Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Просторот меѓу нештата


Новинарката која ја поврзува науката со спиритуалноста,Лин Мектагарт ,ја подготвува својата нова книга која ќе излезе на 19 Април : The Bond:  Connecting Through the Space Between Us ( Врската: Поврзување преку просторот помеѓу нас )
Просторот меѓу нештата


Помеѓу најмалите честички на нашето битие, помеѓу нашето тело и нашата животна средина, помеѓу нас и сите луѓе со кои сме во контакт, меѓу секој член на секој општествен кластер, постои Врска - конекција толку суштествена и длабока така што  повеќе не е  јасно разграничувањето помеѓу крајот на едно нешто и почетокот на друго.

Светот функционира суштински , не преку активноста на индивидуалните нешта, туку преку врската меѓу нив - во смисла на просторот меѓу нештата.

Уште повеќе, новите откритија во физиката и биологијата покажуваат дека сме во криза, бидејќи живееме во лага. Сите живи суштества успеваат и напредуваат, не преку конкуренција, туку само кога се гледаат себеси како дел од поголема целина.


Ќе успееме затоа што делиме, се грижиме и сме фер.

Наместо да доминира, основниот импулс на целиот живот е да се поврзе.

Натпреварувачката парадигма


Сепак, нашата парадигма на живеење е изградена врз премисата дека натпреварот е  суштинската визит карта на нашето постоење. Секој модерен рецепт во нашите животи е извлечен од нашата интерпретација на животот, како индивидуален и  осаменички подвиг, со натпреварот- секој човек-за-себе како составен дел на бизнисот на живеењето.

Нашиот западен економски модел е изграден врз идејата дека конкуренцијата во слободната пазарна економија е од суштинско значење за постигнување  совршеност и просперитет.

Во нашите односи, ние го истакнуваме нашето вродено право на индивидуална среќа и самоизразувањето над се друго. Ние ги образуваме нашите млади охрабрувајќи ги да се натпреваруваат и да бриљираат над своите врсници. Валутата на современите два -автомобили-во-секоја-гаража соседства е споредбата и натпреварот еден –човек- над- друг.

Светот, како што Вуди Ален еднаш рече "е една голема кафетерија".

Нов план



Ми  беше јасно дека треба да го согледаме светот различно, да се однесуваме со другите поинаку, да се организираме самите себе -нашите пријателства и населби, и нашите градови - поинаку. Ние треба да ја промениме нашата  основна цел на земјава, во нешто повеќе  од борба и доминација.

Ние треба да гледаме на нашиот живот од една сосема поинаква перспектива, поголема гледна точка, да ги забележиме врските  кои нè врзуваат за сите заедно.

Со оваа книга, се надевам дека ќе поставам нов дневен ред ,покрај нашиот сегашен на борба и доминација, во кој сите ја набљудуваме растечката криза со чувство на немоќ. Сакам да се иницира гигантска конверзација, во која луѓето веќе нема да го чекаат вистинскиот претседател или премиер да носи одлуки за нив,  целта ми е да дадам нов начин на гледање на светот од една поширока перспектива, нов начин на поврзување со другите човечки суштества, ново чувство на заедништво, нова и автентична цел.

Сакам да ве поттикнам покажувајќи колку е лесно е да се живее во целост, како мали промени можат да го револуционизираат вашиот живот и животот на сите околу вас.

Сакав да донесам порака на надеж, инспирација - и практичен начин за промена, започнувајќи со вашиот дом, потоа вашето соседство, вашата општина, вашиот град. . .

Пред сè, сакам да покажам дека  не мора да биде вака.Ниту  еден ден повеќе.


Lynne Mctggart ,Петок, 18 Март, 2011





http://www.theintentionexperiment.com



Доколку не сте ја читале„ Експеримент намера„ прочитајте ја.




Lynne-McTaggart-Eksperiment-Namjere//

Книгата за опасностите на модерната медицина :„Што е она што докторите не ви го кажуваат „-ТУКА




No comments:

Post a Comment