IMPERIUM ORIENTALE SIVE ANTIQUITATES CONSTANTINOPOLITANAE IN QUATUOR PARTES DISTRIBUTAE: QUAE EX VARIIS SCRIPTORUM GRAECORUM OPERIBUS Opera & Studia Domni Anselmi Banduri Ragusani, Presbiteri ac Monachi Benedictini e Congregatione Melitensi. Целосна големина Целосна големина Гиљелмо Делил (1675-1726),изработувачот на погорните карти е еден од најголемите картографи на 17 век. Изработил повеќе од 100 карти кои 1733 во Амстердам се собрани во атлас. Интересно е што картата на Делил не се совпаѓа со денешната претстава за поделбата на темите во Византија. Или некој го читал погрешно Константин Порфирогенет или постоеле две различни De Thematibus. На сликата е денешното поимање за византиската тема Македонија. На сликата е денешното поимање за византиската тема Македонија. На сликата е местоположбата на темата Македонија (според делата на византиските автори ) како што се читало во 19 век.
Според зборовите на арапските географи Ибн Кордабех и Ибн Ал Фагих,темата македонија(Магадунија) се протегала од „Долгиот ѕид„ се до „земјата на Словените„ на запад,аод Егејското и Мермерното море до границите на Бугарија на север.Подоцна,на запад таа се граничела со темата Солун а подоцна со темите Стримон и Болерон.Вака темата македонија немала врска со историскиот регион македонија и кога византиските автори зборуваат за „македонија„ тие мислат на западна Тракија.Затоа на пример императорот Василиј I Македонецот (867-886) потекнува од Тракија а македонската династија која ја основал е именувана според темата Македонија. Чудни работи.Династија не се нарекува според тема.Темата е чиста администрација.Сметам дека веројатно не постоела никаква „тема Македонија„ па затоа името Македонија се шетало по картата зависно од тоа кој апокрифист колку познавал географија во времето кога немало географски карти,односно 15-16 век. |
Search This Blog
Wednesday, December 7, 2011
ANTIQUITATES CONSTANTINOPOLITANAE 1829
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment