Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Никифор Григора(Nicephorus Gregoras,Νικηφόρος Γρηγορᾶς [1295-1360] )

Никифор Григора ,во своето дело „Римска историја„  ретко спомнува Словени.Од народите различни од Римјаните (подоцна анблок преименувани во Грци) ,тој спомнува Бугари,Скити,Власи,Турци,Хуни,Латини,Комани (Кумани),Трибали  итн.
КНИГА ВТОРА
2.Во меѓувреме, од тесалиската бездна се издигна ново зло, братот на Михаил Ангел, Теодор. По добивањето на власта по смртта на брат му, тој како човек енергичен , вешт и претприемчив за нови освојувања, ги прошири широко границите своето владеење.Сите западни градови, пред кратко време поробени од страна на Латините, тој лесно ги победи и ги потчини, почнувајќи со нив, тој на крајот го завзеде и Солун, главниот и најголем град на Македонија , во тоа време додека маркизот беше далеку во својата татковина, Ломбардија.Веднаш потоа, тој ја зеде титулата император (василевс), и беше крунисан од архиепископот на Бугарија кој беше таму.
Nam olim Justinianus imperator eam urbim quod patria ipsius foret cum aliis multis rebus ornarat , tum primam Justinijanam appellaverant et liberam jurisdictionem ei in perpetuum attribuerat:eo tamen excepto , ne eius archiepiscopi Romanos imperatores inungerent ,quae praerogativa per leges aliis est concessa.Verum Angeli iam rerum per vim potiti metu ,et archiepiscopi illius levitate et simplicitate res co insolentiae devoluta est.Nunc unde locus is Bulgariae nomen sit adeptus explicabo.
Еднаш веќе императорот Јустинијан својот град кој ќе биде во неговата држава (земја,татковина) со многу други нешта го........,и прва Јустинијана го нарече и слободна јурисдикција(самовладеење) него му додели засекогаш,со исклучок неговиот архиепископ да не прогласува(помазува) римски императори,која привилегија со закон им е призната на другите.Меѓутоа, Ангелите кои сите нешта ги постигнуваа со силата на стравот ,со лесноумноста и простодушноста на овој архиепископ дрско ја превртеа работата.Сега ќе објаснам од каде тоа место Бугарија го добило името.На север од Истр(Дунав) има земја по која тече голема река, која домородците ја нарекуваат Булга, од неа го добиле името и самите Бугари, кои според своето потекло не се ништо друго, туку Скити.
Кога болеста на иконоборството ги мачеше православните, Бугарите излегоа оттаму со децата и жените и неброени ја преминаа реката Дунав (Истр).Поминувајќи ги потоа обете Мизии кои лежат на Дунав, и ограбувајќи ги Мизијците до гола кожа , нешто што стана поговорка, како некои скакулци или молња тие ја завземаа Македонија и соседната над неа Илирија, задоволни од удопствата кои таму ги најдоа. Како престолнина за во иднина го изградија оној град на кој Јустинијан му додели чест на Архиепископија и му даде име, како што рековме ,прва Јустинијана(De Achride a Justiniano privilegiis donata-Leo Alliatus ,lib 1 ,De consensu utriusque Eccl.,cap 25,n 4,Ducang). Потоа според името на народот кој таму се насели,земјата беше преименувана во Бугарија а прва Јустинијана беше призната за митрополија на Бугарија. Подоцна царот Василиј Бугароубецот, после многу битки со Бугарите , на крајот ги победи и пороби и оние кои живееа горе ги насели во Долна Мизија кон Дунав, но сепак името , како некој нивни споменик остана зад архиепископијата.
Теодор Ангел, станувајќи, како што рековме император(василевс) продолжи да уништува се со оган и меч, продирајќи се подалеку и подалеку, оставајќи зад себе една граница по друга, се додека не се најде пред портите на Византија, при што не наиде никаде на силен отпор.Но, поинаку не би можело да биде, затоа што македонските и тракиските градови беа разрушени на крајот, трпејќи кратки упади де од Латините, де од Бугарите,де од Скитите. Што не им правеа Скитите на христијаните - тоа е крвожеден народ – за ги повредат нечовечно?Но и Латините не само што не беа поумерени од Скитите, туку и далеку ги надминаа во суровоста.И не еднаш, не два пати, и не три,овие несреќници мораа да ги издржат ужасите на нивните грабежи, туку многу пати. Но тековната кампања на Ангел, ги уништи и оние малку што сеуште останале. Погледот на набљудувачот не можеше да види таму ништо друго освен ископани куќи, разурнати ѕидови, лимниска беда, тројански писок и пространство на сите можни катастрофи.
***

3

..........
Congressi ergo circa Cheronesum,imperator ed Asan,helenam Asanis filiam decem annos natam imperatoris filio nondum puberi Theodoro Lascari juniori conjugunt.Tunc etiam Ternobi episcopus liberam jurisdictionemin perpetuum impetrat,cum ad id usque tempus primae Justinianae archiepiscopo,propter veterem illius gentis cognationem,paruisset.

Тогаш се сретнаа на Херсон, императорот и Асан,ги соединија во брак Елена, ќерката на Асан, која имаше десет години и синот на императорот, помладиот Теодор Ласкар ,кој сеуште не беше полнолетен.Во тоа време, и владиката Трновски доби независност , а дотогаш тој беше подреден на архиепископот на прва Јустинијана, поради старото сродство на нивните народи.(гиа тин ту етнус екитен архаиан сигениан). Со почетокот на летото, императорот ги обиколи тракиските и македонските градови, почнувајќи, можеме да кажеме од самите порти на Византија, тој стигна до пред Стримон, и ги потчини сите овие градови до крајот на есента.Притоа исполнувајќи ги сите негови планови, тој се врати во Никеја, и армијата ја распушти за зимата по дома.

No comments:

Post a Comment