Search This Blog

Monday, October 15, 2012

Спарта или Лакедаимонија-Земја на демонските слуги

Зборот „Спарта„Σπάρτη  значи „узда„ исто како што „Albalonga" значи „бела узда„.


Другото име за Спарта е Лакедаимонија-Λακεδαίμων. Ако го разделиме зборов добиваме Λακε-δαίμων.Наводно Λακε значело „вика,рика„- со корен од 'lasko-вреска или 'lakizo-кине. Значи „врескачки дух„ или„ дух што кине„. Бидејќи ова не е стрип со Загор тешко дека Спарта била „земја на врискачките духови„.

Нашиот средновековен Плутарх од кинењето си направил приказна дека некое спартанско момче си ја искинало утробата со голи раце(пих) за да не признае дека украло лисица(?!) . Предложено е и етимологија од 'likos-волк. Волчји дух. Покахонтас.

Кобожем а и меѓудругото и статуата на Хермес кој го носи в раце детето Дионис стоела на „плоштадот „ во Спарта. Ваква скулптура е откриена во 19 век во Олимпија. Наводно „дело„ на Праксител (4 век ПНЕ).


Спарта бил град без тврдина.Нема останато ни камен кој би посведочил са некаква „античка„ величина на градот.Освен два три ѕида од „антички„ театар од „римски период„ не е пронајдено ништо друго.


ΚΑΤΑ ΜΑΤΘΑΙΟΝ 9:32 Greek NT: Greek Orthodox Church
Αὐτῶν δὲ ἐξερχομένων ἰδοὺ προσήνεγκαν αὐτῷ ἄνθρωπον κωφὸν δαιμονιζόμενον·

Додека тие излегуваа, ете, Му доведоа човек нем и опфатен од демон. 

MK - Библија 1990 - Мт. 9:32
Додека тие излегуваа, ете, доведоа еден човек нем и бесен. 

BG - Библия 1940 - Мт. 9:32
И когато те излизаха, ето, доведоха при Него един ням човек, хванат от бяс. 

BG - "Цариградска" - Мт. 9:32
И когато те излезваха, ето, доведоха му един человек нем и беснуем. 

BG - "Синодален" - Мат. 9:32
Когато пък тия излизаха, ето, доведоха при Него един ням човек, хванат от бяс. 

SR - Дан-Караџић - Мт. 9:32
Кад они пак изиђоше, гле, доведоше к Њему човека немог и бесног. 

RU - Russian Bible - Мт. 9:32
Когда же те выходили, то привели к Нему человека немого бесноватого. 

EN - King James - Mat. 9:32
As they went out, behold, they brought to him a dumb man possessed with a devil. 


Мнозина од нив велеа: „Опфатен е од демон и безумствува, зошто Го слушате?”


ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 10:20 Greek NT: Greek Orthodox Church
ἔλεγον δὲ πολλοὶ ἐξ αὐτῶν· Δαιμόνιον ἔχει καὶ μαίνεται· τί αὐτοῦ ἀκούετε;
  

Многу биле глупи овие преведувачите на Септуагинтата во Александрија.Од „добар дух„ направиле „ѓавол„. Впрочем, зборот „демон„ во ниедна смисла  го нема во Стариот Завет. 
Таму најмногу има „зол дух„ и „господов дух„ кој влегува во „пророците„ односно „јасновидците„.Само во Новиот Завет има некакви „дајмони„

Наводно „δαιμον„ во „класиката„ не означувало „зол дух„туку духовност а εὐδαιμονία-значело „среќа„. Божествената инспирација на Сократ,Платон ја опишал како „демонска„. Нека биде така.

Но што правиме со зборот „лакеј„( lackey, lacquey) кој наводно во значење на „униформиран слуга„ потекнува од 16 век.

Зборот е со нејасна етимологија.Има неколку теории

1.Од Средновековен Француски- laquais во значење на војник пешак,слуга
2.Од турски „ulak„-гласник
3.Галски-келтски-leac-kamen

λακε-денес( од каде и како не се знае) на грчки значи „лакеј„ -слуга.

Познато е дека простиот народ(староседелците) врз кој владееле Спартанците се нарекувал Илоти-Εἵλωτες,со статус „меѓу робови и луѓе„ .Името им е  навистина „божествено„ бидејќи ИЛ(Бог)-оти.

Како и секогаш зачудувачки е што Илотите никогаш не кревале востанија иако биле безобразно третирани.на пример секој Лакедамонец(Спартанец) можел да ги убие без да одговара. Половина од заработката ја давале на „привилегираните„ и слично.Или биле ментално ретардирани или едноставно никогаш не постоеле ни едните ни другите туку приказната за дупликатот на  „Римјаните„ и „Словените„(за кои "Римјаните" имале готово име десетина века пред тие да се појават на историската сцена-sclave)  фантомски одлетала во минатото.


Wednesday, October 10, 2012

Јагермајстер битешен!

Го читам по стоти пат житието на нашиот Константин Филозоф наречен Кирил(Кирил ,од Кир,КР- ЦР значи ЦАР исто како и Василие-цар,) и итно ми треба доза „Јагермајстер„ .Зошто?

Заклучив дека Владислав Граматик од Младо Нагоричане кој го пишувал или препишувал житието на Светиот бил извонредно информиран човек .Житието на Св.Кирил започнува многу интересно. Еве вака

Кога го дадоа на учење книга, во науката успеваше повеќе од сите сите ученици благодарение на меморијата и големата вештина, така што сите беа воодушевени.
Еден ден, според обичајот на синовите на богатите луѓе да одат на лов, појде со нив во полето, земајќи го со себе својот јастреб, и кога го пушти, според волјата на Бог , се крена ветер, го потфати и го однесе.Момчето од тоа време падна во очај и тага, и два дена не јадеше леб. Бог милосрден со своето човекољубие, не сакајќи, да се привикнува на световни работи, лесно го фати како во старина што го фати Плакида во лов со елен, овега - со јастреб.
Размислувајќи во душата за суетата на овој живот, се покаја, велејќи: "Таков ли е овој живот, каде место радост се раѓа тага?Од овој ден ќе тргнам на нов пат , подобар, и во возбудата на овој живот , своите денови нема залудно да ги потрошам. "

Во потрага по Плакида дојдов до заклучок дека за Плакида ни еден составувач на житието не можел да знае пред 13 век, особено ако е од балканските краишта, затоа што интернет во среден век-немало.

Идејата за Плакида потекнува од збирката житија на светци„ Златна легенда„ (Legenda aurea) доцносредновековен бестселер составен од Јакобус де Ворагине т.е.Џакопо де Вараце (наводно 1230-1298г) доминикански фратар и архиепископ од Ѓенова-Италија.

Авторот житијата наводно ги компајлирал од Historia tripartita et scholastica (веројатно онаа на Касиодорус,божем 6 век) и разни други извори .

Покрај ненормалното рачно препишување(постојат околу 800 манускрипти од делото) и печатеното издание од 15 век (веднаш по измислувањето на пресата)овој бестселер во 15 век достигнал огромен тираж на разни јазици .Неговиот тираж бил поголем од оној на Библијата.

Јакопо не само што комплајлирал туку и самиот многу си додавал.На пример на почетокот од житието на светецот секогаш започнувал со фантастична етимологија на неговото име во христијански дух.Нема причина да не веруваме дека останатото е „жива вистина„.








L’église Saint-Eustache црквата Свети Евстатиј во Париз (  изградба 1532-1637)



Свети Евстатиј на ѕидовите на Кентербериската катедрала


Според Златната легенда житието на Плакид,Плацидус оди вака.



Плакид бил богат Римски водач на коњица (со други зборови-витез) кој му служел на императорот Трајан а по конвертирањето во христијанство тој станува Свети Евстатиј (светец популарен во средновековието а подоцна исфрлен од календарче затоа што житието му било премногу„фантастично„)

Од Панонската легенда за Св.Кирил
Еден ден, според обичајот на синовите на богатите луѓе да одат на лов, појде со нив во полето, земајќи го со себе својот јастреб, и кога го пушти, според волјата на Бог , се крена ветер, го потфати и го однесе.Момчето од тоа време падна во очај и тага, и два дена не јадеше леб. Бог милосрден со своето човекољубие, не сакајќи, да се привикнува на световни работи, лесно го фати како во старина што го фати Плакида во лов со елен, овега - со јастреб. Размислувајќи во душата за суетата на овој живот, се покаја, велејќи: "Таков ли е овој живот, каде место радост се раѓа тага?Од овој ден ќе тргнам на нов пат , подобар, и во возбудата на овој живот , своите денови нема залудно да ги потрошам. "
Од Златната легенда за Свети Евстатиј-Плакид

Еден ден,додека беше на лов,тој најде крдо елени,помеѓу кои забележа еден поубав и поголем од другите кој беше го напуштил крдото и заскитал во најдебелата шума.Додека другите витези јаваа по другите елени Плакид со сета сила го гонеше да го фати овега.А кога еленот виде дека го следи со сета сила ,на крајот се искачи на висока карпа и Плакид,доближувајќи му се размислуваше како да го улови.Додека внимателно го гледаше еленот помеѓу неговите рогови ја виде формата на светиот крст кој сјаеше посилно од сонцето и сликата на Христос која преку устата на еленот ,како во старина на Балаам магарето,му проговори,велејќи:Плакиде ,зошто ме следиш?Ти се појавив во оваа форма за да те благосовам.Јас сум Исус Христос кого ти во незнаење го почитуваш и затоа дојдов вака во еленов за додека ловиш,јас да те уловам тебе.
Некои велат дека сликата меѓу роговите ги изговорила овие зборови.А кога Плакид го слушнал ова ,многу се исплашил и се симнал од коњот.По еден час (?!) откако си дошол на себе,станал од земјата и рекол:Повтори го ова што го рече и ќе ти поверувам.А потоа нашиот Господ Бог рече:јас сум Исус христос кој ги создаде небото и земјата,кој направи да се појави светлина и ја оддели од темнината и го создаде времето,деновите и часовите(?).Кој создаде човек од земја и се појави на земјата во крв и месо заради здравје на човечкиот род, кој беше распнат,мртов,закопан, и стана на третиот ден.А кога Плакид го слушна ова падна на земјата и рече:Ти верувам Боже дека ти си создал се и си ги преобратуваш оние кои гршат.А Господ Бог наш му рече:Ако веруваш,оди кај бискупот на градот да те крсти.А Плакид одговори:Боже,треба ли ова да го кријам од жена ми и синовите?А Господ му рече:кажи им дека и тие заедно со тебе се чисти.И гледај утре пак да дојдеш зошто пак ќе ти се појавам и ќе ти го покажам она кое ќе се случи подоцна.А кога дојде дома тој и раскажа се в кревет на жена си,а таа извика:Господе!и рече.и јас го видов минатата ноќ и тој ми рече:Утре ти,твојот сопруг и синовите ќе дојдете при мене.А сега знам дека тоа беше Христос.Потоа тие отидоа кај бискупот во Рим на полноќ и тој ги крсти со голема радост и му даде име Евстатиј на Плакида а Теоспис на жена му.

Маченикот Св.Евстатиј според Златната легенда починал во ноемвриските календи година 120.Целата легенда ТУКА(англиски)

Значи еве од каде препишувал создавачот на „Панонските легенди„,Комплетно исти стил ,дури и по малку плагијат.Следува дека „Житието на Св.Кирил„ не може никако да се однесе пред 15ти век а најрано 13ти.

Реформацијата се разбира ја убила популарноста на „Златната легенда„.Николај Кузански им забранил на свештениците да ја користат „легендата„.Наводно чудесиите и мачеништвата на светците биле недоволно„реалистични„.

Контра -реформаторите пак,го ангажирале езуитот Жан Боланд  хагиографијата да ја претвори во „егзактна наука„.Во оваа клима „Златната легенда„ паднала во заборав.Оживеана е дури во 19 век со појавата на романтичното обожување на Средниот век и Ренесансата.

Смешното е што плакидовиот елен е лого на дижестивот Јагермајстерот .Јагермајстер значи мајстор- ловец.


Смешно е и било кој да се држи за панонските легенди како за „историски извор„Секој ваков шаблонски„историски извор„ на крајот води до Библијата.Се разбира доколку самата денешна Библија не е  проширено и дополнето издание на легендиве.


Tuesday, October 9, 2012

Лаокон или Змијодржец ?




Цртежот на Лаокон на Вилијам Блејк  околу1826-27



Вилијам Блејк бил лош цртач(иако бил професионален графичар и учел графика 7 години) но добар размислувач.Но не секогаш добриот размислувач носи и добри заклучоци.Веројатно бил одушевен од „античката„ скулптура на Лаокон но сепак нешто му било нејасно.Неговиот цртеж е исполнет со коментари на три јазици.Веројатно асоцијации кои му паѓале на памет додека го набљудувал делото.

Еве што пишува на цртежот(забелешките во заграда се мои)

1.Ако Моралот беше Христијанство,Сократ ќе беше Христос.(токму така,античкиот Сократ најверојатно е смислен според прототипот на  Исус)
2.יה (Јахве) и неговите два сина Сатан и Адам,прецртани од Херувимите на храмот на Соломон од тројцата од Родос(мисли на „античките„ скулптори кои наводно ја правеле скулптурата) и применети во Природа оносно историјата на Илиум(Троја) 
3.Уметност Деградирана,Имагинација Одречена Војната  ги раководела Нациите.
4.Зло
5.Доброто и Злото се Богатство и Сиромаштија,Дрво на Мизеријата,размножува Раѓање и Смрт
6.Боговите(Лаокон не бил бог) на Пријам се Херувимите на Мојсеј и Соломон:Домаќини на Небото
7.Без Непрекинато Вежбање ништо не може да се направи Вежбањето е Уметност ако го запоставиш Изгубен си.(хм)
8.Ангелот на Божествената Присутност
9.מלאך יהוה Ангелот на Јахве




10.ΟΦΙουΧος Змиедржец

11.ХЕБРЕЈСКАТА УМЕТНОСТ е наречена ГРЕВ од Божјата НАУКА Се она што Гледаме е Визија од Генерираните Органи исчезнато веднаш штом дојде Постојаното од Имагинацијата(значи реалноста,она физичкото кое го гледаме е потиснато од постојаноста на фантазијата) сметана за НИШТО од ПРИРОДНИОТ ЧОВЕК (обичниот човек смета дека имагинацијата ,фантазијата не постои ,е ништо, ама таа сепак го потиснува неговото физичко постоење.Многу добро кажано.)
Се што може да се Создаде може да биде Уништено Адам е само Природен Човек а не Душа или Имагинација (човеков и оддава почит на фантазијата,многу е во право,од две-три приказни и гледање во небото е смислена цела „античка „ историја)




12. Добро
13.לילית Лилит (Исаија 34:14)(според средновековна легенда ,првата жена на Адам направена од земја за разлика од Ева која е од реброто на Адам)
Жената на Сатаната Божицата Природа е војна и Мизерија и Хероизмот е Мизерија(страдање)
14. Духовна Војна Израел спасен од Египет е Уметноста спасена од Природата и Имитацијата(на природата).
15.Поет Сликар Музичар Архитект:човек или жена кои не се ова не се Христијани
Мора да напуштите Татковци и Мајки(Лука 14:26) и Куќи и Земја ако се испречени на патот на Уметноста
16.Вечното тело на човекот е ИМАГИНАЦИЈАТА,таа е самиот Бог 
ישע (Јешуа,ЈШ,Исус ова ЈШ на „словенски„ би дошло ЖШ-живееш,ЈХВХ-Жв-Жив ЖШ -Јешуа-Живеј) ние сме негови Крајници(делови од телото)
17.Тој се манифестира себеси преку Уметничките Дела(во Вечноста Се е Визија)
Вистинското христијанско Милосрдие не зависи од Парите
 Животи крв на Сиромашните Семејства која е на Цезар или на Империјата или на Природната Религија
Пари кои се Големиот Сотона или Разум
Корен на Доброто и Злото
Обвинение за Грев

                              Јохан Кеплер во 1604 набљудувал експлозија на Супернова во ногата на „змиедржецот„,на сликата означено со Н

18.Молитвата е Студија(учење) на Уметноста Фалбата е Практицирање на Уметноста
Постот и сл се е во релација со Уметноста надворешната Церемонија е Антихрист

16.Онаму каде постои идеја за Пари не може да постои Уметност,но само Војна читајте го матеј глава 10 (9-10)-(9 Не набавувајте ни злато, ни сребро, ниту бакар во вашите појаси;
10 ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата прехрана.)
11.Со претензии кон двете Невозможности Чесност и Воздржување Богови на Варварите
Тој се покаја што го створил Адама(од Жена,Адамах) и го жалеше од сесрце
12 Уметноста никогаш нема да постои без
Да се покаже Голата Убавина
Боговите на Грција и Египет беа Математички дијаграми
Видете ги делата на Платон

13.Божествената Унија се Потсмева и ја Одрекува Непосредната(брзата) Комуникација со Бога
Расипувачите велат Каде се неговите Дела кои ги создал во Пустината О што се Овие од каде дојдоа Овие ова не се Делата на Египет или Вавилон чии Богови се Моќите на овој Свет.Божица,Природа
која прво ја расипува а потоа ја уништува Имагинативната Уметност
Бидејќи нивната Слава е Војна и Доминација Империјата против Уметноста види ја Енеида на Виргилиј книга 6 стих 848(Not as the people pleas'd, but as they paid-не колку луѓето се задоволни туку колку  платиле)
За Секое
Задоволство
Парите
се Бескорисни
Има држави во кои Визионерите
се третирани како Лудаци
такви се Грција и Рим (?!?)
Такви се Империјата или Данокот види Лука 2:1( 1 А во она време излезе заповед од царот Август за попис на сите жители.)

14.Исус и Апостолите и Учениците сите биле Уметници Нивните Дела биле уништени од Седумте Ангели на Седумте цркви во Азија Антихрист Наука непродуктивниот човек не е Христијанин а уште помалку Уништувач

15.Стариот и Новиот Завет се голем Код на Уметноста

НАУКАТА е Дрвото НА СМРТТА
УМЕТНОСТА е Дрвото на ЖИВОТОТ
БОГ е ИСУС

Целата Дејност на Човекот е Уметноста и сите Слични Нешта
нема Таинственост во Уметноста
Она кое го нарекуваме Антички Скапоцени камења на заштитниот Градник на Арон

16.Христијанството е Уметност а не Пари
Парите се нејзиното Проклетство

Зарем секој човечки Порок не е отворено опишан во Библијата
не е се Грев што Сатаната така го нарекува
сета Љубов и Божја Милост на вечноста


Многу интересно.Змиедржецот односно соѕвездието Офиухус (офис-змија,змеј на грчки) и мене ме постсетува на Лаокон


Лаокон и „синови„,веројатно дело на Микеланѓело 1475-1564

Од книгата „Астрогносија на 16 век„

Змиедржецот( на латински Serpentarius )  најубаво со голо око се гледа во лето.Во римската митологија „држачот на змиите „ е Асклепиус(уште еден двојник на Исус).Еве како „античкиот „ Аратус(4-3век пред нашата ера, наводно препишано од „изгубениот каталог„ на  уште поантичкиот Евдокс Книдски ) го опишал соѕвездието Змиедржец.
„Во близина на грбот на Фантомот (соѕвездието Херкулес)е Круната(?! Corona borealis, да забележиме дека во антиката НЕМАЛО КРУНИ ,тие носеле ловорови или дабови ливчиња во венче) ,но со својата глава тој е во близина на главата на змиедржецот а потоа оттаму може да го забележите сјајниот Змиедржец, толку сјајно под неговата глава се сместени неговите сјајни раменици.Би можеле јасно да се маркираат дури и на месечина на средина на месецот ,но рацете не му се толку сјајни а бледо светат и ѕвездите од оваа и од онаа страна.Но сепак може да се видат,бидејќи не се слаби.Двете (раце)цврсто ја држат змијата која го обиколува појасот на Змиедржецот,но тој стоејќи цврсто на обете нозе добро позиционирани цврсто го гази чудовиштето,дури и Шкорпијата која стои право на неговото око и градите.Змијата е завиткана околу обете негови раце-малку над неговата десна рака но повеќепати свиткана околу левата„



                                                   Соѕвездието Круна нема врска со венец


Змиедржецот ја сече еклиптиката и може да се нарече„ 13 ти хороскопски знак„(29Ноември-17 Декември).Според положбата тој е меѓу соѕвездијата Шкорпија и Стрелец.Можно е „синовите„ на „Лаокон„ да се двете заборавени соѕвездија „Bootes„ и „Antinous„(обожениот љубовник на императорот Адријан)




„Страшниот Папа „Јулие II„ кој го „откопал„ Лаокон и синови во лозје е роден на 5 ти Декември 1443 (по јулијански календар ,па пресметката дали е роден во Змиедржец е виша математика,нема да се замарам но изгледа така е) а крунисан на 28 Ноември 1502(пак во Змиедржец, интересно да се забележи).

Wednesday, October 3, 2012

Носи си го својот стап тоест крст


                                                                               


Има една поговорка „Секој го носи својот крст„ демек во смисла дека секој си има свои маки.
Читајќи ги евангелијата(Новиот завет) забележав дека според преведувачите на божјото житие светите Апостоли секаде со себе си носеле  крст уште пред Исус да биде распнат на него.

Ова е чудно,веројатно Христос не знаел дека преносно „носи го својот„ крст ќе стане алегорија уште пред тој да мора да го носи ?

Поверојатно е дека учениците носеле стапови,бастуми за потпирање за да не се изморуваат од долгото одење.

Во што е кваката?


MK - Библијa 1999 - Мт. 16:24
Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека Ме следи.

MK - Библија 1990 - Мт. 16:24
Тогаш Исус им рече на Учениците Свои: “Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене;

BG - Библия 1940 - Мт. 16:24
Тогава Исус каза на учениците Си: Ако иска някой да дойде след Мене, нека се отрече от себе си, нека дигне кръста си, и така нека Ме последва.

BG - "Цариградска" - Мт. 16:24
Тогаз Исус рече на учениците си: Ако иска некой да дойде след мене, нека се отрече от себе си, и нека дигне кръста си, и нека ме следва.

BG - "Синодален" - Мат. 16:24
Тогава Иисус рече на учениците Си: ако някой иска да върви след Мене, нека се отрече от себе си, да вземе кръста си и Ме последва;

SR - Дан-Караџић - Мт. 16:24
Тада Исус рече ученицима својим: Ако ко хоће за мном ићи, нека се одрекне себе, и узме крст свој и иде за мном.

RU - Russian Bible - Мт. 16:24
¶Тогда Иисус сказал ученикам Своим: если кто хочет идти за Мною, отвергнись себя, и возьми крест свой, и следуй за Мною,

EN - King James - Mat. 16:24
Then said Jesus unto his disciples, If any man will come after me, let him deny himself, and take up his cross, and follow me. 

ΚΑΤΑ ΜΑΤΘΑΙΟΝ 16:24 Greek NT: Greek Orthodox Church
Τότε ὁ Ἰησοῦς εἶπεν τοῖς μαθηταῖς αὐτοῦ· Εἴ τις θέλει ὀπίσω μου ἐλθεῖν, ἀπαρνησάσθω ἑαυτὸν καὶ ἀράτω τὸν σταυρὸν αὐτοῦ καὶ ἀκολουθείτω μοι.  


Ставрос (тон ставрон) не значи крст.Значи стап.И при распнувањето во грчкиот текст стои дека Христос бил обесен на столб(ставрос).Крстот наместо стап(столб,стлп), е измислица на Латините кои   зборот столб го превеле како крст,крукс (crux).Зошто?

Зошто столбот би станал крст по ѓаволите?Од каде тоа?

Апостолите знаеле дека немало никаков крст а на пример во Делата Апостолски грчкиот збор ксилон(што значи дрво) не можел никако да се преведе како што се превел ставрос(столб).





MK - Библијa 1999 - Дела 5:30
Бог на нашите татковци Го воскресна Исуса, Кого вие Го обесивте на дрво и Го убивте.
MK - Библија 1990 - Дела 5:30
Богот на нашите татковци Го воскресна Исуса, Кого вие Го обесивте на дрво.
BG - Библия 1940 - Д.А. 5:30
Бог на бащите ни възкреси Исуса, Когото вие убихте като Го повесихте на дърво.
BG - "Цариградска" - Д.А. 5:30
Бог на отците наши възкреси Исуса, когото вие убихте като го повесихте на дърво.
BG - "Синодален" - Деян. 5:30
Бог на отците ни възкреси Иисуса, Когото вие умъртвихте, като Го повесихте на дърво.
SR - Дан-Караџић - Д.А. 5:30
Бог отаца наших подиже Исуса, ког ви убисте обесивши на дрво.
RU - Russian Bible - Д.А. 5:30
Бог отцов наших воскресил Иисуса, Которого вы умертвили, повесив на древе.
EN - King James - Ac. 5:30
The God of our fathers raised up Jesus, whom ye slew and hanged on a tree.
Или
MK - Библијa 1999 - Гал. 3:13
Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” -

MK - Библија 1990 - Гал. 3:13
Христос не откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: "Проклет да е секој што виси на дрво!",

BG - Библия 1940 - Гал. 3:13
Христос ни изкупи от проклетията на закона, като стана проклет1 за нас; защото е писано: "Проклет всеки, който виси на дърво";

BG - "Цариградска" - Гал. 3:13
Христос ни изкупи от клетвата на закона, понеже той стана клетва за нас; защото е писано: "Проклет всеки който виси на дърво;"

BG - "Синодален" - Гал. 3:13
Христос ни изкупи от клетвата на закона, като стана заради нас клетва (защото писано е: "проклет е всеки, който виси на дърво"),

SR - Дан-Караџић - Гал. 3:13
Христос је нас искупио од клетве законске поставши за нас клетва, јер је писано: Проклет сваки који виси на дрвету:

RU - Russian Bible - Гал. 3:13
Христос искупил нас от клятвы закона, сделавшись за нас клятвою--ибо написано: проклят всяк, висящий на древе, --

EN - King James - Gal. 3:13
Christ hath redeemed us from the curse of the law, being made a curse for us: for it is written, Cursed is every one that hangeth on a tree:



Или



MK - Библијa 1999 - 1 Петр. 2:24
Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревовите, да живееме за правдата; преку Неговите рани се исцеливте.

MK - Библија 1990 - 1 Петр. 2:24
Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревот, да живееме за праведноста; преку Неговите рани се исцеливте.

BG - Библия 1940 - 1Пет. 2:24
Който сам понесе в тялото Си нашите грехове на дървото, тъй щото, като сме умрели за греховете, да живеем за правдата; с Чиято рана вие оздравяхте.

BG - "Цариградска" - 1Пет. 2:24
който сам понесе на телото си греховете наши на дървото, за да бадем мъртви към греховете и живи към правдата; на когото с раната вие изцелехте.

BG - "Синодален" - 1 Петр. 2:24
Той Сам с тялото Си възнесе нашите грехове на дървото, та, като умрем за греховете, да живеем за правдата: "чрез Неговата рана се изцерихте".

SR - Дан-Караџић - 1Пет. 2:24
Који грехе наше сам изнесе на телу свом на дрво, да за грехе умремо, и за правду живимо; ког се раном исцелисте.

RU - Russian Bible - 1Пет. 2:24
Он грехи наши Сам вознес телом Своим на древо, дабы мы, избавившись от грехов, жили для правды: ранами Его вы исцелились.

EN - King James - 1Pet. 2:24
Who his own self bare our sins in his own body on the tree, that we, being dead to sins, should live unto righteousness: by whose stripes ye were healed.




Еве Дирер(16 век) на пример знаел дека немало крст туку обичен столб.

1509


А Дирер бил човек или некоја печатница?За три години од 1509 до 1512 ја сменил формата на стапот во тн Тау крст .

Јас мислам дека кобожем монограмот на Дирер AD ,всушност значи Anno Domini (веројатно во период кога е измислена ерата од раѓањето на Исус)  и дека сите овие гравури му се припишани на некој кобожем Албрехт Дирер.Можеби може да се датира промената во стапот во крст?Тоа е 1512 година?

1512

Но еве не пак со „Дирер„ во 1511

1511

Па на крај во тн Латински крст (Crux ordinaria,демек „обичен крст„).Да не ти се верува.AD можеби  е кратенка од Agnus Dei?


Дека дебатата  крст или стап не била решена веројатно до крајот на 16 век покажува книжулето на Фламанскиот учен Јустус Липсиус (1546-1607g) кој докажувал дека е „природно„ Спасителот да бил распнат на крст затоа што крстот е природна форма на светот (?!)


Птица со крила (крст),Страни на светот(крст)човек кој се моли(крст),лабарум(крст),бродски јарбол(крст),кола(крст) лопата(крст) дури и глава(крст).Ете така е заклучено дека Спасителот со гаранција бил распнат на крст.Значи од неговото прво користење како христијански симбол кобожем во 4 век до 16 век поминале 12 века и народецот пак не бил 100% сигурен?
О времиња о „антички„ обичаи!




Забранетото „античко„ јагне



Кои зборуваа со силен глас: „Достојно е Јагнето, Кое е заклано, да прими: сила и богатство, и премудрост и моќ, и чест и слава и благослов.” 



На петошестиот (да, официјално е така, петошести, ни пети а ни шести ) екуменски совет во Труло , во 693 година ,наводно било забрането, со канонот број 82 , Спасителот да се претставува како „античкото„јагне. И не само тоа , забранета била кoнкретна композиција. Со следните зборови

„на некои слики или свети икони,насликано е јагне кон кое Претеча покажува со прст.....наредуваме фигура во човечка форма на јагнето кое ги зело на себе гревовите на светот, Христос нашиот Бог, да биде отсега натаму претставуван на сликите, наместо античкото јагне....„

Скратено, канон 82

„Не треба да сликате јагне наместо Христос, туку него„ .

Канонов оочигледно никој не го зафермал. Но,за да се донесе ваков канон морало да има потреба од него (раширена појава). Ќе си речете дека  сликите(?) и иконите со јагне наместо Христос односно како Св.Јован претеча покажува кон Јагнето Божјо  биле честа појава до 7 век.Кх,кх. Врска нема.

Папите тврделе дека овој канон е од Шестиот синод ама нема врска,тука некаде е .

Дека канонов е последица на многу подоцнежна појава на сликање фрески слики и икони со оваа композиција се гледа од изобилството на неговите прекршувања. Но не пред 7ми век.
7ми век е длабока „антика„. Веројатно ова е постренесансен канон како реакција на омилената композиција.


Мозаик,божем 9 ти век

Балеруп,Данска,фреска 13 век

Балеруп,Данска,фреска 13 век

Мозаик ,Фиренца,13 век
Манускрипт Фландрија,доцен 15 век
Ханс Мемлинг,Св Јован покажува кон Јагнето и „неракотворениот образ„ на Св.Вероника,15 век



Јан ван Ајк 1432,15 век

Јан ван Ајк 1432,15 век,детал
Хијеронимус Бос,15-16 век

Тицијан,16 век

Матис Груневалд 16 век

Жоан де Жоанес,16 век

Парис Бордоне,Свети Јован Крстител (Претеча)16 век


Бартоломео Естебан Муриљо,17 век



Бартоломео Скедони ,17 век


Хозе де Рибера ,17 век

Мексико,18 век

Wednesday, September 26, 2012

Космас ,мај плеус


Не можам никако да поверувам дека современите образувани луѓе може да имаат светоглед бетер од оној на средновековниот „плебс„.
Сум отрпнал постојано добивајќи шлаканици од „доктори игнорантисимуси„ и сметам дека ми е должност на македонски јазик да произнесам некои работи кои одамна произнесени од мудри глави на други јазици.Затоа , игнорирам секаква критика.
Се потпирам на тоа дека овој свет еднаш мора да доживее „просветлување„ под чија светлина ќе му стане јасно дека  „бајките „ се работа за деца а не за возрасни .

Не ми е јасно на пример како може современ човек да смета дека тн Козма Индикоплевст, Cosmas Indicopleustis ( Κοσμᾶς Ἰνδικοπλεύστης) е име на човек морепловец . Сомненијата доаѓаат директно од неговото кобожем име.„Космос„ значи свет ,вселена, "индико"-јасно Индија,индиски, "плеустис"-морепловец. Во превод „светски индиски морепловец „.Делото на овој кобожем „античко-средновековен  географ„ се нарекува „Христијанска топографија„.

Делото „Христијанскатопографија „е зачувано во два примерока: еден манускрипт на пергамент од десеттиот век во Лаврентијската библиотека во Фиренца, и го содржи целото дело, освен последниот лист, и друг, многу фин унцијален манускрипт кобожем на осмиот или деветтиот век, кој и припаѓа на Ватиканската библиотека, и содржи скици нацртани од „Космас лично„, но  целосно му недостасува дванаесеттата книга, која е последна. Постои, покрај овие, уште еден манускрипт , во Кралската библиотека во Виена,  но тој содржи само неколку листови на „Топографијата„.Делото е  „откриено„ во 17 век.

Јас се прашувам како може „Космас„ кој живеел кобожем во 6 век да црта со своја рака во 8 век.Човеков мора да му е прв братучед на Метузалем.Прецртаното ли е на на „Космас лично и своерачно„?

Не само што никогаш не сум верувал во тоа дека христијанските монаси помеѓу три четирите молитви во денот трпеливо прецртувале или ги препишувале делата на „античките пагани„  до точка ,како на пример „Сатириконот „на „Петрониус„ ( официјално -1 век НЕ) кој веројатно добро се дружел со Бокачо (официјално -14 век) ,туку сметам дека да се тврди истото е безобразно потценување на мојата интелигенција.

Кога ќе прочитам дека авторот опишува лик што чува часовник во трпезаријата и притоа со овој факт ја нагласува ново-богатунската распуштеност на својот лик (тоа е роб кој станал слободен и неизмерно се обогатил, замислете , „антички„ капитализам ) ми доаѓа „античкиот„каменен „земјоделски календар„ ,пронајден каде ако не во  Помпеи, некому да му го треснам од глава.Помислете зошто.


                                                     Римски земјоделски календар

Месец Јануари
Денови 31
Нони-на петти
Часови во денот 9ч,45мин(напишано со  римски броеви VIIIIS.,каде S значи 1/2 час а точката/цртичка е 1/4 час)
Часови на ноќта 14часа,15 минути
Сонце во јарец,заштитничка Јунона
Копање- врби трски мочуришта
Жртвување -по дома

Месец Фебруари
Денови 28
Нони на петти
Часови на денот 10ч и 45 минути
Часови на ноќта 13(недостасува точка/цртичка за 15 минути)
Сонце во Водолија
Заштитник Нептун
Копање лозја,палење трска и триста празници,„Луперкалии„,„Паренталии„,Терминалии„ итн


Но да се вратиме на нашиот  тн „Козма„ или „Космас„-Космос.Делото „Христијанска топографија„ е спомнато „Библиотеката„ на константинополскиот патријарх Фотиус,Фотиј(официјално 9 век).Се разбира дека не се работи за никаква физичка библиотека туку за библиографска книга со опис на 279 дела кои наводно се наѓале во физичка сопственост на споменатиот патријарх и тој во својот живот ги прочитал па накратко ги критикува

.Од делата наводно пишувани во периодот 5-9 век односно тн „мрачен византиски век„ ?!) преку половината се „изгубени„.Фотиус во својата критика не го спомнал авторот по име (мудро),но кажал дека живеел во времето на императорот Јустин и дека делото му е посветено на некој си Памфилус.Фотиус забележал дека делото е полно со грешки а дека опишаните случки се бајки„а не факти(интересно).Кај пак Фотиј пак најинтересно е што не се занимава толку во својата„критика„ со содржината на делата од својата „Библиотека„(освен со некои) колку со авторите и нивната поврзаност односно автентичност или неавтентичност на авторот и делото па дури и со сместување на авторот на хронолошката скала.Многу „препороднички„и „текстолошки„ би рекол.Нешто слично се случувало во „ренесансата„ кога се деконструирала „антиката„.
Вака вели Фотиј (9 век,кога Црноризец Храбар уште не бил ни роден):

Ја прочитав книгата „Христијанска топографија„, толкување на Осумкнижието. Авторот, кој цветал во време на владеењето на Јустин, го посветува делото на одреден Памфилус, таа започнува со одбрана на одредени црковни догми со докази составени од Светото Писмо. Стилот е сиромашен,а аранжманот едвај до обичниот стандард. Тој спомнува многу нешта што се неверојатни од историска гледна точка(?!), така што тој може повеќе да се смета за баснописец одошто за сигурен авторитет.
Ставовите на кој тој става посебен акцент се: дека ниту небото, ниту земјата се сферични, туку дека првото е еден вид на свод а второто правоаголна рамнина, [двапати подолга од широка], до крајот на која двата краја на небото се обединети, дека сите ѕвезди, со помош на ангели, се држат во движење, и други работи од сличен вид. Тој, исто така, ги споменува книгите Битие и Егзодус, како дигресија, и влегува во долга дискусија и шпекулации за табернакулот(шаторот,скинијата). Пророците и Апостолите се површно третирани. Тој вели дека сонцето е само два пати поголемо од двете "клими", дека ангелите не живеат во рајот, но над сводот и се мешаат со нас, дека Христос при Неговото Вознесение влегол во просторот помеѓу небото и сводот, и дека само ова е царството небесно и слични апсурди.
Тој ги посветува првите шест книги на одреден Памфилус, од преостанатите шест (постојат дванаесет ) седмата на Анастасиј, во која тој тврди дека небото е нерастворливо, осмата, на песната на Езекија и регресија на сонцето, на некој си Петар. Во оваа книга тој наведува дека напишал коментар на Песна над песните. Четирите преостанати книги немаат посвета.


Еве од што се шокирал Фотиј




                                             Своерачниот космички модел на „Космас„


Не знам што му било толку шокантно , на христијански патријарх, нели.Кога пишував за библиската космографија ,сосема е јасно дека во библијата земјата е рамна, стои на столбови а небото е над неа оптегнато како шатор кој бог од време на време за казна го протресува.

До кај не однесоа овие,излегува дека отсекогаш се знаело дека земјата е сферична а дека „рамната„ земја кобожем било „мит„  . Испаѓа дека од почетоците на христијанството се знаело дека земјата е сферична.Како не бре.А како па да не не однесат кога сите условно земено „доцносредновековни„ научници се однесени во длабоката „антика„.Со Библијата заедно.

Делото на Козма( кој мистериозно цртал во 8 а живеел во 6 век, и тие би ги пикнале ракописите во 6 век  кога текстолошки не би си противречеле самите на себе ) е наменето за отфрлање на теоријата за сферичност на земјата и вселената и адаптирање на космографијата кон светото писмо односно убивање на „антихристијанската„ и “паганска „идеја за сферичност на земјата и вселената.Оваа книга мора да се појавила во мигот кога изникнала „опасната„ идеја  за „сферична вселена„.Сега ни тврдат дека идејата за „сферична земја„ постоела од „длабоката„ антика и била „паганска„.Што е тоа „Паганска„?Не се знае точно со сигурност.Плус, Господ не знаел ли што правел кога ја диктирал Библијата?

Може да се потсетиме дека ако на 522-523г НЕ во која кобожем делувал „Космас„ додадеме 1053-1054 години (кобожем датумот на големата поделба на црквата,шизма) добиваме 1575-1576 година .16 век, векот на „реформацијата„.

Но да видиме колку тоа „лошо„ и „нереторички„ пишувал „Косма„ како предговор на првата книга

Во изминатите денови Јас се двоумев,О,Богољупче,сакан од Бога и во Христос возљубен Памфилус да го земам в рака трактатот кој го опишува светот а кој сакавте да го подготвам бидејќи тоа беше надвор од мојата моќ, како што знаете и самите, поради долгата болест со која бев погоден. Но, бидејќи, како одговор на вашите чести молитви, јас се излечив од таа болест, прифати го конечно предговорот на книгите од делото кое ти го испраќам, делумно како исполнување на послушноста која ви ја должам, а делумно од страв од осудата на слабиот слуга во дискурсот на нашиот Спасител произнесен во Евангелието. И никој да не ме осуди, како премногу одважен, затоа што ќе го изложам мојот предмет во стил домашен и неметодички, бидејќи христијанинот не е во потрага по фрази туку по вистински поими.

Додека има многу стрели и шлемови и штитови и војни придвижени против Црквата, некои кои би требало да бидат христијани (реформаторитеод 15-16 век ?), држејќи го Божествено Писмо, за безвредно, и презирајќи и гледајќи надолу кон него, заклучуваат како и паганските филозофи, дека формата на небото е сферична, доведени во оваа грешка поради сончевите затемнувања и затемнувањата на месечината .
Затоа ние (НИЕ?)прикладно го поделивме предметот на книгата во пет делови. Во почетокот, првиот дел е насочен против лицата од кои се заведени, и тврди дека оние кои сакаат да тврдат дека исповедаат Христијанство не можат да бидат заведени од страна на веродостојни грешки на оние надвор од Црквата - грешки, кои се противат на божественото писмо. 
Бидејќи ако некој ги испитува одблиску паганските теории тој ќе сфати дека тие се целосно измислени, чудесно софистички, и крајно невозможни. Потоа христијанинот природно ќе побара и ќе рече: овие се побиени, но кои се вистинските теории кои мора да бидат прифатени? Имам напишано во втората книга, во која продолжува да се објаснува од Божественото Писмо, за природата на христијанските теории - за да се опише сликата на целиот свет, и да се забележи дека некои од античките(?!,самиот е скоро антички-6 век,уште се живи „римските императори„Јустинијан Јустин први ,втори,) Паганите биле на исто мислење. 
Потоа повторно, за да им одговорам на оние кои се сомневааат и прашуваат: како тоа Мојсеј и пророците велејќи такви работи го кажуваат она што е вистина? 
Третата книга го покажува кредибилитетот на Мојсеја и Пророците, покажувајќи дека тие не зборувале за себе, туку биле инспирирани од божествено откровение, и дека писателите и на Стариот и на Новиот Завет, мажи докажани на збор и дело, откако ги предвиделе овие работи, ги искажале соодветно. Таа понатаму го покажува она што е од корист од цртањето на светот, и како поим и од каде потекнал и започнал поимот за сферата . Четвртата книга, пак, е напишана за оние кои милуваат да работат на нивните очи над бројките(сликите?), и е кратка рекапитулација, односно цртање, на она што е кажано претходно---- побивање, всушност, на теоријата на Сферите и на Антиподите(оние кои живеат под нас,односно од другата страна на сферата м.з). 
Потоа повторно, петтата книга е напишана за оние кои се прашуваат какви се христијанските теории , и тоа покажува дека во она што сме(?!) го рекле и сме го претставиле со цртежи ние ниту сме смислувале сопствени фикции , ниту сме измислиле нови бајки, но од откровението и од она што Бог кој го создал светот го ракоположил, сме направиле модел на целиот свет (точно,м.з) ---- имено Шаторот подготвен од страна на Мојсеј, кој што Новиот Завет постојано со овој став изјавува дека е слика на целиот свет, и кој исто така, со помош на покривалото кое Мојсеј го поделил, и така ја поделил скинијата (шаторот ,табернакулот, м.з) на два дела, како што и Бог исто така во почетокот го поделил она што било еден регион, кој се протегал од земјата кон највисокото небо, во два региони, со помош на Небесниот свод и исто како што во скинијата ( шаторот, табернакулот,м.з ) имало надворешен и внатрешен дел,така овде имало горен и долен. 
Сега , долниот е овој свет, а горниот е светот кој доаѓа, во кој исто така, Господ Исус Христос, откако воскресна по тело од мртвите, се вознесе прв од сите, и во кој потоа праведниците за возврат  ќе се искачат. И бидејќи од Адам до Мојсеј, и од Мојсеј до Јован и од Јован до сите апостоли и евангелисти, секој и сите во хармонија, со зборови и дела зборувале за овие две состојби, а бидејќи ниту еден од нив нема изговорено непријатна забелешка, или велејќи дека имало состојба пред првата или претпоставувајќи дека постои и трета по втората, но сите тие, инспирирани од Светиот Дух, прогласиле дека постојат само овие две состојби, ние, затоа, ставајќи ја нашата доверба во Светото Писмо, кое е навистина божествено, не само што ги скициравме сликите на целиот свет, но и на оние многу места каде Израелците го направија својот егзодус, исто така, и планината на која тие го добиле законот во писмена форма и се поучиле во знаење на пишувањето, исто така, цртежи на шаторот (скинијата) и населбата во ветената земја, се до оној кој очекувале да се појави меѓу нив и за кој било предвидено од страна на старите луѓе и од Пророците, и кој всушност се појави, прогласувајќи ја идната втора состојба, која со неговото доаѓање тој ни ја покажа во себе на сите , откако влегоа во внатрешниот Шатор, во горниот небесен регион, во кој во неговото второ доаѓање тој ќе повика праведниците, велејќи: Дојдете вие ​​благословени од Мојот Татко, наследете го Царството подготвено за вас од создавањето на светот. Нека му е слава во вечни векови, Амин!  



Сликички од книгата на „Космас„,трговец морепловец од Александрија
Од ракописот од 11 век,Лаврентијска библиотека во Фиренца

Па продолжува во втората книга
Дека долго го одложував создавањето на моето дело во врска со сликата на светот, иако и други прекрасни мажи, како и ти, често ме повикуваа да го превземам, ти знаеш најдобро од сите. О најмил, Богољубив и Христољубив Памфилус, човек достоен за тоа име, бидејќи сите свети луѓе те сакат (Памфилус ,Панфилус,значи „сакан од сите„м.з),сопатник во земниот Ерусалим, но запишан меѓу првородените и пророците, кого од минатото го знаев само од кажувања ,а се сплотив во најтопло пријателство, но сега имав задоволство да те видам лице в лице, кога со Божја волја ќе дојде овде кај нас, во големиот град на Александар , и никогаш не престана да не поттикнуваш на ова дело, иако бевме заслабени во телото, страдавме од офталмија и констипација на цревата, а како резултат на ова страдавме потоа од постојани напади на болест, додека покрај тоа што ни недостасуваше учењето од училиштето на незнабожците, без знаење на реторичката уметност, бевме неуки за да компонираме дискурс во течен и разубавен стил, и покрај ова бевме окупирани со комплицирани прашања од секојдневниот живот.

Сепак не престанавте да не притискате да компонираме расправа за скинијата подготвена од Мојсеј во пустината, која беше тип и копија на целиот свет, како што ти објаснив на тебе лично со жив глас на површен начин, а не како комуникација на мислења и претпоставкисоставени од мене, но она што го научив од божествените писма, и од живиот глас на оној најбожествен човек и голем учител Патрикиј, кој кога ги исполнуваше заветите на Аврамовиот закон, излезе од Халдеја со својот ученик Тома од Едеса, свет човек, кој го следеше насекаде каде што одеше, но со Божја волја беше отстранет од овој живот во Византија.

Патрикиј го пренесуваше учењето на светата религија и вистинска наука, и сега од страна на благодатта Божја беше издигнат на возвишениот епископски престол на сета Персија, откако беше назначен на функцијата на католички епископ на таа област.

Па така , во голема мера скептичен во врска со овој потфат, на сметка повеќе на оние кои уживаат во цензорирањето(?!), чии јазици се потонати во клеветење и кои секогаш можат да најдат изобилство на материјали за нивните потсмевања и подбивни забелешки, јас се повлекувам со повеќе од обично двоумење да се посветам себеси на оваа работа .

Но вие повторно ме притиснавте да продолжам со неа, товарајќи ме со осуда врз осуда ако одбиев, и уверувајќи ме дека работата ќе биде корисна за водство во животот и за проучување и разбирање на божествените учења, како и за побивање на грчките предрасуди, додека покажувајќи дека сиот обем на божественото писмо, се однесува на идната состојба, како што е најостро потврдено од страна на Апостолот кога вели: Бидејќи знаеме дека ако земниот дом на оваа наша скинија е разрушен ние имаме зграда на Бога ---- куќа направена не со раце, вечна во небесата.

Кога со овие и слични на овие зборови, апелиравте до мене, а беше надвор од мојата моќ да го оспорувам поттикот наложен врз мене од страна на вашата побожност, јас се согласив, верувајќи дека ќе имам корист од вашите молитви, верувајќи дека божествената благодат без која не можеме да направиме нешто правилно , може да не удостои со отварањето на устата, така што би можеле да бидеме во можност без полирана и уметничка форма на изразување, но со едноставни зборови на обичниот говор (додека благодатта ги манифестира сопствените чудни моќи), да се научат нејзините усвоени деца на божествено знаење на доктрините, животите на побожните луѓе, и сликата на светот и неговото потекло, без двосмисленост, како и за да се опише со сета подготвеност, и да се предаде без каење, она кое ние самите слободно го добивме од Бога.
Сосема добро напишано.Мора да се забележи дека оваа понизност и намалување на сопствените квалитети и капацитети се карактеристични за христијанските автори (монаси и други црковни лица) . Ароганцијата е грев.Тоа не значи дека навистина  авторот е неук.Сетете се дека ова кобожем е пишувано пет века пред Црноризец Храбар.

Завршувајќи ја, значи, О Богољубив, првата книга во врска со оние кои се преправаат дека се Христијани(!? кои се тие ако не се христијанските шизматици кои измислуваат нови теории за вселената опонирајќи му на светото писмо и доктрините т.е реформатори ), и откако ги осудив, на најдобриот начин во моја моќ, дека се обидуваат во невозможности, без да се обидам да ја обезвреднам убавината на нивниот јазик(?! Грци шизматици?! неверојатно), и не дај Боже Јас тоа да го направам, но да ги побијам фиктивните и грчки теории и бајки и да ја завршам оваа книга, ние сега во покорност на твојот ред продолжиуваме да дискутираме во оваа втора книга за христијанските теории во врска со сликата и положбата на светот. 
Ние подоцна и во третата книга ќе покажеме дека во опишувањето и објаснувањето на полезноста од сликата на светот, божественото писмо исто и во Стариот и во Новиот Завет е само по себе сигурно и доверливо. Во четвртата книга повторно ќе понудиме рекапитулација и обележување на сликата на светот, и слично, во петтата книга ќе дадеме опис на скинијата подготвена од страна на Мојсеј, и ќе ја покажеме хармонијата на она што е кажано од страна на Пророците и Апостолите.

Нека тогаш во ова оваа книга која со право ја нарековме Христијански топографија, го опфатиме целиот свет, и да ги извлечеме нејзините докази од вистински божествени писма, во кои христијанинот нема слобода да се сомнева.(нема,многу добро кажано,м.з)

Значи бидејќи помошта одозгора, како што беше речено, соработува со нас преку вашите молитви, да продолжиме да ги наведеме нашите теории. Мојсеј, Божествениот Космограф, вели: Во почетокот Бог го создал небото и земјата. Претпоставуваме, затоа, дека небото и земјата го сочинуваат универзумот кој што ги содржи сите работи во себе.

Дека Исак Њутн сеуште не бил роден  се гледа од авион.Како си замислувале дека земјата е сферична и дека стојат на сферична земја „Антиподите„ не ми е јасно ни на мене ни на „Космас„

Зашто, ако тело од било кој вид се наоѓа под земјата или надвор од неа, тоа тело не може да го задржи своето место, туку ќе падне во согласност со она што се гледа дека секогаш се случува во природниот свет.

Зашто, ако го земеме воздух, на пример, или вода или оган, ќе најдеме дека работите кои се потешки од овие секогаш без исклучок паѓаат во нив.

Бидејќи земјата е потешка од било кое друго тело , Божеството ја ставило како темел на универзумот, и ја направило цврста основа на својата својствена стабилност.

За да го илустрираме ова, нека претпоставиме место со длабочина од сто кубити(лакти?), и ова место нека биде исполнето со тело да речеме поцврсто од вода, а потоа ако треба да  подигнеме камен со рака и да го испуштиме во место , во кој интервал од време тој  ќе стигне до дното? Еден може да одговори, за четири часа, да речеме. Но, понатаму, претпоставувајќи местото да биде исполнето со некоја поретка супстанција, воздух, на пример, во кој интервал од време каменот сега ќе стигне до дното? Очигледно за пократко време: во два часа, да речеме.
 Да претпоставиме во наредното место уште поретка супстанција,телото на дното ќе стигне за еден час, и со уште поретка супстанција за половина час. И повторно, ако се претпостави уште поретка, каменот, ќе допре дното во уште пократко време, и така натаму се додека телото истенчено до последниот степен станува бестелесно, и времето престанува да има потреба да постои .
Така во претпоставениот случај , каде што воопшто не постои тело но се е бестелесно, тешкото тело од потреба стигнува на дното во ниеден момент и останува во мирување.
А така значи?Интересно,навистина тело во средина без гравитација ќе си мирува ама  гравитацијата уште не е измислена и божјата физика на Косма  се потпира само на триењето.Продолжуваме.

Божеството, уредувајќи ја вака природата, како што кажува Светото Писмо , ја обесило земјата на ништо, кога таа стигнала до дното на просторот се потпрела на темелите на сопствената стабилност, така што нема никогаш да се помрдне. Но ако уште еднаш, од љубов кона контрадикторноста, претпоставиме дека надвор од земјата и небото постои место направено од друга невидлива и имагинарна супстанција, дури и такво место мора нужно да се потпре на нешто друго, а тоа повторно по друго, и така натаму до бескрајност. (?!на желки на пример?значи земјата се потпира самата на себе а се друго мора да се потпре на нешто)
Сепак нека, со Божја помош, се справиме со оваа тема како со повеќето прашања од физичката наука(?! во мрачниот 6ти век имало „физичка наука„?).
Ако претпоставиме дека некое место е хаос, а потоа заради .....бидејќи небото е лесно и тежи нагоре, а земјата е тешка и тежи надолу, и крајностите се врзани заедно со крајности, дека, имено, она кое тежи нагоре со тоа што тежи надолу, тие се држат еден со друг со нивното влечење едни против други, и така остануваат неподвижни.

Божеството соодветно ја основа земјата, која е долгнавеста, на сопствената стабилност, врзувајќи ги краевите на небото со краевите на земјата, со што долните краеви на небото се потпираат на четирите краеви на земјата, додека во височина се формира возвишен свод кој ја покрива должината на земјата. По ширина пак на земјата, тој изгради ѕид од најдолните краеви на небото нагоре до врвот, и така затворајќи го местото, направи куќа, како што некои би можеле да ја наречат, со огромна големина, како долгнавеста парна бања со свод .

Така значи?Светот како Амам ?

Зашто, вели пророкот Исаија : Кој го основа небото како свод. Со оглед, згора на тоа, на лепењето на небото со земјата, ние ова го наоѓаме кај Јов: Тој го наклони небото кон земјата, а тоа се излеа како прашина од земјата. Јас го заварив како квадратен камен блок .
Зарем изразите за накосување кон земјата и заварување за неа не ни покажуваат јасно дека небото кои стои како свод и има краеви врзани заедно со краевите на земјата? Фактот на неговото накосување кон земјата, и заварување со неа, го прави сосема незамисливо како сфера.
 Така е.Живео говорник.

Незнабожците, дури, искористувајќи го она што Мојсеј ни го открил, ја делат целата земја на три дела: Азија, Либија и Европа, назначувајќи ја Азија на исток, Либија на југ, протегајќи се на запад, Европа на север, исто така, се протега на запад, и во овој дел од земјата постојат четири заливи кои продираат во неа од океанот исто како што велат незнабожците, кои кога го третираат овој предмет ја говорат вистината ,имено, овој наш залив, кои влегува од Gadeira на запад се протега по должината на земјите кои се поданици на Рим;Арапскиот Залив наречен Еритрејски и Персискиот, и двата извираат од Zingium во јужните и поисточни делови на земјата наречена Barbaria, која започнува таму каде што завршува земјата на Етиопјаните.

Сега Zingium, како што се свесни оние кои пловат по Индиското море , се наоѓа надвор од земјата наречена Barbaria која произведува темјан,и е опколена од страна на океанот што струи оттаму во двата заливи. Четвртиот залив е оној кој тече од северо-источниот дел на земјата, и се нарекува на Касписко или Хирканиско Море.

Само овие заливи дозволуваат навигација, затоа што по океанот не може да се плови поради големиот број на струи, и густите магли што го праќа нагоре,кои ги замаглуваат зраците на сонцето, и поради неговата пространост.
Научувајќи ги овие факти од Божји човек, како што беше речено, јас ги посочив бидејќи се совпаѓаат и со моето искуство, бидејќи лично јас патував поради трговија во овие три заливи ---- Римскиот, Арапскиот и Персиски, а од староседелците или од морнарите имам добиено прецизни информации во врска со различни места.


Не знам човеков како „пловел „ од Александрија до Индија.Бидејќи имињата во среден век не биле фиксни под „Индија„ можело да се подразбира и дел од Африка.Но можеби на брод се качувал некаде во близина на Индија,од Персиски залив да речеме.
Кога првите луѓе биле таму на голема височина ангажирани во изградбата на кулата(вавилонска ,м.з), често ги вртеле своите очи нагоре кон небесните тела и виделе некои од ѕвездите како се искачуваат и други паѓаат, па се посомневале дека небото е некако направено да се врти со некој вид на механичка иновација, така што е сферично.
Но тие беа неуки за сликата на земјата и не беа свесни дека небесните тела се движат во воздухот од страна на ангелите. Под влијание на ова сомневање тие ги направија оние порти преку кои се поминуваше низ кулата во сите правци, обезбедувајќи така дека кулата да не може да биде срушена од водите на потоп. На сличен начин, исто така, тие ја изградија со тули(цигли) за да може да ги издржи водите; бидејќи за тоа кулата била изградена. Велат дека, згора на тоа, нејзините темели заземаат ширина од три милји во секоја насока, но и дека скалите со кои се искачувало биле наредени во круг околу надворешните ѕидови, со цел да можат да добијат светлината низ прозорците направени во нив.
Многу биле напредни овие ѕидариве на „кулата вавилонска „со циглите.Иако „античките Римјани„ кобожем се растурале од градење со тули (па дури имале и подвижни печки за печење тули?!),тоа не е мислење и на Плиниј Постариот (кобожем 1 век НЕ) за кој одамна сум рекол дека е доцносредновековен а можеби и ренесансен автор.Имено Плиниј во својата „Природна историја„ тврди дека во негово време во градот Рим немало НИШТО изградено од тули (цигли)  
Читај ТУКА.Тој тврди и дека мавзолејот на Мавзол во Халикарнас(Бодрум) бил изграден од тули а и палатата на Крез.Со гаранција тулите биле средновековна измислица која го одушевила нашиот „Плиниј„.Затоа пак кутриот им се потсмева на сите кои не знаат дека ѕидовите се прават од „непечени тули„.Со овие зборови

„Кој е тој човек што не е запознат со фактот дека преградите се прават со плитар обложен со глина,а ѕидовите се изградени од непечени тули?„ ТУКА

Па како тоа античкиве бре со прости плитари?Не оди никако.


Библиска космографија