Небесниот свод (rakia,firmamentum) е цврст бидејќи Бог го зацврстил за да не ги пропушта водите над него а и за да може на него да се закачат светилата без да паднат
БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 1
1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.
6 И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!”
7 Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.
8 А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.
Копното на земјата изронило од водите
9 И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.
10 Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.
11 И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.
12 И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.
13 И бидна вечер, па утро - трет ден.
Потоа на цврстиот небесен свод Бог најпрво ги наредил светилата - ѕвездите, не само за да го делат денот од ноќта,туку и да бидат „за знаци„.Мене ова ми асоцира на астрологија.„Знаци за времињата,за деновите и годините„ не може да биде ништо друго освен предвидување на иднината според ѕвездите.
14 И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,
А дури потоа ги наредил Сонцето и Месечината(за да ја осветлуваат земјата)
15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.
Сумирање на креирањето на небото:
16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.
17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,
18 да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.
19 И бидна вечер, па утро - четврти ден.
Земјата стои цврсто на столбови а над неа небото е оптегнато како шатор:
Псалм 93 1 Господ царува, облечен во величество, Господ облечен во сила и опашан: Вселената стои цврсто, нема да се разниша: 2 Твојот престол е утврден одамна, Ти си од вечноста! 3 Господи, реките ги издигнаа, реките ги издигнаа своите гласови; реките ги издигнаа своите бранови. 4 Појак од шумот на многуте води, посилен од морските бранови: силен е Господ во висините. 5 Твоите сведоштва се предостојни за вера, светоста е украс на Твојот Дом, Господи за секогаш!
Псалм 104
1 Благословувај Го Господа, душо моја! Господи, Боже мој, Ти си многу велик! Облечен си со величество и убавина! 2 Наметнат со светлина како со наметка! Небото го оптегна како шатор, 3 ги изгради Твоите дворци над водите. Ја правиш Својата кола од облаци, патуваш врз крилјата на ветровите. 4 Ги правиш ангелите Свои духови, а вжарениот оган за Твои слуги. 5 Земјата ја постави врз нејзините основи, не ќе се разлулее низ вечни времиња.
Псалм 75
1 За началник на пејачи. Не погубувај! Асафов псалм. Песна. Те славиме Боже, Те славиме, и го повикуваме Твоето име, ги проповедаме Твоите чудеса. 2 „Кога ќе го одредам времето, ќе судам право. 3 Па нека се стресе земјата со сите свои жители, Јас ги зацврстив нејзините столбови. 4 Ги опоменувам дрските: *Не бидете дрски!* Безбожниците: *Не бидете толку рогливи!Псалм 136
6 Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост!
7 Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост!
КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава 44
24 Вака зборува Господ, твојот Искупител и твојот Творец во утробата: „Јас Сум Господ Кој Сум создал сè, Кој ги оптегна Сам небесата, и ја зацврстив земјата без ничија помош.
ПРВА КНИГА САМОИЛ Глава 2
8 Го подига бедниот од правот, сиромашниот го возвишува од буниште, за да ги седне со кнезовите и за да наследат славен престол. Зашто Господови се столбовите на земјата, и Тој ја ставил врз нив вселената.
Земјата има конечен крај до кој можеш да одиш пеш и од кој можеш да паднеш (во морето).Земјата е плочеста.
КНИГА НА ПРОРОК ЗАХАРИЈА Глава 9
10 Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите во Ерусалим; и ќе биде скршен бојниот лак. Тој ќе им навести мир на народите; власта ќе му се прошири од море до море и од Реката до краиштата на земјата.
ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ
Глава 13
47 зашто Господ ни заповеда така: ‘Те поставив за светлина на народите, да им бидеш спасение до крајот на земјата.’
Земјата е рамна како некое ќебе
ЈОВ Глава 38 13 да ја потфати земјата за рабовите и да ги истресе од неа сите безбожници,
Во библиската космографија земјата е неподвижна рамна плоча која стои на столбови,опкружена со космичките води кои Бог одвреме- навреме ги пропушта низ небесниот свод во форма на дожд
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 5
45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.
Тешко на народот ако се налути Бог.Тогаш тој го свиткува шаторот на цврстиот небесен свод кој го штити светот и му ги тресе темелите(земјотрес).Нормално,ѕвездите се откачуваат и паѓаат.
ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 6
12 И видов кога го отвори шестиот печат, и се збидна голем земјотрес; и сонцето поцрне како вреќа од кострет, а целата месечина стана како крв,13 и небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што смоквата ги стресува своите незрели плодови, кога ќе ја затресе силен ветер;14 и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места.
Библиската космологија е механичка ,но ненаучна.Ова гледиште за земјата во центар на вселената било важечко до 17 век кога се појавила хелиоцентричната теорија и го разнишала авторитетот на Бог.Како можел Бог да им даде на луѓето вакава погрешна претстава за вселената?
Небесниот свод (rakia,firmamentum) е цврст бидејќи Бог го зацврстил за да не ги пропушта водите над него а и за да може на него да се закачат светилата без да паднат
БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 1
1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.
6 И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!”
7 Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.
8 А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.
Копното на земјата изронило од водите
9 И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.
10 Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.
11 И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.
12 И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.
13 И бидна вечер, па утро - трет ден.
Потоа на цврстиот небесен свод Бог најпрво ги наредил светилата - ѕвездите, не само за да го делат денот од ноќта,туку и да бидат „за знаци„.Мене ова ми асоцира на астрологија.„Знаци за времињата,за деновите и годините„ не може да биде ништо друго освен предвидување на иднината според ѕвездите.
14 И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,
А дури потоа ги наредил Сонцето и Месечината(за да ја осветлуваат земјата)
15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.
Сумирање на креирањето на небото:
16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.
17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,
18 да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.
19 И бидна вечер, па утро - четврти ден.
Земјата стои цврсто на столбови а над неа небото е оптегнато како шатор:
Псалм 93
1 Господ царува, облечен во величество, Господ облечен во сила и опашан: Вселената стои цврсто, нема да се разниша: 2 Твојот престол е утврден одамна, Ти си од вечноста! 3 Господи, реките ги издигнаа, реките ги издигнаа своите гласови; реките ги издигнаа своите бранови. 4 Појак од шумот на многуте води, посилен од морските бранови: силен е Господ во висините. 5 Твоите сведоштва се предостојни за вера, светоста е украс на Твојот Дом, Господи за секогаш!
Псалм 104
1 Благословувај Го Господа, душо моја! Господи, Боже мој, Ти си многу велик! Облечен си со величество и убавина! 2 Наметнат со светлина како со наметка! Небото го оптегна како шатор, 3 ги изгради Твоите дворци над водите. Ја правиш Својата кола од облаци, патуваш врз крилјата на ветровите. 4 Ги правиш ангелите Свои духови, а вжарениот оган за Твои слуги. 5 Земјата ја постави врз нејзините основи, не ќе се разлулее низ вечни времиња.
Псалм 75
1 За началник на пејачи. Не погубувај! Асафов псалм. Песна. Те славиме Боже, Те славиме, и го повикуваме Твоето име, ги проповедаме Твоите чудеса. 2 „Кога ќе го одредам времето, ќе судам право. 3 Па нека се стресе земјата со сите свои жители, Јас ги зацврстив нејзините столбови. 4 Ги опоменувам дрските: *Не бидете дрски!* Безбожниците: *Не бидете толку рогливи!Псалм 136
6 Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост!
7 Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост!
КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава 44
24 Вака зборува Господ, твојот Искупител и твојот Творец во утробата: „Јас Сум Господ Кој Сум создал сè, Кој ги оптегна Сам небесата, и ја зацврстив земјата без ничија помош.
ПРВА КНИГА САМОИЛ Глава 2
8 Го подига бедниот од правот, сиромашниот го возвишува од буниште, за да ги седне со кнезовите и за да наследат славен престол. Зашто Господови се столбовите на земјата, и Тој ја ставил врз нив вселената.
Земјата има конечен крај до кој можеш да одиш пеш и од кој можеш да паднеш (во морето).Земјата е плочеста.
КНИГА НА ПРОРОК ЗАХАРИЈА
Глава 9
10 Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите во Ерусалим; и ќе биде скршен бојниот лак. Тој ќе им навести мир на народите; власта ќе му се прошири од море до море и од Реката до краиштата на земјата.
ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ
Глава 13
47 зашто Господ ни заповеда така: ‘Те поставив за светлина на народите, да им бидеш спасение до крајот на земјата.’Земјата е рамна како некое ќебе
ЈОВ
Глава 38
13 да ја потфати земјата за рабовите и да ги истресе од неа сите безбожници,Во библиската космографија земјата е неподвижна рамна плоча која стои на столбови,опкружена со космичките води кои Бог одвреме- навреме ги пропушта низ небесниот свод во форма на дожд
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈТешко на народот ако се налути Бог.Тогаш тој го свиткува шаторот на цврстиот небесен свод кој го штити светот и му ги тресе темелите(земјотрес).Нормално,ѕвездите се откачуваат и паѓаат.
Глава 5
45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.
ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 6
12 И видов кога го отвори шестиот печат, и се збидна голем земјотрес; и сонцето поцрне како вреќа од кострет, а целата месечина стана како крв,
13 и небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што смоквата ги стресува своите незрели плодови, кога ќе ја затресе силен ветер;
14 и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места.
Библиската космологија е механичка ,но ненаучна.Ова гледиште за земјата во центар на вселената било важечко до 17 век кога се појавила хелиоцентричната теорија и го разнишала авторитетот на Бог.Како можел Бог да им даде на луѓето вакава погрешна претстава за вселената?
No comments:
Post a Comment