Search This Blog

Tuesday, January 10, 2012

Јулијан Отстапник-Flavius Claudius Julianus Augustus 331-363



Јулијан Филозофот,наречен „отстапник„ затоа што отстапил од Христијанството.
Чудесен човек . Воен командант, филозоф, социјален реформатор и писател. Живеел32 години а владеел само 3 години(361-363). Човек да се чуди кога постигнал се.
Син на Јулиус Константиниус полубрат на Константин I Велики и неговата втора жена Василина, христијанка од грчко потекло која својот имот го подарила на црквата во Ефес. Починала веднаш по раѓањето на синот.

Јулијан пораснал кај својата баба во Битинија каде учител  му бил Евзебиус од Никомедија, човекот кој го крстил Константин Велики, патријарх во Бејрут, Никомедија и Константинопол (338-342). 


По смртта на Евзебиус Јулијан се сели во Кападокија каде патријархот Ѓорѓи од Кападокија му позајмувал книги од античката класика во кои  се вљубил. На 18 години заминува во Константинопол каде добива работа на лектор во христијанската црква (?). 
Студира „неоплатонизам„ во 351, минува една година во дворецот на Константиус во Милано-354, а во 355 година е испратен да студира во Атина.


Таму тој се запознава со Григориј Назијанзец и Василиј Велики кои подоцна ќе станат големи патријарси и светци на христијанската црква. Но, другарувањето со вие големи христијани не го спречило Јулијан да биде инициран во Елеусинските Мистерии кои сеуште си функционирале.

Во 355 императорот Константиус го повикува Јулијан во Медиоланум (Милано) и на 6 ноември го прогласува за Цезар на Западот во кое време тој се жени за сестрата на императорот Константиус -Хелена. Подоцна е испратен во Галија каде од учење на филозофија преминува на учење на војување во борбите против Германите. Војува и врши административни функции до 361 кога Константинус умира и со тестаментот го предлага Јулијан  за император.

Така новиот император,воспитуван од христијани но во срцето паган, на 11 Декември 361 година влегува во Константинопол како единствен император. Иако паган тој му организира христијански погреб на Константиус и го погребува во Црквата на светите апостоли веднаш до Константин Велики.

Новиот император има чудни идеи. Не му се допаѓа апсолутната власт и сака да биде„прв меѓу еднаквите„,дебатира на рамна нога со сенаторите,отпушта илјадници слуги,евнуси и друга вишок администрација од дворецот,поставува суд кој ќе расчистува со корупцијата. При овие „реформи„ паднале и неколку глави. На сметка на централизираната бирократија тој ја зајакнал локалната самоуправа на градовите,сам одобрувал од кого и како ќе се собира данок. Ова го направил за 5 месеци па се преселил во Антиохија каде започнал кампања против Персија. Кампањата  со променлив успех траела нецели три години.

За смртта на Јулијан постојат неколку верзии. Според едната тој е убиен од некој негов војник христијанин во 364. Јован Малала вели дека Св Василиј Велики наредил да биде убиен, Либаниус тврди  дека бил убиен од Сарацен ,а подоцнежните историчари сметале дека е убиен од Светиот маченик Меркуриј кому му се молел Свети Василиј откако бил затворен во 363 од неговиот ученик Јулијан.

Наводно, неговите последни зборови биле: Победивте Галилејци! (Јулијан христијаните ги нарекувал Галилејци).

По своја желба Јулијан бил погребан во Тарсус , на југоистокот на мала Азија. Историчарот Јован Зонар тврди дека подоцна телото било пренесено во Константинопол во црквата на Светите Апостоли .Срквата била уништена од Отоманите при падот на Константинопол 1453 година но саркофагот на Јулијан сеуште се чува во музејот на Истанбул (Константинопол).





Коптска икона:Свети Меркуриј го убива Јулијан




Јулијан бил многу плоден автор. Самиот вели дека рацете му биле постојано исцрнети со мастило. Пишувал на грчки,неговиот мајчин јазик. Го напишал делото Три книги против Галилејците(христијаните)-дело кое е изгубено (веројатно поради тоа што му била фрлена анатема) но познато е според фрагменти од делото Против  Јулијан на Кирил Александријски (376 – 444) и на други автори кои пишувале против него.
Јулијан ги сметал христијаните за прости отпадници од Јудеизмот.



Светогледот на Јулијан

Јулијан бил „неоплатонист„. Што и да значи тоа. Верувал во паганските богови а најмногу во Хелиос.
Еве што им говорел Јулијан на Циниците за „Галилејците„(Христијаните). Ова е средина на 4 век :


Многу одамна ви дадов прекар и сега ќе го запишам. Тој прекар  е „монаси„ име кое им се дава на некои од безбожните Галилејци.Тоа се во голема мерка луѓе кои со мали жртви добиваат многу или се ,од секакви извори, и си осигуруваат чест ,толпи следбеници и ласкање. Вашиот метод е сличен на нивниот, освен можеби пророкувањето на божествени откритија,ова не е ваш обичај туку наш,а ние сме помудри од тие безумници. А можеби постои и уште разликата дека вие немате посебна причина да собирате данок каква што имаат тие за да го собирате она кое тие го нарекуваат „милостиња„ (ἐλεημοσύνη), што и да им значи тоа. Но во секој друг однос вие сте многу слични. Како и тие ,и вие сте ја напуштиле својата татковина и скитате по светот а вие ми правите повеќе проблеми на дворов од нив. Бидејќи нив барем ги поканив да дојдат а вас не можев да ве истерам.  

Или

Бидејќи кога се случи да бидат  занемарени сиромашните  од свештениците тогаш сметам дека безбожните Галилејци го сфатија овој факт и и се посветија на филантропијата. И тие се извлекоа со најлошите свои  дела поради довербата  која ја добија поради ваквата пракса. Како оној кој ги мами децата со колачи и фрлајќи им дватрипати ги тера да го следат а тогаш кога се далеку од своите пријатели ги фрла на брод и ги продава како робови, она кое до тој миг изгледало слатко, се покажува горчливо за цел живот-на истиот начин, велам , Галилејците започнуваа со нивните така наречени љубовни гозби или гостопримство или служење по маси-бидејќи тие имаат многу начини на кои го прават тоа па затоа го нарекуваат со ногу имиња-резултатот е дека многумина заведоа во атеизам(безбожност)....(крајот е избришан од некој препишувач-христијанин).


ТУКА може да прочитате некои од делата на Јулијан во англиски превод

No comments:

Post a Comment