Во 1671, еден човек со страст да патува и да запишува заминал од Истанбул за Арапските земји. Неговата цел била да оди на аџилак во светиот град Мека.
Меѓутоа, неговиот пат бил прилично заобиколен па патувањето траело два пати подолго од она што тој првично го очекувал.
Но, искуствата од патувањето биле апсолутно неверојатни! Тој нашироко пишувал за своето патување во деветтиот том од книгата со неговите познати Патеписи наречени Сејахатнама (Seyahatname)
Овој човек бил Евлија Челебија(Evliya Çelebi), кого УНЕСКО го прогласи за "Човек на годината" за 2011 година во чест на 400-годишнината од неговото раѓање.
Роден е во Истанбул во 1611, Евлија Челебија како син на главниот златар на Отоманскиот двор ,Мехмед Зили Ефенди. Неговиот татко бил од Кутахја (Kütahya) а неговата мајка од Абхазија. Добил одлично образование и станал прочуен со своите приказни. Неговата желба да патува, да набљудува и да запишува започнала уште на рана возраст. Во своите дваесетти години, ги започнал патувањата во Истанбул и во соседните села, забележувајќи ги луѓето, зградите, џамиите, пазарите, свеченостите, обичаите и културата. Во 1640 година, тој го започнал своето патување надвор од градот и четириесет години патувал низ Отоманската Империја, од Анадолија во Северна Африка, од Иран на Балканот. Од белешките од сите негови патувања формиран е неговиот опус магнус: Патеписите ( Seyahatname).
Патеписите (Seyahatname) е книга за патувањата на Челебија и се состои од десет тома. Првиот том е исклучиво за Истанбул и го завршил во 1630, а последниот волумен кој се занимава со Египет и Судан, завршен е во 1672. Постојат описи за скоро секоја земја од Отоманската империја од Кавказија до Мека, од Крим до Крит. Тој ги опишува земјите на живописен но и претеран начин. На пример тој ги зголемува градовите и селата низ кои минувал, или го преценува бројот на жители до неверојатни пропорции . И покрај претерувањата неговите Патеписи се многу добро прифатени од страна на патниците, академиците и историчарите. Тој е ценет од страна на оние кои ја студираат турската култура, историја, етнологија, и лингвистика.
Во "Годината на Евлија" можете да прочитате барем дел од неговите патеписи.
Евлија Челебија за Скопје -ТУКА
Бидејќи во светот се ретки преводите на патеписите на Челебија,а кај нас не се издадени во посебна книга,прочитајте дел од изданието од 1967 на Светлост Сараево под наслов Патепис (делови за југословенските земји)
No comments:
Post a Comment