Прокопиј Кесариски е кобожем еден од најголемите историчари на доцната антика. Тој е роден околу 500 и умрел околу 560 година Н.Е, со тоа што живеел ,поголем дел од својот живот, како современик на императорот Јустинијан (527-565). Прокопиј бил проценувач (правен советник) за персоналот на генералот Белисариус(Велисариос) и го придружувал во кампањата во Месопотамија, Африка и Италија.
Неговата најдолга и најважна работа се состои од историјата на војните на царот Јустинијан, која опфаќа две книги за персиските, две за вандалските, три за остроготските војни(Works by Procopius at Project Gutenberg), и последната книга ја продолжува приказната за сите три фронта. Делото го покрива периодот 527-551 Н.Е и е еден од најважните извори за историјата на Империјата во шестиот век и за нејзините варварски соседи.
Неговата најдолга и најважна работа се состои од историјата на војните на царот Јустинијан, која опфаќа две книги за персиските, две за вандалските, три за остроготските војни(Works by Procopius at Project Gutenberg), и последната книга ја продолжува приказната за сите три фронта. Делото го покрива периодот 527-551 Н.Е и е еден од најважните извори за историјата на Империјата во шестиот век и за нејзините варварски соседи.
Дигресијата за Словените(Склавините) во VII книга е најдолгиот опис на било која група варвари во целото дело за војните на Јустинијан. Дигресијата кобожем најверојатно е напишана во 550 или 551 врз основа на информации кои можел да ги има Прокопиј добиени преку интервјуата(!??!!) со платеници на Склавените и Антите во војската на Белисариус во Италија. (Преводот на Прокопиј во седум тома, превод од англиски превод на H. B. Dewing, vol. 4 (London/New York, 1924), pp. 269-273.)
(VII. 14. 22-30). Бидејќи овие нации, Склавени и Анти, не се управувани од еден човек, но тие живееле од старина под демократија а со тоа сето она што ја подразбира нивната благосостојба, без разлика дали за добро или за лошо, се упатувало на народот. Исто така е точно дека во сите други работи, практично гледано, овие два варварски народи имале од антички времиња исти институции и обичаи. Бидејќи тие веруваат дека еден Бог, создател на молњата, е господар на сите нешта, а тие му жртвуваат добиток и секакви други жртви, но за судбина (среќа,фортуна), тие ниту знаат , ниту пак на било кој начин признаваат дека има каква било моќ меѓу луѓето, но секогаш кога смртта стои блиску пред нив, или ако се паднати од болест или на почеток на војна, тие ветуваат дека ако се спасат, веднаш ќе му принесат жртва на богот во замена за нивниот живот, и ако се спасат , го жртвуваат токму она што го ветиле, и сметаат дека нивната безбедност е откупена со истата оваа жртва.
Тие почитуваат, сепак, и реки и нимфи и некои други духови, и исто така им жртвуваат на сите нив , и ги прават своите ритуали во врска со овие жртви.
Живеат во бедни живеалишта кои се многу оддалечени едно од друго, но, генерално, секој човек постојано го менува местото на престој.
Кога влегуваат во битка, поголемиот дел од нив оди против својот непријател пеш, носејќи штитови и мали копја во рацете, но никогаш не носат оклоп.
Навистина, некои од нив не носат дури и кошула или наметка, туку ги собираат пантолоните нагоре до нивните приватни делови пред да влезат во битка со своите противници.
И двата народи, исто така, имаат ист јазик, крајно варварски јазик.
Уште повеќе, тие не се разликуваат еден од друг во изгледот. Бидејќи сите се исклучително високи и здрави мажи, а нивните тела и косата не се ниту премногу светли или русокоси, ниту тие навистина се приклонуваат целосно на темниот тип, но сите тие се малку црвеникави во бојата.
И тие живеат тежок живот, не давајќи и не обрнувајќи внимание на телесните утешенија, исто како што прават Мизагетите, и како нив, постојано и во секое време се покриени со нечистотија, сепак, тие во ништо не се злосторници, туку го зачувале хунскиот карактер во сета негова едноставност.
Всушност, Склавените и Антите имале едно име во далечното минатото, за што обете племиња порано биле наречени Спори, бидејќи, претпоставувам, живееле далеку еден човек од друг, и ја населувале нивната земја спорадично.
И како последица на овој факт тие држат големо пространство на земјиште, бидејќи тие го населуваат најголемиот дел од северниот брег на Истар(Дунав). Значи толку може да се каже во врска со овие народи.
Описот „, сепак, тие во ништо не се злосторници, туку го зачувале Хунскиот карактер во сета негова едноставност„ не тера да размислиме дали воопшто секогаш ,велејќи Склавини, Прокопиј ги опишува истите Варвари.
Следува извадок за необичната суровост на Склавините и за нивните „методи„ за уништување на обичниот народ(не се работи за непријател во борба).Доколку, сепак, не се работи за жртвување луѓе на нивниот „бог на молњата„ :„ ......му принесат жртва на богот во замена за нивниот живот, и ако тие се спасат , тие го жртвуваат токму она што го ветиле, и сметаат дека нивната безбедност е откупена со истата оваа жртва„.
Следува извадок за необичната суровост на Склавините и за нивните „методи„ за уништување на обичниот народ(не се работи за непријател во борба).Доколку, сепак, не се работи за жртвување луѓе на нивниот „бог на молњата„ :„ ......му принесат жртва на богот во замена за нивниот живот, и ако тие се спасат , тие го жртвуваат токму она што го ветиле, и сметаат дека нивната безбедност е откупена со истата оваа жртва„.
Procop.Goth III-38
Тие ги убиваа луѓето кои ги среќаваа не со меч или копје ниту на друг вообичаен начин,туку фиксираа цврсто во земјата стапови изработени екстремно остро,насилно наседнувајќи ги кутрите луѓе на нив ,и внесувајќи го врвот на стапот помеѓу нивните бутини,ги притискаа додека не стигнат до нивната утроба.
Тие го смета ова за прикладен начин на убивање.Овие варвари исто така имаа обичај да набијат четири цврсти прачиња дрво и да ги врзат рацете и нозете на нивните затвореници за нив, потоа тие продолжуваа да ги тепаат по глава додека не ги убиеја како кучиња,знии или било кое друго животно.
Другите ќе ги затвореа во нивните колиби заедно со стоката која не можеа да ја носат со себе до нивната татковина и безмилосно ќе ги запалеа.Така Склавините ги убиваа оние кои ги наоѓаа.
Целосно за суровите методи на Склавините :
(549-550 )Procop.Goth III-38
Во истото време армија од Склавини, броејќи не повеќе од три илјади луѓе поминаа преку реката Истар (Дунав), не среќавајќи противник од другата страна, а потоа без многу проблеми, по преминувањето на реката Гевр (реката Гевр е потполно непозната,можеби Морава?) се поделија на два дела. Од една страна имаше илјада и осумстотини луѓе, а во втората беа вклучени сите останати. Предводниците на римската војска во Илирија и Тракија стапија со овие сили во отворена битка, но иако тие беа разделени, Римјаните беа поразени од страна на нивниот ненадеен напад, а некои од нив беа убиени, а други побегнаа во безредието.
Откако предводниците на Римјаните беа така разбиени од двете поделени чети на варвари, а варварите по број беа многу послаби од Римјаните, еден од непријателските одреди стапи во сојуз со Асбад. Тоа беше воин од одредот на телохранителите на царот Јустинијан, запишан во т.н. кандидати, а тој командуваше со редовна коњаница, која веќе долго време престојуваше во тракиската тврдина Цуруле а се состоеше од многу одлични јавачи. И нив, без многу проблеми Словените ги натераа во бегство, а во текот на ова срамно бегство многумина беа убиени, Асбад исто така го зедоа жив во заробеништво, а потоа го убија, фрлајќи го во оган, откако претходно си направија ремени од одраната кожата од грбот на човекот. После тоа тие почнаа бестрашно да грабаат, во сите овие области и во Тракија и Илирија и многу крепости и овој и друг одред Словени зеде во опсада, претходно никогаш Словените не се осмелуваа да пријдат до ѕидовите или да се спуштат во рамнината (во отворена борба), бидејќи претходно овие варвари некогаш дури и не се обидоа да поминат низ земјата на Римјаните.Дури и низ реката Истар(Дунав), како што видовме, за сето време тие се префрлија само еднаш, како што погоре јас веќе реков.
Овие Словени, победниците на Асбад, ја опустошија по ред целата земја до морето,завземајќи го исто така, и крајбрежниот град, по име Топер, иако во него имаше воен гарнизон. Овој град беше прв на тракискиот брег, а од Византија се наоѓаше на пат од дванаесет дена. Тие го завзедоа на следниот начин. Повеќето од непријателот се криеше пред утврдувањето, на речиси непроодни места, а малкумина се појавија на портата која гледа на исток, малтретирајќи ги Римјаните, со искачување на ѕидините. Римските војници, кои беа во гарнизонот, мислејќи дека непријателите не се повеќе од она што го гледаат, земајќи го оружјето, веднаш станаа против нив. Варварите почнаа да се повлекуваат и преправајќи се дека се плашат од напад, тие избегаа, и Римјаните во брканицата, излегоа далеку напред од утврдувањето. Тогаш паднаа во заседа, во задниот дел им беше пресечен патот за враќање во градот. Па дури и оние кои се преправаа дека се повлекуваат, се свртеа со лице кон Римјаните, ставајќи ги помеѓу два пожари.Варварите ги уништија сите, а потоа се упатија кон крепоста.Граѓаните, лишени од поддршката на војниците ,беа во крајна немоќ, но сепак требаше да размислуваат, колку што можат. Прво врз сите напаѓачи, истураа врело масло и смола и сите луѓе фрлаа камења на нив, но тоа навистина не се одрази многу долго врз заканата. Варварите, пуштајќи прво облак од стрели, се искачија насила по ѕидините, поставувајќи скали, и на сила го презедоа градот. До петнаесет илјади мажи, беа веднаш убиени, скапоценостите ограбени, децата и жените поробени. Првично, тие не поштедија ниту возраст ниту пол, почнувајќи од самиот миг кога ја нападнаа областа на Римјаните , убиваа се ,без разлика на годините, така што целата земја Илирија и Тракија беше покриена со непогребани тела. Тие убиваа секого што ќе го сретнеа, но не со ножеви и копја, или некои конвенционални методи, туку забивајќи колови цврсто во земјата направени многу остри, и со голема сила ги набиваа на нив овие несреќници со тоа што врвот на колот се забиваше помеѓу задникот , а потоа под притисок на телото тој навлегува во внатрешноста на човекот. Тоа е како тие сметаа дека е потребно да се справат со нив. Понекогаш овие варвари, набивајќи длабоко во земјата четири дебели колци ги врзуваа за нив рацете и нозете на затворениците, а потоа постојано ги тепаа со стапови по главата, убивајќи ги на таков начин како кучиња или змии или кои било други диви животни. Преостанатите, заедно со биковите или овците, кои не можеа да ги носат во границите на нивната татковина, ги заклучуваа во колибите и ги палеа без никакво жалење. Така од почеток Словените ги уништија сите жителите на кои наидоа. Така тие варвари, и оние од другиот одред, испивајќи море од крв, земајќи и некои свои браќа кои беа запленети , сите си отидоа дома, водејќи со себе безброј десетици илјади затвореници.
No comments:
Post a Comment