Search This Blog

Friday, December 9, 2011

Воскресение...Џип

Воскресение

Баба ми често ми идеше на сон.
Не ми зборуваше.
Притричуваше пред мене, зад мене, околу мене, со затегнато до бело лице, а ако ја сонував легната на стариот миндер во кујната, постојано се вртеше.
Го споделив ова со татко ми, а тој рече:
- Уф… Се превртува во гробот.
Имав двадесет и пет, го завршував високото образование.
Бев толку глуп, што мораше татко ми да плати на некаков подмачкувач 4000, за да ме примат.
Пушев марихуана, имав секс со девојчиња, пробав и со момчиња, но не ми се допадна,се налевав со пиво, гледав риалити по телевизија, но ретко пуштав СМС за да гласам.
Пиев РЕДБУЛ, КОКА КОЛА и се гнетев со МАКДОНАЛДС, шарав ѕидови со спреј, таму, каде сеуште имаше празно место.
Омилениот графит ми беше “ОВАА ЗГРАДА БЕШЕ МНОГУ УБАВА, ПРЕД ДА ЈА НАШАРАМ”, но често пишував “ЈА САКАМ ТАТКОВИНАТА, НО НЕ И ДРЖАВАТА!”, “НАТО - ОДИ СИ” и “БОГАТИТЕ ДА СИ ПЛАТАТ ЗА КРИЗАТА”.
Висев на чат по цели ноќи, симнував филмови - не успевав да ги гледам сите, ама симнував за инат на оние, кои се бореа со “пиратеријата”.
Одев и на еден “Протест” пред парламентот, но полицајците ме претепаа и од тогаш, штом се намршти времето, главата ме боли.
Не силно, но толку настојчиво, токму да не одам по втор пат на Протести.
Од четиринаесет години патував по земјата.
Првенствено со воз.
Стопот беше опасен, повеќето от возовите чат-пат се запалуваа или излегуваа од шините.
Бевме банда од тројца пријтели. Возевме скејт.
Натпревари во скејтање колку сакаш.
Денес тука, утре таму.
Фирмите ни даваа даски и маици, а ние бевме многу горди. Два пати си ги  скршив  рацете, еднаш нозете.Сум паѓал  и на глава, ама не сум многу сигурен онаа болка дали е од Протестите или од паѓањето.
Дете сум на разведени родители.
Неколку години откако си отиде Баба, татко ми и мајка ми се свртеле на забава.
Татко  ми натрупал малку пари на Илиенци, ја сменил прво жигулата со нова /на старо/ кола и ја напуштил мама.
А за тоа време мајка ми не седела со скрстени нозе. Фатила еден уште поцрн од тато и отпрашиле за Јужна Африка.
Од мака ли, од друго ли, татко ми собра една кинеска од Илиенци.
Ја памтам.
Беше многу слатка.
Мјаукаше како маче.
После татко ми смени уште десетина.
Бугарки.
Сега живее со една сељанка.
Од с.Вакарел.
Има години колку мене, но има многу поголеми цицки. Се мислам дали да ја опнам некоја вечер.
Многу е навиена.
Татко ми ми дава џепарлак. Не стига, ама и од тоа сум задоволен.
Мајка ми дури не ми ни пишува.
Дајбоже да цркне.




Џип

Од моите скејтерски години најинтересна ми беше средбата со Џип.
Возев на НДК-то, до фонтаните, кога тој излезе којзнае од каде и судирот беше неминовен.
Така го треснав, што падна на земјата.
А јас врз него.
Кога ги отвори очите, во нив се читаше ужасна болка, можеби беше си ја треснал главата на работ  на фонтаната.
Изгледаше на не повеќе од четириесет години, лесно упрпан и исплашен:
- Се викам Пенис. Пенис Пенчев Мутафов - испали тој.
И се заврте со видлив страв во очите.
- Крстен сум на дедо ми Пенчо и неговиот џип “Нисан”. Џипот си е жив и здрав до денес.
Го купил пред години, во зората на Демократијата. На старо. Дизел.
После го удрила кризата. Немал пари за дизел.
Возел со масло. Прегорело.
Екстра вози. Само малку отпозади мириса на пржени кришки.
Кучињата го лаат и го гонат со километри. Но никогаш не го стигнуваат.
Затоа што е Џип.
Затоа се викам Пенис.
Пе - от Пенчо и Нис - от “Нисан”. Пе-нис.
Скаратено ме викаат Кур.
На галено Курчо.
Многу луѓе се вцрвуваат, кога ќе ми го чујат името. Под “луѓе” имам предвид мажи и жени.
Со децата е поинаку.
Децата се кинат од смеа.
Децата денес се многу учени. Ниту едно не ме праша, што е тоа “Пенис”. Возрасните напротив, реагират различно.
Мажите се готват на борба кога се запознаваме, затоа што си мислат, дека ним им викам Пенис. Се обидувам да им ја покажам личната карта, но не можам, затоа што при запознавањето паѓам во несвест. Толку силно удираат некои.
На таквите, кога ќе дојдам до свест им велам “Си мислите, дека ми ги вадите забите, а всушност си ги вадите комплексите”.
Некои ме разбираат, а други продолжуваат да ме млатат.
Со дамите пак е поразлично. Сите се вцрвуват. Некои се согласуваат веднаш, но повеќето ме влечат прво по ресторанти и бутици.
Откривам, дека всушност станува збор за големо недоразбирање.


Повеќемина си мислат, дека сум странец, затоа што го удираат акцентот на последниот слог.
Најтешко  ми беше во касарната.
Наутро.
На фискултура. Старешината вика: “Пенис: стани” - “Пенис - легни”.
Му велам: “Старешина, не може ли побавно, со станувањето е лесно, затоа што уште кога се разбудив , сум станат, ама ај го натерај го да легне…”
Toј го сфати буквално.
Прво ме тепаше, после ме прати да трчам 24 часа.
Кога умре дедо ми, прашав не може ли веќе да се викам само “Пе”.
Ми одговорија, дека не може.
Дедо ти може и да е умрен, ми одговорија, но “Нисанот” е вечен.
Ене го таму, стои под церада цел-целичок. И тебе ќе те надживее…
Пишав и до фирмата производител.
Во Јапонија.
Така и така, не може ли да си го смените името. Место “Нисан” да се викате “ЧоЧо Сан”?
Така името ќе ми стане Пе-н-чо.
Ми одговорија:
“Зошто сакате да си го  смените исклучително популарното име ПЕНИС со никому на светот познатото  ПЕНЧО?”
И ми подарија приврзок за клучеви со натпис ” ПЕНИС - НИСАН - ЗАСЕКОГАШ”.
Така минуваше времето.
Пенис се сврте, за да види дали уште вниманието ни е приковано на неговиот расказ и продолжи:
- Еднаш ме свитка стомаков.
Ме однесоа набрзина во „Пирогов”, ми удрија целосна анестезија  и… Кога се разбудив, гневен глас ме мавна во лице:
- Зошто лажеш, бе… На пенисот немаш ништо.
После сум припаднал.
Вториот пат ме оперираа од слепо црево.
А лекарот ми се извинува:
- Извини, брат, ама на листата беше напишано „пенис”. Од каде да знам, дека тоа ти било име…
Човекот разкажуваше лежејќи, јас се бев исправил, а крај нас веќе се беше собрала целата група скејтери и се виткаа од смеа.
Имаше и минувачи - пешаци, двајца клошари, пензионери и неколку мали деца со своите баби.
Човекот Пенис се исправи, се истресе, провери дали главата му е цела и ме погледна прашално.
Во смисла дали може да си оди.
Си молчев, а тој плашливо тргна.
Моќни извици Пенис и Курчо ја распараа тишината.
Тој ме погледна жално.
- Доста! - извикав. - Не ли ви е срам? Има мали деца и возрасни жени.Што сте се развикале?
Сред скејтерите имав некаков авторитет, но и другите замолкнаа.
Му се приближив.
- Пријателе - го удрив по рамо. - За нас, от денес натаму ти си Џип. Така ќе те викаме. Кога сакаш, можеш да дојдеш да не гледаш… Само внимавај, види какво осакатување можеше да стане.
Сите извикаа:
- Џип, Џип, дојди кај нас да ни разкажуваш… Многу беше интересно.
Човекот се насмеа.





Румен Балабанов - 2012: ГОРБАЧОВ, ДЕМОКРАЦИЯТА И БАБА МИ

No comments:

Post a Comment