Вкоренето е мислењето дека Сократ, Платон и Аристотел се реални личности кои живееле во „античката Елада„ во 5 и 4 век пред нашата ера , односно пред 25 века или 2500 години.
Сократ е најстариот и најглавниот и кобожем „татко„ на западната филозофија. Иако Сократ бил најпаметниот тој никогаш не напишал ни една единствена буква ни на папирус ни на восочна табличка (мудрец тој).
Дека Сократ „навистина постоел„ кобожем се потврдува од делата на неговиот најверен ученик- „Платон„, кој го идеализирал својот (усмен) учител и драмите на „Аристофан„(видовме како Аристофан наводно го гледал Сократа-како кловн). Според Платон, Сократ никогаш не работел, живеел од чист воздух и филозофирал. Според Аристофан, тој сепак наплатувал дебели прачки(драхми) за да ја подучува младината на еретички глупости. Сократ се борел во војни за Атина ама ја фалел Спарта. Пророчиштето во Делфи знаело дека Сократ е напаметен на светот но самиот тој велел дека „знае дека ништо не знае„. Сократ не сакал да се занимава со политика ама пишувал за тоа како таа е најдобро да се води.
Дека Сократ „навистина постоел„ кобожем се потврдува од делата на неговиот најверен ученик- „Платон„, кој го идеализирал својот (усмен) учител и драмите на „Аристофан„(видовме како Аристофан наводно го гледал Сократа-како кловн). Според Платон, Сократ никогаш не работел, живеел од чист воздух и филозофирал. Според Аристофан, тој сепак наплатувал дебели прачки(драхми) за да ја подучува младината на еретички глупости. Сократ се борел во војни за Атина ама ја фалел Спарта. Пророчиштето во Делфи знаело дека Сократ е напаметен на светот но самиот тој велел дека „знае дека ништо не знае„. Сократ не сакал да се занимава со политика ама пишувал за тоа како таа е најдобро да се води.
Сократ не можел да биде пророк на родното буниште (исто како ни Исус). Го осудиле на смрт за расипување на младината со луцидни идеи за скромност и мажественост , за промоција на нови богови наместо стариот Зевс, Хера и сл.. Според неговиот „ученик„ Ксенофонт, Сократ , за кого пророчиштето во Делфи рекло „не знам дали си човек или бог„, не сакал да се брани и сакал да умре . Во ова тој комплетно е слика и прилика на нашиот Исус, кој бил и скромен човек и бог , кој доброволно умрел и бил обвинет за промовирање нова религија.
„А потоа младината.А како можам јас да ја расипувам младината со препорачување скромност и мажественост ?Дури ни моите обвинители не подигаат обвиненија против мене за дела кои се казнуваат со смрт како што се : ограбување на храмови,кражба по куќи,продавање слободни луѓе во ропство или предавство на државата па во чудо се прашувам како ви докажуваат дека треба да ме осудат на смрт?Ниту затоа што умирам невин треба да ја наведнам главата бидејќи дамката не е врз мене туку врз моите обвинители„
Абе, чиниш го слушаш палестинскиот Исус наметнат со хеленистички филозофски плашт како зборува грчки изговарајќи Б наместо В.Барбарос,Библос,Бараба итн.
Сократовиот проблем бил сличен на оној на Христос.Го убиле невин.Тој прорекувал дека ќе им се врати.И така и се случило.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО
Глава 14
55 А првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштво против Исуса, за да Го убијат, но не најдоа.
56 Зашто мнозина сведочеа лажно против Него, но сведоштвата не беа еднакви.
57 И некои станаа и сведочеа лажно против Него, велејќи:
58 ”Ние Го чувме како зборуваше: „Ќе го урнам овој ракотворен Храм и за три дни ќе изградам друг - неракотворен. „
59 Но ни така нивното сведоштво не беше еднакво.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 26
59 А главните свештеници и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат, и не најдоа,
60 иако дојдоа многу лажни сведоци.
1 Тогаш целото нивно множество стана и Го одведе при Пилата.
2 И почнаа да Го обвинуваат, велејќи: „Го најдовме Овој, како го буни нашиот народ и забранува да се дава данок на ќесарот, а за Себе вели дека е Христос Цар.”
3 А Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Јудејски Цар?” А Тој во одговор му рече: „Ти велиш.”
4 Тогаш Пилат им рече на свештеничките главатари и на народот: „Не наоѓам никаква вина на Овој Човек.”
5 Но тие уште поупорно велеа: „Тој го буни народот, зашто поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па дотука.”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА
Глава 2313 А Пилат ги свика свештеничките главатари, началниците и народот, и им рече:14 ”Ми Го доведовте Овој Човек како Тој да го бунтува народот; а, еве, јас Го испитав пред вас и не најдов во Овој Човек никаква вина, за која Го обвинувате.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 18
28 Тогаш го одведоа Исуса од Кајафа во преторијата; а беше утро; и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, туку да можат да ја јадат Пасхата.29 Затоа Пилат излезе пред нив и рече: „Какво обвинение поднесувате против Човеков?”30 Во одговор му рекоа: „Ако Овој не беше злодеец, немаше да ти Го предадеме.”31 А Пилат им рече: „Земете Го и судете Му според вашиот Закон.” Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да убиеме некого,”32 - за да се исполни Исусовиот збор, со кого навести со каква смрт ќе умре.33 Потоа Пилат се врати во преторијата, Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Јудејскиот Цар?”34 Исус одговори: „Го зборуваш ли тоа сам од себе, или други ти кажаа за Мене?”35 Пилат одговори: „Јудеец ли сум јас? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си сторил?”36 Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите воини би се бореле да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.”37 Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.”
Како знаеле дека ова е Сократ не е јасноБолна фантазија,ако ме прашате мене
Уште поболна фантазија за ликот на Сократ
Немојте да мислите дека Сократ не бил побожен и не се молел.Неговата молитва била „дај ми го она кое е најдобро за мене„ („Нека биде вољата твоја„?).
Таткото на Сократ се викал Софронискос (Мудриот) А мајка му?Фенарета(Фенерка,Светилка).Се сеќавате на оној што бараше мудрост со фенер?Но таткото на Сократа се занимавал со вајање од камен а на почетокот и Сократ требало тоа да го прави.Платон дури вели дека Сократ по некоја линија потекнувал од Дедал(Јосиф и Исус,татко и син дрводелци?).Инаку
Сократ- Σωκράτης значи СЕМОЌЕН или
„комплетен владетел„ ).
Последните
зборови на Сократ (кој испил отров ) биле
:„ Крато,му должиме петел на Асклепиус
.Не заборавај да го вратиш долгот„. Многу
бил побожен.Пред умирачка мислел на петел жртвуван на богот на медицинарите.
Во дијалогот на Платон ученикот на Сократ-Федон сведочи за последниот ден на филозофот
Федон.
Добро.така ,седејќи до него јас почувствував восхитувачко чувство.Бев сведок на смртта на близок другар,меѓутоа, не чувствував жал за него-ми се стори како среќник.,Ехекрат,јас гледав и слушав постапки на среќен човек!Толку бестрашно и благородно умираше,што ми се јави мисла дека тој ни во пеколот не оди без божја предумисла и таму во пеколот ќе му е подобро одошто на друго место.Еве зошто јас не чувствував особена жал-спротивно на сите очекувања-нониту филозофската беседа (имено така се водеа разговорите помеѓу нас) не ми го причинуваше првичното задоволство.Тоа беше некое совршено чувство ,претходно непочувствувано ,чудно мешање на задоволство и тага-при мислата-дека тој е должен да умре(?!)
Алелуја.Зевс имал предумисла да умре Сократ од нејасни причини.Оф мори мајко.
Понатаму Платон ни објаснува што мислел Сократ за самоубиството.Тој му вели на Кебет да го поздрави Евена и да го замоли да му прости на Сократа но и наскоро да тргне по него(да се самоубие).Учениците протестираат-самоубиството е недозволено(?!)
Кебет го праша:— Како зборуваш така, Сократe: да кренеш рака на себе е недозволено, а сепак философот се согласува да тргне по умрениот?— У па што ако, Кебет? Нели вие — ти и Симиј — слушавте за се ова од Филолај?— Не. Всушност, ништо јасно ,Сократе.— Навистина, јас самиот говорам со туќи зборови, а сепак своеволно го повторувам она што сум го слушнал.Да,така е умесно за еден човек кому му следи преселба на друг свет — да размислува за преселбата и да раскажува приказни за тоа, што го чека на крајот од патот. Колку има уште до зајдисонцето?— Така зошто, Сократ, се смета, дека е недозволено да се самоубиеш? Право да ти кажам, сум слушал од Филолај, кога живееше кај нас, —се враќам на твоето прашање, — и од други, дека тоа не смее да се прави. Но ништо јасно не сум слушнал од нив.------------------------------------------— Конечно, може изгледа бесмислено, — продолжи Сократ, — но, според мене, тука има некоја смисла. Скриеното учење гласи, дека ние, луѓето, се наоѓаме како под стража(во затвор) и дека од него не треба ни да се спасуваме со сите сили , ни да бегаме, — е величествено учење според мене и мошне длабоко. И уште ова, Кебет, според мене,добро е кажано: за нас се мислат и се грижат боговите, и затоа ние луѓето, — сме дел од божјото наследство. Согласен си со ова или не?
О човече божји,Исусе и Маријо,како не ќе сме се согласеле.
Всушност самото заточеништво на Сократ,неговата помиреност со тоа дека ќе умре е алегорија на човечкиот живот кој треба трпеливо (иако човекот е свесен дека е смртен) да се поднесе а не да се бега (со самоубиство) бидејќи човекот е „божјо создание„ и така треба? Ова е интересна „филозофија„.Нешто ми се чини позната.
А како душата (која според Сократа-Платона е бесмртна) да се пресели на вистинското место,во рајот наместо во пеколот?
Ако душата за време на животот не била врзана за телото и неговите задоволства туку за знаењето,посветена на себе и на вистинската филозофија,и постојано се подготвувала да умре, таа ќе се одвои од телото многу лесно и ќе биде чиста па ќе оди во рајот(место божествено ,бесмртно, разумно) каде ќе престојува во блаженство.
Барајќи таква татковина, овој преблажен отец и наш учител ја напушти целата убавина на овој живот, слава, дом и богатство, татко и мајка, браќа и сестри.Уште од млади години тој беше чист како ангел ,ги одбегнуваше секогаш животните уживања, и го минуваше секогаш времето во пеење па псалми и химни, и во духовна поука, бидејќи го следеше само оној пат, по кој се вознесува на небесата.
Еве зошто„ филозофите„ сакале да живеат во манастир.
Денес античкиот Сократ нема никаква врска со Христос.Божем овој дијалог на Платона во кој има и мајка со бебе на раце (Ксантипа) и учителот пред смрт кого учениците со внимание го слушаат како филозофира за животот,смртта и бесмртноста на душата , чувствувајќи при тоа чудно чувство во присуство на благородната смрт на невиниот поради „божја предумисла„. Сократ на зајдисонце нешто пие (отровот),па умира- учениците се нажалени .
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава 27
46 Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?”
47 А некои од оние, кои стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!”
48 И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во киселина, ја надена на трска, и Му даваше да пие.
49 А другите велеа: „Остави! Да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!”
50 А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот.
Совршениот учител,мудрец,голем праведник умира неправедно.
Сепак нешто овде недостасува,по читањето имате чувство дека нешто ви избегало, дека не е јасно зошто Сократ кој „знае дека ништо не знае„ е убеден дека по смртта доаѓа живот во„ поубави предели„.Верник ли е Сократ.Без сомнение.Утешителна ли е верата на Сократа во врховното и вечно суштествување?Без сомнение.
И сето ов 5 века пред нашата ера?Кај античките Елини?
Ви се молам.
Античкиот пак „Ориген„ (Потекло)тврдел дека истиот Нумениус напишал алегорична историја за Исус без да му го спомне името.Значи Нумениус го читал комплет стариот и нов завет „на крајот на 2 век НЕ „ .Веројатно печатен во „гутембергова„ печатница.
No comments:
Post a Comment