Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Историјата и древноста

Олжас Омарович Сулейменов


Го прочитав ракописот, и ми се јави чувство на вина пред темите за кои спорев, и пред темите кои ги допрев во движење.Видов дека не можам да избегам од фактите против кои се борев: се залагав за објективност во оценувањето на Времето, преувеличувајќи го Мигот.

Мислата го гони пенкалото и напишаното вчера е како стара топографска карта: таму каде што си означил грмушки, веќе шумат шуми, таму каде си повлекол точкаста линија-денес брмчат булдожери, пробивајќи пат за бетонската улица на спознанието.

Би сакал да си го поставам прашањето: Што е тоа писмо? Начин на пренос на чувства и идеи низ времето и просторот.А јазик? Вербалната порака.А уметност? Имагинативно пишување.

Хиероглифите се антички скулптури , исцртани во глина и камен.Секое вештачки создадено нешто е искористен симбол.Името на нештото е името на хиероглифот.

Ние ги разгледуваме писмото, јазикот, уметноста -одвоено и не можеме да разбереме ништо поодделно, затоа што тие може да се разберат само во целина.

Лингвистот мора да биде палеограф и историчар на уметност од широк профил, и само тогаш ќе му пристапи на зборот.

Колку тесно се поврзани проблемите на генезата на јазикот, писменоста и уметноста може да се види во еден пример даден, за жал, како скица.,поради погоре наведените причини.

В.В. говореше дека најстариот индо-европски збор е IST (EST, EZ,IS,IZ) во смисла на "е", "постои", "живee": Тoj се наоѓа во повеќето индоевропски јазици.Етимологија непозната, забележани бројни роднини, родители-непознати.Каузалноста на зборот не е воспоставена.

Зошто токму комбинација на овие звуци, од сите други ,и токму со ваква смисла?Прашањето за етимологијата е првенствено значајно.На ниво на модерната лингвистика не е да решава  а  да се постави прашањето сеуште е премногу рано.

Но, сепак ќе се обидувам да го споредам IST со името на египетската божица на животот ИШТ (II милениум п.н.е.. .)(?!?!? м.з.).



Грците ја нарекуваат ИСТ (нема звуци на потсвирнување во грчкиот).Персијците ја нарекуваат - ИЗИДА.Божицата Изида која на градите држи доенче, е прототип на христијанската Дева Марија.(или обратно м.з.)(Оваа паралела, за среќа, е укажана од страна на многу историчари на уметноста, а со тоа и воведувањето на Изида во светот на божем древните европски култури може да се смета за основано).

Во Египет култот на ИШТ, велат, доаѓа од Мала Азија, каде што во IV-III милениум пред н.е. и се поклонувале на божицата на животот, земјата и плодноста ИШТХОР. Таа имала многу функции, а една од нив е мајка на сонцето.
Глинените фигурини на змејоликата ИШТОР (1) со неименувано дете (2) на рацете биле еден вид на метафора, која е комбинација од три концепти: мајката (жена со бебе), земјата (глината) и божеството (змијата).



Египетските скулптори "ја подобриле " сликата на позајмената божица.Тие ја прикажале својата како жена со прекрасен лик.На поранешната змејоглавост напомнува само кобрата – уреус-која ја обвиткува главата на светицата.

Египетските свештеници ја направиле верзијата - мајка на сонцето и го обожиле бебето, според нив, симбол на подвижното светило.Неразбирливото име справедливо е распределено помеѓу двата лика, првиот слог се доделува на ИШТ-мајката, следниот ХОР - на божественото дете.
Подоцна служителите на култот го толкуваат насликаното сиже, и во митовите се појавува ХОР-синот , кој се бори со змии (змејови) кои и се закануваат на мајката.
Култот на ХОР, синот се шири по светот во I милениум п.н.е.(божем м.з.).
Етруските му се поклонуваат на новороденчето- сонце.Нивниот идол е бронзено огледало.Многу бронзени огледала со ликот на младенецот се пронајдени на територијата на античката Етрусија.Но,скоро секогаш паралелно со сликата на бебето стои натписот "ХЕРКЛЕ", односно, "ХОР-син."
,,
Елините се поклонуваат на борецот со змии ХЕР-АКЛ,а Латините на – ХЕРКУЛ.(во рускиот јазик звукот Х се менува со Г-м.з.)
Во христијанската митологија, свети ЃОРЃИ (Горги,Георги м.з.) го поразува змејот.
Во турските епови дејствува несебично херојот ГЕОР-ОГЛ, ГОР-УЛИ.

Името на богот често преоѓа во етноним.Значи, звучи сомнително името на германското племе наречено ГЕР-УЛ (Герули).Гледаме дека не случајно Грците се нарекуваат ГЕР-КУС (грекус).
Личното име ГОР (ГЕР) (ХОР,ХЕР м.з.) се воспоставува во индо-европските и турските јазици како име со главно значење – Сонце.(Споредувајќи варијанти на лексемата може да се претпостави дека во древниот египетски јазик, зборот "Хор" содржел мека самогласка).
Необични се уште и фантастичните етрурско-словенски односи.

Бронзените метафори со натписи паднале кај Словените, кои ја палатизираат меката согласка.
Личното име "ХЕРКЛЕ" станува збор "З(Ѕ)ЕРКЛЕ."Словените го виделе натписот како име на сјаен, рефлексивен предмет.Можеби така случајно се изнаоѓале концепти на зборовите во јазикот."З(Ѕ)ЕРКЛЕ"станало мајка на лексемите "ЗРУ", "ЗРЕТ", "ЗРЕНИЕ".

Словените произведуваат огледала, ги потпишуваат и тргуваат со нив со античките Германци.
Ова се случува уште во времето кога Словените пишуваат "на грчки" (можеби дури и пред Кирил и Методиј), а Германците "на латински."

И словенскиот натпис "СРИКАЛ" (ЗРИКАЛ) Германците го читаат "на латински" – "SPIKEL."И тие имаат нов збор.(Споредете so современиот германски "spigel" - огледало) (3).
Највпечатлив доказ дека митските имиња стануваат имиња на предмети во јазиците на позајмувачите е древниот Иран.Имињата на египетските богови ИШТ, ХОР прераснале во зборовите "ИЗД" - Бог, "ГОР" - сонце.

Сметам, дека во истиот период се шири во европските и азиските култури, името на божицата-мајка ИШТ, кое добива ознака ,хиероглиф.Макропоетите ја увиделе апстрактната смисла на "даде живот" "да живее" ,микропоетите го консолидирале нивното разбирање на камениот хиероглиф во семантиката - ". храни" "се храни".

Можеме да видиме како малоазискиот збор и знак, минувајќи низ египетската уметност, ја збогатиле  индоевропската култура.

Но, вториве и самите црпеле директно од зовриениот казан на цивилизацијата на Дворечјето (Месопотамија,м.з.).Биле запознаени и со нерасчленетото име ИШТХОР .
На глиненото тело на божицата често е нанесувана и сумерската детерминанта за божество - осмокраката ѕвезда.

Името на божицата се приклучило кон овој знак и станало синоним со терминот кој значи "ѕвезда".Споредете ги дозносемитските варијанти на името ИШТОР - АТАРАТ(-ат - суфикс за женски род), АШТАРТА, ИШТАР, ИСТЕР(име на реката Дунав,Велигден,м.з) и на индо-европските имиња за ѕвездите - АСТРА, АСТЕР, АШТРА, АШТАР, СТЕЛА, СТАР
итн.

Грците имале неколку средби со божицата.Првиот пат го воведуваат називот "ХИСТЕРА" – за утробата на жената, гениталиите, вториот пат го присвоиле името на осмокраката "АСТИР" - ѕвезда.И, конечно, името на древната божица го дефинирало поимот за древност - ИСТОРИЈА.

Олжас Сулејменов "АЗ и Я"

No comments:

Post a Comment