John Horgan е американски новинар најдобро познат по книгата од 1996 :“Крајот на науката„ (The End of Science).
Пишувал за многу публикации, вклучувајќи го „Scientific American„, "The New York Times„, „Time," Newsweek ", и “IEEE Spectrum”.
Добитник е на две награди за научно новинарство од Американската асоцијација за унапредување на науката и од Националното здружение на писателите за наука ,наградата „Науката во општеството„.
Дипломирал на Универзитетот "Колумбија" на Високата школа за новинарство во 1983 година.
Помеѓу 1986 и 1997 година тој пишува за Scientific American .Од 2005 е директор на Центарот за научно пишување (Center for Science Writings (CSW))
Од мај 2006 блогира на вебсајтот на Центарот за научно пишување.
Неговиот блог наречен Накрсно преиспитување(Cross-check) може да го следите ТУКА
Последниот негов блогпост се вика : „Пссст! Не им кажувајте на креационистите дека научниците немаат поим како започнал животот!„
Пред точно 20 години, напишав статија за Scientific American која во нацрт го носеше горниот наслов . Мојот уредник ми го пречкрта, па отидовме со нешто помалку драматично: "На почетокот ...: Научниците тешко се согласуваат во врска со тоа, кога,каде и-најважно-како животот прв пат се појавил на земјата." Мојот уредник го нема повеќе, па можам да го користам мојот стар наслов, што е дури и повеќе актуелен денес.
****
До средината на 20 век, многу научници сметаа дека првите организми биле создадени од авто-реплицирачки протеини. Откако Френсис Крик и Џејмс Ватсон покажаа дека ДНК е основа за генетската трансмисија во 1950, многумина истражувачи почнаа да ги претпочитаат нуклеинските киселини пред протеините како ур-молекулите. Но, има голема квака во ова сценарио. ДНК не може да направи ниту протеини ниту копии од себе, без помош на каталитички протеини наречени ензими. Овој факт всушност го превртува прашањето за потеклото на животот во класична кокошката или јајцето загатка: Што било прво ", протеините или ДНК?
РНК, помошникот на ДНК останува најпопуларниот одговор на оваа загатка, исто како што беше и кога го напишав "Во почетокот ..." Одредени форми на РНК може да дејствуваат како свои сопатвени ензими, делејќи се себе си на два дела и спојувајќи се повторно заедно. Ако РНК може да дејствува како ензим, тогаш таа може да биде во состојба да се реплицира без помош од протеини. РНК може да послужи како ген и катализатор,и јајце и пиле.
Но, "РНК-свет" хипотезата останува проблематична. РНК и нејзините компоненти е тешко да се синтетизираат под најдобри околности, во лабораторија, а камоли под веродостојни пребиотички услови. Откако РНК ќе се синтетизира, таа може да направи нови копии од самата себе само со голема доза на хемиско туркање до посакуваниот резултат од страна на научникот. Overbye (Dennis Overbye ) забележува дека "дури и ако РНК природно се појавила, шансите дека тоа се случило во вистинската секвенца за поттикнување на дарвинистичката еволуција изгледаат мали."
Светот од РНК е толку незадоволителен одговор што некои исфрустрирани научници посегнуваат многу подалеку-буквално по шпекулации. Најзастрашувачкао откровение во написот на Overbye е дека научниците повторно го оживуваат предлогот еднаш нафрлен од Крик (Francis Crick). Незадоволен од конвенционалните теории за почетокот на животот, Крик шпекулираше дека вонземјани дошле до Земјата во вселенски брод и го посадиле семето на животот пред милијарди години. Овој поим се нарекува режирана панспермија (directed panspermia). За помалку драматични верзии на панспермијата, некои микроби пристигнале на нашата планета преку астероиди, комети метеори или, едноставно летнале надолу како конфети.
***
Се разбира, теориитe на панспермија само го туркаат на проблемот на потеклото на животот во вселената. Ако животот не започнал тука, како започнал таму?
Креационистите се несомнено возбудени од фактот дека истражувањето потеклото на животот стигнало до ваков ќор-сокак (види на пример написот "Дарвинизмот побиен", кој го цитира мојот напис од 1991), но, не треба да бидат. Нивните објаснувања страдаат од недостаток на истиот: Што создал божествениот Творец?
И барем научниците прават чесни напори за решавање на тајната на животот, наместо да ја префрлаат сета вина на Бога.
Во 1999 Хорган ја издаде книгата „Неоткриениот ум :Како човечкиот мозок се бори против репликацијата,лековите и објаснувањето (The Undiscovered Mind: How the Human Brain Defies Replication, Medication and Explanation)„ а во 2005 книгата „Рационален мистицизам„(Rational Mysticism).
Книгите на Хорган не се обични шпекулации и налудничави интерпретации на научните проблеми туку заклучоци донесени од интервјуа со еминентни научници, а во последната книга и мистици и религиозни мислители.
Извонредно интересната и контроверзна книга на Хорган “Крајот на науката„ (The End of Science) ,со констатации кои стојат до ден денес(книгата е интересна поради интервјуата со најпознатите светски научници и филозофи од кои повеќето не се меѓу живите),може да ја прочитате тука:
John Horgan - Kraj znanosti
No comments:
Post a Comment