Дека Аријан е средновековен автор,роден можеби десет века подоцна од 2 век НЕ докажува делот од Анабазис каде се опишани" македонските пажеви" .
Добро ни се познати средновековните пажеви,деца до 14 години кои му помагаат на витезот и се учат на витешките вештини.Позната ни е и паж фризурата.
Па, ред е да се запознаеме и со „античките пажеви„.
Па, ред е да се запознаеме и со „античките пажеви„.
ГЛАВАXIII.Заговор на пажевите.
Беше обичај воведен од страна на Филип, синовите на оние Македонци кои уживаа високи функции, штом стасаат во пубертетска возраст , да бидат избрани да му служат на кралот, на неговиот двор.На овие млади луѓе им се доверуваше прислужувањето на кралот, и заштита на неговото тело додека спие.
Секогаш кога кралот јаваше, некои од нив ги водеа коњите од слугата кој беше задолжен за грижата за коњите, и ги носеа до кралот, а други му помагаа на кралот да се качи на коњот во персиски стил.
Тие исто така беа придружници на кралот при загревањето за лов. Меѓу овие млади луѓе беше и Хермол, син на Сопол, кој го ангажираше својот ум со проучување на филозофијата и го негуваше дружењето со Калистен за оваа намена.
Кружи една приказна во врска со овој младич за тоа дека еднаш во лов, дива свиња го нападнала Александар, и дека Хермол ја пресретнал со фрлање копје кон ѕверот, со кое бил поразен и убиен.
Но, Александар, откако ја загубил можноста да се истакне себеси ,тргнувајќи премногу доцна во напад, бил огорчен на Хермол, и во својот гнев наредил да биде исшибан пред очите на другите пажеви, а исто така му го одземал и коњот.
Овој Хермол, разочаран од срам кој го доживеал, му рекол на Сострат, синот на Аминта, со кој биле на иста возраст и интимни и доверливи пријатели, дека животот ќе му биде несносен ако не може да му се одмазди на Александар за навредата.
Тој лесно го убедил Сострат да му се приклучи во потфатот, бидејќи му бил многу приврзан.Тие ги врбуваа во своите планови и Антипатар, синот на Асклепиодор, кој беше вицекрал на Сирија, Епимен синот на Арсе, Антикле синот на Теокрит, и Филота син на Карсис од Тракија.Потоа, тие се согласија да го убијат кралот , напаѓајќи го во сон, ноќта кога за ноќна стража ќе дојде редот на Антипатар.Некои велат дека случајно се случило Александар да пие до зората, но Аристобул го запишал следново: некоја жена од Сирија , која била инспирирана од божествата, го следела Александар наоколу.
Прво таа била предмет на шега на Александар и неговите дворјани, но кога се видело дека нејзината инспирација е вистинска, тие повеќе не ја третирале со потсмев, туку и било дозволено да има слободен пристап до него и ноќе и дење и често да стои крај него, дури и кога спие.И навистина по тој повод, кога тој се повлекувал од пиење таа го сретнала, под инспирација на божеството, и побарала од него да се врати и да пие цела ноќ.
Александар, мислејќи дека има нешто божествено во предупредувањето, се вратил и продолжил со пиење и на тој начин потфатот на пажевите пропаднал.Следниот ден, Епимен, синот на Арсе, еден од оние кои учествувале во заговорот, му раскажал за потфатот на Харикле , син на Менандар, кој станал негов доверлив пријател и Харикле тоа кажал да Еурохле, братот на Епимен.
Еурокле пошол во шаторот на Александар и му ја раскажал целата афера на Птоломеј, синот на Лаг, еден од доверливите телохранители.Тој му кажал на Александар, кој наредил оние чии имиња биле споменати од Еурохле да бидат уапсени.Овие, подложени на измачување, го исповедале својот заговор, и ги спомнале и имињата на некои други.
No comments:
Post a Comment