Search This Blog

Wednesday, October 10, 2012

Јагермајстер битешен!

Го читам по стоти пат житието на нашиот Константин Филозоф наречен Кирил(Кирил ,од Кир,КР- ЦР значи ЦАР исто како и Василие-цар,) и итно ми треба доза „Јагермајстер„ .Зошто?

Заклучив дека Владислав Граматик од Младо Нагоричане кој го пишувал или препишувал житието на Светиот бил извонредно информиран човек .Житието на Св.Кирил започнува многу интересно. Еве вака

Кога го дадоа на учење книга, во науката успеваше повеќе од сите сите ученици благодарение на меморијата и големата вештина, така што сите беа воодушевени.
Еден ден, според обичајот на синовите на богатите луѓе да одат на лов, појде со нив во полето, земајќи го со себе својот јастреб, и кога го пушти, според волјата на Бог , се крена ветер, го потфати и го однесе.Момчето од тоа време падна во очај и тага, и два дена не јадеше леб. Бог милосрден со своето човекољубие, не сакајќи, да се привикнува на световни работи, лесно го фати како во старина што го фати Плакида во лов со елен, овега - со јастреб.
Размислувајќи во душата за суетата на овој живот, се покаја, велејќи: "Таков ли е овој живот, каде место радост се раѓа тага?Од овој ден ќе тргнам на нов пат , подобар, и во возбудата на овој живот , своите денови нема залудно да ги потрошам. "

Во потрага по Плакида дојдов до заклучок дека за Плакида ни еден составувач на житието не можел да знае пред 13 век, особено ако е од балканските краишта, затоа што интернет во среден век-немало.

Идејата за Плакида потекнува од збирката житија на светци„ Златна легенда„ (Legenda aurea) доцносредновековен бестселер составен од Јакобус де Ворагине т.е.Џакопо де Вараце (наводно 1230-1298г) доминикански фратар и архиепископ од Ѓенова-Италија.

Авторот житијата наводно ги компајлирал од Historia tripartita et scholastica (веројатно онаа на Касиодорус,божем 6 век) и разни други извори .

Покрај ненормалното рачно препишување(постојат околу 800 манускрипти од делото) и печатеното издание од 15 век (веднаш по измислувањето на пресата)овој бестселер во 15 век достигнал огромен тираж на разни јазици .Неговиот тираж бил поголем од оној на Библијата.

Јакопо не само што комплајлирал туку и самиот многу си додавал.На пример на почетокот од житието на светецот секогаш започнувал со фантастична етимологија на неговото име во христијански дух.Нема причина да не веруваме дека останатото е „жива вистина„.








L’église Saint-Eustache црквата Свети Евстатиј во Париз (  изградба 1532-1637)



Свети Евстатиј на ѕидовите на Кентербериската катедрала


Според Златната легенда житието на Плакид,Плацидус оди вака.



Плакид бил богат Римски водач на коњица (со други зборови-витез) кој му служел на императорот Трајан а по конвертирањето во христијанство тој станува Свети Евстатиј (светец популарен во средновековието а подоцна исфрлен од календарче затоа што житието му било премногу„фантастично„)

Од Панонската легенда за Св.Кирил
Еден ден, според обичајот на синовите на богатите луѓе да одат на лов, појде со нив во полето, земајќи го со себе својот јастреб, и кога го пушти, според волјата на Бог , се крена ветер, го потфати и го однесе.Момчето од тоа време падна во очај и тага, и два дена не јадеше леб. Бог милосрден со своето човекољубие, не сакајќи, да се привикнува на световни работи, лесно го фати како во старина што го фати Плакида во лов со елен, овега - со јастреб. Размислувајќи во душата за суетата на овој живот, се покаја, велејќи: "Таков ли е овој живот, каде место радост се раѓа тага?Од овој ден ќе тргнам на нов пат , подобар, и во возбудата на овој живот , своите денови нема залудно да ги потрошам. "
Од Златната легенда за Свети Евстатиј-Плакид

Еден ден,додека беше на лов,тој најде крдо елени,помеѓу кои забележа еден поубав и поголем од другите кој беше го напуштил крдото и заскитал во најдебелата шума.Додека другите витези јаваа по другите елени Плакид со сета сила го гонеше да го фати овега.А кога еленот виде дека го следи со сета сила ,на крајот се искачи на висока карпа и Плакид,доближувајќи му се размислуваше како да го улови.Додека внимателно го гледаше еленот помеѓу неговите рогови ја виде формата на светиот крст кој сјаеше посилно од сонцето и сликата на Христос која преку устата на еленот ,како во старина на Балаам магарето,му проговори,велејќи:Плакиде ,зошто ме следиш?Ти се појавив во оваа форма за да те благосовам.Јас сум Исус Христос кого ти во незнаење го почитуваш и затоа дојдов вака во еленов за додека ловиш,јас да те уловам тебе.
Некои велат дека сликата меѓу роговите ги изговорила овие зборови.А кога Плакид го слушнал ова ,многу се исплашил и се симнал од коњот.По еден час (?!) откако си дошол на себе,станал од земјата и рекол:Повтори го ова што го рече и ќе ти поверувам.А потоа нашиот Господ Бог рече:јас сум Исус христос кој ги создаде небото и земјата,кој направи да се појави светлина и ја оддели од темнината и го создаде времето,деновите и часовите(?).Кој создаде човек од земја и се појави на земјата во крв и месо заради здравје на човечкиот род, кој беше распнат,мртов,закопан, и стана на третиот ден.А кога Плакид го слушна ова падна на земјата и рече:Ти верувам Боже дека ти си создал се и си ги преобратуваш оние кои гршат.А Господ Бог наш му рече:Ако веруваш,оди кај бискупот на градот да те крсти.А Плакид одговори:Боже,треба ли ова да го кријам од жена ми и синовите?А Господ му рече:кажи им дека и тие заедно со тебе се чисти.И гледај утре пак да дојдеш зошто пак ќе ти се појавам и ќе ти го покажам она кое ќе се случи подоцна.А кога дојде дома тој и раскажа се в кревет на жена си,а таа извика:Господе!и рече.и јас го видов минатата ноќ и тој ми рече:Утре ти,твојот сопруг и синовите ќе дојдете при мене.А сега знам дека тоа беше Христос.Потоа тие отидоа кај бискупот во Рим на полноќ и тој ги крсти со голема радост и му даде име Евстатиј на Плакида а Теоспис на жена му.

Маченикот Св.Евстатиј според Златната легенда починал во ноемвриските календи година 120.Целата легенда ТУКА(англиски)

Значи еве од каде препишувал создавачот на „Панонските легенди„,Комплетно исти стил ,дури и по малку плагијат.Следува дека „Житието на Св.Кирил„ не може никако да се однесе пред 15ти век а најрано 13ти.

Реформацијата се разбира ја убила популарноста на „Златната легенда„.Николај Кузански им забранил на свештениците да ја користат „легендата„.Наводно чудесиите и мачеништвата на светците биле недоволно„реалистични„.

Контра -реформаторите пак,го ангажирале езуитот Жан Боланд  хагиографијата да ја претвори во „егзактна наука„.Во оваа клима „Златната легенда„ паднала во заборав.Оживеана е дури во 19 век со појавата на романтичното обожување на Средниот век и Ренесансата.

Смешното е што плакидовиот елен е лого на дижестивот Јагермајстерот .Јагермајстер значи мајстор- ловец.


Смешно е и било кој да се држи за панонските легенди како за „историски извор„Секој ваков шаблонски„историски извор„ на крајот води до Библијата.Се разбира доколку самата денешна Библија не е  проширено и дополнето издание на легендиве.


No comments:

Post a Comment