и го облекоа оружјето. Потоа Тројан направи прослава во Рим по повод победата над Славјаните. Но, по кратко време Декефал не достоја на зборот и пак се крена против Тројан. Тројан собра голема војска и дојде пак против Декефал, и направи мост на Дунав, таков каков што е невозможно да се каже сега. И со голема мака го поминаа Дунав, и Тројан ги победи Славјаните и ги избрка дури до Нестра. Декефал откако се разочара од животот, се закла сам.

Зборува свети Димитар Ростовски: Тројан не би го победил Декефала ако христијанските  војници не  беа со Тројан, бидејќи во тоа време во Рим имаше многу христијани, кои тајно му служеа на вистинскиот бог, и тие беа не само од простиот / народ /, но и благородници. А потоа со венци маченички се задобија - на своите угодници Бог им ја даде Трајановата победа. А другите Славјани, Сармати, Руксоалани направија од Нестр дури до Дунав ровови / ров / и повторно се подигнаа, против Тројан, и бидејќи не можеа да го победат, се вратија. И каде што е ровот, тој и до денес стои, го нарекоа Тројан. А остатокот од славјанскиот народ од Нестр дури до Дунав / Тројан / го собра и пресели во Далмација, а да не се одрече од него, и повторно да востане, го нарече Шерби, односно на римски јазик - робови. И тогаш овој народ се нарече Серби, и колку се наоѓаа во неговата земја курви, разбојници, и тие кои се наоѓаа во Италија, ги пресели во Дакија, односно каде што сега живеат Власите, бидејќи Власите од Италија си го водат племето. И изгради Тројан на реката Прут палати и постави стража, односно предел или граница. И постави таму 20 иљадна војска, а сам го помина Дунав кај Никопол и нареди да се изградат камени мостови на реките од Дунав дури до Бело Море, преку целата Бугарија - каде што и до денес овие мостови се знаат. И од тогаш остана Илирик или Болгарија роб на Римјаните дури до големиот Константин.

*****


- Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском, превод на М. Г. Минчев (c), ред. П. Тотев, худ. доц. Ив. Кънчев (c), предп. инж. Д. Кънев, печ. УИ "В. Априлов" - Габрово, ИК "Луна", 2000 г.
- Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Райков, БАК при НБ "Св. Св. Кирил и Методи", И "ГАЛ-ИКО", София, 1992 г.

No comments:

Post a Comment