Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Патријарх Никифор Константинополски- OPUSCULA HISTORICA

NICEPHORI ARCHIEPISCOPI CONSTANTINOPOLITANI OPUSCULA HISTORICA
Edidit Carolus de Boor, Lipsiae, Teubner, 1880

ОРИГИНАЛ :КЛИКНИ ТУКА
626 н.е
Аварите го прекршиja примирјето, Ираклиј(Φλάβιος Ἡράκλειος,  цар на Византија 610 -641)., бидејќи претходно заврши со војната со Персијците, ги поткрепи со подароци ,испратени до нив, и се обврза да им плати двесте илјади номизми, давајќи им го во заложништво  еден од своите синови по име Јован, кого го викаа и и Аталарих, бидејќи беше незаконски роден , од  наложница, Стефан, неговиот внук, син на неговата сестра Марија,Евтропиј, и уште еден Јован – син на патрикијот Вон, исто така, роден од наложница . Аварите се собраа да ја завземат Византија и со таа цел ги запалија сите предградија . И така, за да го поделат меѓусебно  Тракискиот Босфор , Персијците го запленија  неговиот азиски дел а аварите ја уништуваа тракиската област.  Со други зборови,  Аварите, имаа намера да ја освојат  Византија и подготвуваа механички уреди за разбивање на ѕидините . Имаше дрвени скали и воени возила, "желки" (celwnai ) .Но подоцна, откако ги истуркаа машините  до ѕидовите, божествена сила неочекувано им  ги сруши и оние војници на Аварите кои се наоѓаа на нив ги  уништи. И бидејќи многу Словени следеа заедно со Аварите и дејствуваа во сојуз со нив, тие им дадоа знак, дека еднаш кога ќе ги видат факелите запалени на предниот ѕид ва Влахерна (предградие на Константинопол м.з), кои се нарекуваат pteron [крило],  веднаш да дојдат со бродовите еднодрвци (моноксили,чамци издлабени од стебло на дрво м.з.) и пловејќи на тој начин, да го возбудат градот за Аварите да можат лесно да скокнат од ѕидовите во внатрешноста на градот. Ова му стана јасно на патрикијот Бон, и тој опреми дворедни [диери] и троредни [триери] бродови со весла, а во местото каде што беше даден сигналот , се вооружи, и застана. И исто така, испрати други диери , на другиот ,спротивниот брег. И заповеда да се даде сигнал со оган. Гледајќи го знакот , Словените на реката, наречена Барбис, тргнаа кон градот. Тие налетаа  на нив, ги потераа во средината и веднаш ги убија, така што водата на морето  силно се обои со крв. Меѓу телата на загинатите имаше и словенски  жени . Гледајќи го ова,  варварите се откажаа од опсадата и  се вратија во својот дом. Епископот на градот и императорот Константин заедно отидоа да принесат молитви на благодарност кон Бога во Црквата на Пресвета Богородица, изградена во Влахерна*, и веднаш исто така, ги изградија ѕидините и наредија да се стави ограда на овој свет храм. Еве  како стоеја работите  со Аварите.
****
Бугарите, гледајќи голем број на коњаници и флота поразена поради изненадување и очај, во страв бегаа во своето утврдување и останаа таму четири дена. Бидејќи Римјаните не можеа да се вклучат во битката поради непристапноста на местото, тие дојдоа на себе и се подохрабрија. Во исто време  императорот се разболе од болест на нозете (nosw podalgikh) и многу страдајќи, отплови во градот Месемврија(Несебар,м.з)на лекување, и им  нареди на воените команданти и луѓето да го опсадат утврдувањето и да се одмаздат ,колку е можно, на овој народ. Но, бидејќи некој пушти гласина дека царот побегна, тие се загрижија, и иако никој не ги бркаше, веднаш побегнаа.Бугарите, дознавајќи за ова, почнаа упорно да ги бркаат и некои од нив заробија, некои ги убија, а многу ранија.
Доаѓајќи до Истр(Дунав) во т.н. Варна ,во близина на Одеса, до една височинка, видоа тука од сите страни утврдена и безбедна локација на ова место , оградена со реката, и поради неговата непроодност се сместија таму. Тие имаа власт и над околните словенски племиња и од нив поставија едни за заштита од Аварите во соседството, други - за да ги надгледуваат Римјаните кои се наоѓаа во близина. Така, засилени и утврдени на возвишението, тие ги опустошуваа и ги напаѓаа селата и градовите(cwria kai polismata ) на Тракија.Императорот пак, мораше да склучи договор со нив за да им плаќа данок.
****


И кога настапи мир насекаде во римската држава, се зголеми злата ерес на Монофизитите, која започна уште од порано (680 г) во време на императорот Ираклиј. И имаше несогласие [раскол] во Православната Црква. Кога дозна за ова, Константин собра Вселенски Собор, кој утврди [решение]од изминатите пет Вселенски Собори, објаснувајќи ги двете волји на Христос Спасителот и двете природни сили (energeiaV ), споени во неговата Божественост ,совршени во неговата човечност и фрли анатема на опседнатите со ересот. И така, на мирен и строг начин, Константин( Константин IV ,668—685)го заврши остатокот од животот (685), и на 17тата година на владеењето тој почина. Неговите остатоци беа закопани во кралските гробници во црквата на Светите апостоли.
Владеењето тој го препушти својот син, Јустинијан(Јустинијан II Ринотмет 685—695, и 705—711), кој тогаш беше на возраст од 16 години, Јустинијан го презеде владеењето на од татко му, кој му остави аманет да го одржи мирот и трајниот поредок во земјата и уништи се. Тој го раскина и мирот склучен со Бугарите. Доведувајќи коњаница во регионот на Тракија, тој веднаш побрза против Словените. Направи напад на градот Солун, многу од словенскиот народ  од таму заплени, и некои насилно, други - со ветувања ,ги пренесе преку Абидос и ги насели во т.н. Опсикијска област (tou Oyikiou legomenhn cwran ). Од нив насобра армија од 30 илјади луѓе, а луѓето кои ги вооружи, почна да ги нарекува избрана(laon periousion) армија. И постави над нив архонт од благородното име Невула. Потпирајќи се на нив, тој се осмели да го раскине мирот склучен од страна на неговиот татко, со Саракините. И  ја пресели пешадијата ,која од стари времиња стоеше  како војска на планината Либанска (?). И стапи во војна со Саракините(Сарацените?Муслиманите?Арапите?Турците?)  и дојде во Севастопол(?). Но, исто така, и Саракините отпочнаа со непријателските дејствија и тргнаа(сами) против нив. Тие рекоа дека дека сакаат да биде мир, но ако Римјаните имаат намера да го нарушат, тогаш Бог нека пресуди кој е виновникот . Но, Јустинијан избра војна и тие врзувајќи го писмениот договор за мир на врвот на знаме, наредија да се носи напред и продолжија против Римјаните. Тие се свртеа во бекство, и таканаречениот посебен полк на Словените (twn SklaboV laoV ) се приклучи на Саракините и со нив заедно ги убиваше Римјаните. Потоа, собирајќи уште повеќе храброст, Саракините почнаа да ја пустошат римската држава. Еве што се случи со овој народ.





(Не е јасно на кој град Севастопол се мисли.Современиот Севастопол го добил античкото име  во 18 век. Делот потсетува на Руско-Турската војна.Епизодата со мировниот договор на знамето заслужува повеќе истражување.)

Постои Севастопол во провинцијата Карија (види карта) .Според Synecdemus на Хиерокле во провинцијата Карија има 36 града и тоа:

главен град Aphrodisias,Miletus,Heracleae Ogmi, Amyndus, Halicarnassus(денешен Бодрум,родното место на Херодот), Cnidus, Ceramus, Mylasa, Stratonicea, Amyzon, Alinda, Alabanda, Orthosias, Harpasa,Neapolis,Hylarema,Antiochia,Heracleae Salbaconis,Tabae,Apollonias,Sebastopolis(Севастопол),Jasus ,Erezus,Marcianopolis,Anastasiopolis,loca Patrimonia,Cibyra,Coctemalicae (само 28 градови  ?)

Меѓутоа,каква врска има „планината Либанска“која се наоѓа во Либан, со Карија која е во Анадолија ,не е баш јасно.Постои и  Севастис(Sebaste) во римската провинција Палестина со главен град Цезареа(Каесариа) (види на картата).Но Севастис (Себастос) е античкото пристаниште на Цезареа мавнато од Цунами во 1 или 2 век Н.Е .

Прашањето со кои Сарацени се здружиле Словените против Римјаните и каде,останува нејасно.

****
Во време кога се случи ова,кај Хуните и Бугарите се случи следното. Тие се обединија едни со други, ги убија управителите кои призлегуваа од иста линија (EK seiraV,)  превземајќи ја власта над нив, и го ставија за свој водач (hgemona) некој по име Телесија (Telession), маж арогантен со младешка смелост. Овој народ, собирајќи вооружени и способни за битка воини, храбро ја нападна римската земја и тврдините. Константин (Константин V Копроним 741-775), гледајќи ја нивната храброст и бестрашност, испрати преку Еуксинското Море до Истр (Дунав) флота, натоварена со коњи во осум бродови наполнети со коњаница. Самиот тој поведе друга војска во градот Анхиал. Против него тргна Телесија, со значителен број на сојузници на Словените (Sklabhnwn). Тој претрпе пораз во битката и се сврте во бегство. Многу од непријателите од сите видови паднаа,многу други од меѓу најистакнатите (twn epijanesterwn) беа фатени живи. Константин, кој победи во војната, влезе во Византија и заробените им ги даде на граѓаните и на партиите т.н. бои(циркуска партија)(toiV EK twn legomenwn crwmatwn dhimotaiV), за тие да ги казнат со своја рака. Тие ги однесоа кај ѕидините, кои се наоѓаа од другата страна на копното и ги убија. Заграбениот плен свечено се прикажувашеза време на коњските трки. Заедно со нив беа прикажани и два златни сада (louthreV), кои биле направени во Сикелија, секој со тежина до осум литри злато.Бугарите, увидувајќи го неуспехот на Телесија, се побунија против него и го убија, и го поставија за свој господар нивниот поранешен водач- неговото име беше Савин (SabinoV). Тој кога ја презеде власта, испрати гласници кај императорот, барајќи од него траен мир. На Бугарите не им се допаднаа неговите постапки. Тие беа вон себе,му се противеа силно, мислејќи дека ќе бидат веднаш поробени од Римјаните. Преплашен, Савин побегна кај императорот . Тој го прими добро и и испрати некои мажи да ги најдат нивните сопруги и роднини кои се криеја и да ги доведат кај Савин. Потоа, Бугарите се предомислија и испратија до императорот барање за мир. Тој не прифати, и веднаш прати војска против нив. Тие тогаш ги утврдија тешко проодните предели околу нивните граници. И нивните господари, зборувајќи со императорот, се јавија со своите водачи пред него. Императорот ги донесе заедно со пребеганиот кај него Савин, ги засрами за нередот и за непријателството, покажано кон Савин, и склучи мир со нив.Тоа се случи во текот на првиот индикт . На императорот му се роди уште еден син, кого го нарекоа Никита. Речиси во исто време Саракинската флота тргнувајќи од Африка, дојде на островот Сикелија. Но армијата која се наоѓаше на него храбро го отфрли непријателот и го испрати назад,без да успее да го оствари она на штотој се надеваше.За време на третиот индикт Константин дојде во Бугарија, (765 г), бидејќи Бугарите го отфрлија од власт началникот поставен од Савин по име Умар (Oumaron), и го прогласија место него за водач бугаринот Токто (ToktoV), брат на Бајан. Бугарските бегалци најдоа прибежиште во шумите по течението на реката Дунав, многу од нив беа убиени, меѓу нив беше убиен и Токто, и други. Другиот нивни владетел (arcwn), кој го нарекуваат Кампаган (Kampaganon), избега во Варна, а кога мислеше да се спаси, беше убиен од неговите робови (dowlon). Во исто време Бугарија беше запалена од страна на Римјаните, така што голем број населби беа опустошени и уништени.****(768/69 г) за време на седмиот индикт на Константин му се роди син, кого го крстија Анфим. Речиси во исто време, Никита, патријархот на градот,обнови некои од зградите на Православната Црква кои настрадале од времето, во оние кои се наоѓаа насреде истите згради,а кои Римјаните ги нарекуваат тајни [и мали и големи], исцрта икони на Спасителот и на светиите, направени со восок на дрво и мозаик со златни коцки. Константин ги испрати словенските водачи (архонти) и ги викна кај себе христијаните, заробени одамна од островоите на Имброс, Тенедос и Самотраки, и ги облече во свила. Бројот на затворениците изнесуваше 2500 лица, и повикувајќи ги кај себе и дарувајќи ги, ги испрати далеку, каде што секој сака. (769 г) Во седмиот индикт, во месец април, во света сабота, Константин ја круниса во царството неговата сопруга Евдокија августа и наредниот ден двата од неговите синови - Христифор и Никифор - ги круниса за цезари, а Никита за нобилисимус (nobelissimon). За време на царската поворка според православниот обичај(thn kaJolikhn) црквата ја изврши [церемонијата]на конзулството, и се делеа пари од дворецот до црквата. Во текот на осмиот индикт Константин ја зеде за својот син Лав  Ирина од Елада и таа  беше крунисана во декември за августа и венчајќи ја со синот, склучи брак.
Карта на Словените во VII -VIII век




*Влахернската палата се наоѓала надвор од првобитните градски ѕидини, во северо-западниот агол на врвот на Златниот рог. Името "Влахернае" - според  Anonimus Banduri (А. Banduri Imperium orientale.) - произлегло од фактот  што при изградбата на црквата тука биле исечени папратови гранки. Ова име е изведено од lakkoV laoV, лакас, празнини. Според Unger (Unger, Quellen дер byz. Kunstgesch. 1878 година, С. 117), името произлегло од blazw и blakoV што значи неплодно, пусто место. Според Пасхалната хроника (01 351, 4), во таа година бил изграден ѕид околу црквата на Пресвета Богородица . Ѕидот бил различен од стариот, во тоа што тоа бил еден обичен ѕид monoteicoV , додека стариот се состоел од два ѕида, оградени од двете страни со ровови. За него често спомнуваат подоцнежните извори.

Vlakerna Sarayı-Istambul


Влахерна(Βλαχέρναι) од надворешната страна





Влахерна(Βλαχέρναι) од внатрешната страна

На Влахерна се граделе повеќе царски дворци.Последен бил дворецот на Константин Порфирогенет-Дворецот Текфур(1261-1291).Палатата е изградена во близина на градските ѕидини, на портите Едрене -кон север и  првично го носела името на синот на царот Михаил VIII Палеолог - Константин Порфирогенет а името Текфур (tekfur - управител) го добива во времето на Отоманската империја.
Ѕидините, кои ја опфаќаат Влахерна од запад, се состојат од четири дела, и се изградени во различни времиња. Наспроти џамијата „Ајваз ефенди„ кон ѕидот има кула (1118) која го носи името на Исак Ангел,и во која царот неколку години бил во притвор (1195-1203), тргнат од престолот и ослепен од неговиот брат Алексеј III. На север стои кулата Анемас (VII), именувана по познатиот благородник Михаил Анемас. Тој завршил во нејзините зандани по неуспешниот заговор (1105), насочен против царот Алексиј I Комнин. Кулата сега се нарекува Затворот Анемас (Anemas Zindanları, İvaz Aga Cad., Ayvansaray Mah. ), и нејзиното застрашувачко подземје е омилено место за снимање на историски турски филмови. Со доаѓањето на османлиите во Константинопол, биле ограбени и уништени речиси до темел палатите, црквите и зградите и сите биле препуштени на нивната судбина. Денес има само полуразрушено подземје, преживеани одбранбени ѕидови, урнатини на кулите на тврдината и фасадите на палатите, и остатоци од столбови густо обраснати со трева и грмушки во темелите на зградите,се наоѓаат на скоро секој чекор, потсетувајќи на минатата величенственост.


No comments:

Post a Comment