Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Навистина неверојатно


Ламанский, Владимир Иванович

„Словом, невероятно, что наречие, которым  ч и с т о  б е с е д о в а л и  солуняне, в совершенстве владели св. Кирилл, Мефодий и их деятельный ученик и продолжатель св. Климент, было совершенно тожественно с наречием, господствовавшим при болгарском дворе Бориса и покровителя славянской письмеяности царя Симеона”
„Со еден збор,неверојатно е дека ова наречие,со кое ЧИСТО ГОВОРЕЛЕ солуњаните и СОВРШЕНО ГО ВЛАДЕЕЛЕ свети Кирил,Методиј и нивниот ученик и следбеник св.Климент било совршено идентично со наречието кое преовладувало на бугарскиот двор на Борис и покровителот на словенската писменост царот Симеон„.

Неверојатно нели ?

Уште нешто.Прв пат слушам за Шкеиве и „врло е интересантно„ како „све су то Бугари„ :)

Наводно зборот Шкеј потекнува од зборот sclavis (назив за јужните  Словени ) а овој збор се задржал во албанскиот јазик до 20 век.
Во Румунија живеат потомците на Богомилите ,тн.Шкеи кои Бугарите ги сметаат за Бугари па дури и тврдат дека извесно време сите Бугари се нарекувале Шкеи.Румунците пак тврдат дека Шкеите се Власи од Македонија.

Во хрониката на влашкиот монах Михаил Мокса од  1620 г. се спомнува името Шкеи: "Било тогаш во годината број 6702 (1204) и тогаш Кало-Јоан(Калојан 1197-1207), Господарот на Славјаните (Шкеи) ги подигна моштите на свети Јован Рилски и ги пренесе во градот Тернов".

Мокса не познава народ Бугари,само Словени.Интересно е што бугарскиот цар Шишман го нарекува Шушман (многу славјански,сигурно шушкал при зборување) а Милош Обилич е Милош Кобилич.Чисто славјанско презиме. :)

No comments:

Post a Comment