Жан Ардуен (Jean
Hardouin) (1646-1729) језуитски научник, француски
научник, теолог и историчар.
Еден од најучените
луѓе на неговото време. Влегува во редот
на језуитите во 1662 (на 16 години). Бил
сметан за несомнен авторитет во
теологијата, археологијата, студијата
на античките јазици, нумизматиката,
историјата и филозофијата на историјата.
Неговиот систем за распознавање на
фалсификувани монети и лажни датирања
се смета за пример и се користи од страна
на колекторите и историчарите до денес.
За неговите
истакнати услуги е именуван за директор
на Француската кралска библиотека -
најголемата библиотека во Европа.
Во 1687, француската
црква му доделила задача,огромна по
обем и вредност, да ги собере материјалите
од сите дотогашни црковни Собори и да
ги подготви за печатење. Ардуен работи
на тоа за 28 години и ги студира скоро
сите документи поврзани со историјата
на црквата. Резултатот на неговата
работа се 11 тома плус неколку тома
коментари.
Подоцна тој го
објавува делото кое е основано на
компаративна анализа на текстовите и
убедливо тврди дека материјалите на
речиси сите Вселенски Собори се
до 19 тиот -Советот во Трент, се ФАЛСИФИКУВАНИ
од страна на монасите, дека најголемиот
дел од работата, на наводно, „античките„
автори (Касиодорус, Исидор од Севиља,
Свети Јустин Маченик, итн итн) се создадени
многу векови подоцна, се фикција и
фалсификат и дека повеќето книги на
класичната антика - освен Цицерон,
"Сатир" на Хорациј ,"Природна
историја" од Плиниј и "Георгики"
на Виргилиј - се измислици создадени од
страна на монасите на XIII век а потоа
воведени во европска културна употреба,
Тој тврди и дека Новиот Завет првично
бил напишан на Латински а подоцна
преведен на грчки јазик .
Особено во своето дело
„Хронологија на Стариот Завет„(Париз
1697,препечатено во Стразбург 1697) тој
се сомнева во автентичноста на скоро
сите дела припишани на „античките
писатели„.
Кредибилитет
и нивото на аргументација на Ардуен во
негово време бил толку висок што никој
не се осмелувал да му противречи .
Нападите врз него биле чисто идеолошки,
и неговата работа "Вовед во критиката
на античките писатели" (Ad Censuram veterum Scriptorum Prolegomena ) до средината
на XX век стоела во индексот на забранети
книги.
Ардуин од современите историчари е прогласен за „патолошки случај„ бидејќи на крајот на 17 век да тврдиш дека „антиката„ е измислена ,морало нешто да ти фали.На пример разум.Истото „лудило„ му се припишува на Јакобус Хуго,опат од Лил,Франција, кој тврдел дека Виргилиј и другите класици користеле „скриен јазик„ за пренесување на круцијалните точки на Јудео-христијанската историја.На пример тој тврдел дека кога се зборува за Троја,всушност се мисли на Ерусалим,кога велат Ромул и Рем всушност мислат на Петар и Павле и така натаму (човекот очигледно видел аналогија на христијанството во „класиците„).За авторот Ардуин е „кутар „лудак затоа што дошол до заклучок дека не само Виргилиј туку и Данте лично и персонално е фалсификат на „средниот век„..Сепак овој поставувач на дијагнози не може да ја објасни смислата на постоењето,животот и делото на Виргилиус Маро Граматикус, дупликатот на Виргилиј од кобожем 7ми век.
На пример еве како неутрално гледа на н-тата копија на Виргилиј популарната Википедија.Прашалниците и извичниците се мои.
Вергилиј напишал најмалку две сочувани дела, Епитоми и Посланија. . Тој покажува познавање на автори како Исидор од Севилја, Вергилиј и Аелиус Донатус, но никогаш не ги нарекува по име( !?) . Наместо ова во овие дела се наоѓа плетора на нејасни опскурни и тешко веројатни (?!) авторитети неспомнати никаде на друго место и им додава цитати на познати автори кои не може да се пронајдат во нивните дела. Така постојат Варо, Като тројца Виргилиевци, три Вулкани, Енеј и Ориген, и други Сулфонијас, Галбунгус, Сагилус,Властус, Гургилиус, Балапсидиус - листата може да се прошири. Некои од имињата се јасни измислици, често прикажувајќи значително познавање на класичната и патристичка литература.(?!)Иако напишани во сличен стил на старите граматички текстови (?!) и инкорпорирајќи изворен граматички материјал(?!), има и многу збунувачки и необични материјали содржани во делата на Вергилиј:тој дискутира за дванаесет видови на латинскиот јазик (?!), од кои само еден е во редовна употреба, на граматичарите илјада години пред него им припишува дискусии како на пример за вокатив на „ego„, и дека пишуваат текстови како што е „Пофалба на немртвите„. Често овие граматички авторитети се во главна улога на анегдоти: Енеј често се нарекува учител на Виргилиј,постар шпански граматичар го посетува Виргилиј ноќе или се водат војни со илјадници луѓе над граматичките дефиниции. Чудото на текстовите на Вергилиј води надвор од незнаењето или дури и од пародијата(затоа што тоа не е ни едното и другото ,туку е „сериозно„ дело?,м.з.), а се тврди дека дека овие специјални креации (?!)се прекриена молба за диверзитет и разновидност(?!). Сепак, останува голем неизвесен дел за самиот Вергилиј,неговото потекло и вистинската цел(?!) на неговото пишување.
Јас му верувам
на Ардуен дека открил тони анахронизми и скапани фалсификати.Но сметам дека веројатно бил
слеп во врска со Цицерон,Хорациј ,Виргилиј
а особено со „Плиниј Постариот„.Секој ги носи очилата на своето време.На пример,на прашањето „Кому да му веруваме ако не на Црковните Отци?„ тој наводно одговорил „Не на Отците,туку на нашата света мајка Римската Црква „(треба да и веруваме).
Ардуин е изваден
од нафталин од поборниците за ревидирање
на хронологијата кои создаваат нови
хронолошки скали и историски модели.Мое
лично мислење е дека ниту
традиционалниот и ниту
еден од новосоздадените “нови“
историски модели не предлага ни приближно
„реален„ историски модел.Сите се
потпираат на одредена ,што би рекол
Умберто Еко во својот „Баудолино„
,историска „потпорна точка„ или
„прецедент„на кој ја градат својата
кула од карти во форма на нов историски
модел,.За „прецедент„ се земаат светски
катастрофи(црната чума на 14 век) или
„Руско -Ординската империја„ или
појавата на некоја комета и сл.
Извадок од „Баудолино„ ТУКА (англиски)
Ниту пак во стилот на семиотичарот Умберто Еко,според кој фактот објаснет со фикција е работа на конвенција, не сметам дека создавањето
на ваква цврста и договорена „точка„ е неопходно при
создавањето нов историски модел.Историскиот модел кој би отсликувал
некаква реална историја на човечката
цивилизација веројатно би било неопходно да биде договорен, но поливалентен,со
повеќе „прецеденти„ блиски до фактите и да биде ослободен
од митологијата и фантазијата запишани
било на хартија ,било на камен.
Историјата не може да биде лажна затоа што такво
нешто како „лажна историја„ не
постои.Историјата секогаш е вистинита
бидејќи лежи во минатото, лажна е нејзината
интерпретација ,интерпретацијата на фактите,која сега и секогаш
тргнувала од менталниот склоп на
нејзиниот автор кој не може да не биде формиран во времето во кое тој живее.
Не
се „виновни„ за денешната калакурница
само фалсификаторите
(мистификаторите,романсиерите) кои
пишувале „оригинални историски
сочиненија„(најчесто за пари и материјална
корист ) туку и оние кои се зафатиле со
промовирање на историјата како „наука„
различна од филологијата.
Доколку таква
„наука„ постои ,таа треба јавно да ја
одбрани својата „парадигма„ својот„
прецедент„ својата „антика„,нешто
што од современите историчари „научници„
веројатно нема да го дочекам,барем не
во овој живот.
Наместо да се
признае релативната младост на историјата
во сите земји и региони на светот и
историската вина на западната цивилизација
за создавање фантастично долга и
фалсификувана (поточно речено-измислена)
историска слика на светот, тие си одбираат
да си седат во замокот на старата догма
на "научниот" кредибилитет.
Наместо да се
занимаваат со јасно разграничување на
историскиот (понов, чист и нефалсификуван,
документиран) човечки развој и
неисториското (можеби многу долго но непознато)
минато, историчарите се истопоруваат
да го бранат својот „прецедент„ со
навреди кон критичарите за неписменост,
шарлатанство, непознавање на изворите
и сл.
А од ,„изворите„
,ако одвоите време да прочитате барем
неколку со нова перспектива,јасно се
гледа дека- „царот бил гол„.
No comments:
Post a Comment