Search This Blog

Tuesday, September 11, 2012

Назореецот Исус



"Iesvs Nazarenvs Rex Iudaeorvm."

"Iésous o Nazóraios o Basileus tón Ioudaión "


Во библискиот Стар завет никаде не се спомнува град Назарет


Матеј2:23 и откако дојде се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни реченото од пророците дека ќе се нарече Назареец.
4:13 И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови,
21:11 А народот говореше: „Овој е Исус, Пророк од Галилејски Назарет.”

Марко: 1:9 И во тоа време, Исус дојде од Назарет во Галилеја, и Јован Го крсти во Јордан.
Лука1:26 А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет,

2:4 Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот Град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство,
2:39 И кога свршија сè според Господовиот Закон - се вратија во Галилеја во својот град Назарет.
2:51 И слезе со нив и дојде во Назарет, и им беше послушен. А Неговата мајка ги чуваше сите тие зборови во своето срце.
4:16 И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита.

Јован1:45 Филип го сретна Натанаила и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишува Мојсеј во Законот и Пророците: Исуса, синот Јосифов од Назарет.”
1:46 ”Може ли да излезе нешто добро од Назарет?”, му рече Натанаил. „Дојди и види”, му одговори Филип.

Дела Ап.: 10:38 Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.


, но затоа се спомнуваат некакви „назиреи„-божји луѓе.Назиреј може да бидеш цел живот а може и привремено да се заветуваш на „назарејство„.Назиреите не пиеле вино и производи од вино ,како на пример оцет,и не ја стрижеле косата.

БРОЕВИ - ЧЕТВРТА КНИГА МОЈСЕЕВА 
Глава  6 


 1 Господ му рече на Мојсеја:
  2 „Зборувај им на Израелевите синови и кажи им: ‘Ако некој, било маж или жена, се заветува за назирејство па ако Му се посвети на Господа,
  3 нека се воздржува од вино и од секаков жесток пијалак. Нека не пие ни скиселено вино ниту скиселен опоен пијалак; а нека не пие ни некаков сок од грозје, нека не јаде грозје, ни свежо ни суво.

  4 За цело време на своето назирејство не смее да јаде ништо што раѓа виновата лоза - од зрното до лушпите.’
  5 ‘Сè додека трае неговиот назирејски завет, нека не поминува брич преку неговата глава; додека не се исполни времето што Му го заветувал на Господа, нека биде посветен и нека остави косата да му расте слободно на главата.’
  6 ‘За сето време на својот завет пред Господа нека не се доближува до ниедно мртво тело.
  7 Нека не се онечистува ни заради татка си, ни заради мајка си, брата си или сестра си, ако би умреле, зашто на својата глава го носи посветувањето на својот Бог.
  8 Тој Му е посветен на Господа за сето време на своето назирејство.’
  9 ‘Ако некој умре одненадеж покрај него, онечистувајќи ја на тој начин неговата посветена глава, нека ја избричи својата глава на денот на своето очистување - нека ја избричи на седмиот ден.
10 А на осмиот ден нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, две грлици или две гулапчиња.
11 Свештеникот нека го принесе едното како принос за грев а другото како паленица, со тоа нека направи покривање на престапот за него, бидејќи згрешил заради мртовецот и ќе му ја освети неговата глава во тој ден.
12 Потоа наново нека Му ги заветува на Господа деновите на своето назирејство и нека принесе едногодишно јагне како жртва за престап. Нека не биде сметано поранешното време, зашто неговото назирејство беше онечистено.’
13 ‘Ова е Закон за назиреец: нека го доведат при влезот на Шаторот на средбата во денот кога ќе се исполни времето на неговото назирејство.
14 Нека Му донесе на Господа како свој принос: едногодишно јагне, без недостаток, за принос за грев; еден овен, без недостаток, за помирителна жртва;
15 натаму: кошница со пресни погачи од чисто брашно, замесени со масло и непотквасени колачи, намачкани со масло, со нивниот лебен принос и со налевница.
16 Откако свештеникот ќе го донесе тоа пред Господа, нека ги принесе неговите: приносот за грев и паленицата.
17 Потоа нека Му го принесе на Господа овенот како помирителна жртва заедно со кошницата со пресни погачи. Свештеникот нека ги принесе и неговиот лебен принос и неговата налевница.
18 При влезот во Шаторот на средбата, назиреецот нека ја остриже својата глава и - откако ги земе влакната од својата посветена глава - нека ги стави во огнот под помирителната жртва.
19 Потоа свештеникот нека земе варена плешка од овенот, една незаквасена погача од кошницата и еден пресен колак и нека го положи тоа во рацете на назиреецот, откако овој ќе ја остриже главата на своето назирејство.
20 Свештеникот нека го принесе тоа како движен принос пред Господа. Тоа е светина што му припаѓа на свештеникот, освен градите на движниот принос и бедрото на воздигнатиот принос. Потоа назиреецот може да пие вино.’
21 „Ова е Закон за назиреец, не сметајќи го она што би можела уште да принесе неговата рака. Ако освен своето назирејство ветил некаков дар, освен обредот на своето назирејство, нека направи како што се заветувал.”

Судии
Приказната за Самсон.Ангелот и се јавува на неговата мајка и најавува дека ќе роди син кој ќе биде долгокос Божји Назореј(Назареј,Назиреј)

 13:5 Зашто, ќе заносиш, еве, и ќе родиш син. И брич нека не помине преку неговата глава, зашто детето, од мајчината утроба, ќе Му биде посветено на Бога - ќе биде Божји Назиреј, и тој ќе почне да го избавува Израел од рацете на Филистејците.” 
13:7 Но ми рече: ‘Ти ќе зачнеш и ќе родиш син. Отсега не пиј вино ни жестоки пијалаци, и не јади ништо нечисто, зашто твоето дете ќе биде Божји Назиреј од мајчината утроба до смртта.’”





Амос

 2:12 „Но вие ги натеравте назирејците да пијат вино, а на пророците им заповедавте: ‘Не пророкувајте!’   

Јован

19:19 А Пилат напиша и натпис и го стави на крстот; а беше напишано: „Исус Назареец, Јудејски Цар.”  


Назорејството  е еден вид на аскетизам,доброволно земање завет на воздржување за да се постигне повисоко духовно ниво.Назир(Насер) е и еден од епитетите на пророкот Мухамед( не пиел вино и ракија од грозје) а и муслиманско име.

Дека Исус бил Назареј а не Назареец од градот Назарет како што погрешно сфатиле „новозаветните„ прикажувачи се гледа од следното.Жедниот Исус не сака ни на крстот да се напие вино за да не го прекрши заветот.


Матеј: 
27:34 Му дадоа да пие вино, измешано со жолчка, но кога вкуси, не сакаше да пие.
Марко:
15:23 И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими.
Лука:  
1:15 Зашто ќе биде голем пред Господа - нема да пие ни вино ни опојни пијалаци; и ќе се наполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка;
7:33 Зашто дојде Јован Крстител, ниту јаде леб, ниту пие вино, а велите: „Бес има!”




Како што гледаме и Јован Крстител бил Назареј.Современото име за христијаните на современ еврејски е notzrim.

Спорната забелешка од евангелието според Јован 

1: 46 ”Може ли да излезе нешто добро од Назарет?”, му рече Натанаил. „Дојди и види”, му одговори Филип.

Може да се сфати само во смисла дека не може да дојде ништо добро од некој Назареец.Аскетизмот не е својствен и е спротивен на духот на јудеизмот и тој до денес го отфрла назарејството .

Не постојат ниту археолошки ниту било какви други докази  дека пред 2 век НЕ постоел било каков град Назарет на местото и во близина на денешниот .Исус бил Назареец ама не граѓанин на назарет ниту роден таму туку аскета-Назореј,божји човек.










Monday, September 10, 2012

Ханибал=Слон

Ханибал со слоновите ( Annibale, duce Cartaginensis), Тит Ливиј историја, кобожем околу 1450

После Ханибал (247-182 ПНЕ) слоновите не стапнале во Рим се до саботата 12 март,1514 г кога португалскиот крал Емануел му испратил на папата Лав X на подарок еден слон.Слонот ,предизвикувајќи попатна атракција (делумно и со рушење на по некој конак) влегол во „Вечниот Град„во 2 часот попладне. Луѓето се качувале по покриви за да го видат португалскиот пратеник кој бил воден од искусен тренер (Индус) и на грбот носел еден црн Мавар (кој во рацете држел сребрено кофчеџе со подароци за папата). Возможно е некаде од толпата на овој спектакл да му се насладувал и славниот Леонардо Да Винчи.
Папата Лав X радосен како дете заедно со своите кардинали свечено го пречекал слонот-пратеник,кој при средбата му се поклонил дури три пати.По неколку дена слонот бил сместен во градините на Белведере,неговото идно постојано живеалиште.
Погодете како римјаните го крстиле знаменитиот слон. Погодивте. Името на слонот било Хано.(Hanno,Anno). Нагалено од многуте Ханибали во „античката„историја . Сите во 15 век знаеле античка историја . Кобожем.
Многу поверојатно е дека кога народот го прашал Индусот како се вика животното,тој на малајамски (индиски дијалект) им одговорил „Ана„(слон).
За жал во епитафот по смртта на слонот не е напишано неговото име.


На епитафот на слонот пишувало Д(Деус) М (Максимус)

Овде долу лежам закопан јас ,огромниот слон,кој кралот Емануел,освојувач на истокот ,го испрати како заробеник на Лав десетти на кој му се одушевува римскиот народ кој долго време такво животно не видел и виде во него човечки интелект(сенс).Судбината ми позавиде на мојот среќен дом во Латиус и не ми дозволи да му служам на мојо господар повеќе од 3 години.Затоа БОГОВИ,дадете му ги годините од животот кои таа ми ги одзеде на  големиот Лав.
Живееше седум години 
умре од ангина
беше висок дванаесет шаки
Споменикот е поставен од Џовани Батиста Бранкониус Аквилианус,папски коморник и чувар на слонот 1518(?) (јуни)
четврта година од понтификатот на Лав X  
Она што природата го открадна,Рафаел од Урбино со својата уметност го овековечи.


А слонот кобожем умрел 1516 и кои црни БОГОВИ  кога БОГ е кобожем еден во 16 век,не е јасно.Нејсе.

Една од најславните презентации на Хано била на 27 септември 1514 кога тој се појавил на забавата на прославата на празникот на Св.Кузма и Дамјан заштитници на семејството Медичи(семејството на папата Лав x).Папата на зафрканција качил на слонот некој поет кој очекувал да биде крунисан со ловоров венец на Капитол како „втор Петрарка„ ама слонот не сакал да помине преку мостот па несудениот носец на ловорики морал да се симне.

За голема жал на папата слонот наскоро починал а прославите за празниците на светците морале да продолжат без него.

Најважно е дека дознавме од каде доаѓа името Ханибал.Значело „слон„.Ама на индиски  а Ханибал кобожем  бил Африканец.

Ако не верувате,читајте ТУКА за посетата на првите слонови во средновековна Европа.


Friday, September 7, 2012

Виргилиус сес:Не трчај со антички ножици !

Египетски беронзени ножици 3 век ПНЕ

Античко грчки хируршки ножици 2-6 век НЕ


Помпеи,мурал.Античкоримски хирург вади врв од стрела од ногата на Енеј (Енеида)

Антички форцепс или ножички прашање е сега?Ножичките очигледно се многу модерни,врзани со штрафче.О мајн гот.Вакви ножички почнале да се прават дури во 18 век.Читај ТУКА

„William Whiteley & Sons (Sheffield) Ltd. is officially recognized as first starting the manufacture of scissors in the year 1760, although it is believed the business began trading even earlier. The first trade-mark, 332, was granted in 1791.
Pivoted scissors were not manufactured in large numbers until 1761, when Robert Hinchliffe produced the first pair of modern-day scissors made of hardened and polished cast steel. He lived in Cheney SquareLondon and was reputed to be the first person who put out a signboard proclaiming himself "fine scissor manufacturer".„




Античките се плашеле да кројат платно а ваму немало никаков проблем за хирургија?


Хируршки инструменти најдени во Помпеи.Ако ова е 1 век од НЕ.Ако античките можеле да прават вакви навои,навојни споеви и навртки,тогаш може и Плутарх гледал на  механички часовник.Значи ни срам ни перде да се немало во лагите за „антиката„.

Wednesday, September 5, 2012

Дворскиот шут-Терсит



Truth's a dog must to kennel; he must be whipp'd out, when 
Lady the brach may stand by th' fire and stink.  
The fool (King Lear)



Дека Илијада е средновековна поема нема никакво сомнение.Дури и да го занемариме опишаниот библиски обред на  жртвување на жртви паленици кои му се палат на Господа(Аполон) за да ги спаси од чума  а кои по печењето витезите подготвено чекаат да ги набодат на своите виљушки(!?) никако не може да се голтне епизодата со дворскиот шут Терсит со која започнува второто пеење.



Дворскиот шут не служел само за шеги и забава на ренесансните владетели туку и за критика на нивното однесување.Наводно Елизабета I од Англија,строго го критикувала својот дворски шут затоа што не бил доволно остар кон неа.
Само во ова светло( и никако поинаку) може да се разбере почетокот на второто пеење на Илијадата на Хомер.
Описот на Терсит е опис на вистински шут.Според „Хомер„,тој бил „најгрд од сета војска под Илион„,кривоног,подгрбавен,куц,со шилеста глава(?!).Јас богами шилеста глава не сум видел ама шилеста капа ми е нешто многу познато.

За илустрација, неколку „надгледни примери„ од 14,15 и 16 век.


Шутот покажува кон Господ на небото

Шутот танцува покрај библискиот Давид


Елена Тројанска на пат кон храмот на венера.Шутот (во преден план десно) на грбот носи мајмунче.

Александар Mакедонски седи на тронот.Шутот се мува околу бунарот(фонтаната?).
Шутот тропа на вратата со своето жезло

Шутот јава на своето жезло


(Шутот) Терсит нема милост ни кон Ахил ,ни кон Одисеј ,ни кон Агамемнон.Прашање е како „обичен војник„ како Терсит се осмелувал да се дере и да 'ржи на Агамемнон.Кога Одисеј ќе истрча да го смири,оправдувањето што Терсит може да се провлече со остриот говор е неговиот изглед(?!?).Одисеј се заканува дека ќе му ја соблече „кошулата„ и плаштот и ќе го исфрли гол од собранието а потоа го удира со жезло по грбот (прашање е чие жезло?,веројатно жезлото е на шутот Терсит,бидејќи шутот секогаш носи жезло.Некои измислуваат дека жезлото е на Агамемнон,но тоа Хомер никаде не го вели) .Терсит добива грозна рана на грбот а сите други(иако тажни) паѓаат од смеење.(?!?)

Ако не сте убедени,прочитајте ја „Троил и Кресида„ на Шекспир.Знаејќи точно каков вид карактер е Терсит - типичен „шекспировски шут



Monday, August 27, 2012

Стрижен,бањат,нецеливан

Уметнички приказ на „антички„ аквапарк


Огромните базени во кои уживале античките се нарекувале „нататио„ (natatio).


Базенот(natatio) 56 x 24 м , „Бањите на Каркала„ почеток на 3 век НЕ.Имајќи предвид дека „натус„ значи раѓање,создавање,веројатно по искуството на бањата „античките„ се осеќале како повторно родени.


Влезот во античките аквапаркови бил бесплатен.

Главните бањи биле оние на Агрипа,Нерон,Домицијан,Антонинус Каркала и Диоклецијан.Она кое денес ни е познато како „Пантеон„ било всушност предворје ( vestibule)на бањите на Агрипа и тој на „римскиот народ„му дозволил бесплатен влез.Шампион.

До 33 г ПНЕ само во Рим имало 170 „бањи„(базени).До крајот на 4 век НЕ имало 11 јавни и 926 приватни „бањи„.Во „бањите на Диоклецијан“ (356 x 316 м) изградени во 305 г НЕ можеле да се капат околу 3000 капачи(според зборовите на Олимпиодорус) .Во бањите (thermae)имало базени со врела,топла и студена вода .Бањите на Маркус Красус(оној кој се борел против Спартак) рекламирале дури и слатка и солена вода.(спред откриен натпис од 1749 дека некој си Јануариус ги „снабдувал„ бањите на Красус со топла и студена вода,а на кој начин -мистерија до денешен ден.)
Бидејќи античките не знаеле за сапун а систем за прочистување на водата бил сеуште мислена именка,можеме да си го замислиме доживувањео на античките бањи. Наместо сапун тие наводно се триеле меѓусебно (од маслотосо кое се мачкале ,замена за сапун) со нож наречен„стригил„(strigil)(од имево ми личи како нешто за стрижење што не е чудно бидејќи името веројатно му е „етруско„)






Апоксиоменос-гребач со стригил,класичен предмет на „античката„ скулптура.Овој откриен 1849та е изработен од Лисип 330г ПНЕ.Барем така треба да мислиме.


Откако главен град на „римското царство„ станал Константинопол,базените биле заборавени.Нови не се граделe а старите се распаѓале.Безобразните варвари им ги рушеле аквадуктите(не знаеле за што служат).

Нема да се задржуваме околу техничката изведба на античките аквапаркови.Сугестијата дека античките имале пумпи за вода а истовремено не знаеле да кројат и шијат облека и не постоел ни најобичен џеб( па металните парички кујзнае кај ги пикале додека се бањале) ,не знам за вас ама за мене е премногу.

Фактот пак,дека сите антички аквапаркови биле претворани во цркви не ме зачудува премногу.Мојата теорија е дека тие и биле изградени како цркви .Но не онакви цркви какви што гледаме денес .Веќе видовме дека во доцниот среден век свештенството имало чуден обичај да биде овековечено во друштво на голишави капачици.




Monday, August 13, 2012

Античкиот „историчар„ и „ренесансниот„ кардинал







Asinius Pollio, a man of a warm and ardent temperament, was determined that the buildings which he erected as memorials of himself should be made as attractive as possible; for here we see groups representing, Nymphs carried off by Centaurs, a work of Arcesilas:77 the Thespiades,78 by Cleomenes:79 Oceanus and Jupiter, by Heniochus:80 the Appiades,81 by Stephanus:82 Hermerotes,83 by Tauriscus, not the chaser in silver, already84 mentioned, but a native of Tralles:85 a Jupiter Hospitalis86by Papylus, a pupil of Praxiteles: Zethus and Amphion, with Dirce, the Bull,87 and the halter, all sculptured from a single block of marble, the work of Apollonius and Tauriscus, and brought to Rome from Rhodes.




Доказ дека „ренесансните„ пронаоѓачи на „антиката„ имале голема смисла за хумор е создавањето на ликот на тн Гајус Асиниус Полио (Gaius Asinius Pollio, 75 ПНЕ-4 НЕ).Бидејќи сите „антички„ имиња нешто значат името на овој значи „магарешки стап„ ,Asinus-магаре,polus-poli-стап,врв на стап.

Овој „магарешки стап„ бил војник,поет,драматург,политичар,литературен критичар и историчар во 1 век пред нашата ера.Неговата „историја„ била основа на „историите „ на Апијан(Пчелар) и Плутарх(Богаташ).Тој бил патрон на Виргилиј(Невин,Девствен) и пријател на Хорациј(Саатчија).Го измислил читањето на авторот  сопственото дело пред публика.

Наводно „стапов на магарево „од парите од воениот плен здобиен во борбите рамо до рамо со Цезар,Помпеј,Марк Антониј ,Октавијан и други ја изградил првата јавна библиотека во Рим тн Atrium Libertatis.Библиотеката имала две „крила,грчко и латинско и била украсена со прекрасни статуи на познатите „антички„ херои.Една од скулптурите кои ја украсувале „веројатно непостоечката ) античка библиотека била Фарнескиот бик-Торо Фарнезе.



Ова е колосална мермерна скулптура која наводно во 1546 ја „откопал цела„ папата Павле III бидејќи му требало нешто за да ја украси Палатата Фарнезе.


Папата павле III претставен на ѕидовите на банкет салата во Палатата Фарнезе.папа опколен со голи женски е многу честа слика во „ренесансата„.Некои папи си имале и свој харем.Да не ги спомнуваме другите перверзии .


Не биле сите ренесансни претстави религиозни.Борба со бикови(!) пред Палатата Фарнезе ,средина на 16 век.Би рекол дека „религозноста„ во 16 век поинаку се сфаќала и вриела од голи женски.


Неверојатна среќа што се пронашол „Бикот„.Исто како сега во двор да си ископаш комплетно функционален точак .За потребите на палатава истата година и на исто место( „Бањите на Каркала„) бил„ пронајден„ и познатиот Херкулес фарнезе.



Всушност внукот на папата Павле III ,кардиналот Алесандро Фарнезе (1520-1589)имал голема љубов кон уметноста.


Алесандро Фарнезе (Асиниус Полио?).неговиот гроб е во Црквата на Гезу(Chiesa del Gesù) главниот храм на Езуитите


Градината Фарнезе(гравура 1761)првата ботаничка градина направена од Алесандро Fарнезе врз „античките„ руини,денес во слична состојба како Колосеумот.



Friday, August 10, 2012

Двојници (2)


Селска куќа во Галичник ,(Јозеф Обребски во Македонија,30 -ти години на 20 век.Цела галерија ТУКА)


Реконструирано „праисториско„ наколно живеалиште,12-7 век пред нашата ера ,Охрид-Музеј на вода