ПОФАЛБА НА БЛАЖЕНИОТ ОТЕЦ НАШ И УЧИТЕЛ СЛОВЕНСКИ КИРИЛ ФИЛОСОФНАПИШАНА ОД КЛИМЕНТ ПАПА РИМСКИ(?)
Христољупци,Ете, произлезе за нас Светлозарната меморија на нашиот преблажен отец Кирил, новиот апостол и учител на сите страни.Со своето благочестие и убавина тој изгреа на земјата како сонце, го просветуваше целиот свет преку зраци на триипостасниот Бог.Божјата премудрост си изгради храм во неговото срце и на неговиот јазик како на херувим почиваше Светиот Дух, кој секогаш раздава дарови според силата на верата, како што рекол апостол Павле: "На секој од нас благодатта му е дадена по мерката на дарот Христов "(Еф. 4:7).Нели Господ рече: "Кој ме сака, и јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам сам (Јован 14:21); ќе си направам куќа во него и тој ќе ми биде син, а јас ќе му бидам татко"(Јован. 14:23).Барајќи таква татковина, овој преблажен отец и наш учител ја напушти целата убавина на овој живот, слава, дом и богатство, татко и мајка, браќа и сестри.Уште од млади години тој беше чист како ангел ,ги одбегнуваше секогаш животните уживања, и го минуваше секогаш времето во пеење па псалми и химни, и во духовна поука, бидејќи го следеше само оној пат, по кој се вознесува на небесата.И затоа Божјата благодат се излеа во неговата уста, како што рекол премудриот Соломон: "На усните на премудриот се наоѓа знаењето(Пословици. 16:7), а на јазикот, тој носи закон и милост" (Пословици. 3:16).Со тоа нашиот учител ги затвори злохулните усти на еретиците.Кога се појави ереста во времето на иконоборецот Теофил, многу години светите икони беа прогонувани, уништувани и непочитувани.А при благоверниот цар Михаил православните, откако свикаа собор,го испратија Кирил против овие еретици и тој ја уништи како со оган сета нивна злоба преку својата духовна сила.А водач на оваа ерес беше патријархот Аниј , кого православните го разобличија и го избркаа од престолот.Ете таков беше овој учител.Штом ќе слушнеше некаде некое хулење за божествениот лик, тој како со крилја леташе во сите земји, со јасни зборови ги растеруваше сите заблуди и учеше на правата вера.Тој го довршуваше недовршеното од апостол Павле, летајќи како орел во сите земји - од исток до запад и од север до југ.Кај Хазарите (Козари,м.з.)и Сарацените тој се најде на соборите поради света вера, светна како сонце со трисветли зраци и ги распрсна сите нивни празнословија.Среде филскиот народ тој ја уништи безбожната измама - почитување на едно дрво-светилиште што се викаше Александар, на кое му се поклонуваа како на бог, правејќи жртви.Овој блажен отец го искорени.Осветлен од Троична беспочетна светлина, тој ги просвети Христовиот луѓе и ги научи на вистинската вера, и ја воспостави Троичната беспочетна светлина.По милоста и човекољубието на нашиот Господ Исус Христос тој стана пастир и учител на словенскиот народ, кој тонеше во незнаење и во гревовен мрак.И [како што Даниил ја затвори устата на лавовите], тој ја затна устата на волците - еретиците-тријазичници, [кои, помрачени од завист, рекоа: "Не е достојно Бог да биде славен на друг јазик, освен на еврејски, на латински и на грчки ". Поради својата злоба тие станаа соучесници на Пилат.Со јасни докази тој ги разори нивните заблуди, запален од силата на Светиот Дух] .Тој, според пророштвото, направи јасен јазикот на тепкавите (Ис. 32:4„срцето на неразумните ќе ја сфаќа мудроста, тепкавите ќе зборуваат брзо и јасно„ ) и со книги ги насочуваше сите по патот на спасението.[Откако го преведе црковниот устав од грчки на словенски јазик , тој отиде во Рим , водејќи го кон совршенство одбраното си стадо.Со радост тој го заврши својот животен пат.] Господ Бог благоволи чесното негово тело да почива во Рим.Откако ќе ги пресметаме неговите подвизи, трудови и патувања, нема на кого друг да му оддадеме слични пофалби.И навистина, макар и да произлезе подоцна, тој ги надмина сите.И како што деницата, која изгрева подоцна, го осветлува со својот сјај целиот ѕвезден лик прскајќи светлина со сончевите своите зраци, така и овој преблажен отец и учител на нашиот народ, кој свети повеќе од сонцето преку зраците на Света Троица, просвети безброен народ, кој тонеше во мракот на незнаењето.Кое место остана скриено кое тој не го освети преку своите стапки?Која уметност остана скриена за неговата блажена душа?Тој им ги соопшти на сите народи скриените тајни со достапни слова, кои тој ги протолкува разбрано: на едни - со списи, а на други – со проповед, бидејќи Божјата благодат беше се излеала во неговата уста (Псалми 44:3).И поради тоа Бог го благослови засекогаш.Но која ли уста може да изрази сладоста на неговото учење?Кој ли јазик може да раскаже за подвизите, трудовите и добрината на неговиот живот?Господ ја направи посветла од светлината оваа уста, која ги просветуваше помрачените од грешната измама.Неговиот јазик излеа сладостни и животворни зборови.Пречистите усни му процветаа преку мудроста.Неговите чесни прсти создадоа духовни органи и ги украсија со златозрачни букви.Преку оваа богогласна уста се напоија оние кои беа жедни за божествениот разум.Преку неа се насладија мнозина, кои ја прифатија животворната храна.Преку неа Бог збогати со богопознание многу народи, а најмногу го венча со богоисплетен венец многуплемениот словенски народ, зошто за него беше испратен овој апостол.И така, од оваа уста бликна извор на живи зборови, кој ја напои исушената наша сува нива; и преку пеењето беше врзан многухулниот јазик на еретиците.И така, оваа чесна уста се појави како некој Серафим, прославувајќи го Бога, и преку неа ние го познавме трисоставниот Бог, по суштина еден, а по својства и имиња разделен и подеднакво славен - вечно постоечките Отец и Син, и Свети Дух.Затоа, о, преблажени оче Кириле, јас ги ублажувам твоите усни, од кои се излеа духовна сладост за моите усни.Го ублажувам твојот многугласен јазик, преку кој огнометот на Троичниот беспочетен Бог, откако изгреа за мојот народ, го распрсна гревовниот мрак.Го ублажувам твоето многу светло лице, осветлено од Светиот Дух, преку кое светлината на богопознанието изгреа на моето лице, а многубожната заблуда беше искоренета.Ги ублажувам твоите златозрачни очи, преку кои слепотијата на незнаењето беше симната од моите очи и ја засили светлината на богопознанието.Ги ублажувам твоите ангелозрачни зеници, осветлени од божествената слава, што ме просветија со боговдахновени зборови, откако го отстранија слепило на моето срце.Ги ублажувам твоите чесни раце со кои слезе врз мојот народ дождовниот облак на богопознанието, кој ги напои со истекувачка од Бога роса, нашите срца, изгорени од гревовна суша.Ги ублажувам твоите управувани од Бога прсти со кои напиша за мојот народ слобода од гревовното ропство.Ја ублажувам твојата златозрачна утроба од која истече за мојот народ животворна вода, слегувајќи одозгора преку твоите молитви.Ги ублажувам твоите светлозарни нозе, со кои ти брзо го обиколи како сонце целиот свет, проповедајќи го боговдахновеното учење.Ги ублажувам твоите златозрачна чекори со кои ги насочи нашите заблудени чекори по правиот пат.Ја ублажувам твојата пресвета душа, преку која се исцелија грешните рани на мојата душа и се всади разум во нашите срца преку твоите духовни зборови.Ги ублажувам твоите управувани од Бога прсти со кои се напиша скриената за многумина Божја премудрост и кои ја открија тајните на богопознанието.Ја ублажувам твојата чесна црква, во која почива твоето многоразумно и богоречиво тело.Блажен е градот, кој го прифати третиот исполнител на Божјата промисла .И навистина овој блажен се јави за да го заврши некомплетираното од двете Врховни светила.И затоа Господ Бог нареди тој да добие чесно мирување кај нив.Тој почина во мир во Господа во 6377 ( 869) година од создавањето на целиот свет, во четиринаесеттиот ден на месец февруари.И откако ги заврши сите служби и напори, тој се приклучи на сите свети отци поради својот живот и својата вера.Тој стана со ангелите како ангел, со апостолите - апостол, со пророците - пророк, соучесник во славата Божја заедно со сите светии.Преподобен Учителе, заедно со нив моли се за нас, кои ја чествуваме твојата преславна смрт за слава на Пресвета Троица - на Отецот и Синот и Светиот Дух - сега и секогаш и во сите векови.Амин!
Првиот Римски папа од легендите е Св Климент (88 – 97) или (93-101) и таа личност живее на крајот на I и почетокот на II век.
Папата КлиментII(1045 – 1046) и сите други папи по него со името "Климент" се поврзани претежно со Јужна Франција и територии кои се на запад од "словенските земји".
Теофил-византиски император (829 - 842)ПОСЛЕДЕНод „иконоборците„,непочитувачите на икони и иконоборството не се појавило во негово време.
Михаил-веројатно Михаил III -"пијаницата"(840-867).
Патријархот Аниј е „идентификуван„како Јован Граматик(John VII Grammatikos or Grammaticus),патријарх 837-843,умрел пред 867.
Филскиот народ-(? во оригиналот „фильце же езице„можеби според „филистинци„ пагани,јазичници).
Методиј го нема никаде.
No comments:
Post a Comment